TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во Шведска референдум за воведување на еврото

А1 - 14.09.2003

Претпладне во Шведска започна референдумот на кој граѓаните треба да се изјаснат дали се за воведување на евро како национална валута која треба да ја замени Шведската круна. Пред неколку дена анкетите покажуваа дека мнозинството граѓани се против еврото, но по убиството на Шефот на дипломатијата ...

Фотографија на убиецот на Ана Линд во шведските медиуми

А1 - 13.09.2003

Убиецот на шведскиот министер за надворешни работи Ана Линд се уште не е идентификуван, иако полицијата, најверојатно, располага со негова фотографија. Два шведски весника денеска објавија затемнета фотографија од лице, за кое тврдат дека полицијата го сомничи за убиството.

Ана Линд добила заканувачки имејл, полицијата се уште трага по убиецот

Вест - 13.09.2003

Линд имејлот со закани го добила 2 недели пред да биде убиена, но не го видела оти не сакала да знае за такви писма СТОКХОЛМ, 13 септември, (АП) - шведската министерка за надворешни работи Ана Линд добила имејл во кој и се заканувале и нејзе и на нејзините две деца две недели пред да биде избодена ...

Тапани и шупелки

Вест - 13.09.2003

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Никој од ДУИ не реагираше зошто дождот почна да врне ненајавено 1 Хари Костов замина на одмор. Дознаваме дека одморот ќе го поминел работно. Има ли во овој момент попригодно место за работен одмор на нашиот Хари од една Шведска.

Полицијата ги претресува дури и засолништата за бездомници

Утрински - 13.09.2003

Потера по убиецот на Ана Линд СТОКХОЛМ - Шведската полиција соопшти дека го идентификувала човекот кого сака да го сослуша во врска со убиството на министерката за надворешни работи, Ана Линд, во Стокхолм. Портпарол на полицијата изјави дека човекот, на околу 30-годишна возраст, има долга темна ...

Ана Линд остави своја трага и во Македонија

Утрински - 13.09.2003

По убиството на шведскиот министер за надворешни работи ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Македонија ќе ја памети Ана Линд како жена-дипломат, која ја претставуваше Шведска и Европската унија во два историски момента за нашата земја - кризата во Македонија во 2001 година, и потпишувањето на Спогодбата за ...

Шведската полиција открила траги до напаѓачот на Линд

А1 - 12.09.2003

Шведската полиција денеска соопшти оти открила траги што би можеле да доведат до фаќање на напаѓачот на министерката за надворешни работи Ана Линд, но граѓаните стравуваат дека ова убиство би можело да остане нерасветлено слично како атентатот на шведскиот премиер Улоф Палме во 1986 година.

Избодена до смрт во стоковна куќа

Вест - 12.09.2003

ПОЧИНА АНА ЛИНД, ШВЕДСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ Непознат напаѓач ја избодел министерката Линд додека пазарувала во стоковна куќа во центарот на Стокхолм. Полицијата се уште трага по убиецот СТОКХОЛМ, 12 септември, (АП) - Шведската министерка за надворешна политика Ана Линд, за која се ...

Европа шокирана по убиството на Линд

Утрински - 12.09.2003

реакции БРИСЕЛ - Шведскиот премиер Јоран Першон изјави дека за неговата земја претставува голема загуба смртта на шефот на шведската дипломатија, Ана Линд. "Семејството загуби мајка и сопруга, а Социјалдемократската партија еден од своите најзначајни членови.

До смрт избодена со нож шведската шефица на дипломатијата, Ана Линд

Утрински - 12.09.2003

Грозоморен напад што ја шокираше Шведска и целата светска јавност СТОКХОЛМ - Популарната министерка за надворешни работи на Шведска, Ана Линд, која беше нападната додека пазаруваше во една ексклузивна стоковна куќа, почина вчера изутрина, фрлајќи сенка над егалитарската нација.

Линд се посочуваше како иден премиер на Шведска

Утрински - 12.09.2003

Харизмата и знаењето брзо ја искачија Ана Линд во политиката СТОКХОЛМ - Шведската министерка за надворешни работи, Ана Линд, која почина вчера откако беше нападната во средата во една стоковна куќа во Стокхолм, се посочуваше како можен иден премиер на Шведска.

Министерката Ана Линд убиена среде Стокхолм

Дневник - 12.09.2003

шведска во шок Шведската министерка за надворешни работи Ана Линд (46) почина откако завчера била нападната додека пазарела во трговски центар во Стокхолм, јави Ројтерс. Се уште непознат напаѓач ја избол министерката Линд во стомакот, градите и по рацете.

Митрева изрази сочувство за убиството на Ана Линд

А1 - 11.09.2003

Министерката за надворешни работи Илинка Митрева денеска, од свое име и од име на Владата, упати телеграма со сочувство до шведскиот премиер Јоран Першон, а по повод убиството на шефот на шведската дипломатија Ана Линд, официјално е соопштено во Скопје.

Почина Ана Линд

А1 - 11.09.2003

Министерката за надворешни работи на Шведска, Ана Линд (46) денеска претпладне почина од раните здобиени во вчерашниот напад, кога непознат напаѓач ја нападна во супермаркет и ја избоде со нож во градите, стомакот и рацете. Според соопштението од болницата „Каролинска“, таа починала поради ...

МНР ИСПРАТИ ТЕЛЕГРАМА СО СОЧУВСТВО ПО УБИСТВОТО НА ЛИНД

Канал5 - 11.09.2003

Македонскиот министер за надворешни работи Илинка Митрева денеска, од свое име и од име на Владата, упати телеграма со сочувство до шведскиот премиер Јоран Першон, а по повод убиството на шефот на шведската дипломатија Ана Линд, официјално е соопштено во Македонскиот министер за надворешни работи ...

АНА ЛИНД ИМ ПОДЛЕГНА НА ПОВРЕДИТЕ

Канал5 - 11.09.2003

Шведскиот министер за надворешни работи Ана Линд утрово им подлегна на повредите што вчера и ги нанесе непознат напаѓач додека пазарувала во една продавница во центарот на Стокхолм. Линд имаше 46 години, беше член на Социјалдемократската партија и Шведскиот министер за надворешни работи Ана Линд ...

ЕВРОПА СО СОЧУВСТВО КОН АНА ЛИНД

Канал5 - 11.09.2003

Цела Европа изразува сочувство по смртта на шведската министерка за надворешни работи Ана Линд, која изутрината им подлегна на повредите здобиени вчера попладне од непознато лице, кое ја нападна со нож во стоковна куќа во Стокхолм.

Ана Линд нападната со нож додека пазарела

А1 - 10.09.2003

Портпаролот на шведското Министерство на надворешни работи Тобиас Нилсон потврди дека шефот на шведската дипломатија Ана Линд денеска била нападната со нож од засега непознато лице додека пазарела во еден трговски центар во Стокхолм.