TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Австралија не го гледа крајот на војната во Ирак

А1 - 06.04.2003

Сојузничките сили раководени од САД бележат важни освојувања на бојното поле во Ирак и влегоа во Багдад, но крајот на војната се уште не е блиску, изјави денеска австралискиот премиер Џон Хауард. „Работите се одвиваат мошне добро и ирачаните досега не покажаа систематичен и жесток отпор.

Се повеќе земји заинтересирани за повоена обнова на Ирак

А1 - 06.04.2003

Се поголем е бројот на земјите и компаниите во светот кои чекаат да добијат профитабилни договори за обновување на Ирак по завршувањето на војната. Земјите што ги поддржаа САД во нападот на Ирак јасно ставија до знаење дека имаат „големи очекувања“ за добивање на такви договори, но исто така се ...

Турција и Иран против независна курдска држава

А1 - 06.04.2003

Турција и Иран денеска повторно изразија несогласување со идејата за формирање независна курдска држава во Северен Ирак. „Ние сме против поделба на Ирак и формирање на друга власт или држава во Северен Ирак или во друг дел од државата“, изјави министерот за надворешни работи на Иран, Кемал Харази, ...

Нападнати руски дипломати во Ирак

А1 - 06.04.2003

Колона возила на соработници на руската амбасада во Багдад била нападната на излезот од градот при што има и ранети, соопштено е официјално во Москва. Во информацијата не се наведува идентитетот, ниту бројот на повредените, како ни детали за тоа кој пукал врз колоната.

Пет нови американски жртви во Ирак

А1 - 05.04.2003

Петмина американски војници загинаа изутрината во Ирак, со што бројот на војници на САД што ги загубија животите од почетокот на војната се искачи на 69. Двајца американски пилоти загинаа изутрината во централниот дел на Ирак, при уривање на хеликоптер од типот „АХ-1 Супер кобра“.

Ирачката војна низ бројки:

Вест - 05.04.2003

- Жртви: Меѓу американските сили - 55 загинати, 7 заробени, 16 исчезнати според сознанијата од Пентагон и семејствата на војниците. Меѓу британските сили - 27 загинати, никој не е заробен или исчезнат според сознанијата на претставници на британската одбрана.

Хемиското оружје го нема никаде

Утрински - 05.04.2003

И покрај тврдењата на САД ВАШИНГТОН - Ирак не употреби хемиско оружје и покрај американските стравувања дека ќе го искористи кога американските единици ќе се приближат кон Багдад, поради што американскиот секретар за одбрана, Доналд Рамсфелд, шпекулираше дека Ирачаните залудно се надеваат на ...

САД нема да бараат македонски војници додека трае војната во Ирак

Утрински - 05.04.2003

Според Лоренс Батлер, американски амбасадор во Скопје Американскиот амбасадор Лоренс Батлер, на неформална средба со македонските новинари, потврди дека има понуда од македонската Влада до САД за користење на воениот полигон "Криволак" за потребите на војната во Ирак, но и подолгорочно.

Вашингтон сака да владее со Ирак

Утрински - 05.04.2003

Иако се се погласни барањата со поствоен Ирак да управуваат Обединетите нации БРИСЕЛ - Американскиот државен секретар Колин Пауел во четвртокот се соочи со речиси едногласни барања од страна на државите-членки на ЕУ и на НАТО за да им се даде клучна улога на ОН во поствоен Ирак, меѓутоа не откри ...

"Волците" и "скорпионите" ќе го чуваат мирот во јужен Ирак?

Дневник - 05.04.2003

СПОРЕД ДИПЛОМАТСКИ ИЗВОРИ Првите македонски офицери за врска наскоро ќе бидат испратени во командните центри во Катар и во Кувајт за што одлука ќе донесе Парламентот "Скорпионите" и "волците" наскоро се очекува да заминат во Ирак, каде што ќе треба да се вклучат во операциите во постконфликтниот ...

80 милијарди долари плус за војната во Ирак

А1 - 04.04.2003

Американскиот Претставнички дом, одобри околу 80 милијарди долари за финансирање на војната во Ирак, наградување на клучните сојузници и за потикнување на напорите во борбата против тероризмот. Претставничкиот дом донесе мерка со која се забранува одлив на дел од финансиите за компании во Франција, ...

ОН бараат самостојно дејствување во Ирак

А1 - 04.04.2003

Обединетите нации се против хуманитарните операции на оваа организација во Ирак да бидат вклучени во рамките на воените планови на америкнаско-британската коалиција. Светската организација настојува да биде целосно слободна во дејствијата кои ќе ги презема на територија на Ирак, се наведува во ...

Ирак го обвинува Анан за смрт на 1.250 цивили во војната

Вест - 04.04.2003

БАГДАД, 4 април, (Ројтерс) - Ирачкиот министер за надворени работи Наџи Сабри вчера го обвини генералниот секретар на ОН, Кофи Анан дека ја помогнал американската инвазија врз Ирак во која досега, од 20 март, загинале на 1250 цивили.

ЕУ бара водечка улога на ОН во поствоен Ирак

Утрински - 04.04.2003

Состанок на САД, ЕУ и НАТО во Брисел БРИСЕЛ - Министрите на Европската унија и на НАТО вчера му соопштија на американскиот државен секретар Колин Пауел дека ОН мора да ја имаат водечката улога во иднината на поствоен Ирак. На првото големо собирање на највисоките американски и европски официјални ...

ЕУ бараат централна улога на ОН во Ирак

А1 - 03.04.2003

„Лидерите на Европската унија ќе побараат од САД да ја пренесат на ОН клучната улога во обновата на Ирак по завршувањето на војната“, изјави денеска грчкиот шеф на дипломатијата Јоргос Папандреу, чија држава е актуелен претседавач со ЕУ.

Ирак треба да биде управуван од Ирачани

Утрински - 03.04.2003

Велика Британија со поинаков став од оној на Вашингтон за поствоен Ирак ЛОНДОН - Британскиот секретар за надворешни работи, Џек Строу, вчера инсистираше поствоената влада во Ирак да биде раководена од Ирачани, а не од надворешни лица.

Логистиката во Северен Ирак ќе оди преку Турција

Утрински - 03.04.2003

Колин Пауел во Анкара за поправање на разнишаните односи АНКАРА - Американскиот државен секретар Колин Пауел вчера изјави дека постигнал согласност со Турција, сојузничка на НАТО, за испорака на набавки за американските сили во северен Ирак преку таа држава.

Пауел се мири со ЕУ и Турција, изразува сочувство на Србија

Дневник - 03.04.2003

АМЕРИКАНСКА ДИПЛОМАТИЈА Американскиот државен секретар Колин Пауел вчера ги посети Турција и Србија, од каде што продолжи кон Брисел, во мисија за надминување на спорот со Турција и со Европската Унија и за искажување почит кон Србија, јави Ројтерс.

САД и ветија на Турција дека ќе нема курдска држава

А1 - 02.04.2003

Турција денеска се согласи да ја отстапи територијата за снабдување на американките војници и премин на хуманитарни конвои за Северен Ирак, а за возврат доби ветување од Вашингтон дека нема да дозволи формирање на независна курдска држава.

Повоената влада ќе биде составена само од Ирачани

А1 - 02.04.2003

„Кога станува збор за повоената влада во Ирак треба да се каже дека можеби ќе учествуваат некои советници од други држави, но во самата влада нема да има странци. Тоа е и цел на воената акција“, изјави британскиот шеф на дипломатијата Џек Строу за „ВСС“.

Една милијарда долари приоритетна помош за Ирак

А1 - 02.04.2003

Обединетите нации синоќа одредија стока во вредност од околу една милијарда долари за приоритетна испорака во Ирак во наредните 45 дена, јавуваат агенциите. Канцеларијата при ОН што ја надгледува ирачката програма „Нафта за храна“ и хуманитарните организации при Светската организација, утврдија ...

ЖРТВИ ВО ВОЈНАТА

Вест - 02.04.2003

Ирак: Најмалку 589 загинати цивили, непознат број на загинати војици САД: 43 загинати војници (вклучувајѓи 11 во несреќи), 17 исчезнати Велика Британија: 26 загинати војници (вклучувајќи 15 во несреќи, 5 во "пријателски ...

Пауел на средба со НАТО и ЕУ во Брисел

Вест - 02.04.2003

БРИСЕЛ, 2 април (Ројтерс) - Американскиот државен секретар Колин Пауел утре ќе се сретне со министрите за надворешни работи на НАТО и Европската унија во Брисел за да разговараат за војната во Ирак, соопшти вчера Европската комисија.

Колин Пауел ја предупредува Сирија

Утрински - 01.04.2003

Изјава ВАШИНГТОН - Американскиот државен секретар Колин Пауел во неделата побара од Сирија да се откаже од поддршката за "терористичките групи" и режимот на ирачкиот претседател Садам Хусеин. Во говорот пред моќното лоби на Евреите од САД, Пауел исто така рече дека Америка ќе побара "поодговорно ...

Нобеловата награда на Анан пред ирачки испит

Утрински - 01.04.2003

Најтешкиот момент во четиридецениската работа на Кофи Анан во ОН ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Според Анан, времето на лица со скромно држење е веќе минато. Војната почна без санкции од ОН, и како нејзин генерален секретар тој треба сега да говори за конфликтот, да гледа за иднината на Ирак, и да ја задржи ...

ОН купиле 120.000 тони брашно за Ирак

Дневник - 01.04.2003

ХУМАНИТАРНА КАТАСТРОФА Светската програма за храна вчера соопшти дека нарачала повеќе од 120.000 тони брашно што ќе го испрати како хуманитарна помош за жителите на Ирак, јави Ројтерс. Брашното било купено главно во Турција и Италија, а Светската организација за храна се уште бара безбеден пат по ...

Американски хеликоптер се урна во јужен Ирак

А1 - 31.03.2003

Транспортен хеликоптер од типот „УХ-1“ на американската морска пешадија синоќа се урнал во јужен Ирак, при што загинале тројца членови на екипажот, а еден е повреден, соопшти Централната команда во Катар. Не е соопштено каде точно се урнал хеликоптерот, но тој не бил соборен од ирачката ...

Македонија им даде на САД список на фирми што ќе градат во Ирак

Дневник - 31.03.2003

ИНИЦИЈАТИВА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ Во МНР претпоставуваат дека Стејт департментот позитивно ќе одговори на македонскиот предлог Градежните фирми "Пелагонија", "Гранит", "Бетон", "Илинден", "Маврово" и "Искра" од Куманово се компаниите кои Македонија ги предложила за вклучување во ...