TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тешеира и државниот врв избраа најубава Ромка

Вест - 19.01.2002

НА РОМСКИОТ БАЛ ВО РЕСТОРАНОТ "КАЛЕ" Безмалку целиот македонски државен врв, и Пинто Тешеира, шефот на канцеларијата на Европската комисија во Скопје, завчеравечер, во ресторанот "Кале", во режија на пратеникот Амди Бајрам, избраа мис Ромка.

Сенада Мемедова најубава Ромка за 2002 година

Дневник - 19.01.2002

СЕ ОДРЖА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ РОМСКИ БАЛ Ова е тоа што сакав да го запознаам во Македонија - забава и танцување, ти благодарам Амди - изјави разнежнетиот Пинту Тешеира додека Верица Шерифовиќ му пееше на увце Дваесет и тригодишната Сенада Мемедова од Виница е прогласена за најубава Ромка за 2002 година ...

Традиционален ромски бал и избор за најубава Ромка

Вест - 16.01.2002

УТРЕВЕЧЕР "ПОД КАЛЕ" Утревечер во 21.30 часот во ресторанот "Под Кале" ќе се одржи 15. традиционален ромски бал. Пред балот ќе се одржи и традиционален ромски концерт на Скопски саем од 18.30 часот, за кој влезот е бесплатен. Главното случување на балот ќе биде изборот на најубава ромка.

Традиционален избор на ромска убавица

Дневник - 16.01.2002

утре во ресторанот "Под Кале" Во ресторанот "Под Кале" утре петнаесетти пат ќе се одржи Традиционалниот ромски бал, на кој ќе се избира и најубавата Ромка. Главен донатор и организатор на изборот "Мис Ромка" е пратеникот Амди Бајрам. - Засега за натпреварот се пријавија 25 убавици.