TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Целиот Балкан против хашкиот Трибунал

Нетпрес - 19.11.2008

Улогата на хашкиот Трибунал е лоша за регионот, сметаат мнозинството граѓани од земјите на Балканот, покажало истражување на “Брима Галуп“, објавено во Брисел. Околу 64 отсто од граѓаните на Србија се изјасниле негативно за улогата на Трибуналот, додека позитивно се изјасниле само 19 отсто.

Брамерц: Последните месеци имаме многу добра соработка со Србија

Макфакс - 18.11.2008

Брамерц: Последните месеци имаме многу добра соработка со Србија. Белград /18/11/ 13:04. Последните неколку месеци соработката на хашкиот Трибунал и Србија е многу добра, оценил денеска главниот обвинител на судот во Хаг, Серж Брамерц. Обвинителот вчера допатува во дводневна официјална посета на Белград, во чии што рамки оствари средби со највисоките претставници на Србија.

Белград: Главниот обвинител на хашкиот трибунал Брамерц на разговори со српскиот државен врв

Р.С.Европа - 18.11.2008

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц, кој престојува во дводневна посета на Белград, денеска ќе има одвоени средби со српскиот претседател Борис Тадиќ, премиерот Мирко Цветковиќ и со шефот на дипломатијата Вук Јеремиќ. Портпаролот на Брамерц, Олга Карван изјави дека главни теми на сите состаноци ќе биде соработката на Белград со Хашкиот трибунал и подготовките за изештајот за ...

Брамерц во Белград

А1 - 17.11.2008

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц, кој синоќа допатува во Белград, денеска и утре ќе разговара со српските официјални претставници и членови на Акциониот тим за лоцирање и апсење на останатите хашки бегалци. Од оценката на Брамерц за соработката меѓу Србија и Трибуналот, ќе зависи одлуката на ЕУ за примена на Преодниот договор и почеток на ратификување на Договорот за ...

Брамерц во посета на Белград

Канал5 - 17.11.2008

Белград, 17 ноември (МИА) - Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц, кој синоќа допатува во Белград, денеска и утре ќе разговара со српските официјални претставници и членови на Акциониот тим за лоцирање и апсење на останатите хашки бегалци.

Игнатовиќ: Очекувам извештајот на Брамерц да биде балансиран

Нетпрес - 17.11.2008

Игнатовиќ: Очекувам извештајот на Брамерц да биде балансиран Директорот на канциларијата на Националниот совет за соработка со Хашкиот трибунал, Душан Игнатовиќ, денеска за Танјуг, по разговорот со главниот хашки обвинител Серж Брамерц, изјавил дека очекува “конкретен и балансиран“ извештај за соработката на Белград со Трибуналот, кој што ќе ја “отслика“ вистинската состојба во овој момент.

Брамерц во Белград

Макфакс - 17.11.2008

Главниот обвинител на Хашкиот Трибунал Серж Брамерц денеска треба да допатува во дводневна посета на Белград. Брамерц, како што е најавено, во Белград треба да се сретне со претседателот и премиерот, како и со координаторите и членовите на Акциониот тим за соработка со Хашкиот Трибунал.

Белград: Главниот обвинител на Хашкиот Трибунал Серж Брамерц во посета на Србија

Р.С.Европа - 17.11.2008

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц денеска ќе допатува во дводневна посета на Белград, а од неговата оценка на соработката на Србија со Трибуналот ќе зависи одлуката на Европската унија за примена на Времената спогодба и почетокот на ратификација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Брамерц во Белград

Алфа - 17.11.2008

Главниот обвинител на Хашкиот Трибунал Серж Брамерц денеска треба да допатува во дводневна посета на Белград. Брамерц, како што е најавено, во Белград треба да се сретне со претседателот и премиерот, како и со координаторите и членовите на Акциониот тим за соработка со Хашкиот Трибунал.