Израелските воени пилоти ја завршија обуката, така што борбените авиони на Израел се подготвени за напад на Иран, насочен против неговите нуклеарни постројки, го пренесуваат денеска израелските медиуми пишувањето на британскиот „Сандеј тајмс“.
Иран денеска соопшти дека дипломатијата е единствен начин да се реши спорот околу неговата нуклеарна програма, но и дека нема намера да ја повлече одлуката да продолжи со нуклеарните истражувања. „Дипломатијата е единствениот јасен одговор на сегашната состојба“, изјави портпаролот на иранското ...
Кина изрази загриженост од можноста за инволвирање на Советот за безбедност на ООН во Иранската нуклеарна програма. Кинескиот амбасадор во Обединетите нации Ван Гуанја, оцени дека „внесувањето на тоа прашање во Советот за безбедност на ООН може да ги усложни проблемите“.
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска изјави дека неговата земја има право да поседува атомска технологија и не се стреми кон создавање нуклеарно оружје. „Ние сме цивилизирана нација“, истакна Ахмадинеџад на прес-конференција во Техеран.
АКО БИДАТ ОБВИНЕТИ ПРЕД СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ Иранскиот режим вчера се закани дека ќе ја прекине соработката со Обединетите нации ако во Советот за безбедност биде отворена расправа за нуклеарната програма на Иран. Британија, Франција и Германија, кои ги водеа преговорите за иранската нуклеарна ...
За зауздување на Иран во неговата нуклеарна програма Советот би можел да воведе меѓународни санкции спрема Иран, но САД соопштија дека веднаш нема да има потег за таква казна ВАШИНГТОН - Соединетите Американски Држави и трите велесили во Европската унија во четвртокот соопштија дека разговорите со ...
ТЕХЕРАН ЌЕ СЕ СООЧИ СО СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН Техеран може да се соочи со санкции од Советот за безбедност на ОН поради обновата на нуклеарната програма, но не се размислува за воена акција против Иран, изјави британскиот министер за надворешни работи Џек Стро, јави МИА.
Иран денеска соопшти дека ќе прекине секаква соработка со Мисијата на Обединетите нации за следење на нуклеарните активности, ако ова прашање дојде пред Советот за безбедност на светската организација заради евентуално воведување санкции.
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад најави дека Иран ќе ја забрза обновата на нуклеарните активности и оти Владата во Техеран не ја плаши вознемиреноста на западните земји поради таквата одлука. - Иранската влада и нација не се плашат од Западот и мудро и одлучно ќе продолжат со обновата на ...
АМЕРИКАНЦИТЕ РАБОТАТ НА СОБОРУВАЊЕ НЕПРИЈАТЕЛСКИ РЕЖИМИ По колапсот на обидот на ЕУ, предводена од Германија, Британија и Франција, да преговара со Иран за запирање на иранската нуклеарна програма, САД бараат „план Б“. На Американците им е потребен алтернативен начин да вршат притисок врз Техеран и ...
КОНСУЛТАЦИИ НА ЕВРОПСКАТА ТРОЈКА Британскиот министер за надворешни работи, Џек Стро, изјави дека европската тројка - Британија, Франција и Германија, засега не планира да воведе санкции кон Иран по одлуката на Техеран да продолжи со нуклеарната програма и да ги отвори погоните што беа запечатени ...
ТЕХЕРАН, 12 јануари (Ројтерс) - Британија вчера го повика Советот за безбедност на ОН да размисли за преземање мерки против Иран бидејќи земјата продолжи со нуклеарни истражувања, но бившиот ирански претседател Акбар Хашеми Рафсанџани вели дека секакви санкции ќе бидат попусти.
Без ветување од Иран БЕРЛИН - Франција, Велика Британија и Германија не можат да ги продолжат разговорите со Иран доколку тој не вети дека нема да збогатува ураниум, изјави вчера Гернот Ерлер, германски заменик-министер за надворешни работи.
ГОВОР НА ПОРАНЕШНИОТ ИРАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ Поранешниот ирански претседател Акбар Хашеми Рафсаџани вчера изјави оти е вчудовиден од насилничкото однесување на западните земји кон Иран во оваа ера на демократија, слобода и човечки права, јави британската Би-би-си.
ПО ДВЕ ГОДИНИ ПАУЗА Иран вчера отпечатил неколку од своите нуклеарни постројки и најави дека ќе продолжи да ја спроведува својата нуклеарна програма, по двегодишниот прекин. Иранците се решија на овој чекор и покрај заканите со санкции од САД и од Обединетите нации.
ТЕХЕРАН, 11 јануари (Ројтерс) - Иран ги отстрани печатите што Обединетите нации ги ставија на фабриката за збогатување ураниум во Натанз и вчера продолжи со истражувањата со нуклеарно гориво што предизвика остри критики од Западот, но засега нема закани со казни.
Реакција на петте постојани членки на Советот за безбедност ВАШИНГТОН - Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН испратија порака со која му укажуваат на Иран да ги сопре плановите за истражување на нуклеарното гориво и да продолжи со разговорите со европските сили, изјави во ...
Со цел да продолжи со истражувачките работи врз нуклеарното гориво ИАЕА потврди дека Иран ги отстранил печатите на ОН од фабрика во Натанц ТЕХЕРАН - Иран ги отстрани печатите на ОН врз фабриката за збогатување на ураниумот во Натанц и вчера продолжи со истражувачките работи врз нуклеарното гориво, ...
ТЕХЕРАН НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД НУКЛЕАРНАТА ПРОГРАМА Иранските власти ги скршија печатите од неколку нуклеарни погони што ги контролираат инспектори на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и покрај апелот на меѓународната заедница Техеран да ја прекине нуклеарната програма, јави Ројтерс.
Иран денеска соопшти дека повторно истражува нуклеарно гориво што предизвика остра реакција на меѓународната јавност. „Од денеска, иранските нуклеарни истражувачки центри ги продолжија своите активности“, изјави заменикот претседател на иранската агенција за атомска енергија Мохамад Саеди.
Сите 13 патници и членови на екипажот загинаа денеска кога воен авион, сопственост на Иранската револуционерна гарда, се урна во северозападен Иран. Како што пренесува МИА, повикувајќи се на иранската агенција ИРНА, сите загинати при уривањето на малиот авион „Фалкон“ биле припадници на Иранската ...
Пекинг Кина денеска повика на воздржаност во кризата околу иранската нуклеарна програма, при тоа додавајќи дека се уште не ја видела нацрт резолуцијата со која тројката на Европската унија сака да го испрати Иран пред Советот за безбедност на Обединетите нации.
Техеран Загинаа сите 13 патници во иранскиот воен авион што се урна претпладнево, јави државната телевизија. Полицијата кратко соопшти дека авионот од типот “Фалкон“ на Револуционерната гарда на Иран се урнал во реонот Омурие. Причините за несреќата, засега, не се познати.
Берлин Иран за неколку месеци би можел да произведе атомска бомба, смета германската разузнавачка служба БНД. Европската унија и САД го обвинуваат Иран дека се обидува да произведе атомско оружје, додека Техеран ги отфрла ваквите обвинувања и изјавува дека нуклеарната програма му е исклучиво за ...