TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нивото на реката Вардар во опаѓање

А1 - 11.01.2003

Нема причини за страв од поплави нагласуваат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Според последните информации најголемата река Вардар по максималното ниво достигнато околу 10 и 30 утрината од 350 сантиметри сега е во опаѓање.

Невреме и поплави на Балканот

А1 - 11.01.2003

Невремето проследено со обилни врнежи од дожд и снег, кое по Западна Европа го зафати и Балканот, предизвика поплави и отежнатото одвивање на патниот и железничкиот сообраќај на голем број правци во регионот, јавуваат агенциите.

Војската ја скротуваше водената стихија во Куманово

Вест - 11.01.2003

КУМАНОВКА И ЛИПКОВКА ПОВТОРНО ГИ ПОПЛАВИЈА НАСЕЛБИТЕ СРЕДОРЕК И ВОДОВОД Покрај досега евакуираните 237 кумановци од ромска националност, на кои куќите им беа поплавени уште во првиот бран, вчера дополнително помош побараа уште 30-тина најзагрозени граѓани, кои се сместуваат во а Реките Кумановка и ...

Вардар и Треска повторно се излеаја

Вест - 11.01.2003

Вчера Треска и Вардар повторно се излеаја, а хидролозите најавуваат излевање и на Црна Река, Лепенец и на помалите реки во западниот дел од земјата. Вардар вчера напладне имал проток од 305 кубни метри во секунда, поради што се излеа од малото корито.

Водата од гевгелиските ниви бавно се повлекува

Утрински - 11.01.2003

ПОПЛАВИ ГЕВГЕЛИЈА - Ударниот бран на реката Вардар ја одмина Гевгелија и премина на грчка територија. Од четвртокот на полноќ почна и опаѓањето на речниот водостој по јужниот тек на реката, а со тоа привремено е одбегната опасноста од поголеми излевања.

Кумановка повторно поплави десетина станбени блока и педесет куќи

Утрински - 11.01.2003

Нерегулираното речно корито создаде нови проблеми во Куманово СТОЛЕ БОЖИНОВСКИ КУМАНОВО - По обилните дождови во текот на завчерашната ноќ во раните утрински часови вчера реката Кумановка по втор пат навлезе во населбите Средорек и Водовод и ги поплави приземните простории на околните куќи и ...

На поплавените кумановски семејства има се потребни храна, облека и лекови

Дневник - 11.01.2003

РОМСКИ ОРГАНИЗАЦИИ АПЕЛИРААТ На околу 300 ромски семејства што настрадаа во поплавите во Куманово итно им треба помош, информираат во Центарот на Ромите на градот Скопје. Тие апелираат сите невладини организации што може да си дозволат да одделат пари од својот буџет, да го сторат тоа.

Снежната луња се трка со поплавите

Дневник - 11.01.2003

МАКЕДОНИЈА НА НОЗЕ Синоптичарите најавуваат снег и студ, но надојдените реки вчера поплавија неколку села, а се очекува денеска изутрина Вардар и Треска да се излеат и во Скопско Снегот во последен миг ќе ја спаси Македонија од големи поплави, предвидоа вчера локалните метеоролози, по вестите дека ...

Илјадници хектари ниви под вода

А1 - 10.01.2003

Во скопското село Огњанци, во непосредна близина на Петровец, реката Вардар се излеа од коритото и поплави најмалку 80 хектари ниви, посеани со пченица, јачмен и детелина. Обилните врнежи од дожд ги поплавија и земјоделските површини во Пелагонија и Битолско.

Делови од Куманово повторно поплавени

А1 - 10.01.2003

Три кумановски населби, Средорек, Бавчи и станбениот комплекс Водовод 1, од рано изутрина повторно се поплавени од надојдените води на две локални реки. Најлоша е состојбата во дивата населба Бавчи, каде над 50 куќи се поплавени, во нив не може да се влезе, а жителите се принудени да ги напуштат.

Поплавени 3.000 хектари крај Гевгелија и Валандово

Утрински - 10.01.2003

БРАН ГЕВГЕЛИЈА - Ударниот бран на реката Вардар, вчера доцна попладне, ја мина македонско-грчката граница и премина во соседна Грција. Зад себе остави илјадници поплавени хектари со земјоделски култури или обработливо земјиште.

Водостојот во речните корита е во опаѓање

Утрински - 10.01.2003

Хидролозите најавуваат нови врнежи што можат да предизвикаат излевање на реките Водостојот на реките во земјава е во опаѓање. Зголемување е регистрирано на реката Вардар кај Демир Капија како последица на бранот што надоаѓа. Зголемено е и нивото на Црна Река кај селото Новаци.

Вардар се излеа кај Гевгелија

Дневник - 10.01.2003

СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ ДОЖД И СНЕГ Вардар повторно го поплави крајбрежниот појас на југот од земјава. Водата стаса до коловозната лента на автопатот Е - 75 на делницата Удово - Марвинци. Поплавени се 400 хектари земјоделски површини кај Јосифово и Марвинци.

Водостојот на реките во опаѓање

А1 - 09.01.2003

Водостојот на реките во земјава е во опаѓање. Зголемување се бележи на Црна Река кај Новаци и на Вардар кај Демир Капија. Според Републичкиот центар за известување и тревожење, критичната точка на водостојот речиси никаде не е достигната и нема прелевање на водените текови.

Поплавени две населби во Куманово

Вест - 09.01.2003

Реките Којнарка и Липковка вчера се излеаја и поплавија 100 куќи и неколку станбени згради во кумановските населби "Средорек" и "Водовод", поради што 1.500 луѓе ги напуштија домовите Завчера вечер кумановските населби "Средорек" и "Водовод 1" беа поплавени со вода од излевањето на реките Којнарка и ...

Поплавени лозјата кај Марвинци

Утрински - 09.01.2003

БРАН ГЕВГЕЛИЈА - Ударниот бран на реката Вардар на југот од земјата, според предвидувањата на Управата за хидрометеоролошки работи, треба да пристигне во текот на денешниот ден.Тоа значи зголемување на вчерашниот дотек на вода преку македонско-грчката граница од 500 на 550 кубни метри во секунда.

Кумановка го поплави имотот на неколку стотини семејства

Утрински - 09.01.2003

Од надојдените води на двете реки настрадаа повеќе објекти СТОЛЕ БОЖИНОВСКИ КУМАНОВО - Завчеравечер, во вторникот спрема средата, надојдените води на Кумановка и Којнарка се излеаја од своите корита и ги поплавија населбите покрај течението на реките во должина од околу десет километри, почнувајќи ...

Вардар денеска ќе се излее кај Велес

Утрински - 09.01.2003

ВОДОСТОЈ ВЕЛЕС - Поради обилните дождови кои го зафатија и Велес, според информациите на Центарот за известување, вчера во 8,30 часот водостојот на реката Вардар достигнал до 262 сантиметри, а со надојдувањето на новиот бран во 12 часот беа измерени 290 сантиметри.

Две реки ги поплавија Ромите во Куманово

Дневник - 09.01.2003

ПО ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ Биле евакуирани околу 600 лица откако реките Којнарка и Липковка потопија 300 куќи во населбите "Средорек" и во "Бавчи" Околу 300 куќи беа поплавени завчеравечер во кумановските населби Средорек и Бавчи, откако по поројните дождови се излеаја реките Којнарка и Липковка.

Критични денови за поплави

Дневник - 09.01.2003

Врнежи од дожд и снег на планините се очекуваат и во следните два дена, што може да предизвика поплави, прогнозираат хидролозите. Според синоптичарите, дневните температури ќе бидат од 5 до 12 Целзиусови степени. За време на викендот се очекува температурите да паднат и под 5 Целзиусови степени.

Поплави од излевањата на реките

А1 - 08.01.2003

За печатење Прати по e-mail Порака до авторот Разгласи Вести поврзани со оваа • Се очекуваат нови излевања на реките [08.01.2003] • Поплавени две кумановски населби [08.01.2003] • Арктичките температури одзедоа 255 животи во Индија [08.01.2003] • Големиот студ зема жртви ширум светот [07.01.2003] • ...

Поплавени две кумановски населби

А1 - 08.01.2003

Две кумановски населби, од кои едната населена со сиромашни ромски семејства, синоќа беа поплавени по обилните дождови што предизвикаа излевање на реките Којнарка и Липковка. Жителите на кумановската населба Водовод денеска ги чистеа остатоците по вчерашната поплава предизвикана од надојдената река ...

Се очекуваат нови излевања на реките

А1 - 08.01.2003

Во текот на утрешниот ден се очекуваат нови врнежи од дожд кои би можеле да предизвикаат брз пораст на нивото на водата и нови излевања на реките, соопшти денеска Управата за хидрометеоролошки работи. Благ пораст на водостојот на реката Вардар кај Скопје се очекува во попладневните часови, при што ...