TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Црвенковски нема да дозволи мешање за случајот Вранишковски

А1 - 07.08.2005

Претседателот Црвенковски денеска им порача на српските функционери, кои преку медиумите бараа ослободување на Вранишковски, дека Македонија нема да дозволи мешање во своите внатрешните работи. Според Претседателот, нема никаква причина било кој поединец или институција во Србија, да се ангажира во ...

Црвенковски: Вранишковски е внатрешно прашање

Канал5 - 07.08.2005

За претседателот Бранко Црвенковски случајот„Вранишковски“ е внатрешно прашање на Македонија и затоа тој не гледа ниту една причина поединци или државни инстутиции од Србија да се ангажираат за овој предмет. Секој таков обид, според шефот на државата, претставува инволвирање во внатрешните работи ...

Нема место за страв од заканите на СПЦ за анатемисување на МПЦ

Канал5 - 07.08.2005

Јован Вранишковски е човек со сомнителен кредибилитет и многу е незгодно што српската држава и црква се ставаат во улога на негови заштитници, вели за Канал 5 епископот Велички Методиј. Според него, ова покажува дека целиот случај не е имун на политиканство.

Владиката Кирил: Нема алтернатива со СПЦ и српската Влада

А1 - 06.08.2005

Владиката Кирил денеска беше во Лешок, каде што се сретна со претставници на македонците од дијаспората. Еве што тој вели за притисоците од СПЦ и Владата на Србија, за ослободување на Вранишковски. „Навистина многу трагично, многу жалосно.

Ревизија на пресудата за Јован?

Дневник - 06.08.2005

влада Министерството за правда побарало од судот во Битола детаљна информација за случајот "Вранишковски", дознава "Дневник". Информацијата, како што дознаваме, треба да содржи податоци за целата постапка - за почетокот, текот и за епилогот на судскиот процес против Јован Вранишковски.

Стивнува еуфоричната поддршка на Вранишковски

Утрински - 06.08.2005

Јавноста во Србија малку знае за заднината на проблемот и најчесто Јован го доживува и го именува како српски владика Дека Коштуница и патријархот Павле нема лесно да се откажат од Јован потврдува и нивната прексиноќешна средба на која било заклучено дека пуштањето на Вранишковски е единствено ...

Тадиќ и Павле здружено ќе му помагаат на Јован

Утрински - 06.08.2005

БЕЛГРАД Белград - Српскиот патријарх Павле и претседателот на Србија, Борис Тадиќ, се договориле да вложат напори за решавање на проблемот со апсењето на српскиот егзарх во Македонија, Јован. Договорот, според прес-службата на Тадиќ, подразбира вложување напори да се реши проблемот †во духот на ...

Протест за ослободување на Вранишкоски

Макфакс - 06.08.2005

Крагуевац Одборот за ослободување егзархот на српската црква за Македонија Јован Вранишковски, на протестен собир во центарот на Крагуевац побара македонската влада безусловно да го ослободи од натамошното издржување на затворската казна.

И дипломатите бараат ослободување на Вранишковски

Вечер Прес - 06.08.2005

Билјана Маркозанова Меѓународната заедница ќе побара од Македонија ослободување на Вранишковски, дознава "Вечер". Според нашите сознанија, меѓународните претставници се многу заинтересирани за случајот и наскоро ќе се огласат во врска со него.

Владата не може да го ослободи Вранишковски од затвор

Утрински - 05.08.2005

МОЈАНОВСКИ >†Не постојат законски можности македонската Влада да овозможи ослободување на Јован Вранишковски од затворри, му одговорил претседателот на Комисијата за верски заедници, Цане Мојановски, на српскиот министер за вери, Милош Радуловиќ.

Владата не може да го ослободи Вранишковски

Време - 05.08.2005

МОЈАНОСКИ ИМ ОДГОВОРИ НА СРПСКИТЕ МИНИСТРИ Сунчица Стојановска Владата нема законски можности да го ослободи Јован Вранишковски бидејќи него го осудија независни судски органи, изјави Цане Мојаноски, претседател на комисијата за односи со верски заедници, откако српскиот министер за вери побара ...

Белград поделен околу поддршката на Вранишковски

Утрински - 05.08.2005

Патријархот се помалку може да им се спротивстави на јастребите во Синодот на Српската православна црква Српската црква прво ни отвори своевидна војна со Црна Гора, а сега истото се обидува да ни го направи и со Македонија, коментираат белграѓани, се разбира оние умерените Од наШиот известуваЧ ...

Коштуница и патријархот Павле бараат да се ослободи Јован

Канал5 - 05.08.2005

Не престанува притисокот на српските владини и црковни претставници за ослободување на Јован Вранишкоски.. Последното барање доаѓа од српскиот премиер Коштуница и од патријархот Павле кои на вчерашната средба заклучиле дека српскиот егзарх треба веднаш да биде пуштен на слобода бидејќи, како што се ...

Затворањето на владиката Јован го нарушува имиџот на Македонија

Макфакс - 05.08.2005

Скопје Последиците од “случајот Вранишковски“ се катастрофални за имиџот на Македонија, која, во очите на светот, затвора свештеници со, на прв поглед, неразбирливи аргументи, изјави во интервјуто за денешен “Дневник“ Оливие Жиле, професор на слободниот Универзитет во Брисел.

Тадиќ и патријарх Павле здружено за решавање на случајот Јован

Макфакс - 05.08.2005

Белград Српскиот патријарх Павле и претседателот на Србија Борис Тадиќ се договориле денеска да вложат напори за решавање на проблемот со апсењето на македонскиот државјанин Зоран Вранишкоски, кој е именуван за архиепископ и српски егзарх за Македонија, под духовно име Јован.

Владата не може да го ослободи Вранишковски

Вечер Прес - 05.08.2005

Претседателот на Комисијата за односи со верските заедници, Цане Мојановски, го одби барањето на министерот за вера на Србија, Милан Радуловиќ, за ослободување на Јован Вранишковски. "Комисијата за односи со верските заедници целосно го почитува уставниот принцип за одвоеноста на црквата и државата.

Владата одби да разговара за Вранишковски

А1 - 04.08.2005

Македонија не прифаќа меѓудржавен дијалог за верски прашања. Владината Комисијата за односи со верски заедници го одби барањето на српскиот министер за вера Милан Радуловиќ, кој завчера побара комисијата да и укаже на Владата дека казната затвор за Вранишковски е неубедлива и неприфатлива.

Црковните спорови ги заладија односите меѓу Македонија и Србија

Утрински - 04.08.2005

Реакции во српската јавност по кризата во релациите со Македонија поради апсењето на Јован Апсењето на Јован Вранишковски и односите меѓу Македонија и Србија и понатаму е ударна вест во информативните емисии на српските медиуми и топ-тема во изданијата на дневниот печат во Белград.

Политичарите не се веќе атеисти

Време - 04.08.2005

ВЛАДО НИКОЛОСКИ Сакале ние или не, случајот „Вранишковски“ ги наруши добрососедските односи меѓу Македонија и Србија и Црна Гора. Српските политичари секој ден предупредуваат дека затворската казна за српскиот владика сериозно може да ги влоши билатералните односи меѓу двете земји.

Дали Вранишковски ги мати и спортските води?

Утрински - 04.08.2005

По одложувањето на пријателскиот меч меѓу Пелистер и Раднички (Н) Без објаснување гостите од Ниш го откажаа седумдневниот престој во Охрид и мечот во Битола битола - Вчерашниот меѓународен пријателски фудбалски натпревар меѓу екипите на Пелистер и Раднички од Ниш што требаше да се одигра на ...

Зошто Синодот го толерираше "енергичниот" Јован

Утрински - 04.08.2005

За починатиот г.г. Михаил спорно беше дури и завладичувањето на Вранишковски Со ништо не ограничената слобода Јован добро ја искористи, но на штета на Македонската православна црква, во која ги доби сите достоинства Билјана Јовановска "Дедо Јоване со тебе ниту почнува ниту завршува православието".

Нема да газиме македонски домати и да истураме "Т‘га за југ"

Дневник - 04.08.2005

коментари во српските весници Големо медиумско покривање на "случајот Вранишковски" во српските медиуми, а некои дури најавуваат и отворање економска војна Српската влада ја разгледува можноста привремено да ја затвори границата со Македонија како реакција на затворањето на српскиот егзарх Јован.

Бучковски му се правдал на Коштуница за Вранишковски

Време - 04.08.2005

НА СРЕДБАТА НА ПРЕМИЕРИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА Воислав Коштуница, премиерот на Србија, најавил влошување на односите меѓу Македонија и Србија поради затворањето на српскиот егзарх, Јован Вранишковски, пренесоа вчера светските агенции од средбата на премиерите од Југоисточна Европа, која деновиве ...

Индиректна молба до Владата на РМ за ослободување на Јован

Утрински - 04.08.2005

АПЕЛ Синодот на Српската православна црква одново се огласи со апел за ослободување на расчинетиот владика Јован. Овој пат со барање упатено до нивниот претседател, до сите христијани, сите верници и до сите оние православни верници кои "имаат чувство за правда да Ј упатат на Владата во Скопје ...

Коштуница и Бучковски во клинч за Јован во Салцбург

Утрински - 04.08.2005

Српскиот премиер бара ослободување на Јован, македонскиот инсистира на почитување на правото >?Единствено решение е ослободувањето на Јован колку што е можно побрзо. Одлагањето ја отежнува ситуацијата. Двете цркви треба да го решат овој проблемми, изјави српскиот премиер Воислав Коштуница на ...

Вранишковски го одложи дуелот Раднички (Н) - Пелистер

Вест - 04.08.2005

ФУДБАЛ - ДАЛИ И СПОРТОТ ЌЕ СТАНЕ ЗАЛОЖНИК ВО СЛУЧАЈОТ ВРАНИШКОВСКИ? Своето недоаѓање на подготовки во Охрид и на средбата во Битола нишлиите го објаснуваат со неуверлива промена на календарот на тренинзите БИТОЛА. - Меѓународниот пријателски фудбалски меч меѓу второлигашките екипи на Пелистер и на ...

Владата не може да го ослободи Вранишковски

Макфакс - 04.08.2005

Скопје Македонската влада нема законски можности да издејствува ослободување на Јован Вранишковски, бидејќи станува збор за одлука на судските органи, кои се независни. Ова се наведува во изјавата на претседателот на македонската Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Цане ...

Рускиот патријарх бара ослободување на Вранишковски

Макфакс - 04.08.2005

Скопје Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј Втори во писмото упатено до македонскиот претседател Бранко Црвенковски, побара ослободување од затвор на Јован Вранишковски, кого српската црква го назначи за свој егзарх во Македонија.

Белград најавува затворање на границата

Вечер Прес - 04.08.2005

Српската Влада ја разгледува можноста привремено да ја затвори границата со Македонија како реакција на затворањето на српскиот егзарх Јован, најави вчера белградскиот весник "Курир". Македонско-српските односи вчера беа топ-тема во српските медиуми кои оценија дека релациите помеѓу двете земји се ...

Вранишковски е само непопуларна епизода

Вечер Прес - 04.08.2005

"Да ги оставиме црковните работи настрана и да продолжат понатаму пријателските односи меѓу Република Македонија и Србија. Македонија продолжува да гради пријателски односи со Србија и проблемот меѓу двете цркви кој настана со случајот Вранишковски верувам ќе биде само непопуларна епизода во нашите ...

Бучковски и Коштуница останаа на своите ставови за Вранишковски

А1 - 03.08.2005

Српскиот премиер го одби барањето на Бучковски црковните проблеми да не ги попречуваат пријателските односи меѓу Србија и Македонија. За Коштуница единствен гарант за добрите односи меѓу Белград и Скопје е ослободување на Вранишковски.

Вонредна седница на СПЦ

Канал5 - 03.08.2005

Српскиот патријарх Павле денеска на вонредна седница го информирал синодот на СПЦ дека упатил личен апел за ослободување на егзархот Јован од издржување на затворската казна до, како што се наведува во соопштението на СПЦ, најодговорните личности и институции во светот.

Средба Бучковски - Коштуница

Канал5 - 03.08.2005

Во Салцбург денеска, првпат по ескалацијата на односите меѓу двете држави по апсењето на српскиот егзарх Јован, очи в очи се сретнале македонскиот и српскиот премиер Владо Бучковски и Воислав Коштуница. Во Салцбург денеска, првпат по ескалацијата на односите меѓу двете држави по апсењето на ...

Тадиќ со обраќање побара немешање во Република Македонија

Канал5 - 03.08.2005

Српскиот претседател Борис Тадиќ во вчерашното јавно обраќање повика на зачувување на, како што ги нарече, добрите односи меѓу Македонија и Србија кои се заострија по затворањето на Вранишковски. Тадиќ побара немешање на српските власти во ова, според него, внатрешно прашање на Македонија.

Нема пазар Јован за Прохор

Дневник - 03.08.2005

шефот на дрЖавата КАТЕГОРИЧЕН Се надевам дека во догледно време ќе преовлада разумот во Белград, изјави Бранко Црвенковски Нема да се пазариме со властите во Белград за ослободување на Вранишковски во замена за влез во "Св. Прохор Пчињски", изјави претседателот Бранко Црвенковски, по отворањето на ...

Србите во информативна блокада за "случајот Јован"

Утрински - 03.08.2005

Се заострува притисокот врз Македонија од српскиот државен врв за ослободување на Вранишковски СПЦ не е заинтересирана пред својата јавност да го обелодени проектот за инсталирање на паралелна црква во Република Македонија Билјана Јовановска Три дена ударна вест во информативните емисии на ...

СПЦ ќе ги расчини македонските владици

Утрински - 03.08.2005

Врањскиот владика Пахомие неофицијално порача Српската православна црква не се откажала од идејата за расчинување на сите владици на Македонската православна црква. Ова вчера на македонските новинари кои го посетија манастирскиот комплекс "Прохор Пчињски" неофицијално им го соопштил врањскиот ...

„Курир“: Поради владиката Јован Србија ја затвора граница со Македонија

Канал5 - 03.08.2005

Српската Влада ја разгледува можноста привремено да ја затвори границата со Македонија и да го повлече признавањето на земјата под уставното име како реакција на затворањето на Јован Вранишковски. Ова денеска на насловната страница го објавува белградскиот весник „Курир“, повикувајќи се на извори ...

Вранишковски е клон

Дневник - 03.08.2005

ВЛАДИКАТА КИРИЛ ВО ЗУБОВЦЕ Јован Вранишковски е клонирана творба што ја наметнуваат Српската црква и српските власти, а медиумите и даваат преголемо значење, изјави владиката Кирил на прославата на Света Марена во гостиварското село Зубовце.

Црвенковски: Нема пазарење со српските власти

Вест - 03.08.2005

Претседателот Црвенковски завчера во Небрегово изјави дека не може да стане збор за никакво пазарење со властите во Белград за ослободување на Вранишковски во замена за влез во Прохор Пчињски. "Мислам дека се работи за погрешна одлука на српските власти, која е спротивна на градењето добри односи.

Бучковски: Вранишкоски, “епизода“ во односите меѓу Скопје и Белград

Макфакс - 03.08.2005

Салцбург Оценка дека станува збор за “епизода“ во односите меѓу Македонија и Србија во однос на затворањето на Јован Вранишкоски, изрази денеска во Салцбург македонскиот премиер Владо Бучковски, наспроти српскиот, премиер Воислав Коштуница, кој изјави дека бил “сериозно разочаран“.

Курир: Србија ја затвора границата со Македонија (!?)

Макфакс - 03.08.2005

Белград Српската Влада ја разгледува можноста привремено да ја затвори границата со Македонија како реакција на затворањето на српскиот егзарх Јован. Ова, како што пренесува Макфакс, денеска на насловната страница го објави белградскиот весник “Курир“, во текст под наслов “Србија, поради владиката ...

Македонија на клада!

Вечер Прес - 03.08.2005

Дали Српската православна црква се обидува да фингира меѓудржавна криза, со цел да издејствува ослободување на Вранишковски од затвор? Одделни белградски медиуми деновиве, по затворањето на Вранишковски, се претворија, буквално, во медиумска инквизиција, ставајќи ги Македонија и македонските власти ...

Црвенковски: Погрешна е одлуката на Белград

Канал5 - 02.08.2005

За претседателот Бранко Црвенковски погрешна е одлуката на Белград да не дозволи македонска државна делегација да ја одбележи 61 годишнината од одржувањето на второто заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчињски. За претседателот Бранко Црвенковски погрешна е одлуката на Белград да не дозволи ...

БРАНКО И ТАДИЌ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛЕ

Канал5 - 02.08.2005

Црвенковски и Тадиќ ја смируваат топката меѓу Македонија и Србија по заострувањето на односите со затворањето на Вранишковски и со одлуката на српските власти да не и се дозволи на македонска државна делегација да ја одбележи 61 годишнината од Второто заседание на АСНОМ во Прохор Пчињски.

Кариќ апелира до странци за ослободување на Вранишкоски

Макфакс - 01.08.2005

Белград Српскиот бизнисмен и политичар Богољуб Кариќ, кому на сон му се јавил „владиката Јован“, т.е. Зоран Вранишкоски, ќе упати писмо со апел на неколку странски адреси за да помогне околу ослободувањето на српскиот егзарх во Македонија.