TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДПА сеуште без одлука за враќање во Собранието

А1 - 14.09.2008

ДПА сеуште не донесува одлука за враќање во Собранието. Чекаат од власта и од собраниските тела да им бидат исполнети дел од барањата за нивно повторно присуство на седниците на собранието.

Тачи ќе ја средува партијата

Дневник - 14.09.2008

Лидерот Мендух Тачи со стари кадри и со повратници ќе ја консолидира ДПА, откако Имер Селмани замина и формира своја партија . Централното собрание завчера за нови потпретседатели на ДПА ги избра Илјаз Халими и Мевљан Тахири на местото на Ружди Матоши и на Селмани, кои сега се во новата партија.

ДПА: Владата го поттикна отцепувањето на Селмани

Канал5 - 14.09.2008

Отцепувањето на Имер Селмани, ДПА го оценува како акт поттикнат од владата во склоп на една нејзина политика која во континуитет ги предизвикува големите меѓународни фактори и има за цел да создаде еден политички субјект што ќе биде лојален кон неа – стои во писмените заклучоци по вчерашното ...

Одметниците од ДПА - во Собрание

Вечер - 14.09.2008

Тројца пратеници кои на последните избори беа на листата на ДПА се враќаат во Собрание. Останатите осуммина ќе чекаат на дневен ред да биде ставена резолуцијата за признавање на Косово.

ДПА во Собрание само со резолуција за Косово

А1 - 13.09.2008

Пратеничката група на ДПА ќе се врати во Собранието кога на дневен ред ќе биде ставена резолуцијата за признавање на Косово. Ова е одлуката на Централното собрание на партијата што денеска се одржа во Тетово.

ТАЧИ ГИ ПОВИКА СЕЛМАНИ И ДРУЖИНАТА ДА ГИ ВРАТАТ ПРАТЕНИЧКИТЕ МАНДАТИ

Телма - 13.09.2008

попладнево, пред почетокот на Централното собрание на партијата им порача на Имер Селмани и уште тројца доскорешни сопартијци, да ги вратат пратеничките мандати.

ДПА ќе го прекине бојкотот

Дневник - 13.09.2008

Пратениците на ДПА во идната недела најверојатно ќе го прекинат бојкотот на Собранието. Лидерот Мендух Тачи тоа денеска ќе му го предложи на највисокиот партиски орган, Централното собрание.

Нова партија на Имер Селмани в понеделник

Канал5 - 13.09.2008

В понеделник промоција на новата партија, во вторник на седница во собрание. Пред официјалното промовирање на партијата, Имер Селмани не кажува дали смета уште на некого од пратениците на неговата поранешна партија. Засега, се тројца, тој, Рушити и Зумбери.

ДПА ќе се врати во собранието тогаш кога на дневен ред ќе биде резолуцијата за признавање на Косово

Канал5 - 13.09.2008

Пратеничката група на ДПА ќе се врати во собранието тогаш кога на дневен ред ќе биде резолуцијата за признавање на Косово. Тоа е одлуката на Централното собрание кое денеска се одржа во хотелот „Лираку” во Тетово.

Се повеќе кадри од ДПА кај Селмани

А1 - 12.09.2008

Продолжува одлевањето на партиски ограноци и функционери од ДПА во новата партија на Имер Селмани. Ограноците на Скопски Сарај, Гази Баба, Боговиње, Камењане и Мала Речица го напуштаат Тачи. Трансферот го правдаат со недостиг на демократија во партијата.

На Тачи му бега кормилото од раце

Утрински - 12.09.2008

Неприкосновениот лидер на ДПА се однесува дезориентирано откако Имер Селмани најави отцепување Светлана Унковска Смелоста на потпретседателот на ДПА, Имер Селмани, да ја напушти партијата на Мендух Тачи повлекувајќи добар дел од партиските структури го урна митот на монолитната партија со ...

ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ СЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРА ПАРТИЈАТА НА СЕЛМАНИ

Телма - 12.09.2008

ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ СЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРА ПАРТИЈАТА НА СЕЛМАНИ Во понеделник ќе се официјализира новата партија иницирана од страна на Имер Селмани, соопшти градоначалникот на општината Сарај, Беким Фазлиу кој и се придружи на иницијативата.

Партијата на Селмани ќе се вика Нова демократска партија

Н.Македонија - 12.09.2008

Нова демократска партија најверојатно ќе биде името на новата партија што ќе ја формира Имер Селмани, поранешниот потпретседател на ДПА.

Фазлиу и официјално ја напушти ДПА

Канал5 - 12.09.2008

Градоначалникот на Сарај Беким Фазлиу и официјално ја напушти ДПА за да се приклучи кон иницијативата на Имер Селмани за формирање на нова партија.   Фазлиу беше единствениот градоначалник од редовите на ДПА.

“НОВА ДЕМОКРАТИЈА” Е НАЈСЕРИОЗЕН ПРЕДЛОГ ЗА ИМЕ НА ПАРТИЈАТА НА СЕЛМАНИ

Сител - 12.09.2008

Во опција, велат нашите извори, за назив на партијата се и имињата Нова демократска партија, Партија за иднината, Нова европска, и Нова албанска демократија.

Тачи во американската амбасада

А1 - 11.09.2008

Меѓународниот фактор и натаму ја убедува ДПА да се врати во законодавниот дом. На лидерот Мендух Тачи, на средба во американската амбасада, му било посочено дека е добро да се повлече бојкотот.

И дебарскиот разгранок го напушти Тачи

Дневник - 10.09.2008

И дебарскиот разгранок го напушти Тачи Разгранокот на ДПА од Дебар вчера соопшти дека целосно се приклучил кон новата партија на Имер Селмани. Бајрам Цапа, претседател на дебарскиот разгранок, вели дека одлуката ја донесле едногласно.

Селмани собра 80 проценти од ограноците на ДПА

А1 - 09.09.2008

Преминува ли целото ДПА кај Имер Селмани. Осумдесет проценти го напуштиле Тачи, тврдат извори од новата партија. Дека на Тачи му остануваат мал број ограноци е и најновата информација - Кастриот Хаџиреџа и целиот дебарски огранок на чело со претседателот Бајрам Цапа заминуваат од ДПА.

Тачи не е загрижен поради одлевањето на членството

Утрински - 09.09.2008

Тачи не е загрижен поради одлевањето на членството Светлана Унковска Лидерот на ДПА Мендух Тачи порача од Приштина дека не е загрижен поради заминувањето на високи членови од неговата партија и дека тоа не значи и постоење внатрепартиски расколи и потреси.

Тачи: Селмани нема да ја потресе ДПА

Н.Македонија - 09.09.2008

Новата партија на Имер Селмани нема да ја потресе ДПА. Ова е одговорот на претседателот на ДПА, Мендух Тачи, откако членови на претседателството на партијата и неколку разграноци објавија дека преминуваат во новата партија на доскорашниот потпретседател Селмани.

Уште пет ограноци на ДПА преминуваат во партијата на Селмани

Канал5 - 09.09.2008

Имер Селмани објави дека уште пет ограноци на ДПА преминуваат во неговата партија – охридскиот, преспанскиот, битолскиот, крушевскиот и огранокот во Долнени прилепско.

УТРИНСКИ ВЕСНИК: Тачи не е загрижен поради одлевањето на членството

Нетпрес - 09.09.2008

УТРИНСКИ ВЕСНИК: Тачи не е загрижен поради одлевањето на членството Лидерот на ДПА Мендух Тачи порача од Приштина дека не е загрижен поради заминувањето на високи членови од неговата партија и дека тоа не значи и постоење внатрепартиски расколи и потреси.

Ограноците на ДПА се селат кај Селмани

А1 - 08.09.2008

Мендух Тачи еден по еден ги губи сите свои ограноци, кои се приклучуваат кон партијата на Селмани. Денеска беше објавено преселување на пет ограноци. „Познавајќи ја иницијативата на господин Селмани, каде што граѓаните имаат посебна симпатија и во одлучување.

Тачи: Нема раскол во ДПА

Дневник - 08.09.2008

По еднонеделен молк, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, од Косово порача дека нема раскол во партијата, иако довчерашниот потпретседател Имер Селмани објави дека формира нова партија. - Тоа се поединци, нема раскол во партиската структура на ДПА.

Селмани ќе ја растура и ДУИ?!

Вечер - 08.09.2008

Високи партиски структури и претседатели на општински ограноци на ДУИ, можно е деновиве да преминат во новоформираната партија на Имер Селмани. Според високи партиски извори Селмани деновиве треба да ги разгледа нивните понуди и да одлучи дали ќе ги прифати.