TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Актерите настрадаа, кој е мозокот?

Време - 14.04.2007

„БАЧИЛОТО“ СЕ ЗАТВОРИ, ГЛАВНОТО ПРАШАЊЕ СЕ ОТВОРИ Мери Јордановска Можно ли е еден нотар да успее да координира дваесетина лица, да издејствува судска пресуда, да препродава државно земјиште преку фиктивни договори за заем и да знае како да стигне од 300.000 евра до имот вреден пет милиони евра? ...

За нотарот Стојменовиќ 14 години затвор

Вест - 13.04.2007

ИЗРЕЧЕНИ ПРВОСТЕПЕНИТЕ ПРЕСУДИ ЗА СЛУЧАЈОТ БАЧИЛО И ДЕНАЦИНАЛИЗАЦИЈА Овчарот Иснифарис Џемаили доби 4 и пол години затвор а другите нотари замешани во случајот по три години и повеќегодишна забрана за нотарска работа "Сите 21 обвинет се виновни за кривични дела злопутреба на службена доланост и ...

Нотарот Стоименовиќ доби 14 години затвор за „Бачило“

Утрински - 13.04.2007

Вкупниот затвор за сите обвинети во мегааферата е 43 години, овчарот Иснифарис доби 4,5 ЉУБИША СТАНКОВИЌ Над 43 години затвор им е изречен за 13 лица обвинети во случаите „Бачило“ и „Денационализација на државно земјиште“. Вкупната затворска казна се однесува само за оние обвинети на кои им беше ...

Бачилото од Шара се пресели во „Идризово“

Утрински - 13.04.2007

ЕДИТОРИЈАЛ ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА Бачилото од падините на Шара се пресели во „Идризово“. „Најбогатиот“ овчар во земјава Иснифарис Џемаили остана без својот овчарски стап и крзнена наметка, а во наредните четири и пол години не ќе може да го посети ниту своето стадо на Шара.

Половина век затвор за обвинетите во „Бачило“

Дневник - 13.04.2007

Нотарот Никола Стојменовиќ доби највисока казна - 14 години затвор, а овчарот Иснифарис Џемаили беше осуден на четири години и шест месеци робија Мегааферата „Бачило“, по само еден месец судење, вчера доби судска разврска, а 21 обвинет беа осудени на вкупно 51 година затвор.

За нотарот Никола Стојменовиќ 14 години затвор

Вечер Прес - 13.04.2007

Судскиот совет на 21 лице, обвинети за мега случајот Бачило и Денационализација изрече близу 45 години робија. Освен Стојменовиќ, останатите обвинети се пуштени на слобода, откако судијата Лилјана Шопова им ја укина мерката притвор Нотарот Никола Стојменовиќ е осуден на единствена казна затвор во ...

Скоро половина век затвор за обвинетите во „Бачило“

А1 - 12.04.2007

Затворска казна од речиси 50 години за 11 од 21 обвинет во случајот „Бачило“. Освен нотарот Стојменовиќ, сите останати се на слобода. Ќе чекаат правосилна пресуда за да почнат со служење со казните. За перење пари, злоупотреба на службената положба и измама, нотарот Никола Стојменовиќ најмногу, ...

Денеска пресуда за случајот „Бачило“

Дневник - 12.04.2007

Судењето за случајот „Бачило“, за кој има 21 обвинет, се очекува денеска да добие судска разврска откако експресно заврши доказната постапка . Процесот почна пред само еден месец и за кратко време беа испрашани сите обвинети и сведоци.

Паднаа пресудите за „Бачило“ – најголема казна за нотарот Стојменовиќ – 14 години затвор

Канал5 - 12.04.2007

Четиринаесет години затвор за нотарот Никола Стојменовиќ и десет години забрана за вршење нотарска дејност откако ќе ја издржи казната. Ова е пресудата на скопска единица за првообвинетиот, нотарот Стојменовиќ во случајот „Бачило“ и „Спорна денационализација“.

Адвокатите бараат изземање на судијката и на обвинителката

Време - 11.04.2007

СЛУЧАЈ „БАЧИЛО“ Адвокатите Ефто Спировски и Владимир Ракочевиќ на вчерашното рочиште за случајот „Бачило“ побараа изземање на судијката Лилјана Ивановска-Шопова и на обвинителката Гордана Ѓешкоска. Изземањето беше побарано со образложение дека Ѓешкоска барала реплика на нивното излагање и со тоа ...

Побарано изземање на обвинителот во случајот „Бачило“

Утрински - 11.04.2007

Нотарот Никола Стоименовиќ во завршните зборови рече дека обвинението е слабо и дека нема докази Обвинението е слабо и нема доволно докази, смета првообвинетиот нотар Никола Стоименовиќ, кој вчера ги изјави завршните зборови на судскиот процес наречен „Бачило“ и „Денационализација“.

Побарано изземање на судијката во „Бачило“

Дневник - 11.04.2007

Адвокатите Ефто Спиревски и Владимир Ракочевиќ, бранители на дел од обвинетите во случајот „Бачило“, вчера побараа изземање на претседателот на Судскиот совет, Лилјана Шопова и на обвинителката Гордана Гешковска. Причина за ваквото барање пред судскиот процес да добие правна разврска беше репликата ...

Имотот на судијката од Бачило повторно под лупа

Вечер Прес - 11.04.2007

Наместо по сегашната пазарна вредност како што веќе е проценето, УЈП ќе треба да направи проценка на вредноста според пазарната цена во времето кога таа се стекнала со тој имот Управата за јавни приходи не може да ги наплати 70-те проценти данок од непријавен имот на судијката од случајот Бачило, ...

Судот и обвинителството ем во спрега ем пристрасни?!

Вечер Прес - 11.04.2007

Дел од бранителите на 22 обвинети за случајот Бачило и Денационализација побараа иземање на судијата и застапникот на обвинението, поради пристрасност и спрега помеѓу нив. Иземање на судијата Лилјана Шопова и застапникот на обвинението, е барањето на одбраната на 22 обвинети лица за случајот Бачило ...

Адвокатите бараат изземање на судијката и обвинителката во „Бачило“

А1 - 10.04.2007

Да се изземат судијката Лилјана Шопова и обвинителката Гордана Гешковска. Ова е барањето на адвокатите Ракочевиќ и Спиревски, во финишот на процесот „Бачило“. Нивната нервозна реакција и барање за изземање, следуваше откако обвинителката цел час реплицираше на завршните зборови дадени од ...

Адвокатите од случајот „Бачило“ ја обвинуваат судијката за пристрасност и бараат нејзино изземање

Канал5 - 10.04.2007

Адвокатите од случајот „Бачило“ реагираат што судот дозволил да биде изменето обвинението откако тие веќе ги дале завршните зборови. Адвокатите од случајот Бачило реагираат што судот дозволил да биде изменето обвинението откако тие веќе ги дале завршните зборови.