TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пиеме лекови со најнизок квалитет

Вест - 09.06.2006

НОВИТЕ ГАЗДИ НА ГРАДСКИ АПТЕКИ ВЕТУВААТ ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ "Лековите кои се продаваат во земјава се со најнизок квалитет во регионот и ако се продолжи вака прашање е дали ќе се одржи здравјето на македонските граѓани. Тоа мора да престане, оти нелогично е да се продаваат лекови поевтино од пакетче ...

Градски аптеки ќе бидат нова препознатлива марка

Време - 09.06.2006

НОВИТЕ ГАЗДИ НАЈАВУВААТ Градски аптеки ќе бидат македонски препознатлив бренд, кој ќе може да им конкурира на странските синџири аптеки, најавија новите сопственици „Алкалоид“, „Зегин“ и „Фармакорп“. Името Градски аптеки останува, а во делот на реформите е предвидена промена на досегашната ...

Скопските аптеки ќе станат заштитен македонски бренд

Утрински - 09.06.2006

Приоритет е подигнување на квалитетот на услугите и издавање квалитетни лекови ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА Скопските аптеки ќе го задржат сегашниот бренд „Градска аптека“- Скопје и од него новите газди, македонскиот конзорциум составен од фармацевтската компанија „Алкалоид“ и две веледрогерии, „Зегин“ и ...

Сомнителни лековите што чинат колку гума за џвакање

Дневник - 09.06.2006

Новите газди ќе се залагаат за пласман на квалитетни лекови, ќе ги дообучат вработените и ќе ја подобрат услугата во „Градски аптеки“ Скопје Квалитетот на лековите што се продаваат во Македонија е на многу ниско ниво. Не може лек да чини 20 денари и да биде поевтин од кутија гуми за џвакање, ...

Отворени сме за влез на странски капитал

Вечер Прес - 09.06.2006

"Градски аптеки" ќе станат македонски препознатлив бренд што ќе може да им конкурира на странските синџири на аптеки, најавија новите сопственици Алкалоид, Зегин и Фармакорп. Тие минатата недела на јавна берзанска аукција за 13 милиони евра купија 75 проценти од капиталот на 21 Градска аптека.

„Алкалоид“ ќе го контролира квалитетот на лековите

А1 - 08.06.2006

Градски аптеки нема да продаваат лекови со сомнителен квалитет. Ќе се контролира секој лек што ќе влезе во аптеките. Во центарот за контрола „Алкалоид“ ќе инвестира 30 милиони евра. Новиот конзорциум кој ги купи градски аптеки ветува дека ќе стави крај на евтините и неквалитетни лекови кои се ...

Зегин, Алкалоид и Костовски ја промовираа бизнис идејата

Канал5 - 08.06.2006

Здружената тројка во фармацевтскиот бизнис Алкалоид, Зегин и Фармакорп ја лансираше стартната желба – од градски аптеки ќе правеле препознатлив бренд. Вработените ќе останеле на работа иако не биле дораснати за европска конкуренција.

Сопственици на градски аптеките ветуваат постојана снабденост со лекови

Канал5 - 08.06.2006

Новите сопственици на градски аптеките – „Алкалоид“, „Зегин“ и „Фармакорп“ ветуваат дека набрзо ќе воведат референтните цени на лековите. Ова значи дека граѓанинот ќе може да избере лек и од друга фармацевтска куќа доколку си доплати за тоа.

Новите газди за функционирање на „Градски Аптеки“

Макфакс - 08.06.2006

Скопје Натамошното функционирање на „Градски Аптеки“ е тема на прес конференцијата што за денеска ја свикаа трите фирми нови сопственички. На конференцијата ќе говорат, генерален директор на „Алкалоид“ Живко Мукаетов и директорите на „Зегин“ и на „Фармакорп Веледрогерија“ Благоја Механџиски и Стево ...

Плати во Градски аптеки според постигнатите резултати

А1 - 07.06.2006

Кој работи, ќе има плата. Новите газди на Градски аптеки ќе го сменат досегашниот начин на загарантирано плаќање. Вработените плата ќе добиваат според постигнатите резултати. Нивниот труд ќе се мери и ќе се опсервира. Немало да има отпуштања од работа.

Новите газди на „Градски аптеки“ ќе го одврзат ќесето

Дневник - 07.06.2006

„Зегин“, „Алкалоид“ и „Фармакорп“, новите сопственици на скопски „Градски аптеки“, денеска ќе треба да уплатат вкупно 13 милиони евра, по што ќе го преземат управувањето со 21 аптека, а 15 ќе земат под закуп. Секој член на фармацевтскиот конзорциум ќе треба да уплати по една третина, односно по 4,3 ...

Страв и паника кај вработените на Градски аптеки

А1 - 06.06.2006

Страв и паника кај вработените на Градски аптеки. Кој од тројцата нови газди ќе ги земе откако ќе ги поделат аптеките? Се шпекулира дека со 70% од парите учествува „Алкалоид“, со по 15% „Зегин“ и „Фармакорп“, фирмата на братот на градоначалникот Костовски. И тука е курцшлузот.

Нема да се наруши снабденоста во продадените скопски аптеки

Утрински - 06.06.2006

„Зегин“, „Алкалоид“ и „Фармакорп“ најавуваат новини за подобар квалитет на лековите и на услугата ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА Во „Градски аптеки“ - Скопје, кои се приватизираа преку берзанска аукција во петокот, нема да дојде до прекин во снабдувањето со лековите од позитивната листа.

Нема да има монопол по продажбата на „Градски аптеки“

Дневник - 06.06.2006

Министерот за здравство Владо Димов тврди дека нема причина за страв од монопол поради тоа што три моќни фармацевтски куќи ги купија „Градски аптеки“ Скопје. - Овие три фирми вложија многу пари во аптеките. Тие ќе имаат интерес да бидат добро снабдени и да работат добро.

Димов: Ќе нема проблеми со лековите

Време - 06.06.2006

ПО ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА АПТЕКИТЕ Продажбата на јавите градските аптеки од Скопје на трите фирми нема да предизвика проблеми во снабдување со лекови од позитивната листа што пациентите можат да ги добиваат на рецепт, смета Владо Димов, министер за здравство.

АПТЕКИТЕ ЌЕ КРЦКААТ СО ЛЕКОВИ

Вечер Прес - 06.06.2006

Аптеките се во вистински раце, потврдија вчера министерот за здравство Владо Димов и првиот човек на Фондот за здравствено осигурување Никола Пановски. Според министерот Димов трансфорамцијата ќе се одвива брзо за да не се случи да има недостатоци во снабдувањето со лекови.

Димов: Продажбата на Градски аптеки нема да предизвика хаос

А1 - 05.06.2006

Нема место за паника, продажбата на Градски аптеки нема да предизвика хаос во снабдувањето со лекови на рецепт. Ваква гаранција во име на тројцата нови газди денеска даде министерот Димов. „Тие кои што толку многу пари вложиле ќе имаат интерес да имаат снабденост и ќе имаат интерес да работат во ...