TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Забрана за движење на автомобили во Багдад

А1 - 26.02.2006

Во ирачкиот главен град Багдад и неговата околина денеска е во сила забраната за движење на автомобили. Оваа мерка ја наложи Владата со цел да се намали бројот на нападите на верска основа, во кои настрадаа стотици Ирачани во изминатите два дена.

Во минофрлачки напади во Багдад загинаа 16 луѓе

А1 - 26.02.2006

Во минофрлачки напади во два реона на Багдад денеска загинаа 16 луѓе, а 45 беа ранети, јавија светските агенции. Двете ракети биле истрелени врз пазарот за зеленчук во Сајдија, а шест во шиитскиот квартал Абу Чир, каде живее мешано шиитско и сунитско население и каде деновиве имаше крвави судири.

Серија инциденти во Ирак

А1 - 25.02.2006

Најмалку 36 лица се убиени во серија инциденти во Ирак, ноќеска и денеска, меѓу кои има жени и деца и 14 припадници на специјалните сили на ирачката полиција, соопштија денеска ирачки безбедносни извори. Нападите се случуваат во екот на тензиите предизвикани од подметнувањето на експлозив во ...

Спорот Иран - САД се прелеа на ирачките улици

Време - 25.02.2006

ПО УНИШТУВАЊЕТО НА ЏАМИЈАТА АЛ АСКАРИЈА Бројот на загинатите во судирите меѓу ирачките шиити и сунити по уништувањето на шиитската џамија Ал Аскарија во ирачкиот град Самара се искачи на најмалку 140 лица. САД го обвинуваат разгранокот на Ал каеда во Ирак дека стои зад нападот врз џамијата, за да ...

Во Багдад воведен дневен полициски час

Утрински - 25.02.2006

Во обид да го сопре секташкото насилство на муслиманскиот ден за молитви Во Латифија, и покрај полицискиот час, вчера во раните утрински часови, напаѓачи упаднале во еден дом и убиле двајца шиити и една жена. Садр и другите шиитски лидери инволвирани во владата ја повикаа јавноста да се смири, но ...

Полициски час ја запира можната граѓанска војна во Багдад

Вест - 25.02.2006

БАГДАД, 25 февруари - Итниот полициски час воведен заради петочните муслимански молитви помогна вчера да се запрат насилствата во кои загинаа околу 200 луѓе во околината на Багдад изминативе 48 часа, со што најголемиот дел на главниот ирачки град остана тотално празен додека водачите се обидуваат ...

Страв од граѓанска војна

Вечер Прес - 25.02.2006

Бранот на верско насилство секавично се шири низ Ирак. Досега се убиени над 130 лица, а размерите на неговата експанзија никој не може да ги согледа. Оттука, се поголемо стравување дека земјата може лесно да се втурне во граѓанска војна, каква се уште немало во Ирак по американската инвазија во ...

Полициски час во Багдад

А1 - 24.02.2006

Полицискиот час ќе трае до 16 часот попладне, а полицијата најави дека ке бидат уапсени сите кои ќе го прекршат, дури и оние кои одат на молитва во џамиите. Официјални претставници на САД, ЕУ и ирачката Влада, повикаа на намалување на тензиите кои земјата ја доведоа до работ на граѓанска војна.

Опасност од граѓанска војна во Ирак

А1 - 24.02.2006

Најмалку 130 лица се убиени вчера во Ирак, откако претходниот ден беше подметнат експлозив во шиитско светилиште, по што уследија серија напади врз сунитски свети места во таа земја, што предизвикува страв од граѓанска војна.

Ирак пред граѓанска војна

Вест - 24.02.2006

СЕ ЗАОСТРУВА СУДИРОТ МЕЃУ ШИИТИТЕ И СУНИТИТЕ БАГДАД, 24 февруари (Ројтерс) - Ирак вчера ги забрани сите отсуства во полицијата и војската и ги стави во состојба на висока готовност откако вчера порасна црниот биланс во секташките борби во државата по бомбашкиот напад на најсветиот шиитски храм.

Главниот сунитски блок се повлече од преговорите

Утрински - 24.02.2006

Одлука БАГДАД - Главниот блок на сунитските муслимани од Ирак вчера се повлече од преговорите за формирање нова влада, обвинувајќи ја владејачката шиитска алијанса за секташкото насилство во кое загинаа десетици сунити во последните 24 часа.

По демонстрациите - масакр

Дневник - 24.02.2006

ИРАК Е НА РАБОТ НА ГРАЃАНСКА ВОЈНА Вооружени лица сурово убиле најмалку 47 ирачки сунити и шиити што се враќале од демонстрациите поради уривањето на светата шиитска џамија во Самара, јави Ројтерс. Терористите поставиле контролна точка на излезот од градот, сосила ги ваделе луѓето од автомобилите, ...

Ирак соочен со крвава граѓанска војна

Утрински - 24.02.2006

По бомбашкиот напад врз големото шиитско светилиште во Самара во средата Секташкото насилство ескалира, нема кој да го спречи БАГДАД - Ирак ги откажа сите полициски и војнички отсуства и го продолжи траењето на полицискиот час во Багдад и во другите градови за да помогне во стопирање на секташкото ...

Ирак на работ на граѓанска војна

Време - 24.02.2006

ПО БОМБАШКИОТ НАПАД ВРЗ ЏАМИЈАТА АЛ АСКАРИЈА ВО САМАРА Најмалку 127 лица биле убиени во насилствата меѓу припадници на шиитското мнозинство и сунитското малцинство во Ирак по бомбашкиот напад врз шиитската џамија Ал Аскарија во Самара, јави АФП.

Убиени тројца новинари во Ирак

А1 - 23.02.2006

Тројца ирачки новинари од телевизијата „Ал Арабија“ се киднапирани и убиени некаде меѓу Ал Дор и Самара, северно од Багдад, соопшти американската канцеларија за врски во Тикрит. „Локалните власти открија тела на тројца новинари од кои едното е идентификувано како новинарката Атвар Бахџат“, изјави ...

Ахмадинеџад: САД и Израел ја урнаа џамијата во Самара

А1 - 23.02.2006

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска ги обвини САД и Израел за вчерашното уривање на златната купола на џамијата Аскарија во ирачкиот град Самара. Тој рече дека нападот против една од најпочитуваните шиитски светости е работа на „победените ционисти и окупатори“.

Во Ирак убиени тројца новинари

Канал5 - 23.02.2006

Тројца ирачки новинари од телевизијата “Ал Арабија” се киднапирани и убиени некаде меѓу Ал Дор и Самара, северно од Багдад, соопшти американската канцеларија за врски во Тикрит. Тикрит, 23 февруари (МИА) - Тројца ирачки новинари од телевизијата Ал Арабија” се киднапирани и убиени некаде меѓу ...

Бомба уништи златно кубе на шиитско светилиште

Утрински - 23.02.2006

Напад што може да го вовлече Ирак во граѓанска војна по крвавите терористички напади Американските и ирачките сили ги штитат сунитските населби во Багдад од можна одмазда на шиитите БАГДАД - Силна експлозија вчера го уништи златното кубе на едно од најпознатите шиитски светилишта во Ирак, поради ...

Бомба ја урна светата шиитска џамија во Самара

Вест - 23.02.2006

ИРАК Наџаф, 23 февруари - Околу две илјади шиитски демонстранти во ирачкиот град Наџаф ги повикаа собраќата шиити да се одмаздат за уривањето на познатата џамија Аскарија во Самара. Златната купола на џамијата, во која се наоѓаат гробовите на двајца почитувани шиитски имами, беше разурната вчера од ...

Разнесена златната купола на шиитската џамија Ал Аскарија

Време - 23.02.2006

ВО БОМБАШКИ НАПАД ВО САМАРА Ирачки терористи маскирани како полициски командоси завчеравечер ја разнеле златната купола на шиитската џамија Ал Аскарија во градот Самара, на 110 километри северозападно од Багдад. Во експлозијата целосно била уништена златната купола, а голема материјална штета била ...

Бомба разнесе шиитска џамија во Самара

Дневник - 23.02.2006

НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ИРАК Експлозија на бомба вчера изутрина ја разнесе златната џамија Аскарија, во ирачкиот град Самара, населен претежно со шиити. Нападот предизвика протести кај жителите, јави Ројтерс. Во протестите, кои се претворија во насилства, беа уништени неколку сунитски џамии, а ...

Иранскиот претседател ги обвини Американците и Израелците за уривањето на џамијата во Самара

Канал5 - 23.02.2006

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска ги обвини САД и Израел за вчерашното уривање на златната купола на џамијата Аскарија во ирачкиот град Самара. Техеран, 23 февруари (МИА) - Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска ги обвини САД и Израел за вчерашното уривање на златната ...

Шиитите повикуваат на одмазда поради уривањето на златната купола

А1 - 22.02.2006

Околу 2.000 шиитски демонстранти во ирачкиот град Наџаф ги повикаа собраќата шиити да се одмаздат за уривањето на познатата џамија Аскарија во Самара. Златната купола на џамијата, во која се наоѓаат гробовите на двајца почитувани шиитски имами, беше разурната утрово од вооружени лица кои во ...

Експлозија уништи купола на една од најпознатите џамии во Самара

А1 - 22.02.2006

Силна експлозија утрово ја разурна златната купола на една од најпознатите шиитски џамии во ирачкиот град Самара, 95 километри северно од Багдад, соопштија армиски извори и локалната полиција. Засега нема информации дали има повредени, но според полицијата, можно е под урнатините да има луѓе.

Шиитски демонстранти повикуваат на одмазда поради уривањето на џамијата во Самара

Канал5 - 22.02.2006

Околу две илјади шиитски демонстранти во ирачкиот град Наџаф ги повикаа собраќата шиити да се одмаздат за уривањето на познатата џамија Аскарија во Самара. Наџаф, 22 февруари (МИА) - Околу две илјади шиитски демонстранти во ирачкиот град Наџаф ги повикаа собраќата шиити да се одмаздат за уривањето ...

Двајца загинати во експлозија на бомба во Багдад

А1 - 20.02.2006

Двајца Ирачани се убиени и 19 се повредени при експлозија на бомба што утрово експлодира во центарот на Багдад, соопшти полицијата. Бомбата експлодирала на плоштадот Садат ат Тајаран, каде стоеле наемни работници. При експлозијата уништени се три продавници и неколку автомобили.