TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Настапот на Фери - најскап музички проект без помош од државата

А1 - 17.07.2006

Настапот на славниот Брајан Фери во Охрид досега е најскапиот музички проект во земјава, реализиран без помош од државата. Неофицијалните информации велат дека чинел околу 110.000 евра и е доказ дека во Македонија можат да се организираат вакви концерти кога станува збор за публика.

Соѕвездие на Охридско лето

Дневник - 17.07.2006

Фасцинантна претстава на московскиот театар на Елена Камбурова направена од македонскиот режисер Иван Поповски, одличен концерт на ѕвездата Брајан Фери и „Рокси мјузик“, грандиозно отворање на фестивалот со Царскиот руски балет Во само пет дена Охридско лето - исто толку настани за паметење.

Рок елеганција го поплави Охрид

Вест - 17.07.2006

БРАЈАН ФЕРИ И РОКСИ МЈУЗИК НА ОХРИДСКО ЛЕТО "Штета што бевме во спортската сала", беа коментарите по настапот во петокот вечер на Охридското лето на некогашната светска хит рок група "Рокси мјузик" и нивниот лидер Брајан Фери.

Ексклузивна дружба во негламурозна атмосфера

Време - 17.07.2006

„РОКСИ МЈУЗИК“ ВО ОХРИД Благоја Бошковски Политичари, луѓе од естрадата, претставници на бизнис-елитата, подостарени музички вљубеници и само мал број млади луѓе беше публиката што „Рокси мјузик“ ја привлекоа на нивното гостување во Охрид.

Хитовите го спасија концертот

Дневник - 17.07.2006

Со исклучок на неколкуте хитови на чии софистицирани текстови „падна“ целата публика, расположението не беше како што се очекуваше Се случи и тоа чудо. Македонската публика во петокот го виде легендарниот британски арт-рок бенд „Рокси мјузик“, на чело со големиот музичар и срцекршач Брајан Фери.

Светски настан во спортска сала

Вечер Прес - 17.07.2006

Облечен во црн смокинг, во крајно лежерен стил, рок легендата Брајан Фери, кој на 61 година делува мошне шармантно на сцената, заедно со "Рокси Мјузик", во петокот вечерта, во спортската сала "Билјанини извори" во Охрид, во рамките на "Охридско лето", скоро два часа свиреа музички квалитетен ...