TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ВМРО-Народна и Третиот пат ќе го поддржат Костовски

А1 - 16.01.2005

Георгиевски утре попладне на Извршен комитет конечно ќе пресече. Според извори на А1 ВМРО-Народна ќе го поддржи независниот кандидат Трифун Костовски. И Третиот пат на линија со Георгиевски и тие ќе го поддржат Костовски, тврдат извори од оваа коалиција.

Дали Ахмети ке ги повика албанците во Скопје да го поддржат актуелниот градоначалник.

Канал5 - 16.01.2005

Дали и која од коалициските партии ке застане зад независниот кандидат. Крајот на викендот треба да донесе крај на исчекувањата на Костовски и Пенов. Од денешниот извршен комитет на Вмро Дпмне, според најавите може да призлезе нивниот став сами ли да Дали и која од коалициските партии ке застане ...

Светиниколци со потписи го бранат сегашниот градоначалник

Време - 15.01.2005

ПРЕДИЗБОРНИ КОМБИНАЦИИ ВО ИСТОЧНИОТ РЕГИОН Во Свети Николе се собираат 150.000 потписи од граѓани против можните кандидати за градоначалници од ЛП и од ЛДП Слободан Даневски и Љубе Костов. Граѓаните што ја поттикнаа акцијата сметаат дека треба да остане досегашниот градоначалник Јордан Ѓорчев.

Опозицијата заедно да го урива Пенов

Време - 15.01.2005

ВМРОВСКОТО ЧЛЕНСТВО И ПОМАЛИТЕ ПАРТИИ ПРИТИСКААТ Членството на ВМРО-ДПМНЕ и на ВМРО-народна партија деновиве вршело засилени притисоци врз своите партиски раководства да се договорат за поддршка на заеднички кандидат за градоначалник на Скопје, велат извори од двете партии.

Костовски услов за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Дневник - 15.01.2005

"ТРЕТИОТ ПАТ" Ако ВМРО-ДПМНЕ оди со свој кандидат за скопски градоначалник, малку веројатно е дека "Третиот пат" ќе коалира со партијата, дознава "Дневник" од партиски извори. "Третиот пат" смета дека бизнисменот Трифун Костовски сепак е најприфатлив како единствен кандидат на опозицискиот блок.

Во источна Македонија се стеснува кругот на можните градоначалници

А1 - 14.01.2005

Пред самата постапка за предлагање на кандидат за градоначалник по месни организации, СДСМ во Штип, покрај досегашниот градоначалник, ќе ги предложи и Панде Сарев, Перо Јордев, Ристо Петковски и Трајче Димов. Опозициониот блок во Штип ќе истапи со помал број можни кандидати.

Во СДСМ занемеле од апетитот на ВМРО-македонска

Време - 14.01.2005

РАСПРЕДЕЛБА НА КАНДИДАТУРИ ВМРО-македонска побарала од СДСМ да им се отстапат градоначалнички кандидатури во најмалку две скопски општини, во три поголеми и во пет помали града, дознаваме од партиски извори. Според нив, во преговарачкиот тим на СДСМ останале изненадени откако ги слушнале амбициите ...

Партиите се пазарат за поддршка на Пенов и на Костовски

Утрински - 14.01.2005

Засега само тројца кандидати за скопски градоначалник. Дилемите ќе се расчистат во текот на викендот Сигналите што им ги испраќаат партиите на кандидатите за градоначалник говорат дека тие се подготвени за правење пазар СаШко Димевски Сите дилеми за тоа кој се ќе се кандидира за градоначалник во ...

Големи барања на малите партнери на СДСМ

Дневник - 14.01.2005

КОАЛИЦИЈАТА "ЗА" ЌЕ ПОТПИШЕ ДЕКЛАРАЦИЈА СДСМ смета дека нејзините партнери имаат преголеми барања за локалните избори. Лидерите на партиите од коалицијата "За Македонија заедно" вчера попладне требаше да потпишат декларација за соработка и да ги преиспитаат барањата за градоначалничките места.

ГРУЕВСКИ БЕГА ОД ДУЕЛ СО ГЕОРГИЕВСКИ ?

Вечер Прес - 14.01.2005

ВМРО-Народна ќе кандидира сопствен кандидат за градоначалник на Скопје ако ВМРО-ДПМНЕ се одлучи да предложи сопствен кандидат и ако тоа биде Никола Груевски или Ганка Самоиловска Цветанова. Поради тоа лидерот на Груевски, и покрај притисоците од надвор, се плаши да влезе во изборната трка зашто тоа ...

Сите скопски општини со кандидати од СДСМ

А1 - 13.01.2005

Партиите од владеачката коалиција ги делат градоначалничките позиции за скопските општини. СДСМ најверојатно ќе предложи свои кандидати во Ѓорче Петров, Карпош, Бутел, Аеродром, Кисела Вода и во Гази Баба. Се дознава дека ЛДП сака да направи трампа да го даде Центар за од СДСМ да добие кандидат за ...

Трифун и Пенов се уште сами во трката за Скопје

Време - 13.01.2005

ПРЕДИЗБОРНИ РАЗДВИЖУВАЊА ВО ОПОЗИЦИЈАТА Двата опозициски табори од македонскиот блок се уште едни од други си ги кријат адутите за претстојната трка за најатрактивната функција на локалните избори - градоначалник на Скопје. Тие не се изјаснуваат ниту за поддршката на неодамна промовираниот кандидат ...

Груевски ќе им ги расипува сметките на Пенов и Костовски!?

Утрински - 13.01.2005

ВМРО-ДПМНЕ размислува за градоначалник во Скопје да го кандидира претседателот на партијата Евентуалната кандидатура на Груевски треба да се гледа единствено во контекст на најавената пресметка на Груевски со Георгиевски СаШко Димевски Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ сериозно ја ...

Костовски нема бланко-поддршка

Дневник - 13.01.2005

"ТРЕТиот ПАТ" Независниот кандидат за скопски градоначалник Трифун Костовски не може да очекува автоматска поддршка од "Третиот пат", соопштија вчера претставниците на оваа опозициска коалиција. Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, вчера го повика Костовски да преговара ако сака поддршка.

Тито "за" Трифун, СДСМ - зад Пенов

Вечер Прес - 13.01.2005

"Кандидатурата на Трифун Костовски за градоначалник на Скопје е најдобро решение и затоа јас ќе гласам за неговиот избор", ни изјави вчера Тито Петковски, пратеник на СДСМ и член на партиското Претседателство. Со ова тој остана доследен на ставот дека независниот кандидат на Костовски е "најдоброто ...

Трајанов: „Очекуваме да има разговори со г-нот Костовски“

А1 - 12.01.2005

Коалицијата Третиот пат, во договор со ВМРО-ДПМНЕ, до крајот на неделава ќе одлучеле дали за градоначалник на Скопје ќе поддржат независен или ќе истрчаат со сопствен кандидат. Павле Трајанов негира дека Третиот пат има проблеми во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, иако тие траат повеќе недели.

Костовски не ми е сериозен противник

Вест - 12.01.2005

ПЕНОВ ВО ПОХОД ЗА ТРЕТ МАНДАТ СЕ КИТИ СО ТУЃО ПЕРЈЕ Актуелниот градоначалник многу брзо заборави на донациите што за разни урбанистичко- градежни зафати во Скопје ги даде токму Трифун Костовски. Со нив Пенов постојано се удира в гради како негови големи ус Актуелниот градоначалник на Скопје Ристо ...

Србите ги бараат Нагоричани и Сандево, Турците - Жупа и Пласница

Време - 12.01.2005

СДСМ ИМ ДЕЛИ КАНДИДАТУРИ НА КОАЛИЦИСКИТЕ ПАРТНЕРИ Демократската партија на Србите, која учествува во владејачката коалиција „Заедно“, планира свои кандидати за градоначалници на Старо Нагоричани и на Чучер Сандево. Демократската партија на Турците, пак, ги пикира градоначалничките места во Центар ...

ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува Трифун на невидено

Време - 12.01.2005

СПОРЕД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА САМОИЛОВСКА-ЦВЕТАНОВА Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ не му дава поддршка на невидено на независниот пратеник Трифун Костовски за неговата кандидатура за градоначалник на Скопје и најави дека е можно да истакне и сопствен кандидат на претстојните локални избори.

Пенов: Трифун не е сериозен противник

Време - 12.01.2005

Трифун Костовски не е сериозен кандидат за градоначалник на Скопје и сметам дека можам да го победам, рече вчера скопскиот градоначалник Ристо Пенов. - Деновиве слушнав дека некој ќе прави обиди да го врати Скопје. Нашиот град во изминативе осум години отиде многу напред и никој не треба да го ...

СДСМ ја засилува коалицијата "За", опозицијата се мисли за Костовски

Утрински - 12.01.2005

На претстојните локални избори силите ќе ги одмерат две големи коалиции Во коалицијата "За" влегуваат ВМРО-Македонска и Демократски центар, а веројатно ВМРО-ДПМНЕ ќе направи коалициски договор со "Третиот пат" СаШко Димевски Премиерот и лидер на СДСМ, Владо Бучковски, вчера попладне во Владата ги ...

Пенов убеден дека повторно ќе победи

Утрински - 12.01.2005

На локалните избори во главниот град треба да излезат најмалку 33 отсто од избирачите Пенов и Костовски официјално ги објавија кандидатурите ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Локалните избори закажани за 13 март ќе бидат спроведени според новата територијална шема, според која Скопје со новите граници, во кои се ...

Бучковски како политички Дедо Мраз

Дневник - 12.01.2005

ЛИДЕРИТЕ ОД КОАЛИЦИЈАТА "ЗА" КОВААТ СТРАТЕГИЈА Помалите коалициски партии треба да се изјаснат за кои општини сакаат да имаат свои кандидати за градоначалници Партиите од коалицијата "За Македонија заедно" ќе потпишат декларација и ќе изградат стратегија за заеднички настап на изборите и за поделба ...

ВМРО-ДПМНЕ лута на Трифун Костовски

Дневник - 12.01.2005

ПРЕДИЗБОРНИ ИГРИ ВМРО-ДПМНЕ е резервирано за поддршката на независниот кандидат Трифун Костовски за скопски градоначалник. Потпретседателката Ганка Самоиловска-Цветанова вчера изјави дека партијата во овој момент не може да застане зад неговата кандидатура, а конечната одлука ќе ја донесе по ...

Љубчовата ВМРО Народна најверојатно ќе го поддржи независниот Трифун Костовски за градоначалник на Скопје, дознава ...

Канал5 - 12.01.2005

Високи партиски извори велат дека со Костовски планираат да се сретнат кон крајот на седмицава, најверојатно в недела, откако тој ќе се врати од австрија, каде што заминал деновиве.. Може да се очекува ставот на ВМРО - Народна да се обелодени уште в п Високи партиски извори велат дека со Костовски ...

Пенов не се плаши од Костовски

Вечер Прес - 12.01.2005

По официјалната промоција на приватниот стопанственик Трифун Костовски дека на претстојните избори за татко на Градот ќе се кандидира како независен кандидат, тој и официјално влезе во трка за ова место заедно со првиот човек на ЛДП, Ристо Пенов.

Кандидатурата поздравена-поддршката неизвесна

Вечер Прес - 12.01.2005

Лидерот во сенка на ВМРО Народна, Љубчо Георгиевски, вчера ја поздрави одлуката на Трифун Костовски да се кандидира за градоначалник на Скопје и со тоа да се вклучи во политичка битка. Сепак, засега не се оптоваруваат со коалиции и не одлучиле со кого ќе одат на избори, односно дали ќе поддржат ...

ДПМНE се уште нема решено дали ќе застане зад Костовски

А1 - 11.01.2005

Врвот на ВМРО-ДПМНЕ вчера цели шест часа расправаше дали да го поддржи пратеникот Трифун Костовски во градоначалничката трка за Скопје. Конечна одлука нема. Таа е одложена за една недела да се направат дополнителни анализи. Лути му се затоа што не знаеле дека има намера да ја лансира својата ...

Трифун бара поддршка, партиите молчат

Време - 11.01.2005

КОСТОВСКИ ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК Пратеникот Трифун Костовски вчера потврди дека ќе се кандидира за градоначалник на Скопје како независен кандидат. Тој ги повика сите политички партии и невладини организации да го поддржат на претстојните, мартовски локални избори.

Се лицитираат кандидати за градоначалник

Време - 11.01.2005

КУМАНОВО Месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово предложиле 80 кандидати за идни советници и 11 кандидати за градоначалници. По ова, како што дознаваме, се очекува општинското раководство да ги систематизира предлозите и да ги достави до Извршниот комитет на партијата.

Ќе им го вратам Скопје на скопјани

Вест - 11.01.2005

ТРИФУН КОСТОВСКИ СЕ КАНДИДИРА ЗА СКОПСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК Трифун Костовски ќе се кандидира како назависен, а мотивите произлегуваат од фактот што Скопје повеќе од една деценија е жртва на партиски поделби и непријателства, етнички гетоизации и политички манипулации, и се души во неефикасна и од ...

Трифун Костовски независен кандидат за скопски градоначалник

Утрински - 11.01.2005

По Пенов, официјално најавена уште една кандидатура за претстојните локални избори Одлуката на Костовски наиде на внимателни реакции, па и воздржаност кај другите партии, посебно од опозицискиот блок СаШко Димевски Независниот пратеник Трифун Костовски вчера ја објави независната кандидатура за ...

Трифун Костовски во поход за Скопје

Дневник - 11.01.2005

СЕ МНОЖАТ КАНДИДАТУРИТЕ Се кандидирам како независен кандидат за градоначалник на Скопје, бидејќи сум уверен дека тоа е во најдобар интерес на граѓаните, соопшти вчера независниот пратеник Трифун Костовски, на официјалната промоција на кандидатурата за градоначалник на Скопје.

Секој виден член се гледа како градоначалник

Дневник - 11.01.2005

ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ИЗБОРИ Најмалку по десетина локални члена на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се можни кандидати за градоначалници на најголемите општини во внатрешноста на Македонија. Најчесто се вртат имиња на доктори, адвокати и бизнисмени.

ГЕОРГИЕВСКИ И ЏАФЕРИ НА ПРЕДИЗБОРЕН ТЕТ А ТЕТ РУЧЕК ВО ЕКСКЛУЗИВНИОТ РЕСТОРАН ДЕН И НОК.

Канал5 - 11.01.2005

ВМРО ДПМНЕ ќе преговара за евентуална поддршка на градоначалничката кандидатура на Трифун Костовски.. Во партијата на Груевски и Самоиловска Цветанова сметаат дека промовирањето на Костовски без претходно обезбедена широка опозициска поддршка са ВМРО ДПМНЕ ќе преговара за евентуална поддршка на ...

Пенов ги добива Скопје, Центар, Ѓорче Петров

Вечер Прес - 11.01.2005

Либерално-демократската партија ќе даде свои кандидати за градоначалници за градот Скопје, скопските општини Центар и Ѓорче Петров и градовите Велес, Валандово, Свети Николе, Виница, Македонски Брод, Градско и Кичево. Ова е договорот што бил постигнат на билатералните разговори меѓу претседателите ...

Се кандидирам и тука е крај

Вечер Прес - 11.01.2005

Трифун Костовски ќе се кандидира за градоначалник на Скопје како независен кандидат. Мотивите за кандидирање, како што рече на вчерашната прес-конференција, произлегуваат од намерата на Скопје и неговите граѓани да им го врати градот.

Костовски ќе се кандидира за градоначалник на Скопје

А1 - 10.01.2005

Пратеникот и несудениот претседателски кандидат Трифун Костовски влегува во трката за Скопје. Тој денеска ја официјализираше својата кандидатура за градоначалник на главниот град, велејќи дека на изборите ќе влезе како независен кандидат.

Трифун прави партија за да го освои Скопје?

Време - 10.01.2005

ПРЕДИЗБОРНИ СТРАТЕГИИ Диана Младеновска Трифун Костовски денеска ќе обелодени дали ќе формира политичка партија и дали ќе се кандидира за градоначалник на Скопје на мартовските локални избори годинава. Тој за празниците беше во турското летувалиште Анталија, каде што со 120 негови пријатели и ...

СДСМ и ЛДП бараат угледни кандидати за градоначалници

Вест - 10.01.2005

ПОЧНА ЛОКАЛНАТА ИЗБОРНА ТРЕСКА Според извори блиски до двете партии, за градоначалник на Скопје извесна е повторната кандидатурата на Ристо Пенов За СДСМ и ЛДП побитно е кандидатот за градоначалник да има углед пред граѓаните отколку меѓусебниот сооднос на распределбата на градоначалнички места.

Пенов ќе го бодрат СДСМ и ДУИ

Време - 10.01.2005

КОАЛИЦИРАЊА ПРЕД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ СДСМ и ЛДП се договорија за заеднички настап на претстојните локални избори. Ова беше договорено вчера помеѓу претседателите на ЛДП и на СДСМ, Ристо Пенов и Владо Бучковски. Двајцата лидери решиле соработката да продолжи како и досега, а коалицијата да се прошири и ...

Пенов сигурен, Фуфо и Костовски се подготвуваат

Утрински - 10.01.2005

Партиите се подготвуваат и се групираат за претстојните локални избори Либералот Крстевски е на тенок мраз за заедничка кандидатура на ЛП и ВМРО-ДПМНЕ, додека †народњаците" на Георгиевски смирено се смешкаат и сў уште не ги откриваат картите СаШко Димевски Ристо Пенов е сигурен тип на власта во ...

Сигурни само за Скопје и за Велес

Дневник - 10.01.2005

ПРЕГОВОРИ МЕЃУ СДСМ И ЛДП Градоначалничките места за Скопје и Велес ќе и припаднат на ЛДП, а за другите општини ќе се преговара, изјави вчера претседателот на ЛДП Ристо Пенов по средбата со првиот социјалдемократ Владо Бучковски.

ДУИ ќе го поддржи Ристо Пенов

Дневник - 10.01.2005

АЛИ АХМЕТИ ВО ГОСТИВАР За возврат, лидерот на ДУИ очекува СДСМ и ЛДП да ги поддржат нивните кандидати во општините со мнозинско албанско население Демократската партија за интеграција ќе го поддржи Ристо Пенов за градоначалник на Скопје, на коалицијата ?Заа? и сигурно дека таа соработка ќе се ...

Трифун Костовски објави дека ќе се кандидира за градоначалник на Скопје..

Канал5 - 10.01.2005

Кандидатурата на бизнисменот и пратеник е независна.. За мотивите за ваквата одлука, Костовски вели дека ги имало повеќе.. Костовски е независен пратеник, кој во парламентот влезе преку листата на коалицијата За Македонија Заедно.. Одлук Кандидатурата на бизнисменот и пратеник е независна..

БУЧКОВСКИ НЕ МУ ДАВА ПОВЕЌЕ НА ПЕНОВ

Вечер Прес - 10.01.2005

Социјалдемократскиот сојуз и Либерално-демократската партија се договорија соработката на локалните избори да продолжи врз истите принципи на кои функционира коалицијата "За Македонија заедно". Работни тимови на двете партии ќе работат на составување на заедничките советнички листи кои до шести ...