TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Црвенковски: „На 28-ми очекувам потврда на мојата победа“

А1 - 25.04.2004

Претседателскиот кандидат од владеачкиот СДСМ Бранко Црвенковски изјави денеска дека очекува вториот круг на претседателските избори да биде успешен и да ја потврди неговата победа од првиот круг. „Очекувам вториот круг на претседателските избори во Македонија да мине фер и демократски и да ја ...

Вечерва Црвенковски на „Пела“, Кедев пред „Бисер“

А1 - 25.04.2004

Двајцата кандидати за претседател на Република Македонија, ги завршија обиколките по населените места во внатрешноста на државата, и во последните два дена до изборниот молк, приоритет во нивните кампањи ќе биде да го придобијат гласот на граѓаните на Скопје.

Течат последните денови од изборната кампања

А1 - 24.04.2004

Двајцата кандидати за претседател на Република Македонија од најголемите партии во власта и од опозицијата, овој викенд ги „трошат“ последните денови од своите предизборни кампањи, со намера да ги убедат гласачите да излезат на вториот круг од вонредните избори, закажан за в среда, 28 април, и да ...

Црвенковски го посети Кичевскиот крај

А1 - 24.04.2004

Патувачкиот караван на претседателскиот кандидат на СДСМ Бранко Црвенковски штотуку пристигна во Кичево. Тој денеска го обиколи Кичевскиот регион и ги посети македонски Брод, Самоков, Пласница, Вранешница и Другово. Црвенковски одговараше на прашања при непосредна средба со граѓаните во чаршијата ...

Ахмети: „ДУИ без никакви условувања го поддржува Црвенковски“

А1 - 24.04.2004

„ДУИ реши без никакви условувања да го поддржи кандидатот на СДСМ за претседател на државата, од причина што ние имаме договор што е потпишан во Охрид и ќе беше голема грешка доколку јас излезев пред албанскиот електорат со изјава дека ќе го добијам Министерството за одбрана, функцијата претседател ...

Кедев на средба со граѓаните од скопските населби

А1 - 24.04.2004

Дружба со граѓаните во неколку скопски општини мал одмор во меѓувреме во некое скопска кафуле па мини митинг. Вака изгледаше денешната агенда на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев. Тој денеска оствари средба со жителите на Радишани, Чаир, Бутел, Железара и Маџари.

Кедев им порача на младите луѓе повеќе да читаат

Утрински - 24.04.2004

САЕМ "Се надевам дека ќе дадам скромен придонес во реафирмирањето и потврдувањето на читањето, како еден од основните образовни начини на младите и на сите граѓани. Треба да го вратиме читањето, како еден од основните и културни експресии", запиша вчера претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, ...

Мора да се обединиме против диктатурата

Дневник - 24.04.2004

САШКО КЕДЕВ, КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ Македонскиот народот во вториот круг ќе ги осуди пазарењата со виталните национални интереси, а Албанците бараат принципиелен и искрен претседател, кој ќе им нуди рамноправност и еднаквост Со кандидатот на опозицијата Сашко Кедев, чиј резултат по првиот изборен ...

"Третиот пат" поддржува апстиненција во вториот изборен круг

Вест - 24.04.2004

Коалицијата "третиот пат" го поддржа правото на граѓаните да не се согласуваат со политиката на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и "да не поддржат ниту еден од претседателските кандидати" во вториот круг на претседателските избори. "Доколку граѓаните не излезат на гласање во вториот изборен круг, слободно ќе ја ...

Црвенковски заигра џепишко оро

Дневник - 24.04.2004

СДСМ ВО ДОЛНОРЕКАНСКИОТ КРАЈ Тие што се за рамноправност и заедничка иднина ќе бидат помногубројни од заговарачите на кризи и на враќањето назад - истакна Црвенковски Македонците-муслимани се еднакво одговорни за мирот и за стабилноста во земјава и затоа треба да изберат претседател на државата, им ...

Кедев: Вашингтон и Брисел нема да ни избираат претседател

Утрински - 24.04.2004

Митинг на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар Самоиловска-Цветанова го повика Црвенковски јавно да каже каков е договорот со ДУИ и колкава е цената што треба да ја плати Македонија "Република Македонија има иднина, таа ќе остане унитарна држава со сегашниот територијален интегритет, ...

Претседател не се избира во Брисел и во Вашингтон

Дневник - 24.04.2004

ВМРО-ДПМНЕ ВО ГОСТИВАР Идниот претседател нема да се избира во Брисел или во Вашингтон, туку во Македонија, порача Сашко Кедев, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, на прексиноќешниот митинг во Гостивар. Тој рече дека граѓаните треба добро да размислат за кого ќе гласат, бидејќи крајната одлука ...

Лига за демократија: Гласот за Кедев посигурно уривање на СДСМ

Вест - 24.04.2004

Лигата за демократија ги повикува нејзините членови и симпатизери да излезат на избори и да гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев, бидејќи, според нив, "тоа е посигурниот и поефикасниот начин за уривање на СДСМ". Повикот на Лигата за демократија следува откако констатирале, како што велат ...

Сакам да бидам претседател на сите и за сите

Дневник - 24.04.2004

БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ, КАНДИДАТ НА СДСМ Ќе се гордеам ако зад мојот избор застанат и граѓаните Албанци, бидејќи тоа на најдобар начин ќе покаже дека припадниците на сите етнички заедници активно учествуваат во изборот на претседателот на Македонија Претседателскиот кандидат на СДСМ, Бранко ...

ЛДП: Награда за тој што ќе ја каже платформата на Кедев

Вест - 24.04.2004

Либерал-демократите ќе му дадат награда на оној граѓанин што ќе отиде кај нив и ќе им каже која му е изборната програма и политичката платформа на кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев. Пратеникот од ЛДП Андреј Жерновски на вчерашниот прес не откри што ќе биде наградата.

Кедев во посета на населбите Ѓорче Петрoв и Дексион

А1 - 23.04.2004

Претседателскиот кандидат Сашко Кедев, на средбите кои попладнево ги имаше со жителите на општината Ѓорче Петров, ги повика уште еднаш помасовно да излезат на изборите во вториот круг. Ниту апстиненција, ниту бојкот, рече Кедев, не е во интерес за нас, за оние што се одлучени да ја исправат ...

Кој ќе биде претседател, а кој е готов

Време - 23.04.2004

ЦРВЕНКОВСКИ ВО РАДОВИШ, КЕДЕВ ВО ГЕВГЕЛИЈА - На 28 април ќе видиме кој ќе биде претседател, а кој ќе биде готов - рече претседателскиот кандидат на СДСМ, Бранко Црвенковски, на митингот во Радовиш. - На 28 април сите граѓани, 400-те илјади невработени, пензионерите што го дадоа својот живот за ...

Кедев предупреди на нов изборен фалсификат

Утрински - 23.04.2004

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево ,Струга, Луково, Дебар и Маврово Неизлегувањето на избори може да биде злоупотребено во корист на мојот противкандидат, им рече Сашко Кедев на средбата со стружани Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, вчера при посетата на Струга, ...

Црвенковски нема да ги храни коалициските партнери со нови функции

Време - 23.04.2004

ЗА ДА НЕ ГИ ОТВОРА АПЕТИТИТЕ Диана Младеновска Двата главни партнери на СДСМ во владината коалиција ДУИ и ЛДП нема да добијат нови ресори во Владата, ниту пак ќе има било какви промени во собраниското претседателство без оглед на исходот на вториот круг од претседателски избори, велат изворите од ...

ВМРО-ДПМНЕ како да избира претседател на партија

Време - 23.04.2004

СДСМ ОЦЕНУВА ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат Сашко Кедев водат кампања како да се избира лидер на партија, а не претседател на државата, кој треба да се издигне над теснопартиските интереси. Со негативната кампања што ја водат тие покажуваат дека немаат ниту програма, ниту визија за ...

Кедев повика на обединување како последна шанса

Дневник - 23.04.2004

ВМРО-ДПМНЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА, КИЧЕВО, ДЕБАР И ВО СТРУГА Нашиот политички противник е подготвен на фалсификат и се обиде да го направи, рече кандидатот на најголемата опозициска партија За националните и за државните интереси не смее да преговараме, туку да се обединиме бидејќи без тоа ја губиме ...

Црвенковски насетува тивок бојкот на ДПА

Утрински - 23.04.2004

Претседателскиот кандидат на СДСМ во обиколка на долнореканскиот крај, Дебар и Струга Црвенковски во Радовиш вети дека ќе го врати сјајот на "Бучим". Во Ростуше и во Центар Жупа е разговарано за децентрализација "Целосно и доследно стојам на спроведувањето на Рамковниот договор не затоа што морам, ...

СДСМ: Кедев води деструктивна кампања

Вест - 23.04.2004

Социјалдемократскиот сојуз смета дека кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и претседателскиот кандидат Сашко Кедев водат деструктивна кампања. " Иако ВМРО-ДПМНЕ и Кедев се залагаат и повикуваат на гласање, нивната кампања е деструктивна и не може да ги анимира граѓаните да излезат на гласање, рече Борис ...

ДУИ не ме уценува, вели Црвенковски

Дневник - 23.04.2004

СДСМ ВО РАДОВИШ И ВО ДЕБАРСКО Тие што повикуваат на апстиненција и бараат протекторат сакаат да ја видат Македонија на колена, порача Бранко Црвенковски Ако ја добијам вашата поддршка, ќе го вратиме сјајот на "Бучим" и сјајот на градот, кој живееше од рудникот и од тутунот, им порача на радовишани ...

Црвенковски ги посети Жеровница, Ростуше и Центар Жупа

А1 - 22.04.2004

Претседателскиот кандидат на СДСМ денеска ги посети најголемите рекански населби Жеровница и Ростуше како и Центар Жупа. Црвенковски дочекан од месното население рече дека ќе се прават напори за намалување за миграцијата во западно европските земји.

СДСМ повикува на масовен одзив во вториот круг

А1 - 22.04.2004

Кампањата на претседателскиот кандидат Црвенковски е насочена кон тоа дека Македонија треба да избере претседател, бидејќи во спротивно може да биде предизвикан застој во демократските процеси и во спроведување на реформите, рече денеска партискиот портпарол Борис Кондарко.

Кедев: „Претседателот не треба да биде предмет на пазарење“

А1 - 22.04.2004

„Имам најави за фалсификување на претседателските избори во овој регион, затоа ве повикувам да излезете на гласање и да го документирате тоа со снимени докази“, ова денеска на Стружани им го порача претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев.

Нема прекувремено, особено за обезбедувачите на Кедев

Дневник - 22.04.2004

ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ ВО ОДБРАНАТА И ВО ЕСМ Неколку припадници на Воената полиција на АРМ можеби ќе добијат отказ бидејќи обезбедувале претседателски кандидат, изјави вчера Марјан Ѓуровски, портпарол во Министерството за одбрана. Станува збор за полицајци што учествувале во обезбедување на ...

Министрите од СДСМ ќе ја добијат целата априлска плата

Време - 22.04.2004

И ПОКРАЈ АНГАЖМАНОТ ВО КАМПАЊАТА Министрите што беа вклучени во кампањата на претседателските кандидати од македонските граѓани ќе добијат цела плата за април, како да биле на работа. Според нивниот ангажман месецов, би било пологично партиските штабови да им надоместат за работата на изборите.

Црвенковски ја промени политиката спрема Албанците

Утрински - 22.04.2004

ОСТРЕНИ >„Нема договор меѓу ДУИ и СДСМ за нова поделба на извршната власт", изјави Гзим Острени, претседателскиот кандидат на ДУИ, во интервју за албанската секција на Би-Би-Си. На прашањето за односот на Албанците спрема Црвенковски, Острени вели: ?Бранко Црвенковски со неговиот и ангажманот на ...

Кодарко: Поддршката на ДУИ доказ за успешноста на коалицијата

Утрински - 22.04.2004

СДСМ ја поздрави одлуката на својот тетовски коалициски партнер Поддршката на ДУИ за Црвенковски е доказ дека граѓаните на Македонија ја поддржуваат политиката на владината коалиција, изјави вчера Борис Кондарко, портпарол на социјалдемократите.

ДУИ застана зад Црвенковски

Утрински - 22.04.2004

Претседателството на Демократската унија за интеграција донесе одлука за настапот во вториот круг Партијата на Али Ахмети тврди дека нема пазарење Гојко Ефтоски ТЕТОВО - ДУИ во вториот круг на претседателските избори ќе му даде поддршка на кандидатот на СДСМ, Бранко Црвенковски, и ќе ги повика ...

Кедев: СДСМ ги подели Македонците и Албанците

Утрински - 22.04.2004

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во посета на Гевгелиско-валандовскиот регион ГЕВГЕЛИЈА - Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ,Сашко Кедев, вчера престојуваше во Гевгелиско-валандовскиот регион остварувајќи повеќе средби со граѓаните од југот на земјата.

Тезите за пазарење помеѓу СДСМ и ДУИ се ноторни лаги!

Утрински - 22.04.2004

Радмила Шекеринска на ТВ Куманово за изборите, за односите со коалицискиот партнер КУМАНОВО - "Македонија во 2004 година веќе не е државата од пред четири години" - рече Радмила Шекеринска во завчерашниот едночасовен настап на локалната ТВ Куманово, алудирајќи на тогашните претседателски избори ...

По изборите ДУИ со нови министерства

Време - 22.04.2004

ОСТРЕНИ ЗА БИ-БИ-СИ Нема договор меѓу ДУИ и СДСМ за нова поделба на извршната власт, но не е исклучено ДУИ да преземе нови министерства ако Бранко Црвенковски стане претседател, вели Гзим Острени, претседателскиот кандидат на ДУИ, во интервју за Би-би-си.

Кој е готов, а кој претседател, ќе кажат граѓаните

Утрински - 22.04.2004

Претседателскиот кандидат на СДСМ во посета на Малешевијата и Светиноколско Претседателскиот кандидат на Коалицијата "За Македонија" Бранко Црвенковски вчера попладне ги посети Лозово, Свети Николе, Бучим, Тополница, Конче, а доцна синоќа имаше митинг на плоштадот во Радовиш.

ДУИ и отворено го поддржа Црвенковски, ДПА се уште размислува

Време - 22.04.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ Демократската унија за интеграција, чиј претседателски кандидат Гзим Острени испадна во првиот изборен круг, ќе учествува и во вториот круг преку отворена поддршка на кандидатот Бранко Црвеновски, одлучи завчера раководството на ДУИ.

ДУИ повикува на гласање и поддршка за Црвенковски

Вест - 22.04.2004

"Решивме да учествуваме во вториот круг на претседателските избори бидејќи сметаме дека тоа е наш национален интерес. Со неизлегувањето на изборите, не сакаме да дозволиме земјата да се доведе во политичка криза, што би се одразило негативно врз нејзината стабилност.

Кедев смета дека само масовен одѕив ќе спречи фалсификат

Дневник - 22.04.2004

ВМРО-ДПМНЕ ВО ВАЛАНДОВО И ВО ВИНИЦА Треба да се застане на патот на пазарењата со државните интереси што ги врши СДСМ да ги добие албанските гласови, рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Изборниот фалсификат што го спрема СДСМ може да биде спречен со масовно гласање на 28 април, порача Сашко Кедев, ...

За Црвенковски гласовите на ДУИ, за Теута Арифи парламентот?

Дневник - 22.04.2004

ПАДНА ДОГОВОР МЕЃУ ПАРТНЕРИТЕ ВО ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА Али Ахмети го амнестирал лидерот на СДСМ за гостиварските настани Пратеничката на ДУИ Теута Арифи најверојатно ќе биде претседателка на Собранието на Македонија, ако Бранко Црвенковски победи на претседателските избори со поддршката на ...

Црвенковски порача дека в среда ќе се види кој е готов

Дневник - 22.04.2004

СДСМ ВО ДЕЛЧЕВО И ВО БЕРОВО Кога е во прашање Македонија, нема отстапки, а нив ги правеше првопотпишаниот на кандидатурата на хазардерот Кедев, изјави Владо Бучковски Млад аџамија, кој секоја вечер повторува "готов е", ќе види на денот на изборите кој е готов, а кој е претседател на Македонија, ...

ДУИ му даде поддршка на Црвенковски

А1 - 21.04.2004

ДУИ продолжува со сите предизборни активности како и пред пред првиот круг ќе се одржуваат митинзи, средби со граѓани и со интелектуалци, но овојпат целта е да се даде поддршка на претседателскиот кандидат на својот коалиционен партнер Црвенковски.

СДСМ демантира дека ДУИ поставувала услови за поддршка на Црвенковски

А1 - 21.04.2004

Повикот за бојкот е најлоша можна варијанта на луѓе кои сакаат да си ги спасат своите кариери, изјави портпаролот на СДСМ Борис Кондарко. По офцијализацијата на поддршката на ДУИ од СДСМ и денеска дематираат дека е таа условена со конкрени барања.

Кедев на валандовчани им вети укинување на субвенциите

А1 - 21.04.2004

Се соочуваме со големи проблеми во откупот на пласманот на земјоделските производи од кои егзистираме, му се пожалија денеска на претседателскиот кандидат Сашко Кедев граѓаните на Валандово. Од како ги ислуша тој им вети подобар пласман и враќање на укинатите субвенции, бидејќи ако државата не води ...

Кедев ќе настапи без поддршка од ДПА

А1 - 21.04.2004

Претседатеслкиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Сашко Кедев во вториот круг од изборите ќе настапи без конкретна поддршка од албанските политички партии, односно без нивниот поранешен коалиционен партнер ДПА. Битката за добивање на албанските гласови ВМРО ДПМНЕ ќе ја бие сама.

После четири години Црвенковски во Лозово и Свети Николе

А1 - 21.04.2004

За прв пат после четири години претседателскиот кандидат на СДСМ Бранко Црвенковски денеска оствари средба со жителите на општините Лозово и Свети Николе. Во општината Лозово Црвенковски беше пречекан од неколку 100 жители и му ги предочија проблемите со децентрализацијата.

Нема пазар со Ахмети

Дневник - 21.04.2004

сдсм демантира СДСМ очекува поддршка од албанските гласачи, но односите со ДУИ нема да бидат примитивен пазар, непристојна уцена или трговија, соопшти вчера Радмила Шеќеринска, портпарол во изборниот штаб на претседателскиот кандидат Бранко Црвенковски.

Црвенковски со поддршка од ДУИ, а Кедев најверојатно без ДПА

Време - 21.04.2004

ПРЕД ВТОРИОТ ИЗБОРЕН КРУГ Претседателскиот кандидат на СДСМ, Бранко Црвенковски, смета на поддршката од ДУИ во вториот изборен круг, а се поизвесно е дека ќе пропаднат преговорите на ВМРО-ДПМНЕ со ДПА за поддршка на Сашко Кедев.

Нов премиер, нова влада

Вест - 21.04.2004

СДСМ ВО ВТОРИОТ КРУГ СМЕТА НА ПОДДРШКАТА НА ДУИ Нема реконструкција, туку нов мандатар, кој ќе разговара со партиите за формирање нов владин кабинет, вели портпаролката на изборниот штаб на Црвенковски Радмила Шеќеринска Бранко Црвенковски, кандидат за претседател на државата на коалицијата ...

Кедев обвинува дека постои заговор за промена на Уставот

Утрински - 21.04.2004

Претседателскиот кандидат во посета на Велес, Свети Николе и на Штип Нашите политички конкуренти со своите коалициски партнери се подготвени на секакви отстапки за да успеат на овие избори ВЕЛЕС - Владата и премиерот имаат обврска да обезбедат фер и демократски избори, истакна во Велес, ...

Блатчани му се пожалија на Црвенковски за лошиот пласман на оризот

Утрински - 21.04.2004

Претседателскиот кандидат на СДСМ во Малешевија, Пијанец и во Кочани Масовното излегување на избори ќе биде најдобриот одговор на оние кои повикуваат на апстиненција и на оние кои заговараат протекторати Претседателскиот кандидат Бранко Црвенковски го искористи вчерашното попладне да се сретне и да ...

Ако победи Црвенковски, нема реконструкција туку нова влада

Утрински - 21.04.2004

РАЗВРСКА Ако победи Црвенковски на претседателските избори, нема да има реконструкција туку нова влада, изјави вчера вицепремиерката Радмила Шекеринска, во својство на портпарол на Изборниот штаб на претседателскиот кандидат на социјалдемократите.

Кедев го обвини кандидатот на СДСМ за трговија со албанските гласови

Дневник - 21.04.2004

ВЧЕРА ВО ВЕЛЕС Бранко Црвенковски се пазари со државните интереси за да ги добие албанските гласови, изјави вчера претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, на средбата со граѓаните на Велес. - Таквиот пазар е на штета и на Македонците и на Албанците.

На гласачкото ливче прв Црвенковски, втор Кедев

Утрински - 21.04.2004

Почна печатењето на втората тура гласачки ливчиња На гласачките ливчиња кои ќе ги добијат избирачите во идната среда, на 28 април кога ќе се одржи вториот круг од вонредните претседателски избори, под реден број еден ќе биде запишано името на Бранко Црвенковски, претендент на коалицијата ?За ...

СДСМ: нема пазарење со ДУИ

Утрински - 21.04.2004

Средба меѓу Бранко Црвенковски и Али Ахмети пред одржувањето на втората рунда од претседателските избори СДСМ вчера демантираше дека коалицискиот партнер ДУИ се пазари за гласовите што ќе му ги "дадат" на Црвенковски во претстојниот втор круг од гласањето за претседателските избори.

Црвенковски вели дека на Македонија конечно и тргна

Дневник - 21.04.2004

СДСМ ВО КОЧАНИ И ВО БЛАТЕЦ Не треба да дозволиме да влегуваме во црните сценарија на некои губитници, кои сакаат својот пораз да го претворат во пораз на Македонија, порача претседателскиот кандидат Бранко Црвенковски на прексиноќешниот митинг во Кочани.

СДСМ тврди дека нема меѓупартиски пазар за гласовите на ДУИ

А1 - 20.04.2004

Изборниот штаб на Црвенковски тврди дека нема да има меѓупартиски пазар за гласовите на ДУИ, иако признава дека во вториот круг ја посакува подршката и на оние избирачи кои на 14 април го дале својот глас за Острени. Шеќеринска демантира дека на разговорите со ДУИ, кои продолжуваат и денес е ...

Вечерва ДУИ официјално ќе го поддржи Црвенковски

А1 - 20.04.2004

Централното претседателство на ДУИ вечерва ќе ја формализира позицијата на партијата за претстојниот втор круг на претседателските избори. За подршката на претседателскиот кандидат на коалициониот партнер СДСН, Бранко Црвенковски, портпаролката Ермира Мехмети вели дека тоа е голема политичка одлука ...

Кедев повика на масовен одзив во вториот круг

А1 - 20.04.2004

Средба со новинарите, средба со партиското членство, прошетка во центарот на Велес и средби лице во лице со гласачите, на крајот муабет во едно кафуле, вака изгледаше денешната агенда на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев во 3 часовниот престој во Велес како дел од кампањата на ...

Црвенковски вo посета на Источна Македонија

А1 - 20.04.2004

Оние кои повикуваат на бојкот на изборите и на воведување протекторати и сакаат Македонија да ја претворат во Босна јас ќе им порачам дека ние сме зрел народ и народот сам треба да избере претседател, а на 28 април ќе видиме кој ќе биде готов, истакна во своето обраќање претседателскиот кандидат на ...

Партиите сеат страв за да жнеат гласови

Време - 20.04.2004

АНАЛИТИЧАРИТЕ ОЦЕНУВААТ Диана Младеновска Пропагандните машинерии на двата главни политички табори, лобирајќи за што поголем одѕив, упорно ги убедуваат граѓаните дека нивните гласови во вториот круг од претседателските избори ќе ја решат судбината на земјава.

Да се прекине со апсолутизмот на СДСМ

Време - 20.04.2004

КЕДЕВ СЕ СРЕТНА СО ОТПУШТЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И СО СТУДЕНТИ Треба да се прекине апсолутистичката диктатура на СДСМ, им порача претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, вчера во Скопје на отпуштените работници од повеќе јавни претпријатија и на студентите.

Кедев и просјачка

Вест - 20.04.2004

Претседателскиот кандидат на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП Сашко Кедев, вчера, во рамките на предизборната кампања, се сретна со група студенти и претставници на сојузи на студенти во кафе-барот "Дали". Додека пиеше кафе и разговараше за студентските проблеми, на Кедев му пријде една сиромашна ...

Кедев нема да се пазари за албански гласови

Дневник - 20.04.2004

ДПА УСЛОВУВА, НО... Зуди Џелили попусто му ги нуди гласовите на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во замена за потпретседателска функција Демократската партија на Албанците ќе го поддржи претседателскиот кандидат Сашко Кедев, ако ВМРО-ДПМНЕ се обврзе во прецизен рок да го спроведе рамковниот договор и ако ...

На апстиненција повикуваат губитници, вели Црвенковски

Дневник - 20.04.2004

КАНДИДАТОТ НА СДСМ ВО ПРОБИШТИП И ВО ЗЛЕТОВО Со масовен одѕив ќе се докаже дека во Македонија живее државотворен народ, истакна претседателскиот кандидат на СДСМ Тие што повикуваат на апстиненција се губитници кои досега пропуштиле многу шанси и немаат што да им понудат на граѓаните, им порача ...

ДПА не е за Кедев, туку за тивок бојкот?

Утрински - 20.04.2004

Меѓупартиските договори и пазарења за гласовите на Албанците на претседателските избори влегуваат во завршна фаза Демократската партија на Албанците нема да му даде поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, во вториот круг на претседателските избори и, најверојатно, ќе оди на опцијата ...

ДУИ ги сака одбрана и внатрешни

Дневник - 20.04.2004

ПРЕГОВОРИ ЗА ПОДДРШКА НА ЦРВЕНКОВСКИ Освен за владините ресори, ќе се разговара и за функцијата потпретседател на државата, велат од партијата на Ахмети Во преговорите за поддршка на Бранко Црвенковски во вториот круг за ДУИ приоритет ќе биде да добие министерства од кои ќе влијае врз примената на ...

ДИК ги отфрли сите приговори на опозицијата

Вест - 20.04.2004

Државната изборна комисија ги одбила сите приговори за неправилности од првиот изборен круг на претседателските кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, Сашко Кедев и Зуди Џелили како неосоновани, соопшти вчера портпаролот на ДИК Зоран Таневски.

Кедев повика на референдум за ослободување од партиската диктатура

Утрински - 20.04.2004

Двајцата претседателски кандидати официјално ја почнаа кампањата за вториот круг од изборите Кедев вчера ја посети Општината Гази Баба, каде што разговараше со локалната власт, како и со повеќемина стечајни работници Жаклина Ѓорѓевиќ Двајцата претседателски кандидати од вчера и официјално ја почнаа ...

Кедев на средба со отпуштени работници и студенти

А1 - 19.04.2004

Претпладне, претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Сашко Кедев, ја посети скопската општина Гази Баба. На средбата со градоначалникот и сопартиец на Кедев, Борче Стефановски, претседателскиот кандидат изјави дека е задоволен од одзивот на гласачите во оваа општина.

ДУИ ќе треба да донесе одлука за поддршка на Црвенковски

А1 - 19.04.2004

На утрешното претседателство на ДУИ што ќе се одржи во партиското седиште во тетовска Мала Речица, највисокото раководство и официјално ќе треба да донесе одлука за поддршката на претседателскиот кандидат на својот коалиционен партнер СДСМ, Бранко Црвенковски, велат извори во оваа партија.

Црвенковски во посета на источна Македонија

А1 - 19.04.2004

Знаеме како се гради држава и за овој период од неполни две години докажавме дека можеме да ја зачуваме, ги средивме меѓуетничките односи и Македонија денеска е безбедна земја. Мојата престојна обврска доколку бидам избран за претседател е максимална заложба за подобрување на економската состојба и ...

Кедев си постави цел да обезбеди 160.000 нови гласови

Дневник - 19.04.2004

ЗА ВТОРИОТ КРУГ НА ИЗБОРИТЕ Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ повикува на што поголем одѕив на гласачите Сашко Кедев, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека за победа во вториот изборен круг ќе му биде доволно да освои уште 160.000 гласови.

Неважечки околу 28.000 ливчиња

Време - 19.04.2004

ДИК ГИ СООПШТИ КОНЕЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ Вкупно 935.372 избирачи, или 55,18 отсто од запишаните во Единствениот избирачки список, гласале на 14 април. Притоа се утврдени 27.971 неважечко гласачко ливче, информира Зоран Таневски, портпаролот на ДИК, објавувајќи ги конечните резултати од гласањето во ...

Бранко и Кедев се бракаат по кафеани

Вест - 19.04.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ И двајцата кандидати викендов беа меѓу народот - Црвенковски на неколку скопски пазарчиња и во кафеаната "Змија", а речиси истовремено Кедев во Ирскиот паб Бранко Црвенковски, претседателски кандидат на коалицијата "Заедно" со скопска шема со шетање по кафаните викендов ја ...

Ахмети бара потпретседател, спикер и нови министерства

Дневник - 19.04.2004

ДУИ ЈА ФОРМИРА ЦЕНАТА ЗА ПОДДРШКА НА ЦРВЕНКОВСКИ Во СДСМ изјавуваат дека не се прават никакви договори, а посебно не за она што не го дозволува Уставот и законите ДУИ ќе го поддржи Бранко Црвенковски во вториот круг на претседателските избори, но по неговата евентуална победа ќе бара позначајни ...

Црвенковски посети скопски населби и кафулиња

Утрински - 19.04.2004

КАМПАЊА Скопје - Претседателскиот кандидат на СДСМ, Бранко Црвенковски, со непосредни контакти со жителите на скопските населби Маџари, Ченто, Топанско Поле, Бутел, Тодор Чангов и Лисиче и посета на неколку скопски кафулиња, во саботата ја почна кампањата за вториот круг на претседателските ...

ДУИ бара две клучни министерства, ДПА - потпретседател на државата

Време - 19.04.2004

ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ Министри-Албанци во барем два клучни владини ресори, од една страна, а од друга, воведување на функцијата потпретседател на државата, се барањата што ДУИ и ДПА ќе им ги испорачаат на штабовите на претседателските кандидати на СДСМ и НА ВМРО-ДПМНЕ, кои се ...

Трката за претседател на државата почнува од почеток

Утрински - 19.04.2004

Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од првиот круг на гласањето Острени и Џелили отпаѓаат, во вториот круг продолжуваат Црвенковски и Кедев Соња Крамарска Во првиот круг од претседателските избори гласале 935.372 избирачи или 55,18 проценти од вкупно запишаните гласачи во ...

ДУИ со поддршка за Црвенковски

Вест - 19.04.2004

За гласовите на етничките Албанци ДУИ го бара министерството за одбрана, местото претседател на Собранието и промена на Уставот и воведување потпретседател на државата "Се уште не сме донеле официјална одлука за позиционирањето на ДУИ во вториот изборен круг, односно за пренасочувањето на нашите ...

Црвенковски шета по пазари, Кедев се загрева на академии

Време - 19.04.2004

КАНДИДАТИТЕ ЈА ПРЕНАСОЧИЈА КАМПАЊАТА Александра М. Митевска Повеќе непосредни средби со граѓаните, а помалку митинзи е тактиката што за кампањата пред вториот изборен круг ја одбраа штабовите на двајцата кандидати, Бранко Црвенковски од СДСМ и Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини ДИК за недемократичност

Дневник - 19.04.2004

ОТФРЛЕНИ ЖАЛБИТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА ВМРО-ДПМНЕ вчера ја обвини Државната изборна комисија дека крајно несовесно и недемократски ги отфрлила нивните жалби за нерегуларностите при гласањето во првиот изборен круг. ДИК вчера ги отфрли жалбите на овластените претставници на претседателските кандидати Сашко ...

Победниците ги бараат албанските гласови

Утрински - 19.04.2004

По кратко затишје и анализи на резултатите, почнува втората рунда од претседателската кампањаЧ Викендов почна втората рунда од претседателската кампања во која, судејќи според резултатите од првиот круг, решавачкиот глас ќе го даде албанското население.