TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Аеродром ќе остане без ингеренции

Време - 27.09.2008

Надлежните министерства и по вторпат можат да и ги одземат ингеренциите на Општина Аеродром во секторот образование и наука, но и во другите сектори, доколку се утврдат неправилности во нејзиното работење.

Министерствата одделно ќе одлучуваат за ингеренциите на Тодоровски

Утрински - 26.09.2008

Советот на вонредна седница одлучи за барање за привремено одземање на ингеренциите на градоначалникот Хипотетичко е прашањето кои и какви ингеренции ќе има градоначалникот Кирил Тодорвски доколку министерствата, секое надлежно во својата област, му ги одземат ингеренциите или дел од нив.

Советниците побараа оставка од Тодоровски

Време - 25.09.2008

Претседателот на Советот на општина Аеродром, досегашниот заменик-градоначалник и советниците побараа Кирил Тодоровски да си замине од функцијата градоначалник и, како што рекоа, да ги остави и натаму да работат мирно како досега.

Советниците бараат оставка од Тодоровски

Вест - 25.09.2008

Советот на Општина Аеродром побара од градоначалникот Кирил Тодоровски да се повлече од својата функција оти му е нарушено здравјето.

Советот на Аеродром ќе бара на Тодоровски да му се одземат ингеренциите

Утрински - 25.09.2008

Советот ќе бара помош, не верувајќи дека Тодоровски ќе почувствува морална одговорност да се повлече „Господ нека ни е на помош, и нам и на граѓаните“, порача вчера претседателот на Советот на Општина Аеродром, Сашо Петковски, убеден дека градоначалникот Кирил Тодоровски нема да почувствува морална ...

Советот на Општина Аеродром бара повлекување на Тодоровски

Дневник - 25.09.2008

Советот на Општина Аеродром ќе побара од надлежните министерства, на Кирил Тодоровски привремено да му се одземат ингеренциите на градоначалник до донесување на правосилна пресуда и се' додека не се подобри неговата здравствена состојба.

Тодоровски да биде разрешен

А1 - 24.09.2008

Советниците на Аеродром на вонредна седница едногласно донесоа одлука, министерствата да му ги одземат ингеренциите на градоначалникот Кирил Тодоровски. 27 советници на Аеродром сметаат дека Тодоровски повеќе направил лошо отколку добро.

Тодоровски способен за судница

Време - 24.09.2008

Градоначалникот на општина Аеродром, Кирил Тодоровски, е способен да присуствува и да ги следи судските рочишта против него, оценија вештаците од судска медицина.

Кирил Тодоровски

Утрински - 24.09.2008

Кирил Тодоровски Молскавично, само со неколку потези и тешки изјави, градоначалникот Кирил Тодоровски по нецели шест месеци повторно е топ-тема во државава.

СОВЕТОТ НА АЕРОДРОМ БАРА НА ТОДОРОВСКИ ДА МУ СЕ ОДЗЕМАТ ИНГЕРЕНЦИИТЕ

Телма - 24.09.2008

На градоначалникот на општината Аеродром, Кирил Тодоровски времено да му се одземат ингеренциите. На денешната вонредна седница, Советот одлучи ова да го побара од надлежните институции кои доколку прифатат, до крајот на судскиот процес против Тодоровски, ќе треба да раководат со општината -Со ...

Ако Тодоровски остане на функцијата, Бог да ни е на помош!

Канал5 - 24.09.2008

- Да му се одземат сите ингеренции на градоначалникот од страна на надлежните министерства до донесување конечна и правосилна пресуда, како и подобрување на неговата здравствена состојба. Го ставам заклучокот на гласање - изјави Сашо Петковски, претседател на Совет на општина Аеродром.

Тодоровски способен и за градоначалник и за судење

Дневник - 24.09.2008

Градоначалникот на Аеродром, Киро Тодоровски, е здрав и за да ја води општината и да го следи судењето, изјави вчера неговиот адвокат Љупчо Андоновски, кој повтори дека неговиот клиент не е виновен за делото за кое е обвинет и дека очекува ослободителна пресуда.

ДА МУ СЕ ОДЗЕМАТ ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОДОРОВСКИ

Сител - 24.09.2008

Советот истакна дека не точни се тврдењата дека општината е во хаос. По враќањето на Тодоровски од притвор, сите членови на Советот биле подложени на деградирачкиот однос на градоначалникот. - Мене вакви навреди, како што ми упати неговиот син, никој ми нема кажано.

Нека си оди, или господ да ни е на помош

Вечер Прес - 24.09.2008

Сите 27 советници на Аеродром, на вчерашната вонредна седница одржана поради враќањето на Кирил Тодоровски на функцијата градоначалник, од надлежните министерства едногласно побараа да му се одземат ингеренциите до донесување на конечна и правосилна пресуда и подобрување на неговата здравствена ...

Тодоровски сепак способен за на суд

А1 - 23.09.2008

Градоначалникот на Аеродром Кирил Тодоровски откако ги смени бравите во општината, тимот невропсихијатри оцени дека тој е способен да ги следи судските рочишта против него.

Општина Аеродром под клуч

Вест - 23.09.2008

Општина Аеродром вчера неколку часа беше под клуч. Градоначалникот Кирил Тодоровски пристигна на работа утрината околу осум часот, ја затвори портата пред општинската зграда и им дозволуваше влез само на вработените во Општината.

Тодоровски пак седна во својата фотелја во Аеродром

Утрински - 23.09.2008

Градоначалникот изјави дека не одел на боледување, оти не можел да дозволи хаос во Општината Деспина Трајковска Како што најави Кирил Тодоровски така и направи: по излегувањето од притвор вчера седна во градоначалничката фотелја.

Обвинетиот Тодоровски истражува криминал

Дневник - 23.09.2008

Граѓаните ме избраа и моја обврска е да ја завршам мојата мисија, вели Тодоровски Градоначалникот Кирил Тодоровски, кој се брани од слобода за делото поткуп, бара ревизија на, според него, потрошениот општински буџет од еден и пол милион евра, кој го оставил пред да го уапсат.

Тодоровски најавува проекти и се расфрла со обвинувања

Време - 23.09.2008

Тодоровски најавува проекти и се расфрла со обвинувања Градоначалникот на општина Аеродром, Кирил Тодоровски, не само што веднаш по излегувањето од притвор повторно седна во градоначалничката фотелја, туку и уште од првиот работен ден најави низа проекти кои планира да ги реализира до истекот на ...

Тодоровски демантира дека со хебла кршел брави

Н.Македонија - 23.09.2008

Градоначалникот на општината Аеродром, Кирил Тодоровски, изјави дека во општината не влегол насилно и нецивилизирано како што веќе информираа медиумите.

Здрав за работа, болен за притвор

Н.Македонија - 23.09.2008

Двајцата најдобри градоначалници, како што самите се нарекуваат викендов, повторно го освоија медиумскиот простор. Едниот, градоначалникот на Струмица Зоран Заев, стана в.д. претседател на СДСМ, како што и беше договорено.

Тодоровски: За Премиерот бев најдобар

А1 - 22.09.2008

Кирил Тодоровски од рано изутрина е низ општинската зграда. Воведувал ред. Вели дека приоритет му е здравствената состојба, но и не можел психички да издржи Општината да ја остави во хаос. Допрва со Интерна комисија ќе испитува каде отишле преку милион евра.

Градоначалникот Тодоровски упадна во Општината

Утрински - 22.09.2008

И Зиберовски и Тодоровски планираат да седат на градоначалничката фотелја Деспина Трајковска Општината Аеродром повторно е место каде најверојатно ќе се случува циркус.

Тодоровски упадна во општинската зграда

Дневник - 22.09.2008

Градоначалникот на Општина Аеродром, Кирил Тодоровски, кој во петокот беше ослободен од притвор по обвинението за прима ње поткуп, завчера дошол во Општината и ги заменил бравите на влезните врати и на кабинетот.

Волк во јагнешка кожа

Дневник - 22.09.2008

Градоначалникот на Аеродром,Кирил Тодоровски, не чекаше долго да седне на градоначалничката фотелја и само еден ден откако излезе од притвор направи скандал во Општината. Иако тешко болен, тој дејствуваше прилично здраво кога јавно ги менуваше бравите во општинската зграда.

Тодоровски со хебла назад во фотелјата

Време - 22.09.2008

Градоначалникот на општина Аеродром, Кирил Тодоровски, еден ден по излегувањето од притвор, ги отстрани сите сомневања дали ќе се врати во градоначалничката фотелја.

Не кршев, отворав со бормашина

Вест - 22.09.2008

Градоначалникот на Општина Аеродром, Кирил Тодоровски, денес се враќа на работа во Општината работејќи по два часа дневно.

Циркус во Аеродром

Утрински - 22.09.2008

Најголемата скопска општина Аеродром деновиве повторно е во фокусот на вниманието. Откако нејзиниот легендарен градоначалник во саботата приреди вистинска претстава за полицијата и за новинарите, денеска се очекува втора рунда од мечот Кирил Тодоровски – Југослав Зиберовски.

Тодоровски повторно седна на градоначалничката фотелја

Канал5 - 22.09.2008

Барем навидум се смири тензијата во општина Аеродром. Градоначалникот Кирил Тодоровски утрово повторно седна во својата фотелја, заменикот Зиберовски не се појави а вонредна седница на советот не се одржа. Тодоровски денеска помек во својата реторика.

КИРИЛ ТОДОРОВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Сител - 22.09.2008

КИРИЛ ТОДОРОВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ Неофицијално од саботата, официјално од денеска градоначалникот на Аеродром Кирил Тодоровски се врати на работното место, за да ја спаси општината, вели тој.

Болен сум ама сакам да бидам градоначалник

Вечер Прес - 22.09.2008

Градоначалникот на Аеродром, Кирил Тодоровски, вчера потврди дека не се чувствува добро, но дека ќе доаѓа на работа. Според неговиот адвокат Љупчо Андоновски, кога ќе продолжи судскиот процес ќе зависи од мислењето што, по вчерашниот преглед кој требаше да го изврши Тодоровски, ќе го даде Судска ...

Кој е главен во општината Аеродром?

Н.Македонија - 22.09.2008

Проблемите во општината Аеродром почнуваат од денеска, кога градоначалникот Кирил Тодоровски и неговиот заменик Југослав Зиберовски ќе пристигнат во општинската зграда за да ја вршат истата функција.