Во изминатава деценија низ цела Македонија изникнале 32 илјади дивоградби. Државниот инспекторат за градежништво во своите извештаи обелоденува дека во повеќето случаи се работи за објекти со нелегално изградени делови, како разни помошни објекти, доградби, надградби, тераси и потпокриви.
Проблемот со дивоградбите не се решава со нивна легализација. Напротив, со таков потег се праќа порака дека секој може да гради каде што и како што ќе му текне и да чека избори бидејќи тогаш се' е можно и дозволено. Владата никако не смее да праќа таква порака, туку треба да го спроведува законот, ...
Законот за легализација нема да го реши хаосот во градежниот бизнис. Ќе се легализираат дивоградбите, ќе се амнестира урбанистичката мафија и нема да се стави крај на понатамошните незаконски изградби, коментираат експерти за А1.
Владата од фиока предизборно вади закон за легализација на дивоградбите. Како обид да го избегне силниот притисок од хаосот во овој бизнис, 2626 незаконски изградени објекти, регистрирала Државната агенција за просторно планирање само во последниве две години.
Повеќе од половина од новоградбите во Македонија се диви објекти. Овој фрапантен податок го обелоденува Државната агенција за просторно планирање. Во извештајот кој е доставен до Владата, Агенцијата предупредува дека од 2626, објекти изградени од почетокот на 2004 до денес, само 48% се ...