TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Писателите го одбележаа празникот на липите

Утрински - 10.06.2006

Книжевните жезла на годинешните лауреати им ги врачи претседателот на ДПМ, Јован Павловски Невена Поповска Во Друштвото на писателите на Македонија, вчера се одржа традиционалната манифестација „Празник на липите“. Во присуство на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, ...

Алеш Штегер - добитник на „книжевно жезло“

Време - 10.06.2006

ПОРТРЕТ Познатиот словенечки поет Алеш Штегер е годинашен добитник на наградата на Друштвото на писатели на Македонија „книжевно жезло“ и е еден од ретките добитници на ова признание од помладата генерација. Тој е едно од истакнатите имиња на младата современа словенечка поезија.

Почнува „Празникот на липите“

Време - 09.06.2006

ДРУШТВО НА ПИСАТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Со изведбата на песната „Празник на липите“ денеска во 11 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе почне традиционалната меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“. Наградите „книжевни жезла“ ќе им бидат предадени на македонскиот поет Јован ...

Објавени поетски избори од Стрезовски и Штегер

Утрински - 08.06.2006

ДПМ објави поетски избор од двајцата поети добитници на наградата „Книжевно жезло“ Во пресрет на меѓународната манифестација „Празник на липите“, Друштвото на писателите на Македонија објави поетски избор од творештвото на Јова Стрезовски и Алеш Штегер.

„Книжевно жезло“ за Стрезовски и за Штегер

Дневник - 07.06.2006

Нашиот поет Јован Стрезовски и познатиот словенечки поет Алеш Штегер се годинашни добитници на високото книжевно признание „Книжевно жезло“, што го доделува Друштвото на писателите на Македонија. Наградата ќе им биде доделена на поетската манифестација „Празник на липите“ в петок, во ДПМ.

Јован Стрезовски и Алеш Штегер се добитници на Книжевно жезло за 2006 година

Канал5 - 05.06.2006

Македонскиот поет Јован Стрезовски и поетот од Словенија Алеш Штегер се добитници на наградата на Друштвото на писатели на Македонија Книжевно жезло за 2006 година. Скопје, 5 јуни (МИА) - Македонскиот поет Јован Стрезовски и поетот од Словенија Алеш Штегер се добитници на наградата на Друштвото на ...