TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Две и пол години затвор за гостиварскиот судија Мемети

Време - 11.09.2007

ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ 1 Две и пол години затвор за разрешениот гостиварски судија Неџат Мемети, пресуди вчера скопскиот Основен суд 1. Мемети беше обвинет затоа што искинал пресуда што ја донел неговиот колега Љутви Адеми и донел нова со која на Фадиљ Османи му го вратил одземениот џип.

Две и пол години затвор за судијата кој искина пресуда на колега

Вест - 11.09.2007

Две години и шест месеци затвор е пресудата на тричлениот Судски совет во Основниот суд 1 во Скопје за Неџад Мемети, разрешен судија од Гостиварскиот суд, кој скина пресуда на колега и напиша друга. Пред да биде изречена пресудата, обвинителот во завршни зборови побара Мемети да биде осуден оти се ...

Две и пол години затвор за разрешениот гостиварски судија

Утрински - 11.09.2007

За сторена злоупотреба на службената положба и овластување за што се товареше сега веќе разрешениот судија на гостиварскиот Основен суд вчера беше осуден на ефективна затворска казна во траење од две и пол години. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја донесе пресудата по неколку одржани ...

Судијата Мемети осуден на 30 месеци затвор

Дневник - 11.09.2007

Гостиварскиот судија Неџат Мемети, кој беше разрешен по обвинението дека искинал пресуда, вчера беше осуден на две и пол години затвор. Тој ќе остане на слобода се' до правосилноста на пресудата. Кривичен совет на Основниот суд Скопје 1 вчера го прогласи Мемети за виновен за злоупотреба на ...

За скината пресуда, две и пол години затвор

Вечер Прес - 11.09.2007

Неџат Мемети кој ја скинал пресудата што ја донел негов колега вчера е огласен за виновен и осуден на две и пол години затвор. Екс-судијата тврди процесот е монтиран и најавува жалба Неџат Мемети, поранешен судија од Основениот суд во Гостивар, е осуден на две и пол години затвор.

Судијата Мемети осуден на 2,5 години затвор

А1 - 10.09.2007

Разрешениот гостиварски судија Неџат Мемети денеска е осуден на казна затвор од 2 години и 6 месеци. Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и овластување. Искинал пресуда на свој колега и наместо неа, донел сосема спротивна пресуда.

Две и пол години затвор за гостиварскиот судија што скина пресуда

Канал5 - 10.09.2007

Две и пол години затвор за Неџат Мемети, екс судија од судот во Гостивар, пресуди Кривичниот суд во Скопје. Виновен е затоа што скинал пресуда донесена од друг судија и напишал нова во корист на свој пријател со која му вратил џип претходно одземен за сторен царински прекршок.