TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Атина ги одби сугестиите од Барнс за името

А1 - 13.06.2007

Официјална Атина ги одби сугестиите на заменик државниот секретар на САД Николас Барнс за билатерални разговори за името меѓу Македонија и Грција. Заменик портпаролот на грчката влада Евангелос Антонарос на прашање дали Атина би прифатила директни разговори за името со Скопје, дал негативен одговор.

Барнс го обвини Иран дека доставува оружје за талибанците

А1 - 13.06.2007

Високиот американски дипломат Николас Барнс синоќа го обвини Иран дека доставува оружје за талибанските бунтовници во Авганистан. На прес-конференција во Париз Барнс изјави дека Иран финансира бунтови низ целиот Блиски Исток и „сега дури и доставува оружје на талибанците во Авганистан“.

Николас Барнс тврди дека Иран доставува оружје и за талибанците

Канал5 - 13.06.2007

Висок американски дипломат синоќа ги обвини Иран дека доставуваат оружје за талибанските бунтовници во Авганистан. Париз, 13 јуни (МИА) Висок американски дипломат синоќа ги обвини Иран дека доставуваат оружје за талибанските бунтовници во Авганистан, пренесува МИА.

САД не сакаат да бидат посредници за името

Дневник - 13.06.2007

САД го поддржуваат мандатот на посредникот Метју Нимиц во разговорите меѓу Грција и Македонија за името, но повеќе би сакале да речат дека „би било добро да има директни контакти меѓу двете влади“, изјавил американскиот државен потсекретар Николас Барнс, на крајот на посетата на Атина.

Грците во клинч

Вест - 13.06.2007

РОКОТ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ СО ИМЕТО ИСТЕКУВА НАПРОЛЕТ "Веднаш да започнете разговори со Скопје и да најдете решение до пролет следната година", била реченицата која им ја кажал на грчките власти третиот по ранг во администрацијата на САД Николас Барнс, пишува грчкиот весник "Етнос".

САД го кажуваат она што Грција сака да го слушне

Вест - 12.06.2007

НА ПОСЕТАТА НА НИКОЛАС БАРНС НА АТИНА Членството на Македонија во НАТО и наоѓањето решение за името не се најголем приоритет за Вашингтон во овој момент, објави вчера грчкиот весник "Елевтеротипија", објаснувајќи ја посетата на помошник-државниот секретар на САД Николас Барнс.

Барнс мери колку Грција може да отстапи

Дневник - 12.06.2007

Грчките медиуми јавуваат дека САД ги разгледуваат границите до каде може Грција да прави отстапки за името на Македонија, за грчко-турските односи и за кипарското прашање Прашањето за влез на Македонија во НАТО не е актуелно прашање и дискусиите за тоа допрва треба да се отворат, е ставот на ...

80% од Грците се за вето за Македонија

А1 - 11.06.2007

Грција на нож ги дочекува се погласните најави дека Македонија следната година ќе биде поканета да влезе во НАТО. Поддршка на Буш за Македонија, Албанија и Хрватска, за време на посетата во Тирана предизвика лавина реакции во грчкиот печат.

Николас Барнс во Грција

Канал5 - 11.06.2007

Посетата на високиот американски претставник на Стејт департментот на официјална Атина, грчките медиуми ја оценија како испитување на сад до каде може да одат отстапките на Грција во спорот со името. Посетата на високиот американски претставник на Стејт департментот на официјална Атина, грчките ...