TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

И дежурните лекари ќе препишуваат фондовски лекови

Утрински - 22.11.2008

И дежурните лекари ќе препишуваат фондовски лекови. На лекарите од дежурните служби, најверојатно, ќе им се врати правото да може да препишуваат лекови на товар на Фондот за здравствено осигурување. Ова вчера го најави министерот за здравство, Бујар Османи, како уште една мерка за надминување на хаосот во аптеките и ординациите на матичните лекари што се јави по строгата примена на институцијата ...

Дежурните лекари ќе даваат рецепти за лекови со сино картонче?

Н.Македонија - 22.11.2008

Министерот за здравство Бујар Османи в понеделник ќе побара од Фондот за здравствено осигурување да направи измена на правилник, со која ќе се дозволи дежурните лекари во Итна медицинска помош да издаваат рецепти за лекови од позитивната листа.

И дежурните лекари ќе даваат рецепти

Дневник - 21.11.2008

И дежурните лекари ќе даваат рецепти. И дежурните лекари од општите ноќни служби во целата земја ќе имаат право да препишуваат рецепти, најавуваат од Министерството за здравство. Министерот за здравство, Бујар Османи, вчера најави дека правилникот за препишување рецепти ќе се менува во наредната недела. Досега дежурните лекари издаваа рецепти само за лековите што се купуваат приватно.

Тримесечни рецепти за хроничните болни

Вест - 19.11.2008

Матичните лекари ќе можат да им пишуваат на хронични болни тримесечна терапија, за да не мора да одат секој месец по рецепт со кој можат да си ги набават потребните лекарства. Во моментов владее вистински хаос во аптеките и во ординациите, бидејќи директорот на Бирото за лекови наложи издавање на лекови само со рецепт.

Хаосот со лековите ќе се решава со реклами и со „хроничен рецепт“

Утрински - 19.11.2008

Министерот Османи дури по еден месец проблеми најави воведување рецепт за хронично болни. Јасмина Јовановска. Министерот за здравство, Бујар Османи, конечно, се зафати да го реши хаосот што веќе еден месец трае во аптеките и ординациите на матичните лекари, откако Бирото за лекови побара строга примена на лекарскиот рецепт.

На хроничните болни нема да им треба рецепт за секое кутивче лек

Н.Македонија - 19.11.2008

Хроничните болни нема да мора да одат на лекар по рецепт за секое кутивче од терапијата што редовно ја земаат со сино картонче. По нивното барање да добијат посебен рецепт што ќе важи три месеци, надлежните одговараат дека наскоро ќе се реши нивниот проблем.

Лекови без рецепт во Тетово и Куманово

Алфа - 18.11.2008

Се почитува ли законот за неиздавање лекови без рецепт само во Скопје? Екипа на Алфа телевизија, во изминатите денови посети неколку аптеки во најблиските градови, Тетово и Куманово. За разлика од Куманово, каде лекови без рецепти успеавме да купиме само во една аптека, во Тетово – лекови без рецепт можат да се купат насекаде.