TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Сонцето испржи јајце на око

Утрински - 10.07.2004

Бранот високи температури ја зафати Македонија. Најпогодени од тропските горештини хронично болните Над сто интервенции на итните медицински служби во Скопје СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА Тропскиот бран и годинава не ја одмина Македонија. Температурите го достигнаа 38 Целзиусов степен.

Северен ветер утре ќе донесе освежување

Утрински - 10.07.2004

Прогноза Денеска температурите ќе го достигнат 38 Целзиусов степен, а попладне и кон крајот на денот се очекува промена, проследена со северен ветер, кој ќе се засили во текон на ноќта. Тоа ќе услови извесно опаѓање на температурите за три до чети степени, односно максималните дневни температури ќе ...

Пеколни горештини во Црна гора

А1 - 09.07.2004

Температурата на воздухот во Подгорица вчера достигна до 40 степени целзиусови, а на морето до 30 степени. Според изјави на туристи, водата на морето е толку топла, што дури не е пријатна за капење. Граѓаните се сомневаат во точноста на официјалните податоци на Хидрометеоролошкиот завод, бидејќи ...

Денеска најтопол ден во Македонија, 42 степени

А1 - 09.07.2004

42 степени, толку денеска покажуваше термометарот поставен кај Бит-пазар нешто по 14 часот. На таа температура беа изложени граѓаните кои се наоѓаа на улиците, директно под топлината на досега најжешкиот ден во Македонија. Метеоролозите ги мерат температурите надвор од градот, таму се пониски за ...

Тропските горештини во Романија однесоа 15 животи

А1 - 09.07.2004

15 лица починаа, а илјадници побарале лекарска помош како последица на топлото време кое неделава ја зафати Романија. Тамошните медиуми постојано ги известуваат граѓаните за временската состојба и ги советуваат како да се облекуваат, што да јадат и колку течности да внесуваат.

Жешкото време ги „коси“ хроничните болни

Време - 09.07.2004

БРЗА ПОМОШ Високите температури најтешко ги поднесуваат хроничните болни, кои најчесто се жалат на болки во градите, во главата и на тешко дишење, велат од Итната медицинска помош. - Дневно имаме меѓу три и шест смртни случаи, главно на хронични болни со зголемен крвен притисок.

Жештини опасни по живот

Дневник - 09.07.2004

ВРЕМЕТО ГИ РАЗБОЛЕ ГРАЃАНИТЕ Сонцето директно не предизвикува смрт, но деновиве е зголемен бројот на смртни случаи, вели докторот Љупчо Пајковски од Брза помош Деновиве "паднаа" првите жртви на жештините. Во животна опасност поради високите температури се хроничните болни, главно од срцеви болести, ...

Тропски температури до крајот на неделата

Утрински - 08.07.2004

Прогноза Во Скопје живата во термометарот ќе се искачи до 36 Целзиусови степени Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека во наредните денови се очекуваат повисоки температури на воздухот од досегашните. Во текот на денешниот ден температурата ќе се движи од 29 до 37 степени, а во ...

Сахара летово ќе гостува во Македонија

Време - 08.07.2004

КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ПОКАЖУВААТ ЗАБИ Даниела Алексоска Елена Ристеска Македонија и годинава ја очекува изгор лето. За тоа зборуваат првите денови од јули, во кои живата во термометарот се искачи до 35-от степен. Хидрометеоролозите велат дека во Јужна Европа летово ќе биде исклучително топло, а во ...

Од денеска пеколни горештини

Дневник - 08.07.2004

ВРЕМЕ Во наредните неколку дена Македонија ќе биде зафатена од јужни воздушни струења што ќе донесат сахарски температури, предвидуваат метеоролозите. Температурата ќе достигне до 38 Целзиусови степени. Жешкиот бран се очекува да трае до недела, кога ќе дојде до наоблачување и мал пад на ...

Од утре сахарски температури

А1 - 07.07.2004

Од утре па во наредните неколку дена Македонија ќе ја зафатат тропски горештини. Метеоролозите очекуваат температура околу 38 степени. Поради ова Управата за хидрометеоролошки работи ги предупредува граѓаните и владата да преземат заштитни мерки.