TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Моливијатис утре ќе се сретне со Нимиц

А1 - 18.09.2005

Шефот на грчката дипломатија, Петрос Моливијатис, утре во Њујорк ќе се сретне со преговарачот за спорот со името, Метју Нимиц. Грчки дипломатски извори изјавуваат дека се уште нема било каков развој за прашањето околу името. Претседателот Црвенковски неделава за време на престојот во Њујорк се ...

Денеска и Моливијатис во Њујорк за името

Време - 17.09.2005

ПО СРЕДБАТА ЦРВЕНКОВСКИ-НИМИЦ Грчкиот министер за надворешни работи, Петрос Моливијатис, денеска во Њујорк ќе се сретне со специјалниот пратеник на Обединетите нации за спорот со името на Република Македонија, Метју Нимиц, јави грчката новинска агенција АНА.

Претседателот Ху Џинтао го покани Црвенковски да ја посети Кина

Утрински - 17.09.2005

средба Скопје - НР Кина го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, ја поддржува определбата на Македонија за градење добрососедски односи, а има целосно разбирање за нејзината интеграција во ЕУ, истакна кинескиот претседател Ху Џинтао на вчерашната средба со претседателот ...

Дипломатска екскурзија или......

Вечер Прес - 17.09.2005

Престојот на претседателот на државата и шефицата на дипломатијата во Њујорк ќе чини многу, а ефектите, ценејќи според нивната "тенка" агенда ќе бидат минимални. Црвенковски, покрај обраќањето на генералното собрание на ОН оствари средба со Хавиер Солана и кинескиот претседател Ху Џинтао (на која ...

Црвенковски му ја повтори

Дневник - 16.09.2005

НА САМИТОТ НА ОН ВО ЊУЈОРК Претседателот Бранко Црвенковски, во рамките на своето учество на 60. Генерално собрание на Обединетите нации завчера, во Њујорк, се сретна со специјалниот преставник на генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц.

Црвенковски си зеде слободен ден

Време - 16.09.2005

ДИПЛОМАТИЈА НА МАКЕДОНСКИ НАЧИН ВО ЊУЈОРК Боби Христов По само четири средби, еден говор и еден протоколарен ручек, претседателот Бранко Црвенковски за вчера си предвидел слободен ден, а потоа го пополнил со средба со албанскиот претседател Алфред Мојсиу.

Црвенковски му ги пренесе на Нимиц македонските позиции за името

Утрински - 16.09.2005

Претседателот имаше повеќе средби на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк Метју Нимиц, на средбата со Црвенковски најавил дека наскоро ќе свика нова рунда разговори во Њујорк Претседателот Бранко Црвенковски се сретна со специјалниот преставник на генералниот секретар на ОН, Метју ...

Кој го издава Претседателот?

Вест - 16.09.2005

ИЛИНКА ВО ДЕТЕКТИВСКА МИСИЈА ВО ЊУЈОРК Годинашнава делегација за Генералното собрание на ОН е како фудбалски тим со резервните играчи. Само за дневниците на шеснаесетте репрезентативци даночните обврзници одделуваат дневно по 2.000 долари.

Црвенковски беше на ручек кај Анан, нема никаков скандал

Вечер Прес - 16.09.2005

Претседателот Бранко Црвенковски завчера во Њујорк присуствуваше на работниот ручек што го организира генаралниот секретар Кофи Анан, како што беше предвидено во неговата агенда. На ручекот присуствуваа и претседателот на САД, Џорџ Буш, претседателот на Русија, Владимир Путин, претседателот на ...

Нимиц ќе свика нова рунда разговори за името

А1 - 15.09.2005

Специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, наскоро ќе свика нова рунда разговори во Њујорк за разликите околу името. Ова Нимиц го соопштил вчера во Њујорк на средбата со претседателот Црвенковски, кој присуствува ма 60-то јубилејно собрание на Светската организација.

Кофи Анан го назначи Мајкл Молер за претставник во Кипар

А1 - 15.09.2005

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан го назначи Данецот Мајкл Молер за свој специјален претставник во Кипар, соопшти портпаролот на Анан. Молер, исто така, ќе биде и шеф на силите на ОН за поддржување на мирот во Кипар. Тој ќе го замени на оваа функција Полјакот Збигнев Влосович чиј мандат истекува ...

Црвенковски не се сретна со Анан

А1 - 15.09.2005

Претседателот Црвенковски немаше билатерална средба во Њујорк со генералниот секретар на ОН Кофи Анан. Мотив повеќе за евентуалната средба можеше да биде фактот што само неколку дена претходно грчкиот премиер Караманлис побара поддршка од Анан за името.

Светските лидери го бојкотираат Анан за ревитализацијата на ОН

Вест - 15.09.2005

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ, 15 септември (Ројтерс) - Светските лидери вчера разгледуваа начини како да ја ревитализираат Организацијата на Обединетите нации, но во нивната шема не влегува визијата на генералниот секретар Кофи Анан за ослободување од сиромаштија, гонења и војни.

Наскоро нова рунда преговори за името

Време - 15.09.2005

ЦРВЕНКОВСКИ ВО ЊУЈОРК СЕ СРЕТНА СО НИМИЦ Нова рунда разговори меѓу Македонија и Грција за спорот во врска со името е единствената официјална информација соопштена по средбата на претседателот Бранко Црвенковски и министерката за надворешни работи Илинка Митрева во Њујорк со посредникот во спорот за ...

План со многу идеи, но со малку детали

Време - 15.09.2005

САМИТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан призна дека планот за реформи на ОН, кој е предложен на самитот во чест на 60-годишнината од формирањето на ОН, не е тоа што го посакувал. Според предложениот план, ОН се обврзуваат да работат за намалување на ...

Анан го поддржал Караманлис во спорот за името

Дневник - 15.09.2005

ЊУЈОРК Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан покажал дека го разбира грчкиот став за прашањето за името на Македонија, на средбата со грчкиот премиер Костас Караманлис во Њујорк. Ова го тврди неименуван дипломатски извор за грчката државна телевизија, ЕРТ додавајќи дека Караманлис на ...

Милениумската декларација под скенер

Вечер Прес - 15.09.2005

ЊУЈОРК, 15 СЕПТЕМВРИ (МИА, МАКФАКС). - Македонскиот претседател Бранко Црвенковски вчера во Њујорк присуствуваше на отворањето на 60. Генерално собрание на Обединетите нации, со кое претседава генералниот секеретар на Светската организација, Кофи Анан.

Црвенковски одби да учествува на појадокот на ОН

А1 - 14.09.2005

Уште еден дипломатски скандал за Македонија, претседателот Црвенковски одбил да учествува на појадокот, кој бил организиран денеска во Обединетите Нации по повод 60-тото заседание, за сите шефови на држави и влади, кои учествуваат на Генералното собрание, дознава А1 од извори во Обединетите Нации.

Црвенковски ќе зборува во ОН

Време - 13.09.2005

УТРЕ ВО ЊУЈОРК Претседател Бранко Црвенковски ја предводи македонската делегација на генералното собрание на ОН, кое заседава од денеска. За време на престојот во Њујорк Црвенковски ќе има повеќе билатерални средби, а пред генералното собрание на ОН ќе се обрати на 15 септември.

Црвенковски ќе зборува во ОН на 15 септември

Утрински - 12.09.2005

Генерално собрание на ОН Македонскиот претседател Бранко Црвенковски на 15 септември во Њујорк ќе има свое обраќање во рамките на 60. Генерално собрание на Обединетите нации. На маргините на одржувањето на Генералното собрание на ОН е најавено дека Црвенковски ќе има неколку билатерални средби, ...

Црвенковски на Генералното собрание на ОН

Вечер Прес - 12.09.2005

Претседатеот Бранко Црвенковски утре заминува во САД, каде што ќе присуствува на 60. Генерално собрание на Обединетите нации. Црвенковски ќе се обрати на Генералното собрание на ОН на 15 септември. При престојот во Њујорк тој ќе оствари билатерални средби со претседателот на Кина Ху Џинтао, ...