TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Министерката за правда

А1 - 14.08.2005

По убиство во затворот Идризово, ВМРО-ДПМНЕ и денеска побара оставка од министерката за правда Мери Младеновска. Убиството е кулминација на проблемите во казнено поправните установи, констатира партијата. Тоа е само последица која го нагласи немањето капацитет, но и политичка волја на партиските ...

Сите на работа, Мери на одмор

Вечер Прес - 13.08.2005

Убиството во затворот Идризово, кое се случи пред неколку дена, ги врати вработените од Министерството за правда на работа. Иако годишните одмори требаше да им завршат на почетокот на идната недела, тие веќе се во своите канцеларии.

Македонските затвори - редистрибутери на мафијата

А1 - 12.08.2005

Нарко бизнисот цвета во македонските затвори. Овие установи се без малку претворени во нефункционални болници за зависности, од причина што во нив има се повеќе наркомани. Анонимни извори за А1 велат, дека дрогата таму се продава по исти цени како и надвор. Се навлекуваат и нови уживатели.

Министерката за правда нема намера да даде оставка

Време - 12.08.2005

ПО УБИСТВОТО ВО „ИДРИЗОВО“ Министерката за правда Мери Младеновска-Ѓорѓиевска нема ниту да ги коментира, ниту да реагира на барањата за нејзина оставка од опозициските партии, велат од нејзиниот кабинет. - Немаме реакција на таквите барања.

Дрога за затворениците со помијата за свињите

Дневник - 12.08.2005

НАРКОБИЗНИСОТ ЦВЕТА ВО "ИДРИЗОВО" Нема пријава против вработен во затворот, бидејќи нема докази, велат од Министерството за правда Затвореници и вработени во затворот "Идризово" заедно набавуваат и продаваат дрога за осудениците, но и за надворешни клиенти, тврдат затворски извори.

Затворското гравче загоре

Вечер Прес - 12.08.2005

"Сопственик на кафеана убиен во мафијашка пресметка" и "Затвореник со пиштол застрелал друг затвореник". Ова беа првите информации што ги примив по двонеделното отсуство од државата, а кои ме потсетија дека годишноодморската идила завршила и дека се вратив во нашето секојдневие.

Полицијата сеуште не го уапсила Халим Демири

А1 - 11.08.2005

Никој не знае како може во македонските затвори непречено затвореник да поседува огнено оружје. И по 3 дена од убиството во затворот Идризово, полицијата сеуште не успеала да го уапси Халим Демири, кој во вторникот на спиење го уби затвореникот Неџмедин Кадрији и избега од установата која по логика ...

Во „Идризово“ преживуваат најсилните и најбогатите

Време - 11.08.2005

СКОПСКИОТ ЗАТВОР КАКО ЏУНГЛА Александар Божиновски Осудениците во Казнено-поправниот дом „Идризово“ треба да бидат силни и безмилосни или треба да имаат многу пари за да преживеат, објаснуваат поранешни затвореници на скопскиот затвор.

Министерката за правда да поднесе оставка

Време - 11.08.2005

ВМРО-ДПМНЕ И ДС БАРААТ ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од министерката за правда Мери Младеновска-Ѓорѓиевска поради завчерашното убиство на затвореник во затворот „Идризово“. „Постојаното повторување на убиствата, секојдневните бегства, присуството на дрога и многубројни други инциденти од најразличен ...

Затвор како смртна казна

Време - 11.08.2005

АЛЕКСАНДАР БОЖИНОВСКИ Ужасот во македонските затвори продолжува. Додуша, ниеден затвор во светот не замислен како место за пријатен престој, но не ни како крвава арена за оружени престрелки, самоубиства, филмски бегства, дрогирање, силување и тотална корупција.

Министерството за правда не знае од каде е пиштолот со кој беше убиен затвореник

Вест - 11.08.2005

ПО УБИСТВОТО ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО "Се работи на случајот. Се утврдува што точно се случило во Идризово. Формирана е посебна комисија која треба да го расветли случајот". Вака кратко од Министерството за правда вчера ни одговорија на прашањата како се нашол пиштолот во затворот со кој завчера беше ...

Во затворот лежат само убиените

Дневник - 11.08.2005

ПО СКАНДАЛОЗНОТО УБИСТВО ВО ИДРИЗОВО Ќе се преиспита дали сите осудени кои се во отвореното одделение заслужиле да бидат таму, вели директорот за извршување санкции Костадинчо Ефремов Убиството и бегството на убиецот од "Идризово" откри многу траги на криминал, неорганизираност, корупција и ...

Младеновска да поднесе оставка

Вечер Прес - 11.08.2005

Министерката за правда, Мери Младеновска-Ѓоргиевска, да си поднесе неотповиклива оставка или да биде заменета - побараа вчера ВМРО-ДПМНЕ и Демократскиот сојуз. Ваквата реакција произлезе по убиството на осуденикот од страна на осуденик што пред два дена се случи во најголемиот затвор во Македонија, ...

ДС и ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од Младеновска

А1 - 10.08.2005

Демократскиот сојуз, по повод убиството на осуденик од страна на друг осуденик во затворот Идризово, смета дека министерот за правда Мери Младеновска-Ѓорѓиевска мора итно да си поднесе оставка или да биде сменет, се наведува во денешното соопштение на партијата.

Осуденик во „Идризово“ убиен на спиење

Време - 10.08.2005

БЕСА ВО СКОПСКИОТ ЗАТВОР Огнен Чанчаревиќ Кумановец, осуденик во казнено-поправната установа „Идризово“, ладнокрвно со три истрели застрелал друг осуденик, негов соселанец, вчера во отвореното одделение на затворот „Идризово“. По злосторството, убиецот избегал од кругот на установата.

Убиец уби убиец и избегал

Вест - 10.08.2005

КРВНА ОДМАЗДА ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО Неџмедин Зиљадин Кадрији од кумановското село Черкези бил застрелан со пиштол во отвореното одделение на затворот , а осомничен за убиството е затвореникот Халим Енвер Демири, соселанец на убиениот Во скопскиот затвор Идризово вчера бил убиен осуденикот Неџмедин ...

Осуден убиец со пиштол изрешетал затвореник во Идризово

Дневник - 10.08.2005

СКАНДАЛОЗНО УБИСТВО во скопскиот затвор Надлежните министерства ги кријат деталите за убиството, а неофицијално се говори за крвна одмазда Затвореникот Халим Демири со пиштол го убил Неџбедин Кадриу, кој исто така издржувал казна, и успеал да избега од затворот Идризово, завчера три часа по полноќ, ...

Младеновска: Ќе ја информирам Владата за случајот Идризово кога ќе се вратам

Канал5 - 10.08.2005

Енвер Халим од кумановското село Черкезе кој вчера уби свој соселанец во затворот Идризово и натаму е во бегство. Полицијата трага по него, но нема најава дека му влегле во трагата. Тој побегна вчера од затворот Идризово, откако со три куршуми од пиштол го уби 31 годишниот Неџмедин Кадрију, негов ...

Затвореник уби затвореник

Вечер Прес - 10.08.2005

Триесетгодишниот Халим Демири од Черкези, Кумановско, затвореник кој во Идризово е на подолго поради убиство, ноќта меѓу понеделникот и вторникот стори уште едно злосторство. Тој истрелал тру куршуми во само една година постариот од него Неџмедин Кадрии, исто така од Черкези.

Ново убиство во затворот Идризово

А1 - 09.08.2005

Со 3 истрели од пиштол ноќеска во скопскиот затвор Идризово бил убиен 31-годишниот затвореник Неџмедин Кадрији. Осомничен за убиството е Халим Енвер, кој веднаш по настанот избегал од затворот. Двајцата биле сместени во отворениот дел од затворот каде движењето е послободно отколку во другите ...

Затвореник со пиштол убил затвореник во Идризово и избегал

Канал5 - 09.08.2005

Затвореник убил друг затвореник со пиштол во Идризово, и побегнал од затворот. Ова е најновата вест, и најновиот скандал во најголемиот затвор во земјава. Но денеска никој не сака да одговори како се случило убиството. На одмор се, од директорот на затворот до министерката за правда.

Убиство во затворот Идризово

Макфакс - 09.08.2005

Скопје Осуденикот Н.К. (30) денеска е убиен со огнено оружје во отвореното одделение на скопскиот затвор Идризово, соопшти министерството за внатрешни работи. Убиството го извршил затвореникот Х.Д. (30), од кумановското село Черкези кој со три истрели од пиштол го усмртил Н.К. по што избегал.