TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бучковски: Фатална грешка на Црвенковски

Време - 13.10.2006

ПО ВРАЌАЊЕТО НА ЈОРДАНОВСКИ Претседателот Бранко Црвенковски направи фатална грешка со потпишувањето на указот за отповикување на амбасадорот во САД Љупчо Јордановски, оцени вчера Владо Бучковски. Од претседателскиот кабинет одговорија дека Црвенковски одбива да коментира лична изјава на еден ...

Ќе си се отповика ли Црвенковски себеси за мешањето во СДСМ?

Вест - 13.10.2006

ВЛАДО БУЧКОВСКИ ВО ОДБРАНА НА ЈОРДАНОВСКИ Ако за повлекувањето на Јордановски Црвенковски ја послушал ВМРО-ДПМНЕ, тогаш таа по ист принцип може да бара одговорност од него поради мешањето во партиски работи на СДСМ, изјави вчера Бучковски Претседателот Бранко Црвенковски направи фатална грешка што ...

Јордановски ги спротивстави Бучковски и Црвенковски

Дневник - 13.10.2006

Досегашниот лидер на СДСМ Владо Бучковски го обвини шефот на државата дека направил „фатална грешка“ во случајот со амбасадорот Јордановски Претседателот Бранко Црвенковски направи фатална грешка со тоа што го потпиша указот за отповикување на Љупчо Јордановски од амбасадорската функција во САД, ...

И Јордановски ги скара Црвенковски и Бучковски

Утрински - 13.10.2006

За шефот на државата довчерашниот лидер на СДСМ сега е само пратеник Соња Крамарска Некои во СДСМ во отворена форма како Бучковски, а некои во индиректна форма како Шекеринска вчера изразија негодување за конечната смена на Љупчо Јордановски од македонски амбасадор во САД.

Црвенковски: Касно му текна на Бучковски

Вест - 13.10.2006

Претседателот Бранко Црвенковски вчера одби да ја коментира изјавата на Владо Бучковски, кој рече дека одлуката на претстедателот за повлекување на амбасадорот Љупчо Јордановски е фатална грешка. "Претседателот Црвенковски одбива да ја коментира содржината на личната изјава на еден пратеник кој ...

Бранко е крив и за облачното време?!

Вечер Прес - 13.10.2006

Бучковски ја критикуваше одлуката на Црвенковски да го потпише указот за отповикување на амбасадорот во САД, Љупчо Јордановски. Кабинетот на Црвенковски порача дека нема да ја коментира содржината на "личната изјава на еден пратеник кој претходно ја испушти приликата тоа да го направи од позиција ...

Груевски за еден месец ќе одбере кандидат за амбасадор во САД

А1 - 12.10.2006

Премиерот за еден месец ќе излезе пред јавноста со име, со својот најдобар кандидат за најмоќната амбасадорска фотеља - Вашингтон, дознава А1 од високи владини извори. Изворите за А1 додаваат, Груевски со своите најбитни луѓе во кабинетот ќе го одбере човекот кој има тесни врски со Америка.

Црна точка

Дневник - 12.10.2006

Претседателот Бранко Црвенковски по долго размислување конечно реши да и' стави крај на двочинката во која главни актери беа македонските амбасадори во Вашингтон и во Лондон Претседателот Бранко Црвенковски по долго размислување конечно реши да и' стави крај на двочинката во која главни актери беа ...

Македонски крај на американски сон

Време - 12.10.2006

МЕРИ ЈОРДАНОВСКА Ете, ни се случи уште еден македонски куриозитет. По низа преписки, медиумски и лични, амбасадорот Љупчо Јордановски се врати во нашата, откако накратко ја виде ветената земја. Претседателот Бранко Црвенковски со пола уста реши да го врати назад.

Црвенковски лут на Владата

Дневник - 12.10.2006

Шефот на државата и' порача на Владата дека ова е прв и последен пат да се случи таков преседан Љупчо Јордановски од завчера и формално не е амбасадор на Македонија во Вашингтон, откако претседателот Бранко Црвенковски го потпиша указот за негово отповикување од функцијата.

Јордановски се збогува од Вашингтон

Време - 12.10.2006

ЦРВЕНКОВСКИ ПРЕСЕЧЕ Љупчо Јордановски повеќе нема да биде амбасадор во Соединетите Американски Држави, пресече претседателот Бранко Црвенковски, кој завчера го потпиша указот за негово отповикување. Премиерот Никола Груевски вчера не сакаше да ја коментира изјавата на Црвенковски, но рече дека тој ...

Бранко го отповика Јордановски од САД

Вест - 12.10.2006

Шефот на државата завчера ставил потпис за отповикување од САД на амбасадорот Љупчо Јордановски. "Јас денеска решив да донесам за мене една тешка одлука, или поинаку кажано, да го изберам помалото зло. Тоа значи да донесам указ со кој го отповикувам амбасадорот Јордановски од таа функција.

Фатална грешка – Бучковски ја прокоментира денеска одлуката на Црвенковски да го разреши Јордановски

Канал5 - 12.10.2006

Разрешувањето на амбасадорот Јордановски до точка на вриење ја доведе нетрпеливоста меѓу Бучковски и Црвенковски – смената на амбасадорот очекувано влезе во партиските пресметки пред вонредниот конгрес... Разрешувањето на амбасадорот Јордановски до точка на вриење ја доведе нетрпеливоста меѓу ...

Нов амбасадор во САД најдоцна за еден месец

Утрински - 12.10.2006

Македонија ќе добие нов амбасадор во САД најдоцна за еден месец, а за неговиот избор нема да биде битна партиската припадност, туку стручноста. Ова го најавија вчера од Министерството за надворешни работи (МНР) откако претседателот Бранко Црвенковски го потпиша указот за повлекување на амбасадорот ...

Јордановски останува дома

Вечер Прес - 12.10.2006

Одлуката е избор на помалото зло. И порачувам на Владата дека ова е прв и последен пат да се случи ваков преседан, предупреди Црвенковски Претседателот Бранко Црвенковски завчера го потпиша указот за отповикување на амбасадорот на земјава зо САД, Љупчо Јордановски.

Се скрши ли кохабитацијата претседател-премиер?

А1 - 11.10.2006

Се скрши ли кохабитацијата претседател-премиер на случајот со амбасадорот Јордановски. По првата посериозна битка меѓу Груевски и Црвенковски, барем навидум победник излезе премиерот. По два месеци тактизирање, Црвенковски попушти, го потпиша указот за отповикување на Јордановски.

Груевски задоволен од одлуката на Црвенковски да го повлече Јордановски

Канал5 - 11.10.2006

Премиерот Груевски ја поздрави одлуката на претседателот Црвенковски да го отповика Јордановски од амбасадорската функција - задоволен што успеа во намерата Груевски одби да ги прокоментира забелешките со кои претседателот вчера ја објасни својата одлука - дека владата направила преседан, ...

Црвенковски ќе го отповика амбасадорот Јордановски

А1 - 10.10.2006

Отповикување на амбасадорот во Вашингтон Љупчо Јордановски. Ова е конечната одлука на претседателот Црвенковски, кој тактизираше повеќе од два месеци. На крај ги крена рацете и со тоа го инаугурираше ВМРО како многу посилен и повешт играч кој сите битки ги добива мазно, самоуверено го знае ...

Љупчо Јордановски уште си седи во Скопје

Време - 10.10.2006

СРЕДБА МИЛОШОСКИ - ЦРВЕНКОВСКИ Претседателот Бранко Црвенковски денеска ќе соопшти дали ќе го прифати барањето на Владата за отповикување на амбасадорот од Вашингтон, Љупчо Јордановски, откако на вчерашните консултации со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски не изградиле заеднички став.

МНР очекува прагматичност од претседателот Црвенковски

Дневник - 10.10.2006

Претседателот Бранко Црвенковски денеска ќе го соопшти својот став за случајот со амбасадорот Љупчо Јордановски, откако вчера повторно се сретна и разговараше со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Во кабинетот на Црвенковски велат дека претседателот ги ислушал аргументите на Владата ...

Претседателот го потпиша указот за разрешување на амбасадорот во САД Јордановски

Канал5 - 10.10.2006

Љупчо Јордановски веќе не е амбасадор во САД. Претседателот Црвенковски денеска го потпиша указот за негово отповикување. Шефот на државата попушти пред притисокот на владата. Љупчо Јордановски веќе не е амбасадор во САД. Претседателот Црвенковски денеска го потпиша указот за негово отповикување.

Јордановски ќе биде отповикан неделава?

Утрински - 10.10.2006

Слободанка Јовановска Претседателот Бранко Црвенковски во наредните два три дена ќе му стави крај на случајот околу амбасадорот Љупчо Јордановски, што ќе отвори пат за именување нов кандидат за амбасадор во оваа земја и, генерално, за отворање на целиот амбасадорски пакет, во кој ќе се најдат ...

Јордановски останува во Скопје

Вечер Прес - 10.10.2006

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски планира да го задржи амбасадорот Љупчо Јордановски, на натамошни консултации се до затворањето на случајот. За оваа одлука, Милошоски вчера го запознал и претседателот Бранко Црвенковски.

Црвенковски и Милошоски во судир поради Јордановски

А1 - 09.10.2006

Амбасадорот во Америка Љупчо Јордановски и доволна причина за непопуштање до последен здив од двете страни. И претседателот Црвенковски и шефот на дипломатијата Милошоски, секој со свои аргументи. Претседателот, не за отповикување на Јордановски, воопшто не е голема, ниту доволно сериозна ...

МНР и натаму бара повлекување на Јордановски

Макфакс - 09.10.2006

Скопје Министерството за надворешни работи цврсто инсистира на повлекување на амбасадорот Љупчо Јордановски од САД, соопштено е од МНР. На денешните консултации меѓу министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и претседателот Бранко Црвенковски, шефот на македонската дипломатија го повторил ...