TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Черно Море - Македонија 3:0

А1 - 14.07.2007

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров го завршија патот во Интертото купот. По поразот со 4:0 од Черно Море на Градски пред седум дена тие само формално го одработија реваншот во ...

Македонија без шанси во Бургас

Вест - 14.07.2007

ИНТЕРТОТО КУП Со негатива од виртуелно недостижни четири гола, Македонија Ѓорче Петров денеска (18 ч.) му гостува во Бургас на бугарскиот претставник Черно Море во реваншот од второто коло на Интертото купот. На клупата на скопскиот прволигаш повеќе не е српскиот стратег Радмило Иванчевиќ, кој си ...

Мачен ќе биде мечот во Бургас

Време - 14.07.2007

ФУДБАЛДЕНЕСКА РЕВАНШ ОД 2. КОЛО ОД ИНТЕРТОТО Македонија Ѓорче Петров денеска во Бургас (17.30 часот) на реванш мечот од второто коло од Купот Интертото против Черно Море ќе оди да игра само за помал срам на македонскиот фудбал, откако пред седум дена дома прими четири парчиња од Бугарите.

Македонија ЃП во Бургас ќе го поправа впечатокот

Утрински - 14.07.2007

Со единствена желба да се поправи впечатокот, фудбалерите на Македонија ЃП попладнево со почеток во 18 часот на стадионот „Лазур“ во Бургас ќе го одиграат реванш мечот од второто коло од Интер-тото купот против составот на Черно море.

„Лавовите“ во Бургас ќе го поправаат впечатокот

Дневник - 14.07.2007

Фудбалскиот прволигаш Македонија ЃП не верува во чудо пред денешниот реванш (18 ч.), во Бургас против бугарскиот Черно Море, по убедливиот пораз во Скопје (0-4) на првиот натпревар од 2. коло во Интертото-купот. Растоварени од императивите за продолжен престој на годинашната евросцена, „лавовите“ ...

Лавовите во одбрана на честа

Вечер Прес - 14.07.2007

Свесни дека негативата од 4 гола е тешко надоместлива, ѓорчепетровци во Бургас (18 ч.) ќе се обидат да покажат дека сепак располагаат со поголем квалитет Фудбалерите на Македонија ЃП денеска (18.00 ч. по македонско време) во Бургас ќе го одиграат реванш натпреварот од второто коло во Интертото ...

Стратев ќе ги води „ЛАВОВИТЕ“

Време - 13.07.2007

МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Зоран Стратев е новиот кормилар на Македонија Ѓорче Петров, по оставката на Србинот Радмило Иванчевиќ. Раководството на клубот го пополни испразнетото место, за кое кандидат беше и Илчо Георгиевски. На вториот меч од Интертото-купот против бугарскиот Черно Море, екипата ќе ...

Смилевски во најтесен избор за тренер на Македонија ЃП

Вест - 12.07.2007

Заедно со Илчо Ѓорѓиески и со Зоран Стратев Еден од нашите најтрофејни тренери, Зоран Смилевски, заедно со Илчо Ѓорѓиоски и со Зоран Стратев, е во најтесен избор за замена на Радмило Иванчевиќ на тренерската клупа на Македонија ЃП.

Георгиевски и Стратев - единствени кандидати за тренер на „лавовите“

Време - 12.07.2007

ПО ЗАМИНУВАЊЕТО НА ИВАНЧЕВИЌ ОД МАКЕДОНИЈА ЃП Илчо Георгиевски и Зоран Стратев се единствените кандидати за нов тренер на фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров, откако завчера, Радмило Иванчевиќ поднесе оставка по поразот дома од Черно Море со 0-4 во првиот меч од второто коло од Купот Интертото.

Роберт Стојановски привремено тренерско решение во Македонија Ѓ.П.

Утрински - 12.07.2007

Радмило Иванчевиќ го напушти кормилото на ѓорчепетровци по саботниот пораз (0:4) од Черно Море во Интер-тото купот САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Довчерашниот асистент на Радмило Иванчевиќ, Роберт Стојановски, е привремено тренерско решение на кормилото на Македонија Ѓ.П.

Стратев стратег на Македонија ЃП

Дневник - 12.07.2007

Зоран Стратев е новиот кормилар на фудбалскиот прволигаш Македонија ЃП. Раководството на „лавовите“ го пополни испразнетото место на тренерската клупа само еден ден по заминувањето на Радмило Иванчевиќ. - Чест и обврска е да се продолжи онаму каде што застана мојот претходник.

Зоран Стратев е нов тренер на Македонија Ѓ. П.

А1 - 11.07.2007

Зоран Стратев е наследникот на Радмило Иванчевиќ на кормилото на Македонскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров. Српскиот стратег вчера ги напушти „Лавовите“ а управата на ѓорчепетровци експресно реагираше и во своите редови по седум години го врати нивниот поранешен тренер.

Иванчевиќ си заминува од Македонија

Вест - 11.07.2007

ПО НЕУСПЕХОТ ВО ИНТЕРТОТО КУПОТ Српскиот тренер Радмило Иванчевиќ ја напушта Македонија Ѓорче Петров по една и пол сезона на клупата на скопскиот прволигаш. Тој најавил дека ќе остане за натпреварите од Интертото купот и по дебаклот во саботата, кога неговиот тим беше поразен на домашен терен со ...

Иванчевиќ и Македонија се разделија

Дневник - 11.07.2007

Српскиот стручњак Радмило Иванчевиќ и фудбалски прволигаш Македонија ЃП вчера ја прекинаа соработката. Иванчевиќ поднесе очекувана оставка , по загубените шанси Македонија ЃП во дуелот со бугарскиот Черно Море (0-4) да се обезбеди пласман во 3. коло од Купот Интертото.

Иванчевиќ со банкет се раздели од Лавовите

Вечер Прес - 11.07.2007

Радмило Иванчевиќ нема повеќе да седи на клупата на фудбалскиот прволигаш Македонија од Ѓорче Петров. Вчера по состанокот на управата на клубот дојде до спогодбена разделба на српскиот тренер и ѓорчепетровци. Испраќањето на Иванчевиќ беше прославено со заеднички банкет.

Радмило Иванчевиќ ја напушти Македонија Ѓ.П.

А1 - 10.07.2007

Радмило Иванчевиќ го напушта кормилото на нашиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров. На три дена пред реваншот од Интертото купот во Бургас против Черно Море, српскиот стратег постигнал договор за прекин на соработката. „Пријателски се разделувам со луѓето од клубот со кој што сметам го постигнав ...

Ѓорчепетровци разочараа

Вест - 09.07.2007

ИНТЕРТОТО КУП МАКЕДОНИЈА ЃП - ЧЕРНО МОРЕ 0:4 (0:0) Скопје. - Градски стадион. Гледачи: 3.000. Судија: Алфонсо Перес (Шпанија). Стрелци: Бачев 55', Маркос 71', 72', Стојанов 81'. Жолти картони: Љамчевски, Стојановски. Македонија ЃП: Колев, Брњарчевски (Генц 65'), Димовски, Јовановски, Љамчевски ...

Лавовите не беа ниту мачиња

Време - 09.07.2007

ИНТЕРТОТО КУП, 2 КОЛО: МАКЕДОНИЈА ЃП-ЧЕРНО МОРЕ 0-4 (0-0) Срамен пораз од катастрофални 0-4 доживеаја фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров во првиот меч од второто коло од Купот Интертото, и тоа од бугарскиот Черно Море, чии играчи работата ја завршија во второто полувреме за помалку од половина ...

Македонија Ѓ.П. „се удави“ во Черно Море

Утрински - 09.07.2007

Бугарскиот прволигаш славеше со 4:0 во првиот меч од второто коло во Интер-тото купот за реванш со ревијален карактер во Бургас САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Евро шлаканица за фудбалерите на Македонија Ѓ.П. Ја здобија од колегите од Черно Море кои во првиот меч од второто коло во Интер-тото купот на „Градски“ ...

„Лавовите“ скротени со четири камшика

Дневник - 09.07.2007

Македонија ЃП се „прости“ од натпреварите уште по првите 90 минути од двомечот со бугарскиот Черно Море, откако доживеаја дебакл дома од 0-4 Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров се „простија“ од натпреварите во Купот Интертото уште по првите 90 минути од двомечот со бугарскиот претставник Черно ...

Лавовите како мачиња

Вечер Прес - 09.07.2007

Фудбалерите на Македонија ЃП се торпедирани во првиот натпревар од второто коло од бугарскиот претставник Черно Море со (4:0) и во реванш натпреварот за седум дена и теоретски немаат шанси за пласман во третото коло Фудбалерите на Македонија ЃП убедливо се поразени во првиот натпревар од второто ...