TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Продолжува расчистувањето на Арачиново

А1 - 01.07.2001

И денеска продолжува акцијата за расчистување на Арачиново. Специјалните безбедносни сили на РМ вршат детален претрес на куќите кои терористите ги напуштија. Според текот на досегашните активности, се очекува во најскоро време да се санира електричната мрежа и санбдувањето со вода.

Во Арачиново жителите се уште не можат да се вратат

Вест - 30.06.2001

Раселените жители на Арачиново с&ицирц; уште не можат да се вратат дома. Полицијата треба да го пребара целото село, да ја извади целата муниција, да ги деактивира сите евентуално поставени мини, па дури потоа да го обезбеди тереот за непречено вселување.

Во Никуштак меѓусебни пресметки на терористите

Вест - 30.06.2001

ВО КУМАНОВСКО-ЛИПКОВСКИОТ КРИЗЕН РЕОН РЕЛАТИВНО МИРНО Вооружените пресметки меѓу албанските паравојници започнале завчера попладне, два дена по доаѓањето на арачиновските терористи КУМАНОВО.- Меѓусебните вооружени пресметки на албанските терористи во селото Никуштак, продолжија и вчера.

Оазата на мирот, грда слика на тероризмот

Дневник - 30.06.2001

Звонимир Јанкулоски-Закони Несомнено дека зголемувањето на овластувањата на полицијата во борбата со тероризмот е застрашувачка до степен во кој може да ги повреди слободата и правата на граѓаните, меѓутоа, демократијата е зависна од вакво право секогаш кога е потребно да се одржи поредокот што ќе ...

Операцијата на чистење продолжува во Арачиново

А1 - 29.06.2001

Денеска продолжи операцијата за чистење на скопското село Арачиново од мини и оружје, која наскоро треба да заврши. Во селото се наоѓаат претставници на ОБСЕ и ЕУ во својство на набљудувачи. Полицијата не дозволува влез на цивилите кои пред три недели ги напуштија домовите.

Продолжи операцијата во Арачиново

А1 - 29.06.2001

Денеска претпладне продолжи операцијата за чистење на скопското село Арачиново од мини и оружје, која наскоро треба да заврши. Во селото се наоѓаат претставници на ОБСЕ и ЕУ во својство на набљудувачи. Ситуацијата во кумановско во текот на ноќта и претпладнево е мирна.

Во Никуштак повремени престрелки

Вест - 29.06.2001

ЗАТИШЈЕ НА КУМАНОВСКО-ЛИПКОВСКОТО БОИШТЕ КУМАНОВО.- Затишје на кумановско-липковското боиште. Вчера немаше посериозни вооружени провокации од албанските терористи во реонот на Слупчане и Липково, освен неколку снајперски и митралески провокации врз македонските безбедносни сили.

Владата го поздравува потегот на САД, бара и ЕУ да го следи примерот

Вест - 29.06.2001

Македонската влада вчера го поздрави потегот на американскиот претседател џорџ буШ за блокирање на имотот на лицата кои се закана за стабилизација на балканот, оценувајЌи оти тој Чекор на белата куЌа треба да го следат и другите европски земји.

Македонците и Албанците заедно чекаат да се вратат во Арачиново

Вест - 29.06.2001

Македонските сили целосно го контролираат Арачиново. Вчера селото беше речиси херметички затворено, а причина за тоа, како што дознаваме, е претресот на куќите и опасноста од присуство на терористи, кои, евентуално, можеби се скриени во горниот дел од селото.

Одлуката на САД треба да ги деморализира терористите

Дневник - 29.06.2001

ДРЖАВНИОТ ВРВ ЗАДОВОЛЕН ОД НАРЕДБИТЕ НА БУШ Одлуката на Буш ќе помогне да се спроведе планот за справување со кризата, истакна претседателот Трајковски Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, и Владата ја поздравија наредбата на американскиот претседател Џорџ Буш да се забранат ...

Буш ги блокира сметките на ОНА, Ахмети, Асани и Велиу на "црниот список"

Дневник - 29.06.2001

ВАШИНГТОН ПРЕЗЕДЕ РИГОРОЗНИ МЕРКИ ПРОТИВ ТЕРОРИСТИТЕ САД им се приклучија на европските сојузници и другите членки на ОН во острата осуда на терористичкото насилство на вооружените екстремисти, чија цел е да се дестабилизира мултиетничката влада на Македонија, соопшти Белата куќа Американскиот ...

Терористите го разбудија Вујко Сем

Дневник - 29.06.2001

Коментар-Жарко Јорданоски По нервозата што се создаде во македонската јавност поради контроверзната улога на НАТО во евакуирањето на терористите од скопското село Арачиново, конечно од Вашингтон пристигна една охрабрувачка вест.

Потегот на Белата куќа треба да го следат и други европски центри

Дневник - 29.06.2001

ПАРТИСКИ РЕАКЦИИ ЗА НАРЕДБАta НА БУШ СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја поздравуваат завчерашната одлука на претседателот на САД, Џорџ Буш, со која американската администрација, според нив, зазеде категоричен став во однос на терористичките групации што ги загрозуваат мирот и стабилноста во Македонија и регионот.

Бандитите од Никуштак пукаат едни на други

Дневник - 29.06.2001

Во Кумановско Фракции на албанските терористи во кумановското село Никуштак вчера почнаа меѓусебни престрелки. На кумановскиот фронт вчера беше мирно, по зачестените престрелки меѓу терористите од Никуштак и македонските здружени сили за безбедност предминатата ноќ.

Сторија за жителите на Арачиново

А1 - 28.06.2001

Арачиново по 18 дена окупација сега е под контрола на македонските безбедносни сили, но разурнато. Луѓето полека се враќаат во своите домови, но што наоѓаат. Вчера се вратија и првите жители во селото. Но, поголемиот број од нив ги најдоа своите домови разурнати како последица на офанизвата и ...

Борис Трајковски задоволен од одлуката на САД

А1 - 28.06.2001

Вчерашните одлуки на председателот Буш преставуваат најконкретен чекор на американската администрација за осуда на тероризмот со кој се напаѓа суверенитетот на Македонија, изјави председателот Борис Трајковски на барање на А1 да ги искоментира одлуките на американскиот председател за запирање на ...

Терористите ги палат житните полиња за да се скријат во чадот

Вест - 28.06.2001

ВО КУМАНОВСКО ЛИПКОВСКИОТ РЕОН ВООРУЖЕНИТЕ ЕКСТРЕМИСТИ СО НОВА ТАКТИКА Интензивирани воените дејства во Виштица, Никуштак и Умин дол. Албанските терористи го нападнале воено-полицискиот пункт кај селото Умин Дол и се обиделе со пешадиски напад да го заземат пунктот, палејќи ги житата помеѓу ...

Арачиново се чисти куќа по куќа

Вест - 28.06.2001

Во селото пронајдено огромно количество оружје и муниција, оставено во подземните тунели и бункери кои ги поврзуваа главните упоришта на терористите По 14-дневна опсада од албанските терористи, завчеравчера во Арачиново влегоа македонските полициски и армиски сили, откако селото беше исчистено од ...

Во црните униформи препознававме наши соселани

Вест - 28.06.2001

НА УЛИЦИТЕ ВО АРАЧИНОВО ИЗЛЕГОА СЕЛАНИТЕ КОИ ЗА ВРЕМЕ НА ТЕРОРИСТИЧКАТА ОПСАДА СЕ КРИЕЛЕ ВО ПОДРУМИТЕ Тие што пукаа ни рекоа дека со нас немаат ништо и дека се тука за да не ослободат, ретко излегувавме, а кога излегувавме да го нахраниме добитокот, гледавме некои луѓе во црни унифирми како се ...

Арачиново посеано со мини, "тигрите" чистат педа по педа

Дневник - 28.06.2001

МАКЕДОНСКИТЕ СПЕЦИЈАЛЦИ ВЛЕГОА ВО ГНЕЗДОТО НА БАНДИТИТЕ Луѓето што дојдоа во селото носеа униформи и оружје, влегуваа во куќите, крадеа, носеа се, вели една седумдесетгодишна жителка на селото, која 20 дена се криела заедно со семејството на нејзиниот сосед Шаим Македонските сили за безбедност и ...

Буш наредил извлекување на терористите од Арачиново

Дневник - 28.06.2001

СПОРЕД ПОРТПАРОЛОТ НА БЕЛАТА КУЌА Извлекувањето на неколкуте стотини албански терористи од Арачиново од страна на американските војници во НАТО го одобри претседателот на САД Џорџ Буш, соопшти прексиноќа портпаролот на Белата куќа Ари Флејшер.

Терористички напади врз полициските пунктови во кумановско

А1 - 27.06.2001

Терористите не престанаа со нападите врз македонските безбедносни сили и во текот на денов. Терористите повторно ги палеа и житата помеѓу Никуштак и Умин Дол, со што предизвикуваа чадна завеса која им овозможува приближување до позициите на АРМ и полесно движење до останатите окупирани села.

Арачиново под контрола на силите за безбедност

А1 - 27.06.2001

Припадниците на силите за безбедност денеска почнуваат со детално пребарување на селото Арачиново во близина на Скопје, кое две недели беше под контрола на албанските терористи. Од синоќа Арачиново е под целосна контрола на македонската полиција.

Арачиново е чисто, се чека влез на македонската полиција и на ОБСЕ

Вест - 27.06.2001

30 најзакоравени терористи се разоружани и однесени во базата Бондстил на Косово. Според договорот, КФОР им гарантира на македонските власти дека овие 30 души ќе и бидат испорачани за судење на Македонија По тридневната акција на македонските сили, во Арачиново веќе нема албански терористи.

Пукањето во Собранието не води во граѓанска војна

Вест - 27.06.2001

ТРАЈКОВСКИ ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ И ЕДИНСТВО ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ МИР Не се согласувам со оние кои се обидоа Арачиново да го пренесат во Скопје, иако имам разбирање за револтот на граѓаните, рече Трајковски и обвини некои внатрешни сили кои сакаа да предизвикаат немири со граѓански судир.

Нова демократија: Прекинот на огнот во Арачиново рамен на капитулација

Вест - 27.06.2001

Нова демократија бара од меѓународната заедница, ОН, ЕУ и од НАТО да застанат на страната на демократијата и да престанат посредно да ги поддржуваат терористите, бидејќи, како што рече лидерот на партијата Чедо Петров, во Македонија не се води меѓуетничка војна, туку битка против тероризмот.

Арачиновските терористи раштркани по Никуштак?

Вест - 27.06.2001

Жителите на селото Умин Дол, прв сосед на Никуштак, завчера поставија блокади на патот за да го спречат автобускиот транспорт со кој требаше да се извлече паравојската од Арачиново Терористите од Арачиново се преселија во Никуштак и околните кумановски села, велат жителите на селото Умин Дол, прв ...

Безбедносните сили се изиграни и спречени да ја извршат уставната обврска

Вест - 27.06.2001

ПОЛИЦИСКИОТ СИНДИКАТ ОСТРО РЕАГИРА НА ЗАВЧЕРАШНИТЕ НАСТАНИ ВО АРАЧИНОВО МПС упати отворен повик до КФОР и НАТО и до целокупната меѓународна заедница, јасно да се произнесат на чија страна се и ако не се способни да ги разоружаат терористите, да ги остават безбедносите сили да се справат на начин на ...

Ранетиот полицаец кај Арачиново се уште во животна опасност

Вест - 27.06.2001

КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР Петтемина полицајци кои завчера беа повредени во терористичкиот напад на Попова Шапка, по хоспитализирањето и укажаната прва помош на Хируршките клиники, се надвор од животна опасност. Полицаецот кој во болницата бил донесен со тешки повреди во ногата и во пределот на вратот и ...

Власта да ја открие вистината за Арачиново

Дневник - 27.06.2001

Коментар-Катерина Блажевска Државната власт мора да сфати дека дојде време да ја каже целата вистина за арачиновскиот рубикон, зашто граѓаните на оваа земја не заслужуваат некој да ги влече за нос. Тие единствени чесни, мудри и достоинствени чинители на мирот во Македонија заслужуваат да ја знаат ...

Полицајци и граѓани гневни од "предавството во Арачиново" протестираа пред Парламентот

Дневник - 27.06.2001

ПРОТЕСТИ И ПУКОТНИЦИ ПРЕКСИНОЌА ГО ПОТРЕСУВАА СКОПЈЕ Причина за протестот беа одлуката за прекин на воената акција во Арачиново, евакуацијата на терористите и последните постапки на државниот врв и на ЕУ во справувањето со кризата Повеќе илјади граѓани и припадници на македонските безбедносни сили ...

Дрогата и оружјето во Арачиново се семеен бизнис

Дневник - 27.06.2001

КОЈ Е КОЈ ВО АРАЧИНОВСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Неколку познати семејства во Арачиново се организирани пренесувачи, произведувачи и дилери на наркотични средства Цели семејства од албанско етничко потекло од скопското село Арачиново се вклучени во организиран бизнис со дрога и оружје, велат извори од ...

Разбирање за револтот на граѓаните, осуда за насилното однесување

Дневник - 27.06.2001

ПАРТИСКИ РЕАКЦИИ По завчерашните протести пред Собранието на Република Македонија повеќето политички партии вчера ги повикаа граѓаните на смирено однесување. Партиите најчесто го оценуваат како оправдан револтот на граѓаните и на резервистите, по одлуката за прекин на огнот кај Арачиново и ...

Некој во државава сака да не втурне во граѓанска војна

Дневник - 27.06.2001

ТРАЈКОВСКИ И СЕ ОБРАТИ НА НАЦИЈАТА Ако се бориме едни против други, му одиме во прилог на нашиот непријател, и поразот ќе биде неминовен, изјави претседателот Борис Трајковски при вчерашното обраќање до нацијата Во ова време на криза, нацијата не може да си дозволи неединство.

НАТО и ЕУ во договор со Владата ги пренеле терористите во Никуштак

Дневник - 27.06.2001

КОЈ ГО ДОГОВОРИЛ ИЗВЛЕКУВАЊЕТО НА ТЕРОРИСТИТЕ ОД АРАЧИНОВО? Унијата го условила прекинот на огнот со раскинување на Спогодбата за асоцијација со Македонија Најекстремните триесетина албански терористи од Арачиново завчера доцна вечерта биле разоружани и со автобуси префрлени на Косово, најверојатно ...

Претседателот Борис Трајковски вчера се обрати на нацијата

А1 - 26.06.2001

Македонскиот претседател Борис Трајковски ја повика денеска нацијата на единство за дефинитивен пораз на терористите кои веќе четири месеци претставуваат закана за територијалниот интегритет на земјата. Во ова време на криза, нацијата не може да си дозволи неединство.

Реакции на политичките партии по вчерашните протести

А1 - 26.06.2001

Партијата ВМРО ДПМНЕ изразува загриженост поради синоќешните протести пред македонскиот парламент кои се случија како реакција на незадоволсвото поради постигнатото примирје во Арачиново, кое како што се вели во соопштението произлезе од силното меѓународно влијание.

Терористите извлечени од Арачиново

А1 - 26.06.2001

Без истрели и детонации е денеска во Арачиново. Сепак, во овој регион се чуствува голема напнатост. Пред влезот во селото се уште стојат барикадите кои вчера ги поставија тамошните жители во знак на револт, оневозможувајќи на автобусите кои ги префрлија албанските терористи да поминат по патот.

Провокации во кумановскиот регион

А1 - 26.06.2001

Утрово терористите од Никуштак го прекинале примирјето и со употреба на авоматско оружје, снајпери и зољи ги провоцирале македонските безбедносните сили. Во текот на денот бил нападнат и полицискиот пункт помеѓу Никуштак и Крушино, поради тоа припадниците на безбедносните сили возвратиле со ...

Терористите се шетаат АРМ ги чува

Вест - 26.06.2001

АРАЧИНОВСКО - КУМАНОВСКИ ФРОНТ Во Арачиново црни униформи се рашетуваат, а на армиските и полициските единици строго им е наредено да не дејствуваат врз нив. Во Куманово мирно. Поразените албански паравоени формации, кои од завчера седат во еден дел од Арачиново, и вчера го поминаа денот таму, ...

Терористите заминаа на закрепнување во воздушна бања

Вест - 26.06.2001

СО ПОДДРШКА НА ЕУ И СО ПОСРЕДСТВО НА НАТО И ОБСЕ Македонските власти велат дека меѓународната заедница гарантира дека конвојот со терористите ќе биде придружуван од македонските сили и дека полицијата нема да ги напушти своите позиции во селото и ќе продолжи да ги чисти куќите Конвој од 15 автобуси ...

Ранетиот полицаец во Арачиново во критична состојба

Вест - 26.06.2001

КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР Во текот на викендот, заклучно со вчерашниот ден во Ургентниот центар при Хируршките клиники во Скопје биле примени вкупно 27 припадници на безбедносните сили. Од нив 11 се пуштени на домашно лекување, додека 16 полицајци с&ицирц; уште се хоспитализирани на клиниките.

Бело знаме, црно писмо

Дневник - 26.06.2001

Коментар - Георги Барбаровски Војнички, терористите се поразени во Арачиново. Политички, Македонија е поразена во Луксембург. Пораз поради победата? Како да се објасни тоа? Тие што го знаат првиот принцип на "врховниот судија" - во местата на конфликти секогаш да се избалансираат резултатите, со ...

НАТО и ОБСЕ ги извлекоа албанските терористи од Арачиново

Дневник - 26.06.2001

ПО ЖЕСТОКАТА АКЦИЈА НА АРМ и на МВР Под силен притисок на меѓународната заедница, Владата дозволи терористите да го напуштат селото и да заминат во липковскиот регион Терористите од Арачиново вчера со автобуси го напуштија селото и заминаа кон кумановското село Липково.

Британски војници подготвени за Македонија

Дневник - 26.06.2001

СПОРЕД "ДЕЈЛИ ТЕЛЕГРАФ" Британскиот весник "Дејли телеграф" наведува дека ако продолжи договореното примирје, неколку стотини британски војници би можеле во следните денови да почнат да се распоредуваат во кризните области во Македонија, како дел од планираниот контингент од 3.000 војници на НАТО.

ОНА да се повлече, дијалогот да продолжи

Дневник - 26.06.2001

ПАРТИИТЕ ЗА АКЦИЈАТА ВО АРАЧИНОВО Западните сили и ОНА во Арачиново ги штитат лабораториите за дрога, а не правата на Албанците, смета Павле Трајанов Се надеваме дека повлекувањето на терористите од Арачиново ќе значи и симболично повлекување на сите припадници на таа паравоена формација од целата ...

Коридор за терористите во Арачиново

А1 - 25.06.2001

Албанските терористи од Арачиново денеска заминуваат кон Липково со своето лично оружје. Дали има и друго оружје во камионите никој не знае. Околу 18 часот почна повлекувањето на конвојот кон Липково. 4 камиони се уаптија кон Никуштак.

Полицискиот пункт кај Никуштак е повлечен

А1 - 25.06.2001

Полицискиот пункт кај Никуштак е повлечен. Ова село е само дел од патот по кој треба терористите да поминат кон Липково. Според полициски извори една од варијантата е тие да останат во Никуштак. Во околината на Никуштак е забележано подготвување на конвој и 70 - тина терористи во црни униформи.

На седницата во собранието повеќе точки на дневен ред

А1 - 25.06.2001

Во собранието на Република Македонија денеска е во тек 78 седница, на чиј дневен ред се 39 точки, меѓу кои е и предлогот за именување заменик на министерот за одбрана. Околу 60 граѓани од Арачиново протестираа пред Собранието бидејќи се плашат да се вратат во Арачиново сметајќи дека селото не е ...

Питер Фејт се приклучи во преговорите

А1 - 25.06.2001

Специјалниот пратеник на НАТО, американскиот амбасадор Питер Фејт, кој посредуваше и во разоружувањето на ОВПМБ во јужна Србија, од синоќа учествува во преговорите како техничка помош, изјави денеска за А1 портпаролот на НАТО Ив Бродар.

Шестмина загинати, десетмина ранети

Вест - 25.06.2001

ВО АКЦИИТЕ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ КАЈ АРЧИНОВО Во Ургентниот центар, во текот на завчерашниот ден, вкупно се примени 10 припадници на полициските сили. Еден полицаец, веднаш по донесувањето, починал. Двајца итно биле оперирани и, по интервенцијата, едниот е во стабилна состојба, додека другиот...

Кумановските терористи се обидуваат да се спојат со арачиновските

Вест - 25.06.2001

ЖЕСТОКО И НА КУМАНОВСКО-ЛИПКОВСКИОТ ФРОНТ КУМАНОВО.- Жестоката офанзива на македонските безбедносни сили која започна во петок, продолжи и во деновите на викендот, во кумановско-липковскиот регион каде што се наоѓаат албанските терористички групи.

Солана прогласи примирје по битката за Арачиново

Вест - 25.06.2001

По тридневни борби, вчера беа блокирани сите излези на терористите во Арачиново, така што тие, фатени живи во обрач, вчера напладне кренаа бели знамиња, поради што високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана веднаш им скокна на помош и околу 14 часот...

Терористите развеаја бели знамиња

Дневник - 25.06.2001

НАЈЖЕСТОКА ОФАНЗИВА НА МАКЕДОНСКИТЕ СИЛИ ВО АРАЧИНОВО Тројца полицајци загинаа, а 17 беа ранети во тридневните борби против терористите во Скопско Македонските сили за безбедност вчера во 14 часот ја запреа досега најжестоката акција во Арачиново, која почна во петокот.

Солана ја прекина акцијата на македонските безбедносни сили во Арачиново

Дневник - 25.06.2001

ВЧЕРА НА ПЛАДНЕ Планот на еврокомесарот предвидувал НАТО, ОБСЕ и Меѓународниот црвен крст да организираат повлекување на терористите во Липково Високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, вчера попладне изврши огромен притисок врз македонското ...

Стратешки блокади на дијалогот

Дневник - 25.06.2001

Коментар - Бранко Ѓорѓевски Наивно би било да им се верува на Имер Имери и на Арбен Џафери дека битката што се водеше во Арачиново била причина за блокадите на политичкиот дијалог на лидерите за излез од кризата. Дека со неа, наводно, се прекршил некој договор за примирје, биле повредени некои ...

Тројца загинати и осумнаесет повредени полицајци

Дневник - 25.06.2001

ВО СКОПСКО И ВО ТЕТОВСКО Тројца полицајци загинале, а осумнаесет се повредени во борбите со албанските терористи во скопското село Арачиново и во Тетовско во изминатиот викенд Тројца полицајци загинале, а осумнаесет се повредени во борбите со албанските терористи во скопското село Арачиново и во ...