TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Две несреќи за 9 дена го погодија семејството Иванови од Сачево

А1 - 13.06.2004

За само девет дена две несреќи го погодија семејството Иванови од селото Сачево, кое заедно со селото Зубово се најпогодени од неодамнешните поплави во струмичко. Поројните дождови ги однесоа посевите од кои тоа живее, а громот што утрово удрил во нивната куќа предизвикал голема материјална штета.

Kостов ги посети поплавените подрачја

А1 - 12.06.2004

Водата од струмичките полиња и по една недела од поплавите се уште не е повлечена. Под водата скапува родот на земјоделците. Штетите велат Струмичани се големи, а најтешко им е на оние кои од малите ниви вадеа за живот. „За моите 71 година не паметам да имало толку многу вода“, вели жител на Сачево.

Проценките за штетите од поплавите поголеми од првичните

А1 - 12.06.2004

Првичните информации со кои располагаат општинските комисии во поплавените подрачја, а во кои граѓаните во изминатите 8 дена ги пријавуваа штетите, покажуваат дека тие се поголеми од она што претпоставување во првите денови од поплавите.

За настраданите од поплавите парична помош, совети, пакети...

Утрински - 12.06.2004

Почнаа да се санираат штетите Претставници на Министерството за труд и социјала вчера излегле да ги посетат настраданите во Тетовскиот регион, при што на семејствата им биле поделени парични средства во висина од максимум 20.000 денари, зависно од процената на комисијата.

Ни се закануваат нови поплави

Дневник - 12.06.2004

ВЛАДАТА СЕ ПОДГОТВУВА Владата се подготвува да се справи со опасноста од нови поплави во настраданите подрачја, по најавените обилни дождови, кои може да се очекуваат веќе од утре и во текот на следната недела. За да се избегнат тешки последици, владиното координативно тело деновиве презема низа ...

Општините задоволни од ангажманот на Армијата

Утрински - 12.06.2004

АРМ многу им помогна на регионите зафатени од катастрофалните поплави По катастрофалните поплави кои ги зафатија јужните краишта на државава и Армијата интервенираше и помагаше, колку што може, во санирањето на штетите и евакуација на населението, каде што тоа беше потребно.

Опасност од појава на заразни болести во поплавени села

А1 - 11.06.2004

Се плашиме од појава на заразни болести, водата е забранета за пиење, а во селото се чувствува непријатен мирис, ова се зборовите со кои не дочекаа жителите на селото Зубово најпогодено во поплавите од струмичкиот регион. Во селото се уште се влегува по заобиколен пат.

По дождот, сега најголема закана е сушата

Утрински - 11.06.2004

Малото градче Богданци се враќа во живот по катастрофалните поплави Во Богданци целосно е уништена инфраструктурата, однесени се цели улици со канализациската и водоводната мрежа, повеќе од 200 куќи се поплавени и се уништени околу 3.000 хектари обработлива површина Борис Георгиевски БОГДАНЦИ ...

Ревитализацијата на патиштата ќе чини 66 милиони денари

Утрински - 11.06.2004

Владиното Координативно тело за поплавите Обновувањето на патната инфраструктура во настраданите од поплава подрачја ќе чини 66 милиони денари. Ова е процена на Координативното и Оперативното тело составено од повеќе владини претставници кои секој ден ја проценуваат состојбата на теренот, со ...

Груевски бара Владата да ги обесштети поплавените

Утрински - 11.06.2004

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја критикува власта Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера побара Владата да ги обесштети поплавените од дивидендата од "Телеком", претходно да прогласи елементарна непогода. "Лично бев и посетив делови од Гевгелија, Валандово и неколку села од Струмичкиот регион", рече ...

На поплавените треба да им се помогне, но не со пари од вработените

Време - 11.06.2004

ГРУЕВСКИ ЈА ПРЕДИЗВИКА ВЛАДАТА Владата треба итно да прогласи елементарна непогода и да им помогне на настраданите во поплавите, но не со земање дневници од вработените, туку со скратување од непродуктивните трошоци на државните органи и институции.

ДПМНЕ повторно бара воведување на елементарна непогода

А1 - 10.06.2004

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини владата за скандалозно однесување во однос на неодамнешните поплави кои го зафатија југо-источниот дел од државата, посебно нејзината одлука да не прогласи елементарна непогода за да создаде услови полесно да им се помогне на граѓаните.

Досега постоело интересирање само за осигурување од град

Утрински - 10.06.2004

Само дел од нашите осигурителни компании ги осигуруваат посевите Законот за елементарни непогоди е донесен во 1977 година АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Ризикот од поплава како временска непогода постои во полисата на осигурување на некои осигурителни компании, но граѓаните, иако се запознаени со ваквото ...

Струмица добила пари за одводните канали, но нив ги нема

Утрински - 10.06.2004

Недомаќинско работење Никој не знае да каже каде завршиле парите Струмица - Во декември лани, кога по излевањето на браната на Маркова Река беа поплавени неколку села во Струмичкиот регион, Владата одобри 960 илјади евра за санирање и изградба на одводен систем, кој ќе ги прифаќа атмосферските води ...

Штети во 1.500 домови и 150 стопански објекти во поплавените места

А1 - 09.06.2004

Граѓаните на поплавените места во струмичкиот, гевгелискиот и валандовскиот крај регистрирале штети во 1.500 домови и во околу 150 стопански објекти. Во Гевгелија 500 земјоделски производители пријавиле штети на нивните поседи, а во струмичко посевите од пченица, пченка, бостан, домат и пиперки и ...

Поплавените ќе чекаат нов закон

Вест - 09.06.2004

ПРАВНИ ДИЛЕМИ ЗА СОЛИДАРНАТА ДНЕВНИЦА Владата допрва ќе усвои нов закон за да собере пари за поплавените, кој после треба да ја помине собраниската процедура и да биде потпишан од Претседателот на државата. Солидарните дневници се регулирани со закони од '78 година и не одговараат на сег Владата не ...

Водите во Богданци однесоа 300 овци на 80-годишен старец

Утрински - 09.06.2004

Во Гевгелиско се проценуваат штетите, а поплавите се проценуваат како катастрофални Земјоделците од Гевгелиско нагласуваат дека пролетва од овој крај не само што ќе нема домати, краставици и пиперки туку и грозје ГЕВГЕЛИЈА - Вчера во Богданци мораше да биде обезбедена локација за закопување на ...

Земјоделците револтирани поради тоа што Владата не прогласи непогода

Утрински - 09.06.2004

Водите од поплавените површини во Струмичко се повлекуваат зад нив остана пустош Ако премиерот Хари Костов ги посетеше загрозените подрачја сигурно ќе прогласеше елементарна непогода, велат земјоделците СТРУМИЦА - Информацијата од Владата дека нема да прогласи елементарна непогода беше примена со ...

Состојбата во струмичко и гевгелиско се стабилизира

А1 - 08.06.2004

Во Струмица состојбата се стабилизира, евакуираното население од селото Добрешинци денеска се враќа во своите домови. 26-те семејства побарале итна парична помош. Околу 200 пакети со храна биле поделени во најзагрозените делови во Зубово и Сачево, а со вода за пиење се снабдуваа од цистерни.

По една солидарна дневница и 70 милиони денари за поплавените

Утрински - 08.06.2004

Владата не прогласи елементарна непогода, но изнајде начин да им помогне на настраданите Од Буџетот на државата ќе бидат одвоени 70 милиони денари (околу 1,1 милион евра) како помош за санирање на штетите во поплавените подрачја, додека вработените ќе издвојат една солидарна дневница.

Поплавата дојде пред дождот

Дневник - 08.06.2004

Коментар - Бранко Ѓорѓевски Како што обично бидува, прво ќе се шокираме од поплавите, од несреќата што ги снајде луѓето во Гевгелиско, Струмичко, Тетовско. Од уништените куќи, пропаднати летини, залудната мака од која годинава требаше да се проживее, од солзите на луѓето.

Во валандовските оранжерии крекаат жаби и пливаат риби

Утрински - 08.06.2004

Валандовскиот крај се обидува да ги санира последиците од поплавите, стравувајќи од повторни дождови Штетата се проценува на околу 70 милиони денари од планираното производство наменето за извоз Даниела Трпчевска ВАЛАНДОВО - Големата вода од излеаната Анска Река однесе сў пред себе.

Солидарна дневница од буџетарите за штетата од поплавите

Вест - 08.06.2004

ВЛАДАТА НЕ ПРОГЛАСИ ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА Владата го овластила министерот за финансии Никола Поповски, согласно неговите законски ингеренции веднаш да донесе одлука за одвојување по една солидарна дневница, а за интервентно санирање на штетите Владата одвои 70 милиони денари од Буџетот за ...

Од водата не можам да го видам бостанот

Утрински - 08.06.2004

По поплавите во струмичките села, се отстрануваат наносите СУЗАНА ТАСЕВА СТРУМИЦА - Поплавите во Струмичкиот регион предизвикаа огромна материјална штета и претставниците на ресорните министерства и локалната самоуправа сў уште работат на утврдување и процена на штетите.

Не поплави јавашлакот

Дневник - 08.06.2004

ОПШТИНИТЕ ЌЕ ГИ ПРОЦЕНУВААТ ШТЕТИТЕ Додека водостопанските претпријатија апелираа да се плаќа водарина, каналите останаа неисчистени и полињата се претворија во езера Само за десетина дена требаше да почнеме со бербата на доматите, краставиците и на пиперките.

Поплавените бараат отштета

Вест - 08.06.2004

ОПШТИНА ГЕВЕГЛИЈА Жителите од Гевгелиско вчера и завчера ги пријавуваа штетите од поплавата што го зафати гевгелиско-валандовскиот крај во петокот ноќта. Од кабинетот на Петко Смилков, градоначалник на Гевгелија, велат дека општинската зграда постојано е полна со луѓе кои бараат отштета од државата ...

Некои гевгеличани останаа без покрив, други без егзистенција

Утрински - 08.06.2004

Поплавите во Гевгелиско направија огромни штети во стопанството и во земјоделството Сите локални и регионални патишта во Гевгелиско се проодни, градежната механизација забрзано работи на санирање на речните корита ГЕВГЕЛИЈА - Не знам како спасивме глава.

По поплавите демнат тифус и дизентерија

Дневник - 08.06.2004

НЕ Е ЕДНА МАКА... Во поплавените подрачја во Струмичко, Гевгелиско и во Тетовско засега не е регистрирана појава на цревни заразни заболувања, тифус, дизентерија и други. Водата за пиење во критичните подрачја се хиперхлорира со резидуален хлор, а населението се снабдува со вода од цистерни, тврдат ...

Половина Македонија се удави, Владата не прогласува елементарна непогода

Време - 08.06.2004

ПОПЛАВИТЕ НАНЕСОА КАТАСТРОФАЛНИ ШТЕТИ Александра К. Мишовска Водената стихија разурна и оштети голем број куќи, уништи посеви на неколку илјади хектари, однесе мостови, затрупа патишта, а Владата го пребројува ќесето на министерот за финансии и ги премерува штетите за да помогне, без да прогласи ...

Владата нема да прогласи елементарна непогода

А1 - 07.06.2004

Владата нема да бара прогласување на елементарна непогода. Министрите констатирале дека нема потреба од донесување одлука за вонредни мерки иако се уште се сумираат штетите на теренот. „Состојбата е под контрола, одлично функционираат кризните штабови, локалната самоуправа на погодените подрачја и ...

Жителите од Струмичко бараат надоместување на штетите

А1 - 07.06.2004

Земјоделците од поплавените места се револтирани и многу разочарани по веста дека Владата нема да прогласи елементарна непогода. Тие ги обвинуваат надлежните дека во изминативе денови не биле ажурни во проценките на штетите. Се уште нема официјални податоци за направените штети, но земјоделците ...

Индивидуалните земјоделци ретко ги осигуруваат посевите

А1 - 07.06.2004

Големите поплави и штети во Тетовско како и јужните краеви го наплатија данокот во жито и раноградинарски култури. И оваа непогода го покажа високиот ризик на земјоделското производство. „Иако сум регистриран индивидуален земјоделец не сум осигуран во поглед на штетата, ние немаме можност да ги ...

Последиците од поплавите огромни

Канал5 - 07.06.2004

Селото Сопри кое се наоѓа на патот меѓу Валандово и Дојран е непристапно. Во прашање е животот на болни луѓе кои се на дијализа и кои заради непроодниот терен не можат да стасаат до градот. Тетовско, врнежи нема,се проценуваат штетите.

Поплавите не доотепаа

Вест - 07.06.2004

ВОДАТА ОСТАВИ ПУСТОШ ВО ГЕВГЕЛИСКО, СТРУМИЧКО И ТЕТОВСКО ПрвиЧна проценка е дека штетите се најголеми во Гевгелиско, каде водата однесе железничка пруга, патишта, мостови, посеви, пластеници Невремето кое викендов ја зфати Македонија предизвика излевање на реките и браните, оштетување на над ...

Нуркачи од АРМ спасуваа лица од поплавените куќи

Дневник - 07.06.2004

ПУСТОШ ВО СТРУМИЧКО И ВО ВАЛАНДОВСКО Во неколку поплавени села нуркачи ги извлекуваа изнемоштените лица од поплавените домови Силниот дожд што ги зафати Струмичкиот и Валандовскиот регион во петокот навечер, од 19 до 22 часот, направи огромни штети.

Македонија под вода - уништени куќи, посеви и патишта

Време - 07.06.2004

ПОРАДИ НЕКОЛКУДНЕВНИТЕ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ Александра К. Мишовска Поплавени куќи, уништени земјоделски посеви, отсечени патишта и пруги, прекини во електричната и во водоводната мрежа и глуви телефонски врски се последиците од поројните дождови кои ја зафатија Македонија.

Маката и потта на земјоделците отидоа во неврат

Утрински - 07.06.2004

Поројните дождови уништија се во неколку струмички села Во петнаесетина населени места се поплавени поголем дел од домовите, а најдраматично било во селото Мокрино, каде што од планината Беласица поројните дождови со себе носеле камења големи и до два метра, од кои две деца едвај успеале да се ...

Надојдените реки направија пустош

Утрински - 07.06.2004

Водата уриваше мостови, носеше автомобили и корнеше дрвја Големите поплави што во петокот навечер ги зафатија Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово и селата во Тетовско предизвикаа вистински потоп и огромни материјални штети.

Реките во Тетовско направија штета од 1 милион евра

Дневник - 07.06.2004

ПРВИЧНИ ПРОЦЕНИ Поплавени се куќи во селата и повеќе од 500 хектари ниви, а надојдената Пена во петокот му се закани и на Тетово Повеќе од 500 хектари плодно земјиште и куќи во петокот ноќта беа поплавени од излеаните води на реката Вардар, во Долнополошкиот регион.