TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Поповска воздржана за предлогот на новите општини

Утрински - 16.07.2004

Либералдемократите со тешко срце го прифатија предлогот за двојазично Скопје Либерално-демократската партија, со едвај обезбеден кворум, на завчерашната седница на Централниот одбор го прифати компромисниот предлог за територијалната организација на Македонија.

Лилјана Поповска плачела за Скопје и за Струга

Дневник - 16.07.2004

ЛДП ПОДЕЛЕНА Лилјана Поповска, членка на Извршниот одбор на ЛДП и потпретседателка на Собранието, со солзи во очите се спротивставила Скопје да стане двојазичен град, а Струга со доминантно албанско население, дознава "Дневник".

Третиот пат ја осуди новата територијална организација

А1 - 15.07.2004

Партиите од Третиот пат сметаат дека договорот за новата територијана поделба е срамен договор, склучен во четири очи меѓу претседателот Бранко Црвенковски и Али Ахмети, кој заедно со градоначалникот на Скопје Ристо Пенов, во македонската историја ќе бидат запаметени како најголеми предавници.

ВМРО-ДПМНЕ не сака пролонгирање на локалните избори

Утрински - 15.07.2004

ПРЕС Опозицијата го повикува градоначалникот Пенов да се изјасни за прекројувањето на границите на Скопје ВМРО-ДПМНЕ вчера го повтори ставот дека локалните избори треба и мора да се одржат во планираниот тајминг - 17 октомври и тоа во сегашните 123 општини.

Ристо Пенов во глувчешка дупка

Дневник - 15.07.2004

ИМА ЛИ СКОПЈЕ ГРАДОНАЧАЛНИК? Каде е Пенов, на одмор или во Скопје?, прашува ВМРО-ДПМНЕ Скопскиот градоначалник Ристо Пенов вчера немаше коментар за договорот во владината коалиција со кој се прошируваат границите на Скопје со што станува двојазичен град.

ДПМНЕ бара изјаснување на Пенов за двојазичноста на Скопје

А1 - 14.07.2004

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ инсистира локалните избори да се одржат во предвидениот рок во октомври и тие да се спроведат со старата територијална поделба, според која државата е поделена на 123 општини. Во исто време, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ веќе испратил барање до меѓународната заедница за време на ...