TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кедев ја презентира стратегијата за вториот изборен круг

А1 - 18.04.2004

Исклучително добриот резултат од над 34% од првиот круг на претседателските избори се реална шанса да победиме на крајот, изјави претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев пред политичката академија на партијата. „Со заеднички сили треба да изнајдеме начин да го мотивираме електоратот ...

Кедев од понеделник стартува со кампањата

А1 - 17.04.2004

Кампањата на Сашко Кедев ќе стартува во понеделник. Викеднов се разработуваат детали. Според најавите од изборниот штабот најверојатно ќе се оди на митинзи во пет регионални ...

ДИК ги соопшти резултатите од првиот изборен круг

А1 - 17.04.2004

Бранко Црвенковски и Сашко Кедев одат во втор круг, откако ниту еден од четворицата кандидати во првиот не ги доби повеќе од половина од вкупниот број избирачи. Според конечните резултати на Државната изборна комисија: Црвенковски води со 76.215 гласови пред Кедев.

Мислат на неопределените, а нишанат кон Албанците

Време - 17.04.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ СО НОВА СТРАТЕГИЈА Диана Младеновска Александра М. Митевска Претседателските кандидати на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски и Сашко Кедев, со најмногу освоени гласови во првиот круг од изборите влегуваат во нова кампања пред претстојниот втор изборен круг, кој ...

За Андов е подобро изборите да не успеат, отколку да победи Црвенковски

Утрински - 17.04.2004

Лидерот на Либералната партија преку колумна заговара сценарио за неуспех на вториот изборен круг Во ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да ја коментираат колумната на Андов Борис Георгиевски Лидерот на Либералната партија, Стојан Андов, смета дека е подобро вториот круг од изборите за претседател на државата да ...

Кедев ќе ги посети општините во кои остварил послаби резултати

Дневник - 17.04.2004

ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев ќе ја сконцентрира кампањата меѓу двата изборни круга кон општините во кои постигнал послаби резултати од очекуваните, велат во Изборниот штаб на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. - Наши проценки се дека во некои места можеме да постигнеме многу подобри резултати.

СДСМ и ДПМНЕ се подготвуваат за последната пресметка

А1 - 16.04.2004

Во изборните штабови на Црвенковски и Кедев веќе се прават последните подготовки пред стартот на вториот круг од вонредните претседателски избори. Во СДСМ неколку часа заседаваа шефовите на општинските партиски штабови со дел од раководство.

Пораз на Бранко би бил срам за Владата

Време - 16.04.2004

СВЕТСКИОТ ПЕЧАТ ЗА ИЗБОРИТЕ Македонскиот премиер Бранко Црвенковски и „малку познатиот опозициски кандидат“ Сашко Кедев, очекувано влегоа во вториот круг од претседателските избори, пишуваат светските медиуми. Тие главно истакнуваат дека одѕивот на граѓаните бил неочекувано низок и главно се ...

Рекордот на Кедев, историски за ВМРО-ДПМНЕ

Вест - 16.04.2004

ВМРО-ДПМНЕ е "исклучително задоволна од исходот на првиот круг на претседателските избори, и од победата не дели само еден чекор - вториот изборен круг". Добивањето на над 310.000 гласови за нивниот кандидат Сашко Кедев е рекорд и историски момент за партијата од кои било изборни циклуси во ...

Црвенковски ќе агитира за поголем одѕив во вториот круг

Време - 16.04.2004

ВО СДСМ ЗАДОВОЛНИ ОД ИЗБОРНИОТ РЕЗУЛТАТ Задоволни сме од изборниот резултат, но не и од одѕивот на гласачите. Со цел да се зголеми одѕивот во вториот изборен круг, претседателскиот кандидат на СДСМ во наредните денови ќе се обиде преку непосредни средби да им објасни на граѓаните зошто на ...

Црвенковски со втор најдобар резултат во претседателската историја

Вест - 16.04.2004

Кандидатот за претседател на државата на коалицијата "Заедно" Бранко Црвенковски победил во 30 од 34 поголеми општини, соопштија вчера во СДСМ. "Резултатот на Црвенковски е втор најдобар резултат за претседател на државата, по тој на Киро Глигоров, кој победи во прв круг", рече Радмила Шеќеринска, ...

Кедев постигна рекорд

Време - 16.04.2004

ВМРО-ДПМНЕ Освоените 310.000 гласа на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, се рекорд во историјата на оваа партија во однос на сите резултати забележани во досегашните изборни циклуси. Тоа е оценката што Ганка Самоиловска-Цветанова, потпретседателка на партијата и шеф на изборниот ...

Сите победници

Вест - 16.04.2004

ДИК ГИ СООПШТИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРВИОТ ИЗБОРЕН КРУГ Во вториот круг, кој ќе се одржи на 28 април, одат Бранко Црвенковски и Сашко Кедев Државната изборна комисија вчера ги објави првичните официјални податоци од првиот круг на претседателските избори што се одржаа во средата.

Цвенкоски победи во големите градови, Кедев во помалите места

Утрински - 16.04.2004

Кандидатите на СДСМ и на ВМРО -ДПМНЕ воделе изедначена борба во Штип, Велес и во Битола Во некои населени места граѓаните ги бојкотирале изборите незадоволни од нерешените комунални проблеми ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ Кандидатот на СДСМ, Бранко Црвенковски, победи во големите градови, а на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко ...

Избори без победник и поразен

Утрински - 16.04.2004

Резултатите од првиот круг дочекани со оптимизам во сите четири изборни штаба Албанските гласачи во вториот круг не само што ќе треба ги решат изборите туку со одѕивот ќе треба и да ги спасуваат Соња Крамарска Избори без победник и поразен - така би можел да се нарече првиот круг од ...

Во СДСМ се сигурни во победата на Црвенковски

Утрински - 16.04.2004

Во владејачката партија подготвуваат поинаков пристап до гласачите Ако слабиот одѕив произлегува од незадоволството од нашата политика, тогаш тоа е сериозен индикатор, рече Шекеринска ЖАКЛИНА ЃОРЃЕВИЌ Во СДСМ се сигурни во победата на претседателскиот кандидат на коалицијата ?За", Бранко ...

Црвенковски и Кедев немаат место за еуфорија

Утрински - 16.04.2004

Што покажуваат првите анализи на прелиминарните резултати од првиот круг на гласањето за претседател Одѕивот од 55,14 отсто е најнизок од сите досегашни избори ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Двајцата политички противници, претседателскиот кандидат и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, и фаворитот на ВМРО-ДПМНЕ, ...

Црвенковски и Кедев ветија победа

Утрински - 16.04.2004

Државната изборна комисија ги објави прелиминарните официјални резултати од првиот круг за претседател Бранко Црвенковски има предност од 76.169 гласа во однос на неговиот конкурент Сашко Кедев, со кого ќе се натпреварува за претседателската функција во вториот изборен круг што ќе се одржи на 28 ...

Бошкоски ги оцени изборите како фалсификат и измама

Утрински - 16.04.2004

СТАВ "Со изјавите за победа на Бранко Црвенковски и Сашко Кедев се потврдија нашите сомневања и предупредувањата за изборен фалсификат и измама и можноста од договорен изборен резултат", се вели во соопштението од Изборниот штаб на Љубе Бошкоски.

Во ВМРО-ДПМНЕ презадоволни од резултатот на Кедев

Утрински - 16.04.2004

Првични оцени на штабот на претседателскиот кандидат на опозицијата Изборниот резултат за Кедев е како вовед во конечната победа, бидејќи СДСМ го доби максимумот што може да го добие Сашко Димевски Изборниот штаб на претседателскиот кандидат Сашко Кедев е исклучително задоволен од постигнатиот ...

Црвенковски задоволен од резултатот, но не и од одѕивот

Дневник - 16.04.2004

РЕАКЦИИ ОД СДСМ ЗА ПРВИОТ КРУГ Се уште е рано слабиот одѕив да се толкува како порака од граѓаните дека се незадоволни од кандидатите, велат во СДСМ На овие избори не излеговме за да бидеме против некого, туку за нашите визии за државата, заради што на 28 овој месец од истово место ќе ви се обрати ...

Црвенковски пред Кедев за 75.552 гласа

Дневник - 16.04.2004

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА Гзим Острени води пред Зуди Џелили за 55.779 гласа За Бранко Црвенковски, претседателскиот кандидат на СДСМ, гласале 385.300 или 42,49 отсто од гласачите; за Сашко Кедев, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, 309.748 или 34,09 отсто; за Гзим Острени, кандидат на ДУИ - 134.048 или 14,78 ...

Кедев тврди дека неговиот противкандидат е готов

Дневник - 16.04.2004

ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ ќе побара во вториот изборен круг да има поголем број меѓународни посматрачи Бранко Црвенковски е готов и во вториот круг имаме шанса засекогаш да го отстраниме ова деструктивно лице кое го растура македонскиот народ, порача Сашко Кедев по првиот круг на претседателските ...

Силата на искуството

Дневник - 16.04.2004

Колумна - Стојан Андов Кедев со своето "336-часовно искуство", ете, по своите сметки, заостанува зад Црвенковски само 50.000 гласа. До вториот круг Црвенковски не може да го зголеми своето искуство. Тоа ќе остане искуство од 13 години, а неговиот ривал за овие 14 дена, токму по логиката на ...

Кедев со рекорд на освоени гласови за ВМРО ДПМНЕ

А1 - 15.04.2004

Изборниот штаб на претседателскиот кандидат Сашко Кедев денеска изрази задоволство од освоените 310.000 гласови во првиот круг од изборите и постигнатиот резултат го прогласи за рекорд во историјата на ВМРО ДПМНЕ во однос на предходните избори.

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати

А1 - 15.04.2004

На првиот круг на вонредните претседателски избори, најмногу гласови според првичните резултати на државната изборна комисија освоил Црвенковски, по него е Кедев, трет Острени, па Џелили. Од вкупно обработени 99,75% од запишаните избирачи, претседателските кандидати освоиле: Црвенковски води во 24, ...

СДСМ задоволни од резултатот на Црвенковски

А1 - 15.04.2004

385-те илјади гласови за Црвенковски и разликата од над 77.000 гласа со второпласираниот Кедев се резултат од кој социјалдемократите се задоволни. „Резултатот на Бранко Црвенковски е втор најдобар резултат за било кој претседателски кандидат во првиот круг на претседателски избори, по резултатот на ...

Верувам во победата на Кедев

Време - 15.04.2004

НИКОЛА ГРУЕВСКИ, ВОДАЧ НА ВМРО-ДПМНЕ Очекувам дека власта ќе спроведе фер и демократски избори, најмалку колку што беа оние во 2002 година, кои според сите анализи и оцени беа организирани совршено. Изборите се како народната поговорка „Што ќе посееш, тоа ќе пожнееш“.

Кедев објави победа

Време - 15.04.2004

ИЗБОРЕН ШТАБ НА ВМРО-ДПМНЕ Македонија му кажа „не“ на Бранко Црвенковски, кој оваа вечер е делегитимиран. Тоа беше дел од оптимистичката изјава што портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, во еуфорична атмосфера, ја даде синоќа по обработка на 79 отсто од гласовите.

Црвенковски со 60 илјади гласа пред Кедев

Време - 15.04.2004

СПОРЕД ШТАБОТ НА СДСМ Бранко Црвенковски, претседателскиот кандидат на коалицијата „Заедно“, со околу 60 илјади гласа води пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, според првичните резултати од штабот на СДСМ. Според резултатите, од 2.225 од вкупно 2.973 избирачки места, со кои СДСМ располагаше ...

Очекувам успешни избори

Време - 15.04.2004

САШКО КЕДЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ Очекувам дека ќе имаме успешни избори и дека сите повици за апстиненција и бојкот на изборите ќе бидат неуспешни. Со тоа ќе докажеме дека основен приоритет на овие избори е да се има фер и демократска процедура.

Црвенковски пред Кедев, двајцата во вториот круг

Време - 15.04.2004

ИЗБОРНИТЕ ШТАБОВИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ НА ПОЛНОЌ ГИ ИЗБРОИЈА ...

Кедев со цвеќиња и скандирања

Вест - 15.04.2004

"Очекувам успешни избори и дека сите повици за апстиненција и бојкот ќе бидат неуспешни. Очекувам континуитет на демократската процедура", изјави Сашко Кедев, кандидат за претседател на државата на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП. Кедев очекува дека народот ќе го избере својот иден претседател.

Во СДСМ владееше славеничка атмосфера

Утрински - 15.04.2004

Резултатите од изборите се следеа на видеобим Во големата сала на прес-центарот во штабот на претседателскиот кандидат Црвенковски доцна синоќа, по добивањето на првичните резултати, владееше славеничка атмосфера. Повеќе членови и симпатизери на партијата, како и гости од коалицискиот партнер ЛДП и ...

ВМРО-ДПМНЕ обвини за повеќе изборни нерегуларности

Утрински - 15.04.2004

Во штабот на Сашко Кедев задоволни од резултатите Изборниот штаб на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, обвини вчеравечер за бројни неправилности што се случиле за време на гласањето. Како најсериозен е посочен инцидентот што вчера попладне се случил во избирачко место во ...

Црвенковски и Кедев одат во вториот круг

Утрински - 15.04.2004

Вчера се одржа прв круг гласање за нов претседател на Македонија Бранко Црвенковски и Сашко Кедев обезбедија пласман во вториот изборен круг на вонредните претседателски избори, а по две недели, на 28 април, ќе си ги одмерат силите пред македонскиот електорат за да ја освојат престижната државна ...

Црвенковски во скромно водство пред Кедев

Дневник - 15.04.2004

неофициЈални резултати по ПРВиот КРУГ ОД ВОНРЕДНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВМРО-ДПМНЕ оцени дека имало многу нерегуларности, а СДСМ возврати дека изборите биле европски Бранко Црвенковски води пред Сашко Кедев за околу 60.000 гласа по првиот круг од вонредните претседателски избори и тие двајцата ...

Очекувам успешни избори

Дневник - 15.04.2004

гласаа претседателските кандидати Очекувам дека ќе имаме успешни избори и дека сите повици за апстиненција и бојкот ќе бидат неуспешни. Со тоа ќе се докаже дека основен приоритет е да имаме континуитет во фер и демократска процедура на сите избори што досега се одржувале во Македонија.

Црвенковски ја објави својата победа

А1 - 14.04.2004

Претседателскиот кандидат на коалицијата „За Македонија заедно“, Бранко Црвенковски вечерва ја објави својата победа во првиот круг на претседателските избори. „Има луѓе кои сакаат да слават свои порази, ние славиме наши победи.

Кедев задоволен најавува победа во вториот круг

А1 - 14.04.2004

„Готов е, сигурно е готов“, беа зборовите со кои вечерва се обрати претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев задоволен од добиените резултатите и истакна дека првото полувреме не е изгубено, а претстои и второ во кое сигурно ќе однесе победа.

Џелили во Гостивар, Црвенковски во Капиштец, Острени во Дебар, Кедев во Козле

Време - 14.04.2004

КАДЕ ЌЕ ГЛАСААТ КАНДИДАТИТЕ Скопје, Гостивар и Дебар се градовите во кои денеска ќе гласаат четворицата кандидати за претседател на државата. Избирачкото место на кандидатот на СДСМ, Бранко Црвенковски, е во скопската населба Капиштец, во близина на стариот трговски центар.

Како Црвенковски и Кедев ја водеа предизборната кампања

А1 - 12.04.2004

Во 14-те дена предизборна кампања, Црвенковски ги употреби да ги убеди граѓаните дека за водечката државна функција е неопходно неговото политичко искуство. Кедев го тврдеше спротивното, на Македонија и е потребно неговото ново лице.

Кедев: Време е да го смениме ланецот на неуспех

А1 - 12.04.2004

Доволно беше од потценувања и понижување на македонскиот народ, време е еднаш засекогаш да го смениме ланецот на неуспех, кој што го наметнаа неуспешните луѓето кој се претсавуваат како искусни, порача претседатеслкиот канидат на ВМРО ДПМНЕ Сашко Кедев од вечерашниот завршен митинг во Скопје.