TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

На списокот на исчезнати од трагедијата во Беселан 191 лице

А1 - 05.09.2004

Во официјалниот список на лицата кои се сметаат за исчезнати во кризата со заложниците во Беслан се наоѓаат 191 име, изјави претставник на локалниот Федерален совет додавајќи дека потрагата по луѓето продолжува. Северноосетиската телевизија утринава соопшти дека дури 260 лица се водат како ...

Официјалниот број на жртви во Беселан 335 лица

А1 - 05.09.2004

Русија во жалост, по жртвите во крвавата заложничка драма во Беслан, во Северна Осетија. Во сите православни цркви ширум земјата, изутринава беа отслужени литургии. Во Осетија почна погребувањето на жртвите. Нивните семејства од властите добија по 43 илјади рубљи за трошоците околу погребувањето.

Путин: „Терористите и објавија војна на Русија“

А1 - 05.09.2004

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во вчерашното обраќање до нацијата рече дека меѓународните терористи и објавиле „целосна војна на Русија“, повикувајќи ја нацијата на мобилизација пред „општата опасност од тероризмот“.

Во заложничката криза во Беслан загинаа 322 лица

А1 - 04.09.2004

Бројот на жртвите во крвавата драма во училиштето во Беслан, Северна Осетија и понатаму расте. Руските власти соопштија дека досега се пронајдени телата на 322 луѓе, од кои 155 се деца.Во болницата во Беслан и околните градови на лекување се задржани неколку стотици повредени.

Путин: „Цела Русија сочувствува со вашата тага и се моли за вас“

А1 - 04.09.2004

Терористички акт во Беслан зазема посебно место меѓу последните жестоки напади, зашто негова цел беа деца, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на посетата на градот, каде синоќа заврши заложничката криза. Според него, сите коишто ги поддржуваат провокациите на терористите ќе бидат ...

Реакциите за заложничката драма не поминаа без дипломатски скандал

А1 - 04.09.2004

Настаните во Северна Осетија ги наруши односите меѓу Русија и Европската Унија, откако холандскиот министер за надворешни работи Бернард Бот на недипломатски начин побарал од руските власти да дадат објаснување за начинот на кој беше разрешена тридневната заложничката драма во Беслан.

Интерпол и понуди на Русија помош во истрагата за терористите

А1 - 04.09.2004

Меѓународната полициска организација Интерпол денеска и понуди на Русија помош во истрагата околу претпоставките дали киднаперите од Северна Осетија се поврзани со меѓународните терористи. Од своето седиште во Лион, Интерпол соопшти дека нивната глобална комуникациска мрежа, базите на податоци и ...

Папата ја осуди заложничката драма во Северна Осетија

А1 - 04.09.2004

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле Втори го осуди „подмолното и немилосрдно“ заложничката драма во Северна Осетија во која загинаа 322 лица и повика на окончување на „секој тип на тероризам“. Папата му упати најдлабоко сочувство на рускиот народ за трагедијата во училиштето во ...

Солана: „Мора да се најде решение за Чеченија“

А1 - 04.09.2004

Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана укажа дека мора да се најде политичко решение за проблемот со Чеченија и дека треба да се расчисти со причините за тероризмот. Во изјавата за дневникот „Кориере дела Сера“, Солана по повод трагедијата со ...

Путин нареди запечатување на границите на Северна Осетија

А1 - 04.09.2004

Претседателот на Русија Владмир Путин им нареди на руските сили за безбедност да ги запечатат границите на Северна Осетија поради можноста терористите кои ја предизвикаа заложничката криза во Беслан да побегнат во таа соседна република.

Драмата заврши со стотина убиени деца

Утрински - 04.09.2004

Специјалните полициски сили вчера ја завршија пресметката со чеченските терористи во градот Беслан во Северна Осетија Дводневната крвава драма во Првото училиште во северносоетискиот град Беслан заврши вчера околу 13,15 часот по локално време, каде што 17-члена група терористи држеше како заложници ...

Се бројат мртвите

Вест - 04.09.2004

КРВАВ КРАЈ НА МОНСТРУОЗНАТА ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА ВО ЈУЖНА РУСИЈА Десетици загинаа, а над 400 души се ранети во хаотичната битка за спас на стотици деца, родители и учители откако руските сили упаднаа во школската зграда каде чеченските терористи 53 часа ги држеа заложници БЕСЛАН, Русија, 4 септември, ...

Училиштето масовна гробница

Дневник - 04.09.2004

КРВАВ КРАЈ НА ЗАЛОЖНИЧКАТА ДРАМА ВО СЕВЕРНА ОСЕТИЈА Во салата останала ужасна глетка на стотина полуголи и крвави тела, веројатно распарчени од експлозија на моќните бомби поставени на кошаркарските обрачи Повеќе од сто деца и жени загинаа вчера при акцијата на руските командоси за ослободување на ...

Со упад против терористите

Време - 04.09.2004

ЗАВРШИ ДРАМАТА ВО БЕСЛАН, РУСИЈА Руски полицајци и војници вчера во 14 часот упаднале во училиштето во јужниот град Беслан, каде што група чеченски терористи од првиот учебен ден држеа стотина ученици како заложници. Бројот на загинати при упадот до затворањето на весникот не беше познат, но се ...

"Како на Дивиот Запад"

Дневник - 04.09.2004

КОМЕНТАРИ ЗА ЗАЛОЖНИЧКАТА ДРАМА Експертите за тероризам што ја следеа заложничката драма во Северна Осетија, речиси еднодушно заклучуваат дека неочекуван инцидент ги натерал руските командоси набрзина да го нападнат училиштето за да се обидат да ги извлечат заложниците додека се живи.

КРВАВА УЧЕНИЧКА БАЛАДА

Вечер Прес - 04.09.2004

Стотина загинати и околу 400 повредени е трагичниот биланс на заложничката драма во Северна Осетија. Вчера руските специјалци воспоставија контрола врз училиш- ната зграда во Беслан, каде група терористи три дена држеа во залож ништво стотици лица, главно ученици и нивни родители.

Над 150 жртви во Беслан

А1 - 03.09.2004

Најмалку 150 луѓе загинаа, а повеќе од 400, половината од нив деца, се повредени во крвавиот пресврт на заложничка криза во училиштето во Беслан во Северна Осетија. Руските специјалци рано попладнево влегоа во зградата на училиштето, во кое терористите во заложништво држеа според едни околу 400, а ...

Ѕасохов: „Киднаперите во Беслан бараат независност на Чеченија“

А1 - 03.09.2004

Вооружената група која веќе трет ден држи заложници во училиште во градот Беслан, Северна Осетија, бара независнот на Чеченија, соопшти денеска претседателот на Северна Осетија Александар Ѕасохов. Ѕасохов, кој учествува во преговорите со киднаперите, изјави дека властите не ја разгледуваат ...

Хронологија на настаните во заложничката криза во Беслан

А1 - 03.09.2004

Руските специјални единици ја преземаа контролата над училиштето во Беслан, во кое оружени терористи од средата држеа повеќе стотици заложници. Ова е хронологијата на главните настани поврзани со заложничката криза во Северна Осетија, направена според локално време: Среда, прв ден: - 10:20 часот: ...

ЕУ жали што кризата во Беслан не заврши по мирен пат

А1 - 03.09.2004

Холандскиот министер за надворешни работи Бернард Бот, во име на претседателството на Европската унија, денеска изрази жалење што заложничката криза во Русија не завршила мирно, истовремено изразувајќи разбирање за позицијата на руската влада, јавуваат агенциите.

На коцка уште стотина деца

Време - 03.09.2004

ДРАМА ВО ЈУЖНА РУСИЈА Руските власти се обидуваат да преговараат со чеченската банда што држи стотина деца во заложништво во училиште во јужното гратче Беслан. Околу училиштето се распоредени силни армиски единици, тенкови, снајперисти и специјалци, но тоа не ги застрашило терористите, кои ги држат ...

НЕИЗВЕСЕН БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ ВО ЗАЛОЖНИЧКАТА КРИЗА ВО БЕСЛАН

Канал5 - 03.09.2004

- Речиси сто тела на жртви се наоѓаат во фискултурната сала во училиштето во Беслан во руската Република Северна Осетија, каде вооружени лица три дена како заложници држеа повеќе стотици деца и родители, објави телевизијата Ај-Ти-Ви, чиј новинар - Речиси сто тела на жртви се наоѓаат во ...

Путин бара да се спасат животите на заложниците

Утрински - 03.09.2004

Северноосетискиот град Беслан помина непреспиена дождлива ноќ во очекување на расплетот на големата драма На терористите им се нуди коридор за враќање Од нашиот дописник Бранко ВлаховиЌ МОСКВА - Седумнаесет терористи кои во средата изутрината го зазедоа училиштето и како заложници држат 350 лица ...

Преговори со грабнувачите, Русија засега нема да употреби сила

Вест - 03.09.2004

ТРАЕ ЗАЛОЖНИЧКАТА ДРАМА ВО ЈУЖНА РУСИЈА БЕСЛАН, Русија, 3 септември, (АП) - Две силни експлозии детонирале вчера попладне во близина на училиштето во јужна Русија каде што вооружени милитанти веќе втор ден држат 350 заложници меѓу кои има и деца.

Русија со преговори ќе ги спасува децата

Дневник - 03.09.2004

Терористите што држат стотици деца како заложници во Северна Осетија вчера ослободија 26 деца и жени, неколку часа откако рускиот претседател Владимир Путин вети дека нема да нареди командоска акција за решавање на заложничката драма. "Животите на децата се поважни од се", изјави вчера Путин.

Русија со преговори ќе ги спасува грабнатите деца

Дневник - 03.09.2004

ПУТИН ГО НАПУШТИ СТАВОТ "СО ТЕРОРИСТИ НЕ СЕ ПРЕГОВАРА" Шефот на Федералната служба за безбедност во Северна Осетија, најави дека нема да се применува сила Претседателот Владимир Путин им вети на Русите дека првпат во својата кариера нема сосила да спасува заложници и најави дека ќе настојува со ...

Нема напредок во преговорите со киднапираните во Северна Осетија

А1 - 02.09.2004

Засега нема резултати од преговорите со терористите кои од вчера држат 354 заложници во училиштето во градот Беслан, Северна Осетија. Контактите меѓу киднаперите и рускиот лекар Леонид Рошал, кој е познат од кризата со заложниците во московскиот театар во 2002 година, продолжија до три часот по ...

Во нападот врз училиштето во Беслан загинале 12 лица

А1 - 02.09.2004

Во вчерашниот напад на училиштето во Беслан загинале 12 лица, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Северна Осетија Казбек Ѕантиев. Ѕантиев ова го соопшти по најновиот состанок на оперативниот штаб формиран за заложничката криза во Беслан, но не кажа ништо за евентуални загинати меѓу ...

Во училиштето во Осетија има 353 заложници

А1 - 02.09.2004

Според официјални податоци, во училиштето во Беслан има 354 заложници, изјави Лев Ѕугаев, началник во администрацијата на претседателот на Северна Осетија. Тој потврди дека во текот на ноќта е воспоставен контакт со киднаперите и оти преговорите за сега се водат само по телефон.

Киднаперите во Беслан сеуште држат околу 400 заложници

А1 - 02.09.2004

Во училиштето во Беслан вооружените киднапери се уште ги држат во заложништво околу четиристоте деца, нивните родители и наставниците без храна и лекови. Последната информација за нивната состојба што Кремљ не ја потврди, ја соопшти лекарот Леонид Рошаљ кој во телефонскиот разговор со директорот на ...

НЕМА НАПРЕДОК ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО КИДНАПЕРИТЕ КОИ ДРЖАТ 354 ЗАЛОЖНИЦИ ВО СЕВЕРНА ОСЕТИЈА

Канал5 - 02.09.2004

Засега нема резултати од преговорите со терористите кои од вчера држат 354 заложници во училиштето во градот Беслан, Северна Осетија. Контактите меѓу киднаперите и рускиот лекар Леонид Рошал, кој е познат од кризата со заложниците во московскио Засега нема резултати од преговорите со терористите ...

Стотици деца заложници на бомбаши самоубијци во Осетија

Вест - 02.09.2004

НОВА РУСКА ДРАМА Училиштето во градот Беслан, во руската република Северна Осетија е под опсада на 17 мажи и жени опашани со динамит, кои држат 400 заложници меѓу кои и 200 деца МОСКВА, 2 септември, (АП) - Самоубиствени напаѓачи вооружени со појаси со бомби вчера окупираа училиште во во градот ...

Чеченски терористи грабнаа двесте деца во Северна Осетија

Утрински - 02.09.2004

Терористите бараат да се ослободат од затвор 27 соборци кои во јули ја нападнаа Ингушетија Во училиштето досега се убиени двајца заложници ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Наместо да го празнуваат првиот училишен ден, како што тоа е вообичаено во Русија, учениците на Првото средно ...

Терористи држат на нишан стотици деца

Дневник - 02.09.2004

ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА ВО ЈУЖНА РУСИЈА Седумнаесет бандити грабнале меѓу 300 и 400 ученици, го минирале училиштето и се заканиле дека ќе убиваат ако некој ги нападне Вооружена терористичка банда вчера изутрина нападна руско училиште и зеде како заложници стотици деца, заканувајќи се дека нема да се ...

Исламисти грабнаа 200 руски дечиња

Време - 02.09.2004

ТЕРОРИСТИЧКИ КОШМАР ВО РУСИЈА Дваесетина терористи, вооружени со пушки и со самоубиствени појаси, вчера освоиле основно училиште во јужна Русија, грабнале неколку стотици деца и се закануваат дека ќе почнат да ги убиваат. Првиот ден на училишната година во училиштето во руското гратче Беслан почна ...

ЗАЛОЖНИЦИ НАД 200 УЧЕНИЦИ

Вечер Прес - 02.09.2004

МОСКВА, 2 СЕПТЕМВРИ( МИА). - Најмалку 200 ученици се земени како заложници во градот Беслан, во руската република Северна Осетија, од групата напаѓачи составена од 17 мажи и жени, а некои од нив имаат и појаси со експлозив, соопш ти локалната полиција.

Терористи држат во заложништво 400 ученици во Северна Осетија

А1 - 01.09.2004

Две лица загинаа, а 11 се повредени во најновата заложничката драма во Северна Осетија, каде што седумнаесет члена терористичка група уште од утринава држи во заложништво околу 400 ученици, родители и наставници. Киднаперите, за кои се претпоставува дека се исламски фундаменталисти, зазедоа едно ...

Терористите во Беслан ги поставија своите барања

А1 - 01.09.2004

Терористите кои утрово го зазедоа Првото училиште во градот Беслан во Северна Осетија бараат да бидат ослободени сите уапсени лица кои учествуваа во нападот врз полициската станица во Ингушетија ова лето. Рускиот претседател Владимир Путин веднаш ја отфрли можноста за преговори со терористите.

ТЕРОРИСТИТЕ ВО БЕСЛАН СЕ ЗАКАНИЈА ДЕКА ЌЕ УБИВААТ ДЕЦА

Канал5 - 01.09.2004

Терористите кои од утрината држат заложници во училиште во градот Беслан, во руската република Северна Осетија, се заканија дека ќе убиваат по 50 деца за секој убиен нивни припадник и по 20 за секој ранет, изјави шефот на Министерството за внатрешни ра Терористите кои од утрината држат заложници во ...