Само триестина часа по прогласувањето на уставните измени низ 15 уставни амандмани, дел од државниот врв, пратениците и дипломатите во земјава се собраа да ја прослават десетгодишнината од донесуваето на уставот на суверена и независна Македонија.
Во глуво доба на ноќта, вчера, со 94 гласови "за" и 13 "против", пратениците ги изгласаа и ги прогласија уставните амандмани Вчера, рано утрото, околу 2 часот, Собранието ги усвои и ги прогласи уставните измени. За нив гласаа 94 пратеници, 13 беа против, а воздржани немаше.
ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ЗА ПРОГЛАСЕНИТЕ ПРОМЕНИ ВО УСТАВОТ "Тука некаде е крајот на барањата на Албанците во Македонија", смета Имер Имери од ПДП Политичките партии во Македонија оценуваат дека со уставните промени во земјава постапно ќе почне да се воведува принцип на градење елементарна доверба со ...
СОБРАНИЕТО ГИ ПРОГЛАСИ УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ За одлуката за стапување во сила на уставните промени гласаа 94 пратеници, меѓу кои и 21 пратеник од партиите на етничките Албанци Пратениците во Собранието на Македонија вчера веднаш по полноќ ги прогласија уставните амандмани со 94 гласа "за" и 13 "против".
ВЧЕРА КОНЕЧНО ТРГНА АМАНДМАНСКАТА РАСПРАВА ЗА АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ ПДП се согласи да ги поддржи измените на Рамковниот договор по цврстото ветување на меѓународните претставници дека по изгласувањето на уставните измени, Собранието ќе донесе закон за амнестија и дека Вчера Собранието на ...
ШТО МУ ПОРАЧАЛ АЛИ АХМЕТИ НА ИМЕР ИМЕРИ ВО ШИПКОВИЦА Му возвратил лидерот на ОНА Али Ахмети, на единствената заедничка средба одржана деновиве меѓу него и Арбен Џафери, Имер Имери и Кастриот Хаџиреџа, не согласувајќи се со заклучокот на Имери дека "Албанците д Али Ахмети сериозно ги искарал ...
ПОЛИТИЧКИОТ ПРОЦЕС ДЕБЛОКИРАН Синоќа пратениците ги утврдија амандманите за преамбулата и за верските заедници, а уставните промени најверојатно ќе се прогласат утре, на десетгодишнината од Уставот Пратениците во Собранието на Македонија вчера доцна попладне со оптимизам ја продолжија седницата на ...
ШТО МУ Е ВЕТЕНО НА ПДП ЗА ГЛАСАЊЕТО ЗА АМАНДМАНИТЕ Во писмото на Трајковски до Робертсон, наводно се ветува дека терористите нема да се апсат и да се гонат, а осудените ќе се помилуваат Партијата за демократски просперитет вчера добила цврсти уверувања од Европската Унија и од САД дека по ...
Со 73 гласа „за“, 13 „против“ и 4-ца воздржани пратениците го утврдија текстот на преамбулатам, а со 61 глас „за“ помина и амандманот што се однесува на верските заедници. За текстот на преамбулата против се изјаснија 4 пратеници од ВМРО Вистинска, ВМРО-ДПМНЕ, Нова Демократија и од ДА.
Со 94 гласа „за“ и 13 гласа „против“, без ниеден воздржан, беа прогласени амандманите на Уставот на РМ. „За“ гласаа поголем број на пратениците на 4-те партии партиципиенти во политичкиот дијалог, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ПДП, ДПА, додека против се изјаснија пратениците на ВМРО-ВМРО, ДА, Нова Демократија.
ТЕРМИНОТ ЗА ИЗБОРИ ЈА ПОДЕЛИ ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА Партиите што сакаат предвремени избори во овој момент можат да обезбедат само 44 пратенички гласа СДСМ и ПДП сметаат дека предвремените парламентарни избори може да се одржат до 27 јануари ако со тој термин се согласат и другите партнери во ...
СОБРАНИЕТО денеска ЌЕ ГИ УТВРДУВА УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ ВМРО-ДПМНЕ ја најавува можноста прогласувањето на уставните промени да го услови со одржување донаторска конференција за Македонија Собранието денеска конечно треба да ги утврди, а потоа и да ги усвои амандманите предложени од предлагачот на ...
Македонското собрание утре во 11 треба да ја продолжи 86-та седница, на чиј дневен ред се уставните измени. Ако се суди според завчерашната изјава на специјалниот пратеник на ЕУ, Ален ле Роа и според писмото кое претседателот на ПДП, Имер Имери, му го упати на спикерот Стојан Андов, тогаш треба да ...
Лидерот на ДПА Арбен Џафери вчера го поздрави ставот на ПДП да ги прифатат најновите измени на Преамбулата и амандманот за религијата. "Секој треба да се однесува одговорно и да биде порационален во своите размислувања и проценки", изјави Арбен Џафери.
ПО ПАРТИСКАТА ПИСМЕНА СОГЛАСНОСТ ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ПРЕАМБУЛАТА Во ПДП се тврди дека за Преамбулата ќе гласаат само онолку пратеници колку што се потребни да се добие двотретинско мнозинство од пратеници од албанскиот блок ПДП, под притисок на меѓународната заедница, завчера се согласи да го смени ...
ПДП ќе ги гласа амандманите за Преамбулата и за Црквата. Ова уверување, како што соопшти претседателот на Собранието Стојан Андов, вчера на писмено го добил од специјалниот пратеник на ЕУ Ален Ле Роа, како доказ од пратениците од Просперитетот.
Коментар - Александар Дамовски Само на чекор пред усвојувањето на пакетот уставни промени, комплетно се демистифицира подземната стратегија на албанските "борци за човекови права". На Македонија не и се случи очекуваниот собраниски "12 ноември". Не и се случи усвојување на уставните промени.
ПОЛИТИЧКИОТ ПРОЦЕС ДЕБЛОКИРАН Парламентарните партии го поздравуваат "враќањето на ПДП" во политичкиот процес Партијата за демократски просперитет вчера одлучи пратениците да гласаат за предлог-амандманите за преамбулата и за положбата на верските заедници. Со тоа се деблокира политичкиот процес.
ПДП даде писмена гаранција дека ќе гласа за прифакање на сите предлог амандмани на уставот, што беше услов поставен од претседателот на собранието за продолжување на собраниската седница за уставни измени. Европосредникот Ален Лероа, кој присуствуваше на централното претседателство на ПДП, потврди ...
ПО ОДБИВАЊЕТО НА ПДП ДА ГЛАСА ЗА ПРЕАМБУЛАТА Спикерот Стојан Андов нема да продолжи со расправата за уставните амандмани се додека ПДП не гласа за Преамбулата. За СДСМ прашањето за Преамбулата е затворено, а "ВМРО-ДПМНЕ и Андов, во ПДП наоѓаат само сојузни Ако ПДП не гласа за новата преамбула, ...
УЦЕНИ Во СДСМ сметаат дека спикерот ги користи уцените на ПДП како алиби Претседателот на Собранието Стојан Андов го одложи продолжението на собраниската седница за уставните промени, поради резервите на пратениците од ПДП да ги прифатат амандманите што се однесуваат на преамбулата и верските ...