TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Лозарите го прекинаа штрајкот

А1 - 12.09.2004

Рано изутрина лозарите од Тиквешијата ги тргнаа блокадите од пред винарската визба „Тиквеш“. По тридневна блокада и терање инает со раководството на „Тиквеш“ лозарите не добија повисоки цени. Вчерашниот предлог за средба со одговорните, по двајца претставници од оние кои чекаат да предадат грозје и ...

„Тиквеш“ трет ден под блокади

А1 - 11.09.2004

Веќе 3 дена капиите на винарската визба „Тиквеш“ се блокирани од незадоволните лозари поради ниската откупна цена на грозјето. Преговорите и понатаму не мрдаат од мртва точка. Раководството на „Тиквеш“ останува на своето. „Не планираме да извршиме таква промена затоа што фактите покажаа дека ова им ...

Јавно ќе се соопштува откупната цена

Време - 11.09.2004

„ТИКВЕШ“ Винарската визба „Тиквеш“ завчера откупувала килограм грозје од сортата „траминец“ за 14,77 денари, „црн бургундец“ за 15,01 денари, а „шардоне“ за 16,30 денари. Менаџерскиот тим на визбата соопшти дека отсега постојано ќе ја информира јавноста за постигнатите цени на грозјето.

Лидерот на лозарите приведен на информативен разговор

Време - 11.09.2004

БЛОКАДИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ, „ТИКВЕШ“ НЕ ПОПУШТА Билјана К. Наумова Претседателот на „Агротиквешија“, Борис Давидов, кој ги предводи протестите на лозарите од Тиквешијата, вчераутро беше приведен во полициска станица на информативен разговор.

Лозари преку тајни влезови го продавале грозјето на "Тиквеш"

Утрински - 11.09.2004

И вчера продолжи блокадата на кавадаречката винарска визба Ангел Данов КАВАДАРЦИ - И покрај блокадите, некои лозари кои добиле покани за да го однесат грозјето во винарската визба, во вечерните часови преку тајни влезови го продавале грозјето на "Тиквеш".

Лозарите ќе ги затворат и приодите кон Кавадарци?

Утрински - 11.09.2004

Блокадата на најголемата винарска визба кај нас продолжува, менаџерите не попуштаат пред барањата Според откупеното и најавеното за плаќање од првиот ден на откупот, произлегува дека плаќаме повеќе од минатата година-Ѓорѓи Петрушев координатор на "Тиквеш" АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Покрај блокадата на ...

Полициско кафе за лидерот на лозарите

Дневник - 11.09.2004

ПРОДОЛЖУВА БЛОКАДАТА НА "ТИКВЕШ" Полицијата во Кавадарци вчера го повикала на информативен разговор претседателот на "Агротиквешија" и го предупредила за последиците од протестот Лидерот на лозарите од Тиквешијата, Борис Давидов, вчера бил повикан на информативен разговор во полицијата во Кавадарци.

Лозарите повторно го блокираа влезот на „Тиквеш“

А1 - 10.09.2004

Блокадата на „Тиквеш“ продолжи и денес. Лозарите категорични дека ќе ги враќаат сите оние кои ќе донесат грозје овде. Тие се подготвени да се откажат од годинешниот род. „Ќе го истуриме на нива, ако не се плати. Ние сакаме да го дадеме грозјето, да се плати по поволна цена и да можеме да извадиме ...

Тиквешкото грозје оди за Албанија

Вест - 10.09.2004

ВЛАДАТА ГО УНИШТУВА ЛОЗАРСТВОТО Албанските препродавачи, кои досега од Тиквешијата купиле над 20 тони грозје, плаќаат од 13 до 20 денари за килограм, што е неколку пати повеќе од цената што на лозарите им ја нудат "Тиквеш" и другите винарски в Кавадаречкото грозје место во винарската визба ...

Сто трактори го блокираа „Тиквеш“

Време - 10.09.2004

ПРОТЕСТ НА КАВАДАРЕЧКИТЕ ЛОЗАРИ Билјана К. Наумова Околу две илјади лозари со повеќе од 100 празни трактори вчера ги блокираа капиите на винарската визба „Тиквеш“, поради неприфатените барања за повисоки откупни цени на грозјето.

"Тиквеш" блокиран

Вест - 10.09.2004

Тракторите и механијзацијата нема да ги тргнеме од портата на "Тиквеш", се додека Управниот одбор на винарската визба не ја зголеми откупната цена на грозјето за 20 насто, се заканија вчера околу 1.000 лозари кои цел ден останаа пред фабриката за вино во Кавадарци.

Лозарите со трактори ја блокираа винарската визба на „Тиквеш“

Утрински - 10.09.2004

Во Кавадарци продолжува револтот од откупните цени на винските сорти грозје Во "Тиквеш" истакнуваат дека со лозарите се манипулира и дека откупните цени што се нудат се повисоки од лани Ангел Данов -Александрија Стефковска КАВАДАРЦИ - Со педестина трактори вчера неколку стотина лозари ја започнаа ...

Лозарите ќе истураат грозје по улиците

Дневник - 10.09.2004

БЛОКИРАН ВЛЕЗОТ НА "ТИКВЕШ" Од вчерашната блокада беше соопштено дека производителите в недела, на карневалот во Кавадарци, протестно ќе истураат грозје Лозарите, кои вчера ја блокираа винарската визба "Тиквеш", се закануваат дека в недела, на карневалот во Кавадарци, ќе истураат грозје по улиците ...

Лозарите го блокираа влезот на „Тиквеш“

А1 - 09.09.2004

Со транспаренти „Почитувајте го винари трудот на лозарите“ и над 100 празни трактори повеќе винаро производители денес ги блокираа капиите на винарската визба „Тиквеш“. По 4 часа чекање, некаде на пладне, почнаа преговорите меѓу двете страни, но и овој пат безуспешно.

Oд извозот на вино во земјава се слеваат по 29 милиони евра

А1 - 09.09.2004

Цените на виното бележат зголемување и на домашниот и на странскиот пазар, а откупната цената на винското грозје не е променета десетина години. Грозјето Смедеревка винарите го плаќаат по 8 и пол денари за килограм, а Кратошијата по 12 и тоа со задоцнување од неколку месеци.

Кавадаречкото село Бегниште шест дена во мрак

Време - 09.09.2004

ПОРАДИ СЛАБАТА ЕКОНОМСКА МОЌ НА ЛОЗАРИТЕ Билјана К. Наумова Шест дена кавадаречкото село Бегниште е во мрак. Околу 500-те жители на ова село не можат да ги намират основните трошоци, што предизвика долгови кон Електростопанство на Македонија што изнесуваат повеќе од три милиони денари.

Денеска лозарите ќе ги блокираат влезовите на "Тиквеш"

Утрински - 09.09.2004

Продолжуваат протестите поради откупните цени на винското грозје АНГЕЛ ДАНОВ КАВАДАРЦИ - Денеска во 8 часот, лозарите најавуваат дека со празни трактори ќе ја започнат со блокада на капиите на Винарската визба "Тиквеш°. Ова е заклучок по протестот што прексиноќа беше одржан во центарот на Кавадарци.

"Тиквеш" го почнува откупот, лозарите блокадата

Дневник - 09.09.2004

ДЕНЕСКА ВО КАВАДАРЦИ Лозарите денеска ќе ја блокираат винарската визба "Тиквеш", која објави дека ќе го отпочне откупот на грозјето. Ваква одлука донесе Управниот одбор на регионалниот сојуз на здруженија на земјоделци "Агротиквешија", на завчерашниот протест на лозарите во Кавадарци.

Винарската визба Тиквеш повторно под блокада

А1 - 08.09.2004

Ниту зрно грозје нема да се однесе во Тиквеш, вака синоќа одлучија лозарите од Тиквешијата на собирот во Кавадарци. Над 2.000 лозаро производители видно револтирани од игнорантскиот однос на Тиквеш за повисоки откупни цени на грозјето, решија утре од 8 часот да ги блокираат портите на подрумот, со ...

Лозарите ќе го игнорираат „Тиквеш“

Време - 07.09.2004

ПРОТЕСТИ ПОРАДИ НИСКАТА ЦЕНА НА ГРОЗЈЕТО Лозарите од Тиквешко повеќе нема да го носат своето грозје во „Тиквеш“. Тие обвинуваат дека Владата ја поддржува монополската позиција на оваа винарска фирма. Завчеравечер пред зградата на „Тиквеш“ повеќе кавадарчани протестираа и побараа поголема откупна ...

Бојкот на Тиквешкиот гроздобер

Вест - 07.09.2004

ДЕНЕС ВО КАВАДАРЦИ ГОЛЕМ ПРОТЕСТ НА ЛОЗАРИТЕ Лозарите велат дека нема да има берба на грозјето се додека не им се откупи родот по цени, во просек, повисоки за 20 насто Тиквешките лозари денес ќе протестираат на Градскиот плоштад во Кавадарци, ако винарските визби не им го откупат грозјето по цените ...

Лозарите се заканија дека нема да го продадат грозјето на "Тиквеш"

Утрински - 07.09.2004

Над илјада земјоделци прексиноќа протестираа во Кавадарци поради ниските откупни цени на гројзето Побарано да не се купуваат производите на Скопска пиварница, а Свето Јаневски да биде прогласен за персона нон грата Ангел Данов КАВАДАРЦИ -Доколку "Тиквеш° не сака да ги прифати понудените цени, ...

Свето Јаневски без признанието почесен граѓанин на Кавадарци

Утрински - 07.09.2004

Одлука на Советот на Кавадарци Советот на Општина Кавадарци одлучи признанието почесен граѓанин и клуч на градот што се доделува во чест на празникот 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кавадарци, да не му биде доделено на Свето Јаневски, сопственик на ВВ ?Тиквеш?, од причина што за такво нешто ...

Премиерот може да го спаси гроздоберот

Дневник - 07.09.2004

ПРОТЕСТ НА ЛОЗАРИТЕ ВО КАВАДАРЦИ Лозарите бараат 10,5 денари за килограм "смедеревка", 15 денари за "кратошија", плус половина денар за превоз Тиквешките лозари вечерва повторно ќе протестираат на градскиот плоштад во Кавадарци ако не бидат прифатени откупните цени на грозјето што ги предлагаат.

Лозарите на блокади пред визбата на „Тиквеш“

Време - 06.09.2004

АКО НЕ ИМ ГИ ПРИФАТАТ ЦЕНИТЕ ЗА ОТКУП НА ГРОЗЈЕТО Повеќе од илјада лозари синоќа требаше да протестираат во центарот на Кавадарци затоа што не се задоволни од цените на откупувачите на грозје, одлучија членовите на управниот одбор на регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија“ од Кавадарци, кои ги ...

Ако се инаети, "Тиквеш" нема да добие ни зрно грозје

Дневник - 06.09.2004

ТИКВЕШКИТЕ ЛОЗАРИ ШТРАЈКУВААТ Тиквешките лозари за синоќа закажаа штрајк бидејќи "Тиквеш" ги игнорира нивните барања откупната цена на грозјето да се зголеми за 20 отсто. Регионалниот сојуз на земјоделски здруженија "Агротиквешија" одлучи да организира штрајк на плоштадот во Кавадарци, со почеток ...