TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Свеќи на местото каде што беше убиен Поштар

А1 - 23.11.2003

Со запалени свеќи и цвеќе роднините и пријателите дојдоа на местото каде беше убиен Диме Ицковски Поштар. Тие се обидуваа да дознаат нешто повеќе за тоа како се случило убиството. Ги прашуваа жителите на населбата Карпош колку траела престрелката и ги гледаа многубројните траги од куршуми на ...

Алигаторот тврди дека Диме Поштар сакал да се предаде

А1 - 22.11.2003

Златко Бошњаковски Алигатор поранешен припадник на МВР за А1 тврди дека Диме Ицковски вчера вечер одел кај него дома во скопската населба Карпош кога во полициската престрелка Поштарот се здоби со тешки повреди и во ургентниот центар почина.

ДПМНЕ: „ Убиството на Диме Поштарот е антимакедонски чин“

А1 - 22.11.2003

ВМРО-ДПМНЕ смета дека синошќешната полициска акција во која беше убиен Диме Ицковски - Поштарот, кој беше баран поради серија кривични дела, е антимакедонски чин. „Вчера се случи класична полициска егзекуција во која јасната намера била да се убие, а не да се уапси Диме Поштар.

Ицко Робертсон

Вест - 22.11.2003

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Хари му е поштар на Поштарот 1 Ицко од Булачани има погрешен прекар. Поштар. Поштарот не ти врши работа ако те брка полиција. Да се викаше Поштарот Џејми Шеј, како што му е прекарот на еден командант на ОНА од потерницата на МВР, полицијата немаше да тргне да го ...

ПОШТАРОТ

Вест - 22.11.2003

ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Билјана Секуловска НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ФАЌАЊЕ НА КРИМИНАЛЦИТЕ. ОВА Е ВРЕМЕ - ДА ВОЗДИВНЕМЕ - ДЕКА ГИ ИМА. ОВА Е НИВНО ВРЕМЕ Најголемата гордост на оваа влада е Поштарот. Полицијата на Хари не може да го фати. Но, Поштарот не е измислена фигура, напротив, упорно им дава изјави на ...

Убиен Диме Ицковски - Поштарот и еден тешко повреден полицаец

Канал5 - 22.11.2003

Убиен Диме Ицковски - Поштарот и еден тешко повреден полицаец - ова е билансот од поладневната акцијата на МВР за апсење на поштарот. Акцијата се случила во 19 часот и 15 минути на улицата Бранислав Нушич во населбата Карпош 2 веднаш зад драмскиот Убиен Диме Ицковски - Поштарот и еден тешко ...

Убиен е Диме Поштар

А1 - 21.11.2003

Диме Ицковски Поштарот вечерва им подлегнал на раните здобиени во оружена престрелка со полицијата. Престрелката се одиграла во скопската населба Карпош во близина на Драмскиот театар, а Поштарот, според МВР најпрвин, ранил еден полицаец.

Министерот Костов ќе се сретне со булачанци

Дневник - 20.11.2003

ПО ПРОТЕСТИТЕ ПРЕД СОБРАНИЕТО Министерот за внатрешни работи, Хари Костов, вчера попладне одлучи да ги прими претставниците на Иницијативниот одбор на жителите на скопското село Булачани, кои бараат амнестија за својот соселанец Диме Ицковски-Поштарот, потврди Мирјана Контевска, советничка за ...

Хари Костов ги прими Булачанци

Утрински - 20.11.2003

Средба Министерот за внатрешни работи, Хари Костов, вчера доцна попладне имаше работна средба со претставници на Иницијативниот одбор на жителите од Булачани во врска со мерките за пронаоѓање и предавање на судските органи на Диме Ицковски-Поштарот, кој се бара со потерница заради издржување казна ...

Костов: „Диме Поштар да се предаде“

А1 - 19.11.2003

Диме Ицковски Поштар да се предаде на полицијата или може да дојде до престрелка и несакани последици, им порача денеска министерот за внатрешни Хари Костов на претставниците од иницијативниот одбор на жителите од село Булачани, кои бараа амнестија за „Поштарот“.

Булачанци пред Собранието го бранеа Поштарот

Утрински - 19.11.2003

По нереализираната акција на МВР за апсење на криминалецот Диме Ицковски Педесетина жители на Булачани, соселани на Диме Ицковски наречен Поштарот, вчера одржаа мирен протест пред зградата на Собранието, барајќи од државните институции амнестија за Ицковски.

Прво амнестија за Поштарот, па МВР ќе влезе во селото

Дневник - 19.11.2003

БУЛАЧАНЦИ на протест ПРЕД СОБРАНИЕТО Полицијата нема да припари во Булачани и во околните села се додека не биде амнестиран Диме Ицковски-Поштар, порачаа околу 200 жители на скопските села Булачани, Виниче, Црешево и Стајковци, кои вчера напладне одржаа мирен протест пред Собранието и пред Владата.

Соселаните не го даваат Диме - Поштарот

Вест - 19.11.2003

ПО НЕУСПЕШНАТА АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО СКОПСКО БУЛАЧАНИ "Тој пет месеци во Тетово ја бранеше Македонија, а сега го бркаат како криминалец", изјави таткото на Диме Ицковски - Поштарот Поголема група жители на скопското село Булачани вчера протестираа пред Собранието на Македонија поради намерата на ...

Жители на село Булачани бараат амнестија за Поштарот пред Собранието на РМ

Канал5 - 19.11.2003

Поголема група жители на село Булачани денеска протестираат пред Собранието на Македонија поради намерата на МВР за апсење на нивниот соселанец Диме Ицковски - Поштарот, обвинет за повеќе кривични дела. Јовица Димовски, претставник на Иницијати Поголема група жители на село Булачани денеска ...

Булачанци бараат амнестија за Диме Поштар

А1 - 18.11.2003

Некои со камион, некои пешки, жителите од пет скопски села дојдоа пред собранието да бараат амнестија за нивниот сосед Диме Ицковски Поштар. Полицијата го бара од 2001 поради бегство од затвор и единаесет тешки кражби. Но овие луѓе тоа тие не го прифаќаат.

"Поштарот" од Булачани ѕвони за амнестија

Дневник - 18.11.2003

протест Околу 2.000 жители на скопското село Булачани и на околните населби најавија дека денеска ќе одржат мирен протест пред Владата и пред Собранието со кој бараат амнестија на нивниот соселанец Диме Ицковски-Поштар. Тие се револтирани и од петочната акција на полицијата во селото.

Црвенковски: Сега криминалците бегаат од полицијата

Вест - 17.11.2003

ПРЕМИЕРОТ Е ЗАДОВОЛЕН ОД РАБОТАТА НА МВР Премиерот Бранко Црвенковски смета оти не може да се каже дека полицијата не си ја работи својата работа и дека не е успешна во фаќањето на криминалците. "Не може да се каже дека полицијата не си ја работи својата задача.