TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ЗАМРЗНАТАТА РАЧНА СОПИРАЧКА ПРИЧИНА ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА, ТВРДИ МАШИНОВОЗАЧ ОД ЦГ жеЛЕЗница

Канал5 - 28.01.2006

Долгогодишен машиновозач во Железницата на Црна Гора Будимир Меденица оцени денеска дека возот 6103 излетал од шините на 23 јануари во Биоча поради замрзнување на ВЦР рачните педали кои машиновозачот ги поставил под тркалата на запрениот воз.

Возете без сопирачки!

Вечер Прес - 28.01.2006

Зошто се молчело за интерната наредба издадена од Железниците на Црна Гора уште од 2004 година, со која на машиновозачите им се одобрува да управуваат со возовите на релација Подгорица - Бијело Поље со пет сопирачки помалку, додека на покусата релација Подгорица - Бар, дури со осум сопирачки ...

Новороденчето - 45 жртва

Дневник - 27.01.2006

ПО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА ВО ЦРНА ГОРА Бебето што се роди предвреме по железничката несреќа кај Подгорица е 45-та жртва на трагедијата. Гроздана Селимовиќ беше тешко повредена во несреќата и се породи четири седмици пред терминот.

Погреби низ цела Црна Гора

Време - 27.01.2006

ПО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА КАТАСТРОФА Низ цела Црна Гора вчера и завчера беа погребувани жртвите на катастрофалната железничка несреќа што во понеделникот се случи на опасниот коридор низ кањонот на реката Морача. - Црна Гора е во црнина.

Почина бебето родено во несреќата во Црна Гора

Вест - 27.01.2006

ПОДГОРИЦА, 27 јануари (АП) - Железничката несреќа што се случи во Црна Гора вчера однесе уште една жртва кога почина бебето што предвремено го роди една повредена 17-годишна патничка. Во несреќата што се случи во понеделникот, која е една од најкрвавите железнички несреќи во Европа во последните 30 ...

Човечка или техничка грешка!?

Вечер Прес - 27.01.2006

Човечкиот фактор е причина за железничката несреќа што се случи во Биоча кај Подгорица, во која загинаа 44 патници, соопшти специјалната комисија за вонредни состојби на "Железниците на Црна Гора". Меѓутоа, како што јави Б 92, три дена по трагичната несреќа, се уште во оптек се две целосно ...

Човечкиот фактор е причина за несреќата во Црна Гора

А1 - 26.01.2006

Човечкиот фактор е причина за железничката несреќа што се случи во Биоча кај Подгорица, во која загинаа 44 патници, соопшти денеска специјалната комисија за вонредни ситуации на „Железниците на Црна Гора“. Меѓутоа, како што јави Б92, три дена по трагичната несреќа, се уште во оптек се две целосно ...

Вагоните на смртта летале со 150 километри на час

Дневник - 26.01.2006

СЕ РАСПЛЕТКУВА КЛОпЧЕТО ЗА ОДГОВОРНОСТА ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА КАЈ ПОДГОРИЦА Леле, денеска ни нема спас, изустил завчера машиновозачот, кога возот "6.103", со неисправни сопирачки, самиот од себе тргнал по шините на пат кон смртта долг 14 километри.

Возот излетал од шините со 150 км на час

Утрински - 26.01.2006

Црна Гора жали за загинатите ПОДГОРИЦА - Во железничка несреќа кај Биоча загинаа 44 патници и тоа е досегашниот биланс од несреќата. Во Клиничкиот центар на Црна Гора во текот на ноќта на повредите им подлегна десетгодишниот Филип Гардашевиќ, соопшти болницата во Подгорица.

Машиновозачот двапати се обидувал да ја поправи локомотивата

Време - 26.01.2006

ПРЕД КАТАСТРОФАЛНАТА НЕСРЕЌА ВО ЦРНА ГОРА Машиновозачот Слободан Дробњак, кој го управувал црногорскиот воз што во понеделникот вечер падна во длабокиот кањон на реката Морача, двапати го запирал возот во обид да поправи некаков дефект.

Немарност на машиновозачот причина за несреќата во Црна Гора

Вест - 26.01.2006

ПОДГОРИЦА (АП) - Инспекторите веруваат дека "човечкиот фактор" е виновен за несреќата со возот во Црна Гора во која 44 луѓе загинаа, а речиси 200 се повредени, изјави вчера еден од надлежните. ПОДГОРИЦА (АП) - Инспекторите веруваат дека "човечкиот фактор" е виновен за несреќата со возот во Црна ...

Комеморативна седница за жртвите од несреќата во Црна Гора

А1 - 25.01.2006

Трагедијата во кањонот на Морача е една од најголемите мирнодопски катастрофи во нашата историја, изјави денеска црногорскиот претседател Филип Вујановиќ на комеморативната седница на која присуствуваа раководители на сите државни тела во Црна Гора..

Неисправни кочници однесоа 43 животи

Вест - 25.01.2006

ГОЛЕМА ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО ЦРНА ГОРА 198 се повредени, меѓу нив 90 деца. Една 17-годишна девојка што патуваше со возот вчера се роди машко дете во болница откако повредите испровоцираа предвремено пораѓање. БИОЧЕ, 25 јануари (АП) - Откажување на сопирачките е причина за завчерашната катастрофална ...

ПОЧИНА ЕДНО ДЕТЕ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА ВО ЦРНА ГОРА

Канал5 - 25.01.2006

Во Клиничкиот центар во Црна Гора синоќа почина десетгодишниот Филип Гардашевиќ, кој им подлегна на повредите по катастрофалната железничка несреќа која се случи завчера кога електромоторен локален патнички воз, Подгорица, 25 јануари (МИА) - Во Клиничкиот центар во Црна Гора синоќа почина ...

Помош од Македонија

Дневник - 25.01.2006

по несреЌата во црна гора Македонија понуди помош во лекови и болничко лекување за повредените во тешката железничката несреќа што се случи вчера, во близина на Подгорица. "Ви стоиме на располагање за искористување на здравствените капацитети, кадар, обезбедување крв, плазма и неопходни лекарства ...

Црна Гора завиена во црнина

Време - 25.01.2006

КАТАСТРОФАЛНА ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО ЦРНА ГОРА Најмалку 45 патници, од кои пет деца, загинале во катастрофалната железничка несреќа што во понеделникот попладне се случи во Црна Гора. Околу 190 патници биле повредени во несреќата, а некои од нив се во критична состојба, јави белградското „Радио ...

44 ЗАГИНАТИ, ОКОЛУ 200 ПОВРЕДЕНИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА КАЈ ПОДГОРИЦА.. ТРОДНЕВНА ЖАЛОСТ ВО СЦГ

Канал5 - 25.01.2006

Во железничката несреќа кај Подгорица загинале 45 патници, а повредени се 198, меѓу кои 50 потешко, според најновите податоци. Меѓу загинатите има пет деца, а 105 деца се повредени и се на возраст од новородени до 16 години. Од нив 32 се задржани на лекување.

Во возот што остана без кочници и излета од шините загинаа 45 лица

Утрински - 25.01.2006

Голема трагедија во Црна Гора, воз полн со патници падна во кањонот на Морача Четири вагони од возот се урнале во бездна поради откажување на системот за сопирање ПОДГОРИЦА - Во железничката несреќа што се случи во понеделникот попладне на пругата Бело Поле - Бар загинаа најмалку 45 патници, меѓу ...

Македонија понуди помош за повредените во Црна Гора

Утрински - 25.01.2006

РЕАКЦИЈА Скопје - Македонскиот државен врв вчера изрази подготвеност да Ј помогне на Црна Гора во справувањето со последиците од тешката сообраќајна несреќа која се случи завчера во близина на Подгорица. Владата соопшти дека конзулот на Македонија во Подгорица е задолжен да биде во постојан контакт ...

Ужас во кањонот

Дневник - 25.01.2006

наЈтешка несреЌа во историЈата на црна гора Четириесет и пет луѓе, меѓу кои и шест деца, загинаа при откинувањето на четирите железнички вагони во кањонот на реката Морача кај Подгорица, завчера. Околу 200 луѓе беа повредени, од кои 50 вчера попладнето се уште беа во критична состојба.

Воз падна во амбис-47 згинати!

Вечер Прес - 25.01.2006

Во завчерашната тешка железничка несреќа во Црна Гора, животот го загубија 47 патници, додека педесетина се водат како тешко повредени. Несреќата се случила на релација Биело Поље-Бар, кога локален патнички воз, нешто пред 17 часот, излетал од шините кај местото Биоча и се урнал во реката Морача, ...

Најмалку 45 загинати во железничката несреќа во Црна Гора

А1 - 24.01.2006

47 загинати и повеќе 190 повредени е најновиот трагичен биланс од тешката железничката несреќа што вчера се случи во близина на Подгорица. Сепак, се стравува дека бројот на загинати и понатаму ќе расте. Меѓу нив има и пет деца, а според лекарите, 50 луѓе се во тешка состојба.

Железничка несреќа во Црна Гора

А1 - 23.01.2006

Електромоторен локален патнички воз 6103, кој патувал од Бело Поле во Подгорица излета од шините кај местото Биоче кај Подгорица нешто пред 17 часот и падна во кањонот на реката Морача. Четири вагони се откачиле и заедно со сите патниници се урнаа во бездната длабока повеќе од 30 метри, пренесува ...