TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кометал без засилувања против Ларвик

Утрински - 28.02.2004

Преговорите за потенцијални трансфери досега без успех Кометал Ѓорче Петров во четвртфиналните дуели од Лигата на шампионите против Ларвик по сў изгледа ќе влезе без ниту едно засилување од странство откако се изјаловија обидите на раководството на клубот да го засили играчкиот состав со ...

Кометал ЃП се надева Лада да им отстапи барем една ракометарка

Дневник - 27.02.2004

РАКОМЕТ Управата на македонскиот првак Кометал ЃП се надева дека ќе успее да ги убеди луѓето од Лада Толјати да ги ослободат Марина Наукович и Ирина Пал. Тие би требало да бидат засилување за ѓорчепетровки за следните мечеви во Лигата на шампионите против Ларвик.

Кометал расположен да плати за Наукович и Пал

Дневник - 26.02.2004

ПО ПОВРЕДАТА НА ЦИГИЦА Русинките Марина Наукович и Ирина Пал, обете ракометарки на Лада Толјати, се единствените играчи на кои Кометал ЃП може да се надева како можни засилувања за четврт-финалето на ЛШ. Од евентуалниот трансфер на Лилјана Кнежевиќ нема ништо, бидејќи нејзиниот клуб ДИН Ниш не е ...

Пропаднаа преговорите со Кнежевиќ, на ред е Марина Наукович

Време - 26.02.2004

РАКОМЕТ - КОМЕТАЛ ЃП ВО ПОТРАГА ПО ЗАСИЛУВАЊА Управите на македонскиот ракометен шампион Кометал Ѓорче Петров и на нишкиот ДИН Класик не успеаја да се договорат околу преминот на Љиљана Кнежевиќ во редовите на скопјанки. По ова на Кометал ЃП во игра за засилување му останува руската репрезентативка ...

Позитивен одговор само за Наукович

Вест - 26.02.2004

РАКОМЕТ - КОМЕТАЛ ЃП ВО ТРКА ПО ЗАСИЛУВАЊА Од неколкуте имиња за кои Кометал Ѓорче Петров во моментов води преговори, позитивен одговор засега единствено е испратен од рускиот шампион Лада Тољати во врска со корпулентниот репрезентативен лев бек Марина Наукович (24).

Кометал во лов на Марина Наукович

Утрински - 25.02.2004

Европскиот првак од 2002 година во трка по засилувања Цврстиот став на челниците на ДИН-Класик да не го пуштат својот среден бек Лилјана Кнежевиќ пред истекот на договорот во јуни оваа година, го натера раководството на Кометал Ѓорче Петров да се сврти кон други потенцијални засилувања, меѓу кои ...

Кометал Ѓорче Петров во потрага по засилувања

Утрински - 24.02.2004

По неубедливиот пласман во четвртфиналето на ЛШ и повредата на Цигица Роберт Димитриевски Раководството на Кометал Ѓорче Петров од синоќа е во интензивна потрага по засилувања за продолжението од Лигата на шампионите и четвртфиналните дуели со норвешкиот првак Ларвик во средината на март.

Работнички Кометал и Рад одиграа 0:0

Утрински - 24.02.2004

Работнички Кометал во последниот контролен натпревар пред стартот на пролетната полусезона одигра само нерешено без голови против прволигашот од Србија и Црна Гора, Рад. Во просечен меч кој се одигра на помошното игралиште на Работнички, нашиот тим создаде три изгледни шанси.

Олга Бујанова се искачи на шестата позиција

Утрински - 24.02.2004

Листа на стрелците во Лигата на шампионите Со осумте гола постигнати во натпреварот со Слагелсе од шестото и последно коло од Лигата на шампионите, Олга Бујанова од Кометал Ѓорче Петров се искачи за едно место на листата на стрелците и заврши како шеста со вкупно 41 погодок.

Залудна победа на Хипо во Ниш против ДИН

Утрински - 24.02.2004

Завршија мечевите по групи во Лигата на шампионите Осумкратниот европски првак Хипо Нидерестерајх славеше на гостувањето во Ниш над ДИН-Класик со 30:28 во шестото и последно коло од Ц-групата во Лигата на шампионите, но тоа беше доволно само за третото место и утешниот продолжеток во четвртфиналето ...

Едно скалило погоре од лани за ракометарките на Кометал

А1 - 23.02.2004

Едно скалило погоре од лани, но далеку од претендент за европскиот ракометен врв, вака изгледа Кометал Ѓорче Петров на три недели пред четвртфиналниот двомеч од Лигата на шампионките со силниот Ларвик, а по измачувачките средби во прелиминарната група.

Ларвик следен противник

Дневник - 23.02.2004

ракомет Екипата на Ларвик е противник на Кометал ЃП во четврт-финалето како првопласиран во Д-групата. Во последното коло играше 25-25 на гости во Шпанија, против Елда престижо. Првиот меч со Кометал ЃП се игра на 13/14 април во Скопје, а реваншот е една недела подоцна во Норвешка.

Имаме четврт-финале, немаме надежи

Дневник - 23.02.2004

РАКОМЕТ - ЛИГА НА ШАМПИОНИ, Ц-ГРУПА Со ваква игра не може да се надеваме на нешто повеќе - вели Нацева Кометал ЃП се пласира во четврт-финалето на Лигата на шампионите, но со ремито од 19-19 против "бебињата" на Слагелсе не остави впечаток дека има сили за враќање на европскиот врв.

Кометал ЃП - Слагелсе 19-19 (10-11)

Дневник - 23.02.2004

ракомет Спортска сала во СРЦ "Кале". Гледачи 2.000. Судии: Лијачковичиус - Паскевичиус - Литванија. Црвен картон: Хансен (60 м. 3 исклучувања). Кометал ЃП: Колесник (одбрани 6 топки), Нацева (одбрани 11 топки и 1 седмерец), Борисенко, Радченко, Велкова 1, Бујанова 8 (3/5), Чупиќ, Коцевска, ...

Кога не може да се победат ни деца

Утрински - 23.02.2004

Со ремито 19:19 со Слагелсе, Кометал ЃП се пласира во четвртфиналето на ЛШ, но тотално разочара Роберт Димитриевски Играјќи нерешено 19:19 (10:11) со Слагелсе во шестото и последно коло од Ц-групата, Кометал Ѓорче Петров успеа да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе се ...

Кометал ЃП најслаб сезонава, но се пласира во четврт-финалето

Време - 23.02.2004

РАКОМЕТ - ЛШ: КОМЕТАЛ ЃП - ШЛАГЕЛСЕ 19-19 (10-11) Александра Мазнева Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров со најслабата игра сезонава во Европа се пласираа во четврт-финалето на Лигата на шампионките (ЛШ) откако ремизираа со младинскиот тим на Шлагелсе, 19-19 (10-11) во последниот меч од ...

Цигица скрши зглоб на ногата

Дневник - 23.02.2004

ракомет До крајот на сезонава Кометал ЃП ќе игра без Олена Цигица, која го скрши зглобот на левата нога. Во 38. Минута, при 14-12 за Кометал ЃП, украинската репрезентативка незгодното стапна на ногата на една од противничките ракометарки.

Кометал ЃП во Ниш по Љиља Кнежевиќ

Време - 23.02.2004

- Денеска заминуваме во Ниш на преговори со управата на ДИН Класик за Љиљана Кнежевиќ - изјави Иван Бојков, претседател на Кометал ЃП. За Кнежевиќ заврши настапот во ЛШ сезонава, со оглед дека нејзиниот клуб не обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во Европа.