TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Со бегалската криза се повредуваaт човековите права

А1 - 25.05.2003

Македонската држава со бегалската криза на косовските Роми на Меџитлија го повредува член 4 од Европската конвенција за човекови права и слободи, според кој секој има право да ја напушти земјата. Ова денеска за А1 на Меџитлија го изјави Ерутко Кафчински, експерт за малцински прашања и бегалски ...

Косовските Роми го викаат Робертсон на Меџитлија

Дневник - 24.05.2003

пред нова ХУМАНИТАРНА КАТАСТРОФА Ромите-бегалци од Косово, кои пет дена се наоѓаат на граничниот премин Меџитлија, вчера го повикаа Џорџ Робертсон или Хавиер Солана да дојдат на тој граничен премин и ја видат нивната хуманитарна катастрофа.

Адвокатска заштита

Вест - 24.05.2003

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Меџитлија не е Блаце зашто Ромите не се Албанци 1 Љубчо веќе нема да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Така што неговите идеи за поделба на Македонија ќе изгубат од актуелност. Ама, ќе добијат на тежина.

Бегалците мора колективно да се вратат во своите домови

Утрински - 24.05.2003

Бисерка Матиќ - Спасоевиќ, амбасадор на СЦГ во Македонија ГоспоЃо амбасадор, веќе петти ден косовските Роми се наоѓаат на преминот Меџитлија каде што бараат да заминат во трета земја. Каков е Вашиот став во врска со овој проблем и каква е соработката со меѓународните организации, во прв ред со ...

Жените и децата на бегалците привремено ќе се сместат во Битола

Утрински - 24.05.2003

Косовските Роми веќе петти ден се наоѓаат под отворено небо кај Меџитлија ГОЦЕ КАРЕВСКИ БИТОЛА - Ромите-бегалци од Косово кои, по напуштањето на кампот во Шуто Оризари во Скопје, веќе пет дена престојуваат пред граничниот премин Меџитлија на македонско-грчката граница кај Битола вчера ги трошеа ...

Косовските Роми петти ден на Меџитлија

А1 - 23.05.2003

Ромите бегалци веќе петти ден се наоѓаат на граничниот премин Меџитлија. Од вечерашните дождови после пладне, па до денеска до 16.00 часот паднаа 30 литри вода во метар квадратен. А во утринските часови температурата се симна на 10 стпени Целзјусови.

Полицијата вчера ги отстрани бегалците од граничната рампа

Утрински - 23.05.2003

Косовските Роми и натаму остануваат на граничниот премин Меџитлија ГОЦЕ КАРЕВСКИ БИТОЛА - Вчера изутрина, со етапно поместување на металните браници, полицијата ги принуди косовските Роми да се оддалечат на пристојно растојание од граничната рампа на преминот Меџитлија, до која тие успеаја да ...

Ромите-бегалци велат дека биле тепани од специјалци, МВР демантира

Дневник - 23.05.2003

НА МЕЏИТЛИЈА СТАНУВА С¦ ПОНАПНАТО Бегалците велат дека во полициската акција на потиснување биле повредени 45 Роми Специјалци на МВР вчера изутрина со неколку полициски возила пристигнале на граничниот премин Меџитлија и почнале да ги тепаат Ромите-бегалци од Косово, кои веќе четврти ден бараат ...

Дождот не ги избрка Ромите од Меџитлија

Вест - 23.05.2003

РАСТЕ ТЕНЗИЈАТА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН КАЈ БИТОЛА Вчера поголема група од Ромите се обиде насилно да влезе и да ги заземе објектите на полицијата и на Царината на граничниот премин, во што беше спречена од полицијата Влошените временски услови ја зголемија неизвесноста кај над 600 Роми, протерани од ...

Блаце на Меџитлија

Дневник - 23.05.2003

Коментар - Менде Петковски За жал, ни се повторува бегалската драма од Блаце. Овојпат со многу помали димензии, но сликите се грди, а ситуацијата напната и речиси безизлезна. Околу 600 Роми-бегалци од Косово, кои до скоро беа сместени во кампот во Шутка, кој УНХЦР го затвори, решија да си го ...

Косовските Роми ќе ги прими меѓународната заедница?

А1 - 22.05.2003

Косовските Роми да ги прими меѓународната заедница, бидејќи тие нема да се чувствуваат сигурни ако се вратат на Косово, предложил шефот на УНМИК Михаел Штајнер на денешната средба со министерката за надворешни работи Илинка Митрева во Охрид.

Грција не ги прима Ромите од Косово

Вест - 22.05.2003

ПРОДОЛЖУВА БЕГАЛСКАТА КРИЗА НА МЕЏИТЛИЈА Грчките министерства за внатрешни работи и за јавен ред и мир, прексиноќа соопштија дека нема да им дозволат на Ромите бегалци од Косово да влезат на територијата на Република Грција. Според решението, тие нема да бидат примени во оваа земја како бегалци ...

Атмосферата на „Меџитлија“ се усвитува

А1 - 21.05.2003

Попладнево на граничниот премин „Меџитлија“ состојбата со косовските Роми е крајно напната. Откако почна да врне дожд поголема група бегалци се упати под стреите на преминот, на што веднаш реагираше полицијата, која со кордон го спречи можниот упад и даде наредба бегалците да се вратат назад.

Бегалците не сакаат да се сместат во семејства или во Катланово

Утрински - 21.05.2003

Засега нема решение за проблемот со Ромите кои сакаат да влезат во Грција Изминативе два дена претставници на УНХЦР, на Министерството за труд и социјала и на МВР интензивно преговараат со групата Роми. Во Министерството за труд и социјала велат дека засега нема решение за проблемот, бидејќи ...

Ромите решени до смрт да чекаат влез во Европа

Дневник - 21.05.2003

БЕГАЛСКАТА ДРАМА КАЈ БИТОЛА ПРОДОЛЖУВА Грција треба да ги отвори границите и да ни најде место во Европа, велат Ромите Или ќе се населиме во Европската Унија или ќе умреме тука, во Меџитлија, но никогаш нема да се вратиме во Косово или во Шуто Оризари, дури и со оружје да не тераат, тврдат околу ...

Владата нема став за хуманитарната криза на Меџитлија

Вест - 21.05.2003

РОМИТЕ ОД КОСОВО СЕ СТАЦИОНИРАА ПРЕД ГРЧКАТА ГРАНИЦА Меѓу 611 бегалци од Косово има и штотуку родени бебиња и 12 бремени жени. Ромите не го прифаќаат предлогот на УНХЦР да се сместат во приватни соби во Скопје и велат дека ќе останат пред границата се додека грчката На граничниот премин Меџитлија, ...

Седумстотини Роми сакаат да заминат од Македонија, но не во Косово

Утрински - 21.05.2003

Драмата на косовските бегалци кај Меџитлија трае веќе два дена и добива загрижувачки размери ГОЦЕ КАРЕВСКИ БИТОЛА - Околу 700 косовски Роми вчера го поминаа вториот ден под отворено небо кај граничниот премин Меџитлија на македонско-грчката граница откако претходно го напуштија бегалскиот камп кај ...

Косовските Роми втор ден на граничниот премин „Меџитлија“

А1 - 20.05.2003

На граничниот премин „Меџитлија“ на македонско-грчката граница веќе дава дена на отворено престојуваат 640 косовски Роми, кои го напуштија бегалскиот камп во Шуто Оризари и очекуваат да бидат прифатени во некои од логорите во Грција.

Седумстотини косовски Роми чекаат за влез во Грција

Утрински - 20.05.2003

МЕЏИТЛИЈА БИТОЛА - Околу 700 Роми, бегалци од Косово, кои до пред неколку дена беа сместени во кампот во Шуто Оризари кај Скопје, вчера изутрина се преселија на граничниот премин Меџитлија, на македонско-грчката граница оддалечен 15-ина километри од Битола.

Роми-бегалци од Косово на Меџитлија бараат азил во Грција

Дневник - 20.05.2003

ПОРАДИ ЛОШИТЕ УСЛОВИ ВО КАМПОТ ВО ШУТО ОРИЗАРИ Бегалците велат дека се плашат да се вратат на Косово и најавуваат дека ќе останат на граничниот премин се додека не им се дозволи да влезат кај нашиот јужен сосед Повеќе од 600 Роми-бегалци од Косово избегале од кампот во Шуто Оризари и, на своја ...

Косовските Роми во Македонија бараат азил во Грција

А1 - 19.05.2003

Околу 700 Роми со потекло од Косово од 7 часот утринава се наоѓаат на граничниот премин Меџитлија на македонско - грчката граница, барајќи да влезат и да добијат азил. Меѓу нив се наоѓаат десетина бремени жени, срцеви и хронични болни, хендикепирани, деца и постари лица.