TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Евросилите се исплашија од АНА?!

Дневник - 22.02.2003

брисел Евросилите нема да дојдат на 15 март во Македонија, како што е планирано, затоа што Вашингтон и Брисел сериозно ги сфатиле заканите на АНА за "пролетна офанзива", тврди дипломат во Брисел, кој сакаше да остане анонимен.

Евросилите ќе ја почнат мисијата во Македонија на 15 март

Утрински - 22.02.2003

НАЈАВА БРИСЕЛ - Европската унија е на пат да ја почне својата прва воена операција на 15 март со тоа што ќе ја преземе од НАТО мировната мисија во Македонија, соопшти вчера сегашниот претседавач на Европската унија, Грција. Операцијата во која е вклучено и распоредувањето на 350-члениот персонал е ...

Доаѓањето на евросилите најавено за 15 март

А1 - 21.02.2003

Европската унија планира на 15 март годинава да ја преземе од НАТО мировната мисија во Македонија, соопшти денеска во Брисел грчкиот претставник во Унијата Аристидис Агатоклис. Според Агатоклис, моментално не постојат пречки поради кои преземањето на мисијата би можело да биде одложено.

Мисијата на ЕУ во Македонија ќе биде мала, но многу значајна

Утрински - 20.02.2003

ФЕИСТ Брисел - Контингентот на евросилите што треба да ја преземат од НАТО мировната мисија во Македонија ќе биде составен од околу 300 војници, изјави идниот командант на мисијата, германскиот генерал Рајнер Феист, нагласувајќи дека станува збор "за мала, но многу значајна операција".

Безбедноста зависи од примената на охридскиот договор

Дневник - 18.02.2003

МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА НА ШВЕДСКА ВО СКОПЈЕ Примената на охридскиот договор е многу важен процес, од кој зависи и безбедноста во Македонија и во регионот, смета министерката за одбрана на Шведска, Лени Бјорклунд, која е во посета на Скопје.

Во евросилите ќе учествуваат и шведски војници

А1 - 17.02.2003

Актуелната безбедносна состојба во Македонија и во регионот и преземањето на НАТО мисијата од страна на евросилите, беа темите на денешните разговори во Скопје меѓу министрите за одбрана на Македонија и на Шведска, Владо Бучковски и Лени Бјорклунд.