Шведска целосно го поддржува проширувањето на Европската Унија и евроинтегрирањето на Македонија и на другите земји од Балканот, изјави Сесилија Малмстром, министерка за ЕУ во Владата на Кралството Шведска, по вчерашната средба со вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски.
Владата на Шведска смета дека грчко-македонскиот спор за името е билатерален, тоа не е критериум за членство во Унијата. За влез во ЕУ има јасни критериуми што треба да се исполнат, а тоа се критериумите од Копенхаген. Истите тие критериуми се обврска што треба да ја исполнат и другите земји кои се стремат за членство во Унијата, рече шведската министерка. Шведска и во иднина ќе продолжи со ...