TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Г. Вартоломеј застанал на страната на СПЦ, тврдат грчките медиуми

Утрински - 24.02.2007

Патријархот рекол дека во прегратките на православието не може да се прифати црквата под името „македонска“ БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА Наспроти задоволството од средбата и приемот кај вселенскиот патријарх г. Вартоломеј, македонската црковна делегација, не може да се пофали со добри вести од Цариград.

На ред се разговорите со СПЦ

Време - 24.02.2007

ВЛАДИЦИТЕ ЗАДОВОЛНИ Средбата со вселенскиот патријарх во Цариград ја оценуваме како позитивна. Наш заеднички став е дека дијалогот меѓу Македонската и Српската православна црква треба да продолжи, истакна владиката Тимотеј по доаѓањето од Цариград, каде што заедно со Владиката Наум остварија средба ...

Тимотеј и Наум задоволни од средбата

Вечер Прес - 24.02.2007

Нам како црква ништо не ни недостасува за да бидеме православна црква, меѓутоа непризнавањето и игнорирањето од останатите православни цркви е штета за единството на севкупното православие, изјави владиката г. Тимотеј. Позитивна средба меѓу архијереи од православниот свет, без условувања.

Проблемот со Вранишковски експресно решен

Време - 23.02.2007

ВЛАДИЦИТЕ НА РАПОРТ КАЈ ПОГЛАВАРОТ Македонската православна црква се уште не сака да ја коментира средбата што во средата во Цариград се одржа меѓу владиците на МПЦ и првиот човек на Цариградската патријаршија, ниту, пак, одлуката на велешкиот суд за ослободување на Вранишковски.

МПЦ задоволна од приемот кај Вартоломеј

А1 - 22.02.2007

Македонската црковна делегација доцна попладнево пристигна на скопскиот аеродром. Задоволни се од приемот кај вселенскиот патријарх Вартоломеј. Двете страни се согласиле, дијалогот меѓу МПЦ и СПЦ мора да продолжи. „Загриженоста, како од наша страна, така и од неговата светост, за сеопштото ...

Патријархот Вартоломеј ќе се заложи за обновување на дијалогот МПЦ- СПЦ

Утрински - 22.02.2007

Цариградскиот патријарх и' ветил на македонската делегација дека ќе се заложи за обновување на дијалогот со СПЦ. Барањата на владиците на МПЦ ќе бидат пренесени на другата страна и ќе ја видат нивната реакција, гласело ветувањето од Цариградската патријаршија.

Митрополитите Тимотеј и Наум се враќаат од средбата во цариградската патријаршија

Канал5 - 22.02.2007

Митрополитите Тимотеј и Наум вечерва се враќаат во Скопје по средбата со вселенскиот патријарх Вартоломеј. Митрополитите Тимотеј и Наум вечерва се враќаат во Скопје по средбата со вселенскиот патријарх Вартоломеј. Се очекува да го пренесат впечатокот од разговорите во цариградската патријаршија и ...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј со митра од Бигорскиот манастир

Утрински - 22.02.2007

ГОСТИВАР - Делегацијата на МПЦ вчера на вселенскиот патријарх Вартоломеј му подари митра со ангелски ликови. Подарокот беше изработен во работилницата на Бигорскиот манастир, за релативно кратко време. Ја обмисли и ја изработи архимандритот Партениј.

Цариград побара, Судот пресуди слобода за Вранишковски

Дневник - 22.02.2007

Барањето на Вартоломеј коинцидира со одлуката на судот во Велес , кој вчера реши да го ослободи Јован Вранишковски од затвор на 1 мај Проблемот со затворениот владика Јован Вранишковски е еден од клучните фактори за решавање на статусот на МПЦ, соопштил вселенскиот патријарх Вартоломеј на ...

БЕЗ ЈОВАН НЕМА ЦРКВА?!

Вечер Прес - 22.02.2007

Вселенескиот патријарх, како што објави Вечер, не понудил никакви предлози за решение на деценискиот црковен спор. Тој само ги сослушал македонските владици, но не пропуштил да им напомне дека Јован Вранишковски и неговата ПОА се дел од целиот проблем.

Клучот за дијалог меѓу МПЦ и СПЦ е Вранишковски

А1 - 21.02.2007

Клучот за продолжување на дијалогот меѓу МПЦ и СПЦ е Вранишковски, кој е во затвор. Тука заглавиле разговорите на средбата во Цариград, меѓу македонските владици и вселенскиот патријарх Вартоломеј. Конкретни заклучоци од средбата не се донесени, возобновена е комуникацијата.

Наум и Тимотеј денеска кај Вартоломеј

Време - 21.02.2007

МПЦ НЕМА ДА ПОПУШТИ ЗА ИМЕТО Претставниците на Македонската православна црква, владиците Наум и Тимотеј денеска ќе имаат средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј во Цариград. И самиот чин на средба со првиот човек на Цариградската патријаршија доброупатените ја оценуваат како позитивна за МПЦ.

Македонски владици денес ќе бидат примени од вселенскиот патријарх

Утрински - 21.02.2007

Mакедонските духовници ќе му го пренесат ставот на г. Вартоломеј дека нашата црква не се откажува од автокефалниот статус БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА Првиот епископ на православната црква - вселенскиот патријарх г. Вартоломеј, денес во своето седиште во Фанар ќе ја прими тричлената црковна делегација од МПЦ.

Во Истанбул денеска обид за деблокада на дијалогот меѓу МПЦ и СПЦ

Канал5 - 21.02.2007

Вселенскиот патријарх Вартоломеј им ветил на македонските владици Наум и Тимотеј дека лично ќе се заложи кај српската православна црква за обновување на дијалогот. Вселенскиот патријарх Вартоломеј им ветил на македонските владици Наум и Тимотеј дека лично ќе се заложи кај српската православна црква ...

Вартоломеј по подолго време ќе прими македонски архијереи!

Вечер Прес - 21.02.2007

Нема изјави, нема што да Ви соопштиме. Изјави ќе дадеме откако ќе се вратиме, кратко прокоментира за Вечер, дебарско-кичевскиот митрополит пред полетувањето. Струмичкиот митрополит, Наум, дебарско-кичевскиот, Тимотеј и архимандритот Партение, игумен на манастирот Св.

Македонската црковна делегација замина за Истанбул

А1 - 20.02.2007

Македонската црковна делегација денеска замина за Истанбул. Дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј, струмичкиот Наум и архимандритот од „Бигорски“ Партениј се претставниците на МПЦ кои утре во истанбулскиот кварт Фанер ќе се сретнат со вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Нема предлози, туку само возобновување на разговорите!

Вечер Прес - 20.02.2007

Не сме во фаза да имаме предлози. Сега сме во фаза на возобновување на дијалогот што е прекинат, изјави за Вечер Секретарот на цариградскиот Синод, Архимандритот Елпидофорос Ламбриниадис. Македонската Православна црква и Вселенската патријаршија утре во Фанер, ќе се обидат да воспостават ...

МПЦ ќе го опипува пулсот на Вартоломеј

Дневник - 19.02.2007

На средбата со вселенскиот патријарх Вартоломеј, МПЦ ќе се обиде да дознае какви се неговите позиции и предлози за решение на спорот со Српската православна црква, изјави вчера еден од владиците на МПЦ. Тој рече дека во МПЦ немаат илузии дека на средбата може да се дојде до некое конкретно решение.

Москва и Цариград - адреси за афтокефалноста

Вечер Прес - 19.02.2007

Ние веруваме дека на овие средби ќе има позитивни резултати, инаку зошто би оделе. Наше е да тропаме на сите врати и онаму каде што ќе ни отворат, да ја кажуваме нашата вистина, вели архиепископот Стефан Цариград и Москва се двете дестинации во кои македонските архијереи ќе бараат начини за ...