TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДОС на претстојните избори ќе има неколку кандидати

А1 - 24.07.2002

„Демократската опозиција на Србија најверојатно нема да има само еден кандидат на претстојните претседателски избори на Србија, а единствено ќе го поддржи оној кандидат што ќе влезе во вториот изборен круг, доколку до него дојде“, изјави портпаролот на Социјалдемократската партија Љиљана Несторовиќ.

Ју-заменик премиерот Лабус ќе се кандидира за претседател на Србија

Вест - 23.07.2002

БЕЛГРАД, 23 јули (Ројтерс) - Југословенскиот заменик-премиер Мирољуб Лабус вчера најави дека ќе се кандидира за претседател на Србија со што го одбележа почетокот на трката за функцијата меѓу реформистите кои го соборија Слободан Милошевиќ.

Економистот Лабус се кандидираше за претседател на Србија

Дневник - 23.07.2002

ВО БЕЛГРАД ПОЧНА ДА ВРИЕ Југословенскиот вицепремиер Мирољуб Лабус вчера и официјално се кандидираше за претседател на Србија на изборите што ќе се одржат на 29 септември, јави Ројтерс. - Искрено се надевам дека ќе победам - изјави Лабус, кој е и член на експертската група "Г-17 плус".

Мирољуб Лабус ќе се кандидира за претседател

Утрински - 23.07.2002

Започнува пресметката меѓу реформистите во Србија БЕЛГРАД - Југословенскиот заменик-премиер Мирољуб Лабус вчера изјави дека ќе се кандидира за претседателската функција на Србија, започнувајќи пресметка меѓу реформистите кои го соборија Слободан Милошевиќ.

Милошевиќ кандидат за претседател на Србија?

А1 - 22.07.2002

Социјалистичката партија на Србија има намера на претседателските избори што треба да се одржат есенва како кандидат да го предложи Слободан Милошевиќ, кому му се суди пред Хашкиот Трибунал, пишува денеска белградскиот весник „Национал“, повикувајќи се на член на раководството на СПС.