TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Сакаш работа - не барај одмор!

Утрински - 26.07.2008

Наместо максимум 26 дена одмор, работниците ќе можат да искористат најмногу 20 дена одмор годишно Александар Пешев Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека измените во Законот за работни односи им ги скратуваат правата на работниците.

Работниците може да работат ноќе во недоглед

Време - 26.07.2008

Се кратат правата на работниците со измените на Законот за работни односи, што пратениците го изгласаа во експресна постапка. Законот е донесен во нетранспарентна постапка, без да се почитуваат процедурите и не е консултиран ниту Синдикатот ниту Економско-социјалниот совет, реагираат синдикалците.

УТРИНСКИ ВЕСНИК: Сакаш работа - не барај одмор!

Нетпрес - 26.07.2008

Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека измените во Законот за работни односи им ги скратуваат правата на работниците.

Лавина реакции за Законот за работни односи

А1 - 25.07.2008

Катастрофално законско решение кое целосно ги загрози правата на вработените. Лавина реакции по вчерашното експресно усвојување на Законот за работни односи. Во него стои: Работниците да можат да работат ноќна смена неограничено, наместо најмногу една недела како досега.

ССМ ќе бара од претседателот Црвенковски да не го потпише указот за Законот за работни односи

Канал5 - 25.07.2008

Измените во Законот за работни односи се направени на штета на работниците реагираат од ССМ. Работодавачот може да му наложи на работникот неограничено да работи во ноќна смена, работникот нема да има увид дали работодавецот ги исполнува законските обврски за задолжително социјално осигурување.

Владата ги скастри работничките права

Дневник - 25.07.2008

Измените во Законот за работните односи што Собранието ги усвои завчера се штетни за работниците и непримерни за демократска држава, оцени Сојузот на синдикати на Македонија.

Измените и дополнувањата во Законот за работни односи неприфатливи за ССМ

Кирилица - 25.07.2008

Дополнувањата и измените во Законот за работни односи што биле донесени на вчерашната седница на македонското Собрание, не биле прифатени од страна на Сојузот на синдикати на Македонија денес.

ССМ: Измените на Законот за работни односи се неповолни за работниците

Нетпрес - 25.07.2008

Измените на Законот за работни односи се неповолни за работниците и ние ќе направиме се да го оспориме овој закон, велат од Сојузот на синдикати на Македонија. Една од измените се однесува на продолжување на рокот на склучување на договори за вработување на определено време од четири на пет години.

ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ НЕ ГИ ЗАШТИТУВА РАБОТНИЦИТЕ

Сител - 25.07.2008

ИЗМЕНИТЕ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ СПОРНИ ЗА ССМ ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ НЕ ГИ ЗАШТИТУВА РАБОТНИЦИТЕ ССМ ќе се жали до Европската комисија и меѓународните синдикални организации за експресно донесените измени на закон за работни односи.

Се намалуваат правата на работниците

Вечер Прес - 25.07.2008

Се намалуваат правата на работниците Драстично се зголемуваат казните за работодавачите кои го кршат Законот за работни односи. Ова е предвидено со измените и дополнувањата на "работничкиот закон" што експресно го помина парламентарниот праг и ќе стапи на сила по излегувањето во Службен весник.

ССМ: Владата тајно го менува Законот за работни односи

Н.Македонија - 25.07.2008

Сојузот на синдикати на Македонија остро реагира на начинот на донесување на измените на законот за работни односи што вчера го усвои Собранието, пренесе Нетпрес.

ССМ остро реагира за измените во Законот за работни односи

Канал5 - 24.07.2008

ССМ остро реагира за начинот на експресно донесените измени во Законот за работни односи - без знаење и консултации на социјалниот партер.

Нема веќе отштета за отпуштени, па вратени работници

Дневник - 24.07.2008

Нема веќе отштета за отпуштени, па вратени работници Работодавците веќе немаат обврска да им исплатат отштета и заостанати придонеси на работниците што ги отпуштиле, а судот потоа ги вратил на работа. Исто така, ако работникот не сака да се врати на работното место, нема да добие ништо.

ДОНЕСЕНИ НЕКОЛКУ ЗАКОНИ ОД ЕКОНОМСКАТА СФЕРА

Сител - 24.07.2008

Собранието денеска усвои измени во законот за работни односи. Со нив драстично се зголемуваат казните за работовадачите кои го кршат законот, но истовремено, синдикатот има и забелешки.

ССМ остро реагира на начинот на донесување на измените на Законот за работни односи

Нетпрес - 24.07.2008

Сојузот на синдикати на Македонија остро реагира на начиниот на донесување на измените на законот за работни односи, што денеска го усвои Собранието.