TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Хашките предмети во менгеме

Утрински - 04.10.2008

Дилемите околу Законот за амнестија, според експертите, се политички мотивирани Гордана Дувњак Четирите хашки предмети се повеќе личат на тежок камен врзан за нозете на владината коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Тачи го брка Ахмети од власта поради хашките случаи

Дневник - 04.10.2008

Али Ахмети итно треба да си оди Владата бидејќи дозволи да се процесуираат хашките случаи, порача вчера лидерот на ДПА Мендух Тачи.

Автентично е само злосторството

Дневник - 04.10.2008

Љубе Бошковски и Јохан Трачуловски се соочија со судот, па тоа на никаков начин не се одрази врз меѓуетничките односи во земјава.

Законот за амнестија го подели и албанскиот блок

Н.Македонија - 04.10.2008

Ахмети нека не филозофира многу и нека ја напушти власта, му порача вчера лидерот на ДПА Мендух Тачи на претседателот на ДУИ Али Ахмети. Тој ја оцени како „филозофска“ идејата на Ахмети за меѓународна експертиза на хашките случаи што беа вратени во Македонија.

Автентичното толкување посилно од судската пресуда

Дневник - 03.10.2008

Ќе има правна експертиза на Законот за амнестијата, потврди за „Дневник“ висок функционер во Владата, по изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека во Владата има интерес меѓународни и домашни правници да дадат толкувања дали со законот се опфатени и обвинетите за четирите хашки случаи.

Тачи бара ургенција за амнестијата

Време - 03.10.2008

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, испрати писмо до генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, во кое бара негова интервенција за Законот за амнестија.

ДНЕВНИК: Автентичното толкување посилно од судската пресуда

Нетпрес - 03.10.2008

ДНЕВНИК: Автентичното толкување посилно од судската пресуда Ќе има правна експертиза на Законот за амнестијата, потврди за „Дневник“ висок функционер во Владата, по изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека во Владата има интерес меѓународни и домашни правници да дадат толкувања дали со законот ...

ДПА ИНСИСТИРА ХАШКИТЕ СЛУЧАИ ДА НЕ СЕ ПРОЦЕСУИРААТ ВО МАКЕДОНСКИТЕ СУДОВИ

Сител - 03.10.2008

Според него Законот за соработка со Хашкиот трибунал од 2007-та година гарантирал дека само Трибуналот е надлежен за овие случаи. За ова ДПА вчера му испрати и писмо на Генералниот секретар на НАТО Шефер, со барање да се почитува Законот за амнестија.

Интензивно се трага по странска помош за хашките случаи

Н.Македонија - 03.10.2008

Почитуван господине Шефер, Законот за амнестија е клучот што затвори едно горчливо балканско поглавје, заменувајќи го со едно европско решение и сега, со овие своеглави прекршувања на законите, Владата неразумно отвора еден фронт каде што таа ќе биде губитничка страна.

ДПА бара од Шефер запирање на хашките случаи

А1 - 02.10.2008

ДПА, преку претставниците на НАТО во земјава, испрати писмо до генералниот секретар на НАТО, Шефер. Бара помош за запирање на четирите хашки случаи, за кои, според партијата на Тачи, треба да важи Законот за амнестија, за чија доследна примена гарант е Алијансата.

Тачи до Шефер: Со процесуирање на хашките предмети не се почитува законот за амнестија

Канал5 - 02.10.2008

ВМРО ДПМНЕ и ДУИ не можат да се договорат кој треба да направи дополнителна анализа на Законот за амнестија – Али Ахмети барал странски експерти да толкуваат дали амнестијата ги опфаќа и четирите вратени хашки предмети, додека Груевски сакал тоа да го направат македонски експерти.

ДПА со писмо бара интервенција од Шефер за Законот за амнестија

Алсат-М - 02.10.2008

По доставеното барање за интерпретација на автентичноста на Законот за амнестија, ДПА испрати писмо до генералниот секретар на НАТО Шефер во врска случувањата околу хашките случаи. Прекршувањето на Законот за амнестија, според партијата не вклучува само едно лице туку целиот албански народ.

Тачи му се жали на Шефер за амнестијата

Форум - 02.10.2008

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи преку канцеларијата на НАТО во Скопје му испратил писмо на генералниот секретар Јаап Де Коп Шефер во кое тој се пожалил на тоа што Собранието се уште не направило автентично толкување на Законот за амнестија иако неговата партија поднела официјално барање за тоа.

ДПА ИСПРАТИ ПИСМО ДО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР ШЕФЕР

Сител - 02.10.2008

СО ЦЕЛ ДА ГО СПРЕЧИ ПРОЦЕСУИРАЊЕТО НА ХАШКИТЕ СЛУЧАИ ДПА ИСПРАТИ ПИСМО ДО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР ШЕФЕР ДПА со писмо побара од генералниот секретар на НАТО Шефер да го спречи процесуирањето на 4-те хашки случаи.

Тачи бара помош од НАТО

Вечер Прес - 02.10.2008

Од ДПА бараат Шефер да го спречи процесуирањето на четирите хашки случаи. Поканата за медиумите која ја упати ДПА за утринската средба, ги налути претставниците на НАТО.

Тачи: Ахмети е одговорен за играта околу амнестијата

Дневник - 01.10.2008

Коалициските партнери во Владата, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, имаат договор за хашките случаи со чие отворање грубо се крши Законот за амнестијата , смета лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

„Фамозниот“ Закон за амнестијата!

Дневник - 01.10.2008

Во јавноста подолго време се вртат разни интерпретации на Законот за амнестијата. Неопходно е да се расчистат некои дилеми околу него , како оние одредби од суштински така и оние од процедурален карактер. Пред се', треба да се види за кого, зошто и кога се дава амнестија со овој закон.

Според Тачи грубо сe крши Законот за амнестија

А1 - 30.09.2008

Постапувањето на македонските судови по четирите Хашки предмети е грубо кршење на Законот за амнестија, тврди лидерот на ДПА, Тачи. Тој деновиве преку јавно писмо ова ќе му го образложел и на генералниот секретар на НАТО, Шефер, бидејќи Алијансата била гарант на доследното почитување на амнестијата.

ТАЧИ: "ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ ГРУБО ГО КРШАТ ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА"

Телма - 30.09.2008

ТАЧИ: "ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ ГРУБО ГО КРШАТ ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА" Лидерот на ДПА Мендух Тачи денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат договор за "грубо кршење на Законот за амнестија". Според него, двете партии и нивните лидери ќе се вплеткаат во мрежата на тој договор.

Тачи: Ахмети е одговорен за играта околу амнестијата

Алсат-М - 30.09.2008

Коалиционите партнери во владата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат договор околу хашките случаи со чие отворање грубо се крши Законот за амнестија смета лидерот на ДПА Мендух Тачи.

Ахмети е одговорен за амнестијата!

Вечер Прес - 30.09.2008

Коалиционите партнери во владата, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, имаат договор околу хашките случаи со чие отворање грубо се крши Законот за амнестија смета лидерот на ДПА Мендух Тачи.