Претседателот Црвенковски денеска им порача на српските функционери, кои преку медиумите бараа ослободување на Вранишковски, дека Македонија нема да дозволи мешање во своите внатрешните работи. Според Претседателот, нема никаква причина било кој поединец или институција во Србија, да се ангажира во ...
За претседателот Бранко Црвенковски случајот„Вранишковски“ е внатрешно прашање на Македонија и затоа тој не гледа ниту една причина поединци или државни инстутиции од Србија да се ангажираат за овој предмет. Секој таков обид, според шефот на државата, претставува инволвирање во внатрешните работи ...
Јован Вранишковски е човек со сомнителен кредибилитет и многу е незгодно што српската држава и црква се ставаат во улога на негови заштитници, вели за Канал 5 епископот Велички Методиј. Според него, ова покажува дека целиот случај не е имун на политиканство.
Владиката Кирил денеска беше во Лешок, каде што се сретна со претставници на македонците од дијаспората. Еве што тој вели за притисоците од СПЦ и Владата на Србија, за ослободување на Вранишковски. „Навистина многу трагично, многу жалосно.
влада Министерството за правда побарало од судот во Битола детаљна информација за случајот "Вранишковски", дознава "Дневник". Информацијата, како што дознаваме, треба да содржи податоци за целата постапка - за почетокот, текот и за епилогот на судскиот процес против Јован Вранишковски.
Јавноста во Србија малку знае за заднината на проблемот и најчесто Јован го доживува и го именува како српски владика Дека Коштуница и патријархот Павле нема лесно да се откажат од Јован потврдува и нивната прексиноќешна средба на која било заклучено дека пуштањето на Вранишковски е единствено ...
БЕЛГРАД Белград - Српскиот патријарх Павле и претседателот на Србија, Борис Тадиќ, се договориле да вложат напори за решавање на проблемот со апсењето на српскиот егзарх во Македонија, Јован. Договорот, според прес-службата на Тадиќ, подразбира вложување напори да се реши проблемот †во духот на ...
Крагуевац Одборот за ослободување егзархот на српската црква за Македонија Јован Вранишковски, на протестен собир во центарот на Крагуевац побара македонската влада безусловно да го ослободи од натамошното издржување на затворската казна.
Билјана Маркозанова Меѓународната заедница ќе побара од Македонија ослободување на Вранишковски, дознава "Вечер". Според нашите сознанија, меѓународните претставници се многу заинтересирани за случајот и наскоро ќе се огласат во врска со него.
МОЈАНОВСКИ >†Не постојат законски можности македонската Влада да овозможи ослободување на Јован Вранишковски од затворри, му одговорил претседателот на Комисијата за верски заедници, Цане Мојановски, на српскиот министер за вери, Милош Радуловиќ.
МОЈАНОСКИ ИМ ОДГОВОРИ НА СРПСКИТЕ МИНИСТРИ Сунчица Стојановска Владата нема законски можности да го ослободи Јован Вранишковски бидејќи него го осудија независни судски органи, изјави Цане Мојаноски, претседател на комисијата за односи со верски заедници, откако српскиот министер за вери побара ...
Патријархот се помалку може да им се спротивстави на јастребите во Синодот на Српската православна црква Српската црква прво ни отвори своевидна војна со Црна Гора, а сега истото се обидува да ни го направи и со Македонија, коментираат белграѓани, се разбира оние умерените Од наШиот известуваЧ ...
Не престанува притисокот на српските владини и црковни претставници за ослободување на Јован Вранишкоски.. Последното барање доаѓа од српскиот премиер Коштуница и од патријархот Павле кои на вчерашната средба заклучиле дека српскиот егзарх треба веднаш да биде пуштен на слобода бидејќи, како што се ...
Скопје Последиците од “случајот Вранишковски“ се катастрофални за имиџот на Македонија, која, во очите на светот, затвора свештеници со, на прв поглед, неразбирливи аргументи, изјави во интервјуто за денешен “Дневник“ Оливие Жиле, професор на слободниот Универзитет во Брисел.
Белград Српскиот патријарх Павле и претседателот на Србија Борис Тадиќ се договориле денеска да вложат напори за решавање на проблемот со апсењето на македонскиот државјанин Зоран Вранишкоски, кој е именуван за архиепископ и српски егзарх за Македонија, под духовно име Јован.
Претседателот на Комисијата за односи со верските заедници, Цане Мојановски, го одби барањето на министерот за вера на Србија, Милан Радуловиќ, за ослободување на Јован Вранишковски. "Комисијата за односи со верските заедници целосно го почитува уставниот принцип за одвоеноста на црквата и државата.
Македонија не прифаќа меѓудржавен дијалог за верски прашања. Владината Комисијата за односи со верски заедници го одби барањето на српскиот министер за вера Милан Радуловиќ, кој завчера побара комисијата да и укаже на Владата дека казната затвор за Вранишковски е неубедлива и неприфатлива.
Реакции во српската јавност по кризата во релациите со Македонија поради апсењето на Јован Апсењето на Јован Вранишковски и односите меѓу Македонија и Србија и понатаму е ударна вест во информативните емисии на српските медиуми и топ-тема во изданијата на дневниот печат во Белград.
ВЛАДО НИКОЛОСКИ Сакале ние или не, случајот „Вранишковски“ ги наруши добрососедските односи меѓу Македонија и Србија и Црна Гора. Српските политичари секој ден предупредуваат дека затворската казна за српскиот владика сериозно може да ги влоши билатералните односи меѓу двете земји.
По одложувањето на пријателскиот меч меѓу Пелистер и Раднички (Н) Без објаснување гостите од Ниш го откажаа седумдневниот престој во Охрид и мечот во Битола битола - Вчерашниот меѓународен пријателски фудбалски натпревар меѓу екипите на Пелистер и Раднички од Ниш што требаше да се одигра на ...
За починатиот г.г. Михаил спорно беше дури и завладичувањето на Вранишковски Со ништо не ограничената слобода Јован добро ја искористи, но на штета на Македонската православна црква, во која ги доби сите достоинства Билјана Јовановска "Дедо Јоване со тебе ниту почнува ниту завршува православието".
коментари во српските весници Големо медиумско покривање на "случајот Вранишковски" во српските медиуми, а некои дури најавуваат и отворање економска војна Српската влада ја разгледува можноста привремено да ја затвори границата со Македонија како реакција на затворањето на српскиот егзарх Јован.
НА СРЕДБАТА НА ПРЕМИЕРИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА Воислав Коштуница, премиерот на Србија, најавил влошување на односите меѓу Македонија и Србија поради затворањето на српскиот егзарх, Јован Вранишковски, пренесоа вчера светските агенции од средбата на премиерите од Југоисточна Европа, која деновиве ...
АПЕЛ Синодот на Српската православна црква одново се огласи со апел за ослободување на расчинетиот владика Јован. Овој пат со барање упатено до нивниот претседател, до сите христијани, сите верници и до сите оние православни верници кои "имаат чувство за правда да Ј упатат на Владата во Скопје ...
Српскиот премиер бара ослободување на Јован, македонскиот инсистира на почитување на правото >?Единствено решение е ослободувањето на Јован колку што е можно побрзо. Одлагањето ја отежнува ситуацијата. Двете цркви треба да го решат овој проблемми, изјави српскиот премиер Воислав Коштуница на ...
ФУДБАЛ - ДАЛИ И СПОРТОТ ЌЕ СТАНЕ ЗАЛОЖНИК ВО СЛУЧАЈОТ ВРАНИШКОВСКИ? Своето недоаѓање на подготовки во Охрид и на средбата во Битола нишлиите го објаснуваат со неуверлива промена на календарот на тренинзите БИТОЛА. - Меѓународниот пријателски фудбалски меч меѓу второлигашките екипи на Пелистер и на ...
Скопје Македонската влада нема законски можности да издејствува ослободување на Јован Вранишковски, бидејќи станува збор за одлука на судските органи, кои се независни. Ова се наведува во изјавата на претседателот на македонската Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Цане ...
Скопје Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј Втори во писмото упатено до македонскиот претседател Бранко Црвенковски, побара ослободување од затвор на Јован Вранишковски, кого српската црква го назначи за свој егзарх во Македонија.
Српската Влада ја разгледува можноста привремено да ја затвори границата со Македонија како реакција на затворањето на српскиот егзарх Јован, најави вчера белградскиот весник "Курир". Македонско-српските односи вчера беа топ-тема во српските медиуми кои оценија дека релациите помеѓу двете земји се ...
"Да ги оставиме црковните работи настрана и да продолжат понатаму пријателските односи меѓу Република Македонија и Србија. Македонија продолжува да гради пријателски односи со Србија и проблемот меѓу двете цркви кој настана со случајот Вранишковски верувам ќе биде само непопуларна епизода во нашите ...
Српскиот премиер го одби барањето на Бучковски црковните проблеми да не ги попречуваат пријателските односи меѓу Србија и Македонија. За Коштуница единствен гарант за добрите односи меѓу Белград и Скопје е ослободување на Вранишковски.
Српскиот патријарх Павле денеска на вонредна седница го информирал синодот на СПЦ дека упатил личен апел за ослободување на егзархот Јован од издржување на затворската казна до, како што се наведува во соопштението на СПЦ, најодговорните личности и институции во светот.
Во Салцбург денеска, првпат по ескалацијата на односите меѓу двете држави по апсењето на српскиот егзарх Јован, очи в очи се сретнале македонскиот и српскиот премиер Владо Бучковски и Воислав Коштуница. Во Салцбург денеска, првпат по ескалацијата на односите меѓу двете држави по апсењето на ...
Српскиот претседател Борис Тадиќ во вчерашното јавно обраќање повика на зачувување на, како што ги нарече, добрите односи меѓу Македонија и Србија кои се заострија по затворањето на Вранишковски. Тадиќ побара немешање на српските власти во ова, според него, внатрешно прашање на Македонија.
шефот на дрЖавата КАТЕГОРИЧЕН Се надевам дека во догледно време ќе преовлада разумот во Белград, изјави Бранко Црвенковски Нема да се пазариме со властите во Белград за ослободување на Вранишковски во замена за влез во "Св. Прохор Пчињски", изјави претседателот Бранко Црвенковски, по отворањето на ...
Се заострува притисокот врз Македонија од српскиот државен врв за ослободување на Вранишковски СПЦ не е заинтересирана пред својата јавност да го обелодени проектот за инсталирање на паралелна црква во Република Македонија Билјана Јовановска Три дена ударна вест во информативните емисии на ...
Врањскиот владика Пахомие неофицијално порача Српската православна црква не се откажала од идејата за расчинување на сите владици на Македонската православна црква. Ова вчера на македонските новинари кои го посетија манастирскиот комплекс "Прохор Пчињски" неофицијално им го соопштил врањскиот ...
Српската Влада ја разгледува можноста привремено да ја затвори границата со Македонија и да го повлече признавањето на земјата под уставното име како реакција на затворањето на Јован Вранишковски. Ова денеска на насловната страница го објавува белградскиот весник „Курир“, повикувајќи се на извори ...
ВЛАДИКАТА КИРИЛ ВО ЗУБОВЦЕ Јован Вранишковски е клонирана творба што ја наметнуваат Српската црква и српските власти, а медиумите и даваат преголемо значење, изјави владиката Кирил на прославата на Света Марена во гостиварското село Зубовце.
Претседателот Црвенковски завчера во Небрегово изјави дека не може да стане збор за никакво пазарење со властите во Белград за ослободување на Вранишковски во замена за влез во Прохор Пчињски. "Мислам дека се работи за погрешна одлука на српските власти, која е спротивна на градењето добри односи.
Салцбург Оценка дека станува збор за “епизода“ во односите меѓу Македонија и Србија во однос на затворањето на Јован Вранишкоски, изрази денеска во Салцбург македонскиот премиер Владо Бучковски, наспроти српскиот, премиер Воислав Коштуница, кој изјави дека бил “сериозно разочаран“.
Белград Српската Влада ја разгледува можноста привремено да ја затвори границата со Македонија како реакција на затворањето на српскиот егзарх Јован. Ова, како што пренесува Макфакс, денеска на насловната страница го објави белградскиот весник “Курир“, во текст под наслов “Србија, поради владиката ...
Дали Српската православна црква се обидува да фингира меѓудржавна криза, со цел да издејствува ослободување на Вранишковски од затвор? Одделни белградски медиуми деновиве, по затворањето на Вранишковски, се претворија, буквално, во медиумска инквизиција, ставајќи ги Македонија и македонските власти ...
За претседателот Бранко Црвенковски погрешна е одлуката на Белград да не дозволи македонска државна делегација да ја одбележи 61 годишнината од одржувањето на второто заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчињски. За претседателот Бранко Црвенковски погрешна е одлуката на Белград да не дозволи ...
Црвенковски и Тадиќ ја смируваат топката меѓу Македонија и Србија по заострувањето на односите со затворањето на Вранишковски и со одлуката на српските власти да не и се дозволи на македонска државна делегација да ја одбележи 61 годишнината од Второто заседание на АСНОМ во Прохор Пчињски.
Белград Српскиот бизнисмен и политичар Богољуб Кариќ, кому на сон му се јавил „владиката Јован“, т.е. Зоран Вранишкоски, ќе упати писмо со апел на неколку странски адреси за да помогне околу ослободувањето на српскиот егзарх во Македонија.