TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

СДСМ: Јанкуловска да си поднесе оставка

А1 - 30.09.2007

Опозицијата бара оставка од министерката за внатрешни работи Јанкуловска. МВР им одговори дека барањето било задоцнето, оти кривични пријави за случајот со претепувањето на снимателот на „Алсат“ веќе биле поднесени. „Министерката Јанкуловска уште пред два дена излезе и кажа дека е поднесена ...

Снимателот Љубовчевски ги идентификуваше полицајците што го претепаа

Канал5 - 29.09.2007

Претепаниот снимател Игор Љубовчевски денеска во МВР, во присуство на истражен судија, ги препозна полицајците кои пред три дена крвнички го нападнаа на тетовската патарина додека снимал. Претепаниот снимател Игор Љубовчевски денеска во МВР, во присуство на истражен судија, ги препозна полицајците ...

Суспендирани четворица „алфи“ што го претепаа снимателот на Алсат

Утрински - 28.09.2007

Четворица припадници на МВР се суспендирани поради нападот на снимателот на Алсат, Игор Љубовчевски, кој е хоспитализиран поради тешките повреди што му се нанесени. МВР поднесе и прекршочна пријава против Беќир Асани од Танушевци, кој му удри шлаканица на новинарот на А1 телевизија Лирим Дулови во ...

Тепачите кривично да одговараат

Дневник - 28.09.2007

Припадниците на полициската единица „Алфа“, кои го претепале снимателот на телевизија Алсат мора кривично да одговараат, побара вчера Асоцијацијата на приватни електронски медиуми. Претседателот на Асоцијацијата Виктор Грозданов побара средба со министерката Гордана Јанкуловска и целосно ...

Суспендирани „алфите“ што го претепаа камерманот на Алсат

Дневник - 28.09.2007

Суспендирани се четворица полицајци, а против еден од нив е поднесена кривична пријава поради тоа што завчера, кај Желино, Тетовско, го претепаа снимателот на телевизија Алсат. МВР вчера соопшти дека води истрага уште против тројца полицајци, кои негираат дека учествувале во настанот што предизвика ...

Медиумите ја бојкотираа Владата

Вест - 28.09.2007

ПОРАДИ ТЕПАЊЕТО НОВИНАРИ Вчера прв пат се случи организиран бојкот од медиумите на прес - конференција на Владата. Новинарите, снимателите и фоторепортерите на речиси сите медиумски куќи изразија револт поради оневозможувањет Вчера прв пат се случи организиран бојкот од медиумите на прес - ...

Новинарите чекаат што ќе направи МВР со тепачите

Утрински - 28.09.2007

На критиките од Европскиот парламент за работата на единицата за брзи интервенции при МВР „Алфи“ вчера се придружи и амбасадата на САД. Таа го осуди инцидентот во кој полицијата употреби сила и застрашување за да ги спречи медиумите да ја извршуваат својата задача да известуваат за настани од ...

Медиумите ја опоменаа Владата

Дневник - 28.09.2007

По првата реченица на премиерот, новинарите, фоторепортерите и снимателите ја напуштија салата за прес-конференции на Владата Сите новинари, фоторепортери и сниматели ја бојкотираа вчерашната прес-конференција на Владата во знак на протест поради инцидентите во кои настрадаа претставници на ...

Медиумите ја бојкотираа прес-конференцијата на Владата

А1 - 27.09.2007

Добрата вест што сакаше да ја соопшти премиерот не ја доврши. Медиумите го искажаа својот револт, откако се случија неколку напади врз наши колеги. Снимателите ги спуштија камерите, новинарите ја напуштија денешната прес-конференција на владата.

Суспендирани напаѓачите на снимателот

А1 - 27.09.2007

Припадниците на МВР кои учествувале во случајот кај Желино утринава се суспендирани и покрената е и постапка за утврдување на нивната одговорност, изјави денеска министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. „Врз основа на пријавата што ја добивме синоќа околу 19 часот и исказите на ...

Јанкуловска го осуди претепувањето на снимателот на Алсат

А1 - 27.09.2007

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вечерва изрази осуда на инцидентот во кој беше претепан снимателот на Алсат телевизија. Нема да дозволам ничија индивидуална постапка да ја засени извонредната соработка меѓу Министерството и седмата сила.

Претепан снимател на „Алсат“

Време - 27.09.2007

Игор Љубовчевски, снимател на телевизија „Алсат“, бил претепан од припадниците на полициската единица „Алфа“ кај наплатната рампа Желино, на патот Скопје - Тетово, вчера попладне, тврдат од оваа скопска телевизиска станица. - Нашиот снимател беше брутално претепан од „Алфите“, наводно затоа што ги ...

Дураку задржан кај Желино, па пуштен

Дневник - 27.09.2007

Пратеникот на ДУИ, Садула Дураку, вчера бил запрен од полицијата кај наплатната рампа Желино на автопатот Скопје-Тетово и не му било дозволено да продолжи за Тетово на вонредната седница на централното партиско тело, соопшти вчера Џевад Адеми, член на Претседателството на ДУИ.

Кај Желино сопрен пратеникот Садула Дураку

Утрински - 27.09.2007

ТЕТОВО - Кај наплатната рампа Желино, пратеникот Садула Дураку вчера во 13 часот бил сопрен и спречен да патува во Тетово. Со него биле задржани и новинарите и снимателите на А1, Алсат и МТВ на кои им биле одземени снимените ленти од настанот, а снимателот на Алсат, Игор Љубовчевски, бил претепан.

Спуштени камери и фотоапарати – новинарите му го свртеа грбот на премиерот

Канал5 - 27.09.2007

Во знак на протест поради грубото претепување на снимателот на Алсат телевизија од припадници на полицијата – снимателите денеска ги симнаа камерите – одбија да го снимаат пресот на премиерот Груевски и неговиот тим министри.

„Алфи“ претепаа камерман на Алсат

Дневник - 27.09.2007

Го тепале пред наплатната рампа, но како да не им било доволно тоа, па го внесле во кабината и таму продолжиле да го тепаат , вели главниот уредник на Алсат Пукнато ребро и модринки по грбот се последица од вчерашното претепување на снимателот на скопската телевизија Алсат, Игор Љубовчевски, од ...

Цензура со тепање

Вест - 27.09.2007

ПОЛИЦИЈАТА МУ СКРШИ РЕБРО НА НОВИНАР Полицајци во цивилна облека вчера попладне го претепале камерманот на "Алсат" ТВ Игор Љубовчевски, бидејќи ги снимал додека го легитимирале пратеникот на ДУИ Садула Дураку. Љубовчевски од тепањето има едно пукнато ребро и видливи повреди по телото.

Кривична пријава за еден и суспензии за четворица од полицајците што го тепаа снимателот

Канал5 - 27.09.2007

Министерката Јанкуловска потврди дека алфи го претепале снимателот Игор Љубовчевски – четворица се суспендирани, а против еден е покрената кривична пријава. Министерката Јанкуловска потврди дека алфи го претепале снимателот Игор Љубовчевски четворица се суспендирани, а против еден е покрената ...

„Алфите“ претепаа снимател на Алсат

А1 - 26.09.2007

Тензиите од Скопје се преселија во Тетово. Претепан снимател на Алсат телевизија. Припадниците на „Алфите“ кај наплатната рампа Желино брутално го нападнале снимателот Игор Љубовчевски, кој одбил да им ја предаде лентата со снимениот инцидент меѓу полицијата и жителите на Желино.

Полицијата брутално претепа снимател на Алсат зашто не сакал да престане да снима

Канал5 - 26.09.2007

Полицијата брутално го претепа снимателот на телевизија ал сат Игор Љубовчевски зашто одби да ги предаде снимките на кои алфите го запираат возилото на Садула Дураку –пратеникот од ДУИ кој вчера во собранието го нападна Вејсели, кој по интервенцијата на сопартецот Адеми е пуштен На Партискиот ...

Народниот правобранител Иџет Мемети отвори истрага за претепувањето на снимателот на Алсат

Канал5 - 26.09.2007

Народниот правобранител отвора истрага за бруталното претепување на снимателот на Алсат. Претставници од канцеларијата на омбудсманот Мемети беа во градската болница каде што беше примен снимателот Љубовчевски, разговараа со него, со новинарот- очевидец и со главниот и одговорен уредник на ...