TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„Струмица табак“не е дел од полициската и даночната акција за Бајруш Сејдиу.

Канал5 - 26.10.2008

Во врска со акцијата на полицијата и управата за јавни приходи во која се проверува финансиското работење на дистрибутерите на цигари за да се утврди дали некој од легалните дистрибутери продавал од лажните брендови на тобако- босот Бајруш Сејдиу, од „Струмица табак“ известуваат дека нивната фирма не е дел од полициската и даночната акција и дека не вршат дистрибуција на цигари.

На Бајруш му фатиле чек од 2 милиони евра!

Вечер Прес - 26.10.2008

Истрагата открила сеф во изнајмен стан во Куманово, и чек од два милиони евра за кои допрва треба да биде утврдено дали му припаѓал на Бајруш или тој со него требало да плати некому Копија од чек од американска банка на износ од 2 млиони евра бил пронајден во стан во Куманово.

Пронајден чек на Сејдиу од 2 милиони евра

А1 - 25.10.2008

Операцијата „Пепел“ продолжува. Полицијата и управата за јавни приходи започнале да чешлаат неколку фирми кои работат на дистрибуција на цигари. Се испитува дали во нивните магацини завршиле дел од нелегално произведените цигари на тутунскиот бос Бајруш Сејдиу. Во изнајмен стан во Куманово, полицијата открила сеф и фотокопија од чек на 2 милиони евра.

Точно се знаела работата на секој член во хиерархијата

Вест - 25.10.2008

На тутунскиот бос Бајруш Сејдиу од Куманово кај кого полицијата заплени 15 тони нелегално произведени цигари, завчера попладнето истражниот судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Притвор им е одреден на уште 21негов соработник, додека пак на петмина од уапсените им е одреден куќен притвор, а еден е пуштен да се брани од слобода.

Сејдиу правел мафијашка империја со помош на државни службеници

Н.Македонија - 25.10.2008

Нишките на криминалната мрежа што изминативе неколку години ја плетел мафијашкиот клан на кумановскиот бос Бајруш Сејдиу, деновиве разоткриен во обемната полициска операција „Пепел“, стигнале и до државни функционери, судии, адвокати, полицајци, истражни судии и вработени во други државни органи.

Најден чек од 2 милиона евра во сеф на Бајруш Сејдиу

Форум - 25.10.2008

МВР и денеска најавува дека операцијата „Пепел“ ќе продолжи и нејзино можно проширување на соседните држави. Управата за јавни приходи чешла неколку фирми кои работат на дистрибуција на цигари. Се испитува дали во нивните магацини завршиле дел од нелегално произведените цигари на Сејдиу На брифинг, Министерството за внатрешни работи објави дека кумановецот Бајруш Сејдиу одржувал ...

КУМАНОВСКИОТ БОС Е ЗАД РЕШЕТКИ, НО ИСТРАГАТА НЕ ЗАПИРА

Сител - 25.10.2008

КУМАНОВСКИОТ БОС Е ЗАД РЕШЕТКИ, НО ИСТРАГАТА НЕ ЗАПИРА Вака дејствува Европската полиција. Оружје, брза реакција и сигурен успех. Вчера италијанската полиција спроведе слична акција. Затвори интернет портал на кој се емитувала детска порнографија, а приведе 83 лица. Акцијата била спроведена низ 37 градови низ земјата, а приведените се на возраст од 29 до 56 години.

Полициската истрага за мрежата на тобако босот Бајруш Сејдиу открива нови детали

Канал5 - 25.10.2008

Фотокопија од банкарски чек вреден два милиони долари е пронајден во еден од становите на тобако босот Бајруш Сејдиу. Чекот е од американска банка - полицијата истражува со кого Сејдиу направил банкарска трансакција - дали добил или исплатил два милиона долари.

30 дена притвор за Сејдиу

А1 - 24.10.2008

Заврши распитот на осомничените во акцијата „Пепел“. Информацијата е дека на кумановскииот бос Бајруш Сејдиу му е одреден 30-дневен притвор. „Има различни ситуации, некои од обвинетите се бранат со молчење, некои даваат одбрана, но колку се бранат со молчење, а колку дале своја одбрана не би можела во овој момент да ви кажам“, изјави Добрила Кацарска, претседател на Основен суд 1.

Се одмотува клопчето околу Бајруш Сејдиу

А1 - 24.10.2008

Бајруш Сејдиу од вчеравечер е во притвор во истражниот затвор Шутка. Затворот е под зголемено полициско обезбедување. Доцна попладнево полицијата на брифинг објави дека Сејдиу за своите криминални бизниси ги користел врските на голем број судии, обвинители, полицајци, но и државни функционери. Дали и тие се вмешани во криминалните зделки на кумановскиот бос полицијата се уште испитува.

Куманово се разбуди во „Пепел“

Време - 24.10.2008

Операцијата „Пепел“, која кулминира завчера со апсењето на локалниот кумановски бизнисмен Бајруш Сејдиу и на неговата криминална група, е подготвувана шест месеци, а ќе продолжи и понатаму, се до разбивање на овој голем криминален синџир, тврдат извори во МВР.

Газдата на Куманово со коли од два милиона евра

Вест - 24.10.2008

Пред еден и пол месец кумановскиот бизнисмен и сопственик на фудбалскиот клуб "Милано" Бајруш Сејдиу купи "СЛР мекларен мерцедес", вреден околу 550.000 евра, и е најскапиот автомобил официјално продаден во нашата земја. Бајруш Сејдиу до ова чудо на четири тркала дојде на прославата на тригодишнината на салонот на "Мак ауто стар", генералниот дистрибутер на возилата на "Мерцедес" во Македонија.

Притвор за кумановскиот капо Бајруш Сејдиу

Н.Македонија - 24.10.2008

Триесетдневен притвор му одреди истражниот судија на кумановскиот капо Бајруш Сејдиу, кој под сомневање за низа криминални дејства беше уапсен викендов при обидот да побегне на Косово. По вчерашниот исцрпувачки распит на 30-те негови соработници, притворени во акцијата „Пепел“, отворени се криминалните бизниси на Сејдиу, чија финансиска империја, според процените, вреди десетици илјади евра.

МВР ги бара соработниците на Бајруш Сејдиу

Канал5 - 24.10.2008

Кои се соработниците на Бајруш Сејдиу и со чија помош стекнал непроценливо богатство? На ова е концертирана истрагата на МВР во соработка со Управата за јавни приходи, Дирекцијата за спречување пари и Царинската управа. Во шест месечната истрага, полицијата регистрирала разговори на кумановскиот бизнисмен со државни службеници, Сејдиу бил во редовна комуникација со судии, обвинители, стечајни ...

СЕ ОДМОТУВА КЛОПЧЕТО НА КРИМИНАЛОТ

Сител - 24.10.2008

Бајруш Сејдиу, навидум обичен, но вистински професионалец. Работел со добро обучен тим и луѓе кои ветувале успех. Полицијата открива, контактирал и со државни функционери. Вака изгледа структурата на неговата организирана група. На челото тој, а веднаш по него 11 членови од фамилијата. Контактирал со судии, обвинители, полицајци, стечајни управници, вкупно дваесет.

Босот од Куманово се врзал со управни одбори, магационери, сметководители

Вечер Прес - 24.10.2008

Босот од Куманово се врзал со управни одбори, магационери, сметководители Истрагата утврдила како Бајруш Сејдију станал доминантен сопственик на Тутунски комбинатот од Куманово, како се празнеле магацините со цигари и каде се складирала стоката Кумановскиот бос Бајруш Сејдију е врвот на империјата за цигарите.

Притвор за Сејдиу и другите уапсени во „Пепел”

Макфакс - 24.10.2008

Притвор од 30 дена им изрече синоќа судот на 22 лица, меѓу кои и на Бајруш Сејдиу, по распитот на приведените во полициската акција „Пепел”. „Против 22 обвинети одредена е мерка притвор од 30 дена. Против пет обвинети одредена е мерка домашен притвор. Еден е пуштен”, изјави адвокатот на Сејдиу, Саво Коцарев.

Што се поседува Бајруш Сејдиу

А1 - 23.10.2008

5.000 семејства во Куманово се прехрануваат со платите од Бајруш Сејдиу, тврдеше за Код самиот во март годинава. Бензински пумпи, хотел, фабрики, тутунски комбинат, фудбалски клуб - пола Куманово работи за брендот „Милано“. Никој точно не знае колкаво е богатството на Сејдиу. Полицијата го проценува на неколку десетици милиони евра.

РАСПИТОТ ЗАВРШИ - 30-ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА 22 ЛИЦA

Телма - 23.10.2008

меѓу нив и на кумановскиот бизнисмен Бајруш Сејдиу. Претседателката на Судот Добрила Кацарска потврди дека притвор е изречен за 22 лица, за петмина е определен куќен притвор, а четири лица ќ е се бранат од слобода. Контроверзниот бизнисмен Сејдиу, осомничен за затајување данок, нелегално производство на цигари и шверц, се бранел со молчење.

Приведените во акцијата Пепел добија притвор

Алсат-М - 23.10.2008

Основниот суд Скопје 1 вечерва им одреди 30 дневен притвор на 21 лице, кои беа приведени во акцијата Пепел, меѓу нив и на кумановецот Бајруш Сејдиу. Петмина до почетокот на судењето ќе бидат во домашен притвор, додека четворица ќе се бранат од слобода.

Судот одреди притвор за приведените во акцијата „Пепел“

Алсат-М - 23.10.2008

На претседателот на фудбалскиот клуб „Милано“ Бајруш Сејдиу и на другите 21-мина обвинети судот им одреди мерка притвор од 30 дена. На другите 5 мина обвинети им е одреден мерка куќен притвор, додека на другите четворица обвинети се пуштени да се бранат на слобода.

Уште тројца приведени во операцијата „Пепел“

Макфакс - 23.10.2008

Три лица приведе денеска македонската полиција во рамки на операцијата „Пепел“, поради основано сомнение дека сториле кривични дела „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластувањата“. Приведени се лицата Н.Н.(53), М.Г.(45) и С.П.(46) од кои првиот бил извршен, а другите двајца неизвршни членови на Управниот одбор на Тутунскиот комбинат Куманово. Н.Н.

Кај босот Сејдиу откриени 15 тони цигари

А1 - 22.10.2008

Операцијата „пепел“ подготвувана минатите шест месеци резултира со 27 уапсени. Криминалната група на кумановскиот бос Бајруш Сејдиу покрај нелегалното производство на цигари се занимавала и со насилство корупција, криумчарење, затајување данок. Во претресот на над 20 изнајмени објекти, магацини и фирми чиј сопственик е Бајруш Сејдиу откриени се 15 тони најразлични цигари.

ВО ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА "ПЕПЕЛ" УАПСЕН БАЈРУШ СЕЈДИУ

Телма - 22.10.2008

ВО ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА "ПЕПЕЛ" УАПСЕН БАЈРУШ СЕЈДИУ Полицијата го уапси Бајруш Сејдиу, сопственик на фудбалскиот прволигаш Милано и на уште бројни трговски и стопански капацитети во Куманово.Сејдиу е уапсен синоќа во полициската акција "Пепел" поради сомневање за затајување данок и шверц со цигари со Косово.

Уапсен Бајруш Сејдиу

Н.Македонија - 22.10.2008

Бајруш Сејдиу, сопственик на фудбалскиот клуб Милано и на ТК Куманово, синоќа беше уапсен. Според полицијата, Сејдиу е приведен од својот дом во Куманово. Сејдиу беше гонет и од УЈП за затајување данок. Во МВР велат дека се работи за сомневања за голем финански криминал. Синоќа цело Куманово како да беше под опсада. Сите фирми на Сејдиу беа блокирани од припадници на специјалната полиција.

Приведениот Сејдиу бил водач на организирана криминална група

Алсат-М - 22.10.2008

Синоќешното приведување на Бајруш Сејдиу, сопственик на фудбалскиот клуб Милано и на повеќе фирми и ресторани во Куманово, било најчувствителниот дел од полициската операција „Пепел“. Станува збор за досега најобемната акција за расчистување на кривични дела кои се однесуваат на нелегално производство, криумчарење и продажба на цигари, кривични дела со елементи на насилство и корупција извршени ...

Пепел најголема акција против шверцот со цигари

Форум - 22.10.2008

Операцијата „Пепел“, чие реализирање почна синоќа, е досега најобемната акција не само кај нас туку и во регионот за расчистување на кривични дела кои се однесуваат на нелегално производство, криумчарење и продажба на цигари, кривични дела со елементи на насилство и корупција.

Операцијата „Пепел“ ги пеплоса кумановските босови

Форум - 22.10.2008

Со вчерашното приведување на Бајруш Сејдиу, сопственик на фудбалскиот клуб Милано и на повеќе фирми и ресторани во Куманово, била успешно реализирана шестмесечната полициска операција „Пепел“ - „Ова е најобемната акција за расчистување на кривични дела кои се однесуваат на нелегално производство, криумчарење и продажба на цигари, кривични дела со елементи на насилство и ...

Бајруш Сејдиу пред истражен судија

Форум - 22.10.2008

Во моментот кумановскиот бизнисмен Бајруш Сејдиу сопственикот на компанијата „Милано“ и имот кој е проценет на повеќе од 50 милиони евра (!?), се наоѓа пред истражен судија. Акцијата за неговото апсење била преземена заради сознанија дека има намера да избега од државата, но нејасно е дали ја почувствувал близината на полицијата или, пак, имал таква дојава Основниот суд Скопје 1 е под ...

МВР ПОПЛАДНЕВО СО ОФИЦИЈАЛНИ ИНФOРМАЦИИ ЗА ПРИВЕДУВАЊЕТО НА БАЈРУШ СЕЈДИУ

Сител - 22.10.2008

МВР ПОПЛАДНЕВО СО ОФИЦИЈАЛНИ ИНФOРМАЦИИ ЗА ПРИВЕДУВАЊЕТО НА БАЈРУШ СЕЈДИУ Кумановци ги исчекуваат официјалните информации што МВР треба да ги објави попладнево за синоќешното апсење на Бајруш Сејдиу, сопственик на фудбалскиот клуб Милано и на повеќе фирми и ресторани во Куманово. Според првичните сознанија, Сејдиу се сомничи за недозволено производство на цигари, како и за затајување данок.

Се чека официјална информација од МВР за апсењето на сопственикот на кумановски „Милано“

Кирилица - 22.10.2008

Кумановци ги исчекуваат официјалните информации што МВР треба да ги објави попладнево за синоќешното апсење на Бајруш Сејдиу, сопственик на фудбалскиот клуб Милано и на повеќе фирми и ресторани во Куманово. Според првичните сознанија, Сејдиу се сомничи за недозволено производство на цигари, како и за затајување данок.

Бајруш Сејдиу бил водач на организирана криминална група

Кирилица - 22.10.2008

Синоќешното приведување на Бајруш Сејдиу, сопственик на фудбалскиот клуб Милано и на повеќе фирми и ресторани во Куманово, било најчувствителниот дел од полициската операција „Пепел“. Станува збор за досега најобемната акција за расчистување на кривични дела кои се однесуваат на нелегално производство, криумчарење и продажба на цигари, кривични дела со елементи на насилство и ...

УАПСЕНИОТ СЕЈДИУ ВОДАЧ НА ОРГАНИЗИРАНА КРИМИНАЛНА ГРУПА

Сител - 22.10.2008

УАПСЕНИОТ СЕЈДИУ ВОДАЧ НА ОРГАНИЗИРАНА КРИМИНАЛНА ГРУПА Триста полицајци и 27 уапсени криминалци. По шест месеци работа на терен акцијата Пепел заврши доцна синоќа. Кумановскиот бизнисмен Бајруш Сејдиу и неговите соработници се уапсени. 15 тони цигари успеала да пронајде полицијата, складирани во куќи, изнајмени објекти па дури и во процес на обработка.

Запленети 15 тони нелегално произведени цигари

Канал5 - 22.10.2008

15 тони различни видови цигари запленила полицијата во вчерашната акција Пепел. 1500 пакети полни со фалсификувани цигари кои нелегално се произведувале и продавале се пронајдени на 24 локации во Куманово и Скопје. Поголемиот дел од нив биле произведени и складирани во неколку фирми на Бајруш Сејдиу, сопственикот на фудбалскиот клуб Милано од Куманово. Во полициската акција се приведени 27-мина.

Уапсен е Бајруш Сејдиу

Нетпрес - 22.10.2008

На граничниот премин Блаце е уапсен Бајруш Сејдиу, сопственик на фудбалскиот клуб “Милано“, “Жито мел“, “Искра“, Тутунски комбинат. Истовремено се уапсени и 12 негови соработници. Полицијата извршила претрес во неговите 14 објекти и се пронајдени цигари кои илегално се шверцувани. Сејдиу затајувал данок. Куманово вчеравечер беше под силно полициско обезбедување.

Уапсен сопственикот на ФК Милано

Нетпрес - 22.10.2008

Сопственикот на фудбалскиот клуб Милано и уште на неколку фирми во Куманово, Бајруш Сејдиу е уапсен вечерва во Куманово. Како што јавува телевизијата А2, повикувајќи се на извори од МВР, Сејдиу е приведен од својот дом во Куманово, каде што се уште има припадници на полицијата. Сејдиу беше гонет и од Управата за јавни приходи поради затајување на данок.

Запленети 15 тони цигари во операцијата “Пепел“

Нетпрес - 22.10.2008

Во операцијата “Пепел“ полицијата вчера запленила 15 тони разни видови цигари. За случајот пријавени се 27 лица, меѓу кои и и Бајруш Сејдиу, сопственикот на кумановскиот фудбалски клуб Милано. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, информираше дека операцијата била координирана и спроведена во 24 објекти во Скопје и Куманово.

Уапсен сопственикот на ФК Милано

Макфакс - 22.10.2008

Полицијата го уапси Бајруш Сејдиу, сопственик на фудбалскиот прволигаш Милано и уште неколку фирми. Според полициски извори, цитирани од телевизијата А2, Сејдиу е уапсен синоќа во неговиот дом во Куманово. Според медиумските извештаи, Сејдиу е лишен од слобода поради сомневање за затајување данок. Од фудбалскиот клуб Милано нема коментар за приведување на Сејдиу.

Проверка на имотот на Сејдуи – вреден десетици милиони евра

Макфакс - 22.10.2008

Проверка на потеклото на капиталот на империјата на Бајруш Сејдиу, проценета на десетици милиони евра најави денеска полицијата. Сејдиу, кој вчера беше приведен во специјална полициска операција, во сопственост ги има Тутунскиот комбинат во Куманово, неколку други фирми, фудбалскиот клуб Милано, возен парк и голем број други објекти.

Уапсен сопственикот на ФК Милано, Бајруш Сејдиу

А1 - 21.10.2008

Кумановскиот бос, Бајруш Сејдиу вечерва е уапсен. Полицијата молчи, апсењето официјално не го потврдува. Неофицијално сопственикот на низа кумановски фирми, ресторани, бензински пумпи и фудбалски клуб, се сомничи за нелегално производство на цигари. Не се исклучува ниту можноста тој да е осомничен за затајување данок.

Уапсен газдата на кумановската фирма „Милано“

Форум - 21.10.2008

Голема акција на припадниците на Министeрството за внатрешни работи во Куаново е спроведена зарадаи апсење на сопственикот на фирмата и фудбалскиот клуб „Милано“. Www.forum.com.mk пред извесно дојде до ваква најава и според поодамнешни шпекулации треба да уследи и скоро апсење на познат бизнисмен од град во источна Македонија Фамозниот „мерцедес SLR“ кој за половина милион ...

Во Куманово уапсен Бајруш Сејдиу, газдата на фудбалскиот клуб Милано

Алсат-М - 21.10.2008

Полицијата вечерва го уапси Бајруш Сејдиу, сопственик на фудбалскиот клуб Милано од Куманово и на голем број други фирми во овој град. Според информациите од Куманово, голем број припадници на специјалните единици на полицијата учествувале во акцијата, а речиси целиот град бил блокиран од безбедносните сили.

УАПСЕН БАЈРУШ СЕЈДИУ, СОПСТВЕНИКОТ НА ФК МИЛАНО

Сител - 21.10.2008

Сител дознава дека Бајруш Сејдиу имал информации за акцијата на полицијата, што ја добил во последен момент. Сејдиу потоа се упатил кон граничниот премин Блаце со намера да пребега на Косово. На граничниот премин полицијата го стигнала, но Сејдиу со автомобилоот успеал да избега преку границата.