Еден вооружен Палестинец е убиен утринава в зори на северот од појасот Газа, во секторот на населбата Дугит, а израелската војска уништи и четири палестински куќи на Западниот брег што им припаѓаат на семејствата на милитантите.
Двајца Палестинци беа убиени во текот на изминатата ноќ кога над сто израелски тенкови упаднаа во центарот на Наблус на Западниот брег, јавија западните агенции, додавајќи дека најверојатно израелската акција е во знак на одмазда за експлозијата во Ерусалим во која во средата загинаа седум лица.
Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска се очекува да го објави извештајот за упадот на израелските трупи во палестинскиот бегалски камп во градот Џенин. Агенциите, повикувајќи се на дипломатски извори, јавуваат дека во извештајот израелскиот напад не е оквалификуван како масакр иако тоа ...
Израелската армија по синоќешниот палестински самоубиствен бомбашки напад во Ерусалим, во кој загинаа 7 а 86 лица се повредени, денеска од рано изутринава влезе во Рамалах. Цел на израелските воени единици е седиштето на палестинскиот лидер Јасер Арафат, околу кое од претпладнево се водат борби.
Во бомбашкиот напад во кафитерија на Хебрејскиот Универзитет во Ерусалим загинаа најмалку седум лица, а околу 80 се повредени. Одговорноста на нападот ја презеде милитантната организација Хамас. Ова е всушност одмазнички напад за убиството на лидерот на организацијата, Салах Шехаде, во израслкиот ...
Милитантната палестинска група Хамас ја презеде одговорноста за нападот Ерусалим, 1 август (Ројтерс) - Седуммина загинаа, а над 50 се повредени кога палестински бомбаш-самоубиец вчера се разнесе во кафуле на Еврејскиот универзитет во Ерусалим.
Началникот на израелската служба за внатрешна безбедност „Шин Бет“, Аву Дихтер синоќа изјави дека располага со информации за подготовка на 60 самоубиствени напади во Израел од страна на палестинските екстремисти, соопштија израелските медиуми.
ВОЈНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Палестински бомбаш самоубиец вчера се разнел во ресторан во центарот на Ерусалим, при што ранил четворица посетители - Евреи, јави Ројтерс. - Експлозијата одекнала веднаш штом влегол човекот во ресторанот.
Полицијата врши увид на местото каде експлодира самоубиецот ЕРУСАЛИМ, 31 јули (АП) - Еден палестински самоубиствен бомбаш вчера се кренал во воздух во една фаст-фуд ресторанче во Ерусалим, во коешто често навраќале полицајци, при што биле повредени четворица Израелци.
Соочени со американското спротивставување во врска со блискоисточното прашање ЊУЈОРК - Соочени со американското спротивставување, арапските пратеници вчера се обидоа да ги убедат Европејците во Советот за безбедност на ОН, да ја поддржат резолуцијата со која се бара Израел да се повлече од ...
И покрај обидите за можен дијалог за ставање крај на нападите и на убиствата ЕРУСАЛИМ - Вчера на Западниот Брег, Палестинци убиле двајца еврејски доселеници што возеле камион со огревен материјал во едно палестинско село, соопштија израелски безбедносни извори и претставник на населбата.
Израелците застрелаа еден Палестинец кој извршил напад со нож во една еврејска населба во Наблус, при што е повредено едно лице, иако претходно Израел со повеќемесечно одложување, под притисок од САД, ги намали блокадите врз Палестинците.
МИРОВНА ИНИЦИЈАТИВА НА САД Американскиот државен секретар Колин Пауел изјави дека очекува успех на преговорите со палестински функционери идната недела, и покрај новото крвопролевање на Западниот брег, јави Ројтерс. Еврејски доселеници завчера убија палестинска девојка, а израелска патрола уби еден ...
Израелците планираат безбедносни разговори со Палестинците од Западниот Брег ЕРУСАЛИМ - Израелскиот министер за одбрана вчера изрази надеж дека во наредните неколку дена ќе се одржат безбедносни разговори со Палестинците, но убиството на едно палестинско девојче неколку часа претходно, ги уништи ...
Израелскиот премиер Ариел Шарон и наложи синоќа на израелската армија да им го „олесни секојдневниот живот“ на Палестинците, кои не се вмешани во тероризмот, соопшти канцеларијата на израелската влада. „Премиерот и нареди на армијата и силите за безбедност да му го олеснат секојдневниот живот на ...
Нов циклус одмазднички напади во Израел ЕРУСАЛИМ - Четворица еврејски доселеници беа убиени од палестински милитанти во близина на градот Хеброн на Западниот Брег. Доселениците биле убиени во одделни напади врз два автомобила, јужно од градот.