TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонската „Девис Куп“ репрезентација ја совлада БИХ

А1 - 15.06.2003

Македонската тениска селекција обезбеди опстанок во третата Евро - Африканска зона од Девис Купот. Само втора победа во петиот меч на турнирот што се играше во летонскиот град Јурмала. Совладана е Босна и Херцеговина со максимален резултат.

Македонската „Девис Куп“ репрезентација пред испаѓање од третата Евро - Африканска зона

А1 - 14.06.2003

Македонската тениска репрезентација се наоѓа на работ на испаѓање од третата Евро - Африканска зона на Девис Купот. За спас, потребна и е победа над Босна и Херцеговина во мечот за опстанок во овој натпреварувачки ранг. Во ситуација да страхуваат за статусот, нашите тенисери се најдоа по денешниот ...

Победа и два пораза на македонските тенисери

Утрински - 14.06.2003

Трета евроафриканска зона - Летонија Македонската тениска репрезентација натпреварите од првата група во рамките на Третата евроафриканска зона од Дејвис купот во Јурмала, Летонија, ги заврши со една победа и два пораза, па за опстанокот решаваше дуелот меѓу Азербејџан и Молдавија.

Победа против Молдавија

Вест - 14.06.2003

ТЕНИС - ДЕЈВИС КУП Македонската тениска репрезентација ја совлада Молдавија со 2:1, во рамките на натпреварот од второто коло на Третата евроафриканска зона. Русевски забележа победа над Циумак со 2:1(4:6,6:0,6:2) во сетови, додека Митровски загуби од Горбан со 0:2(2:6,2:6).

Македонската „Девис Куп“ репрезентација загуби од Летонија

А1 - 13.06.2003

Македонската тениска селекција ќе игра утре со Босна и Херцеговина, во борбата за петтото место на турнирот на третата евро - африканска зона на „Девис Купот“, што се одржува во летонскиот град Јурмала. Нашите тенисери го освоија третото место во групата, по денешниот максимален пораз од домашната ...

Двојките решаваа и против Молдавија

Утрински - 13.06.2003

ДЕЈВИС КУП Мечот во двојки што требаше да се одигра вчера во доцните попладневни часови решаваше за победникот и од дуелот меѓу Македонија и Молдавија од второто коло на турнирот од Третата евроафриканска зона од Дејвис купот во Јурмала, Летонија.

Половичен успех на македонската тениска Девис Куп селекција

А1 - 12.06.2003

Македонската тениска Девис Куп селекција со половичен успех по првите два дуела на турнирот од третата Евро - Африканска зона што се игра во Летонија. Денеска нашите тенисери имаа дополнителни напори. Ја совладаа Молдавија со 2:1, а потоа дублот Шевченко - Русевски го загуби прекинатиот решавачки ...

Македонската тениска репрезентација го почна настапот на „Дејвис Куп“

А1 - 11.06.2003

Македонската тениска репрезентација го почна настапот на „Дејвис Куп“ турнирот од третата евро - африканска зона што се одржува во летонскиот град Јурмала, на кој целта е опстанок во овој натпреварувачки ранг. Прекнат е мечот од првото коло во групата на нашите тенисери против Азербејџан и ќе се ...

Се брка опстанок

Вест - 11.06.2003

ТЕНИС - ДЕЈВИС КУП Македонската тениска репрезентација ќе патува за Латвија, каде ќе учествува на Дејвис куп натпреварите, во рамките на третата Евро Африканска зона. Натпреварите ќе бидат на програмата од 11 до 15 јуни, а ќе се игра по системот секој со секого.

Македонија ќе се бори за опстанок во Третата зона

Дневник - 11.06.2003

ТЕНИС - КУП ДЕЈВИС Машката македонска тениска Дејвис-куп репрезентација од 11 до 15 јуни, во Јурмала, Латвија, ќе настапи во натпреварите од 3. евроафриканска зона. Боите на нашата репрезентација, која ќе се обиде да го задржи местото во оваа зона, ќе ги бранат: Зоран Шевченко (капитен), Димитар ...