TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ТЕЦ „Осломеј“ е без резерви на јаглен

А1 - 13.01.2008

Без резерви на јаглен е еден од клучните енергетски капацитети во Македонија, кичевски ТЕЦ „Осломеј“. Постои сериозна опасност, овој капацитет да престане со производство на струја. Во РЕК „Битола“ резервите се сведени на минимум. Во „Осломеј“ никој не сака да зборува.

РЕК Осломеј од утре најверојатно нема да работи

Канал5 - 13.01.2008

Термоцентралата Осломеј поради дефект од утре најверојатно ќе биде исклучена. Информацијата не ја потврдуваат од ЕЛЕМ. Сепак државниот преносен оператор МЕПСО веќе издал налог да се зголеми увозот на струја за 20 проценти, а работи и ТЕЦ Неготино иако не било предвидено, тврдат извори на канал 5.

Саниран дефектот во РЕК Битола

Макфакс - 08.01.2008

Битола Дефектот во рудникот „Суводол” во РЕК Битола, по 40 часа застој денеска е саниран со што започна експлоатацијата на јаглен. „Оштетените делови се заменети, траката е фиксирана и првите количини на јаглен тргнаа кон депонија.”, изјави Мирче Котевски, портпаролот на ЕЛЕМ.

Запрен ископот на јаглен во „Суводол“

Макфакс - 07.01.2008

Битола Ископот на јаглен во рудникот "Суводол" во РЕК Битола од саботата попладне е стопиран.Одрон на земјиштето предизвика застој на испораката на суровината, но производтвото на електрична енергија засега се одвива без застој, јави дописникот на Макфакс.

Се чисти одронот во „Суводол“

Макфакс - 07.01.2008

Битола Целокупниот потенцијал на РЕК Битола е ангажиран во отстранување на одронот што се случи во рудникот Суводол и го запре дотурот на суровината, соопштено е денеска. Директорот на Комбинатот Зоран Коњановски најави дека дефектот се очекува да биде отстранет до понеделникот наутро, јави ...