TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Aдминистрацијата продолжува со штрајк

А1 - 26.05.2002

Вработените во јавната администрација утре продолжуваат со штрајк, бидејќи се уште не е исполнет нивниот основен услов - утврдување на минималната плата за нестопанството. И утре нема да работат градинките, основните и средни училишта и здравствените, социјалните и културните буџетски установи.

Штрајк со "Бисер балкански" пред Собранието и "Набуко" пред Владата

Вест - 25.05.2002

БУЏЕТАРИТЕ И ЗАГУБАРИТЕ БЛОКИРАА ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ И ПАТИШТА Штрајкот заврши мирно без инциденти, а синдикалците, поради индолентниот однос на власта, најавија продолжување на штрајкот и наредната недела Со песна и оро неколку илјади административци вчера излегоа пред Собранието и Владата за да го ...

Буџетарите бараат плата достојна за живот

Утрински - 25.05.2002

Најмасовен синдикален штрајк досега, над 20.000 јавни работници излегоа на улица За прв пат во историјата на синдикалното движење во Македонија, повеќе од 20.000 буџетари вчера масовно излегоа на улични протести пред Собранието, Владата, Министерството за труд и социјала и за финансии.

Додека другите штрајкуваат, сопругата на Аце Миленковски "држи" час

Дневник - 25.05.2002

ОУ "АЦО ШОПОВ" ГО БОЈКОТИРА ШТРАЈКОТ По наредба на директорката Виолета Миленковска, "Ацо Шопов" е единствено училиште во земјава што не штрајкува Членовите на синдикатот на основното училиште "Ацо Шопов" од скопската населба Радишани не ја почитуваат одлуката за штрајк по наредба на директорката ...

Буџетарите ги блокираа патиштата за да стигнат до најниска плата

Дневник - 25.05.2002

МАСОВЕН ПРОТЕСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР Вработените во јавниот сектор вчера одржаа масовен протест пред Собранието и пред Владата, како и пред министерствата за труд и социјална политика, за финансии и за правда. На буџетарите им се приклучија и вработените во стопанството и во ...

Буџетарите и загубарите ќе го блокираат Скопје од 10 до 16 часот

Вест - 24.05.2002

ШТРАЈКОТ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ЗЕМА СС ПОГОЛЕМ ЗАМАВ Денес почнува втората фаза од генералниот штрајк на јавната администрација. Од десет часот, буџетарите ќе ги напуштат своите работни места и ќе ги блокираат Собранието, Владата, како и министерствата за труд, за финансии и за правда.

Буџетарите ќе го продолжат штрајкот и наредната недела

Утрински - 24.05.2002

Институциите блокирани, Владата не го повикува Синдикатот на договор за најниската плата Буџетарите продолжуваат со несмалено темпо со генералниот штрајк кој го започнаа во понеделникот на 20 мај, со многу индиции дека бојкотот во работењето ќе трае и во наредната недела.

Буџетарите денеска излегуваат на улични протести и блокади на патиштата

Дневник - 24.05.2002

СИНДИКАТОТ НЕЗАДОВОЛЕН ОД ОДГОВОРОТ НА ВЛАДАТА Платите во јавниот сектор не може да се "одмрзнат" не затоа што државата нема пари, туку поради принципите на меѓународните финансиски институции - вели премиерот Георгиевски, кој смета дека "штрајкот е чиста политика" Вработените во јавниот сектор, ...

Филхармонијата се придружи на штрајкот на администрацијата

А1 - 23.05.2002

Македонската филхармонија денеска одржа концерт со кој се придружи на штрајкот на вработените во јавната администрација. Mузичарите наместо во вечерната концертна облека настапија во секојдневна гардероба. Концертот беше посветен на јубилејот на диригентот Перо Петровски и, според синдикалното ...

Буџетарите го селат штрајкот на улица

А1 - 23.05.2002

70 илјади вработени во јавната администрација и денеска, веќе четвртти ден, штрајкуваат во знак на револт што се уште не е утврдена минималната плата за нестопанството. Денешниот ден од штрајкот без поголеми промени од изминатите три дена.

Буџетарите и загубарите утре ќе ја блокираат Македонија

Вест - 23.05.2002

ВТОРА ФАЗА НА ГЕНЕРАЛНИОТ ШТРАЈК НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Од 12 до 16 часот, загубарите ќе ги блокираат влезот и излезот од Скопје и повеќе патни правци во државата, а вработените во јавната администрација, пак, од 10 часот ќе ги блокираат Собранието, Владата, како и Утре загубарите и останатите ...

Учебната година нема да заврши на 10 јуни

Вест - 23.05.2002

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ ИНСИСТИРА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ДА СЕ ОДРАБОТАТ ДО КРАЈ Според законската процедура, годишно училиштата имаат обврска да реализираат 180 работни дена, па колку дена ќе се продолжи школската година, зависи од траењето на генералниот штрајк Поради штрајкот на јавната ...

Штрајкот од утре се сели на улиците

Утрински - 23.05.2002

Штрајкот ќе прекине дури откако ќе се операционализира кога ќе се стави на хартија конкретниот износ на минималната плата на буџетарите Најавени блокади пред Собранието, Владата и на главните сообраќајници МАЈА ТОМИЌ Државните институции остануваат блокирани и во наредните денови, бидејќи ...

Загубените часови при штрајк нема да се одработуваат

Утрински - 23.05.2002

Според Законот за образование и Законот за штрајк, учебната година нема да трае подолго Не постојат никакви законски основи учениците од основните и од средните училишта да ги одработуваат загубените часови во деновите додека трае генералниот штрајк во јавната администрација.

Министерството не смее да ги манипулира учениците

Дневник - 23.05.2002

Коментар - Љубица Балабан Министерството за образование и наука за два дена соопшти две сосема спротивни информации за штрајкот во јавниот сектор. Еднаш го поддржа и ги окуражи штрајкувачите, а само ден потоа ги повика основците и средношколците да се вратат во училишните клупи.

Буџетарите ќе штрајкуваат сe додека не добијат поголеми плати

Капитал - 23.05.2002

Штрајк на вработените во јавниот секторБуџетарите ќе штрајкуваат сe додека не добијат поголеми платиОколу 80.000 буџетари, незадоволни од своите ниски плати, во понеделникот стапија во генерален штрајк. Претседателот на ССМ Муратовски вели дека штрајкот ќе продолжи сe додека не се утврди ...

Буџетарите утре во штрајк од канцеларија на улица

Дневник - 23.05.2002

СИНДИКАТОТ ГО ЗАСИЛУВА ПРИТИСОКОТ Прекинот на работата на вработените во јавниот сектор ќе продолжи се додека не се потпише спогодба за износот на најниската плата - тоа е ставот на синдикалците Вработените во јавниот сектор утре со почеток во 10 часот ќе протестираат пред Владата и Собранието, ...

Кривични пријави за оние кои го опструираат штрајкот

А1 - 22.05.2002

Сојузот на синдикатите на Македонија ќе поднесе кривични пријави против раководителите, кои се обидуваат да го прекинат штрајкот во јавниот сектор, кој трае веќе три дена, а ќе продолжи и утре, вели Пеце Груевски од синдикатот на УПОЗ.

Трендафилов: Евидентни се политички инфилтрации во организацијата на штрајкот

Вест - 22.05.2002

ВЛАДАТА БАРА ТРПЕНИЕ УШТЕ ДЕСЕТИНА ДЕНА "Владата за десет ќе излезе со законски предлог пред синдикатот. Ова прашање ќе се решава заедно со пакетот закони за загубарите. Евидентни се политички инфилтрации во организацијата на штрајкот, кој што е во тек.

Раим Тачи разреши началник во Тетовската болница

Вест - 22.05.2002

ЗГОЛЕМЕН ПРИТИСОКОТ ВРЗ ШТРАЈКУВАЧИТЕ Поради бојкотирање на работните обврски, работодавачите ги заплашуваат штрајкувачите дека ќе добијат 60 отсто од платите Поради стапување во генерален штрајк Благица Петрушевска, началник на Одделението за трансфузиологија во Тетовската болница, вчера била ...

Георгиевски и Муратовски не се договорија за минималецот

Утрински - 22.05.2002

На првата средба меѓу премиерот и првиот синдикалец се разговараше за барањата на Синдикатот Штрајкот во јавната администрација продолжува и во наредните денови иако Сојузот на синдикатите на Македонија не крие дека е задоволен од вчерашната средба со премиерот Љупчо Георгиевски за определување на ...

Вработените го прекинаа штрајкот поради многуте притисоци

Утрински - 22.05.2002

Во Катлановска Бања Вработените во Катлановска Бања официјално се приклучуваат кон штрајкот во јавниот сектор, но од вчера работата кај нив се одвива нормално и се примаат вообичаен број пациенти. Како што информираат во Катлановска Бања, вработените го поддржуваат штрајкот, но се подложени на ...

Во градинките ќе бидат ангажирани невработени воспитувачи

Утрински - 22.05.2002

Владата со свое гледање на штрајкот на буџетарите Доколку штрајкот на вработените во предучилишните установи продолжи, Министерството за труд и социјална политика сериозно размислува да ангажира невработени лица со соодветни образовни квалификации во овие установи.

В петок штрајк за блокада на Владата

Дневник - 22.05.2002

БУЏЕТАРИТЕ ГО ПРОДОЛЖУВААТ ШТРАЈКОТ Вториот ден од генералниот штрајк на околу 70.000 вработени во образованието, здравството, правосудството, управата, одбраната измина без поголеми опструкции Штрајкот на буџетарите за утврдување најниска плата продолжува и денеска, без оглед на исходот од ...

Георгиевски не успеа да го разубеди Муратовски

А1 - 21.05.2002

„Генералниот штрајк на јавната администрација продолжува и во наредните денови, а в петок се префла на улица. Административците ќе излезат да ги блокираат улиците и патишата во Македонија“, најави синдикалниот лидер Ванчо Муратовски по средбата со премиерот Љубчо Георгиевски.

Хрватските професори стапија во генерален штрајк

А1 - 21.05.2002

Професорите од 350 средни училишта и студентски домови во Хрватска стапија во генерален штрајк, барајќи итно потпишување на колективниот договор за утврдување на регресот за годишен одмор, 13-та плата и детскиот додаток. Хрватскиот премиер Ивица Рачан изрази жалење поради штрајкот на просветните ...

Од четврток јавната администрација излегува на улица

Вест - 21.05.2002

ШТРАЈКУВААТ 70.000 ВРАБОТЕНИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, ЗДРАВСТВОТО, ПРАВОСУДСТВОТО И ВО ОДБРАНАТА Синдикалците се задоволни од вчерашниот старт на штрајкот и најавуваат дека првите три дена административците ќе штрајкуваат на своите работни места, а в четврток ќе излезат на улиците, кога ќе им се придружа ...

Министерството за образование и наука го поддржува штрајкот

Утрински - 21.05.2002

СТАВ Министерството за образование и наука вчера соопшти дека го поддржува штрајкот на вработените во јавните служби и смета дека тој е законски и оправдан. Во дописот се истакнува дека директорите на училиштата не треба да преземаат дејства за спречување на штрајкот.

Настава држеа училиштата што не се членки на Синдикатот

Утрински - 21.05.2002

Речиси сите образовни институции во државава вчера штрајкуваа Речиси сите основни, средни и високообразовни институции вчера се придружија кон штрајкот што го организираше Сојузот на синдикати за одредување на најниската плата во Македонија.

Административците нема да работат и во наредните три дена

Утрински - 21.05.2002

Синдикалците не отстапуваат од утврдувањето на минималната плата МАЈА ТОМИЌ Незадоволни од своите ниски плати, околу 80.000 буџетари вчера масовно се приклучија кон генералниот штрајк, кој прв пат во земјава го организираа независните синдикати од јавниот сектор.

Во Струмица штрајкуваа сите буџетари

Утрински - 21.05.2002

Поддржана препораката на ССМ Вработените во градинките, училиштата, болниците, амбулантите и во основните судови во Велес, Струмица, Крушево, Охрид, Кавадарци, Кичево и во Неготино, главно, го поддржаа вчерашниот генерален штрајк, односно беа на работните места, но не работеа, освен за интервентни ...

Буџетарите в четврток на улица?

Дневник - 21.05.2002

ШТРАЈК НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР Барањата на синдикалците за Министерството за образование прифатливи, со забелешка дека учениците треба да бидат оценети пред завршувањето на учебната година Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) го оцени како успешен почетокот на генералниот штрајк на ...

Муратовски: „Штрајкот ќе трае се до исполнување на барањата“

А1 - 20.05.2002

Првиот синдикалец Ванчо Муратовски кој го оцени денешниот штрајк на вработените во администрацијата за успешен, не отстапува од утврдените барања. Во интервју за А1, најавувајќи ја утрешната средба со премиерот Георгиевски, рече дека е убаво што конечно премиерот се сетил да разговара со нeго.

Затворени вратите на образованието, здравството и судството

А1 - 20.05.2002

„Штрајк“ - пишува денеска на вратите на градинките, училиштата, судовите, касарните. Вработените во образованието, судството, одбраната и здравството денеска стапија во генерален штрајк барајќи државата да им обезбеди плати за достоен живот.

Штрајкуваат 70.000 вработени

Вест - 20.05.2002

ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ОД ДЕНЕСКА НЕ РАБОТИ Штрајкот ќе трае се додека со Владата не се постигне договор за најниската плата Јавната администрација од денсека стапува во генерален штрајк. Околу 70.000 вработени во училиштата, градинките, во здравствените установи , фармацијата, судовите, јавните ...

Генерален штрајк во јавниот сектор

Утрински - 20.05.2002

Денеска Околу 85.000 вработени во државната администрација, вклучувајќи ги школството, здравството и одбраната, денеска стапуваат во генерален штрајк. Во градинките и во сите основни и средни училишта, како и во високообразовните и културните установи ќе бидат заклучени вратите, нема да се работи, ...

Операта и Драмата при МНТ ги откажуваат своите претстави поради Штрајкот на ССМ

Утрински - 20.05.2002

"Травијата" нема да се одржи Тина Иванова Оперската претстава "Травијата", како дел од репертоарот на манифестацијата "Мајски оперски вечери" закажана за утре, 21 мај, нема да се одржи. Ова, за "Утрински весник", го потврдија вработените во Македонскиот народен театар кои се дел од генералниот ...

Буџетарците штрајкуваатза поголеми плати

Дневник - 20.05.2002

СИНДИКАТОТ ЈА ПРИТИСКА ВЛАДАТА Во ССМ најавуваат дека на буџетарците во штрајкот по неколку дена ќе им се придружат и вработените во стопанството и загубарците, за да се задржи тензијата и да се зголеми притисокот. Градинките, училиштата, болниците, судовите, културните институции денеска нема да ...