TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Лазаров најдобар играч и стрелец, Петковски најдобар голман

Утрински - 07.06.2005

Македонија освои се што можеше на турнирот во Португалија Со поразот на Египет од домаќинот Португалија со 24:30 во третото и последно коло, првото место и победничкиот пехар на турнирот во Алканена и дефинитивно заминаа за Македонија, чиишто ракометари ги собраа сите признанија.

Македонија ги собра сите награди во Португалија

Дневник - 07.06.2005

РАКОМЕТ - РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Првото место на турнирот во Алканена, Португалија, за нашите ракометни сениори беше прва турнирска победа по две години, а покрај пехарот, репрезентацијата се врати со уште три трофеи. Кирил Лазаров со 30 гола беше најефикасен стрелец, а беше прогласен и за најдобар играч.

Македонија ем прва, ем ги собра сите награди

Време - 07.06.2005

ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ТУРНИРОТ ВО ПОРТУГАЛИЈА Кирил Лазаров, капитенот на машката ракометна репрезентација на Македонија, е прогласен за најдобар играч на турнирот што викендов се одржа во Алканена, Португалија, на кој Македонија го освои првото место.

Македонија е во добра форма пред баражот со Унгарија

Време - 06.06.2005

ПО ТУРНИРОТ ВО ПОРТУГАЛИЈА Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија го освои најмалку второто место на турнирот во Алканена, Португалија, откако забележа две победи и едно реми во тридневните настапи. По вчерашниот попладневен натпревар меѓу домаќинот и Египет требаше да биде познат ...

Генералката пред баражот повеќе од успешна

Утрински - 06.06.2005

Две победи и реми на македонските ракометари во Португалија Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија имаше повеќе од успешна генерална проба во Португалија пред претстојниот двомеч со Унгарците во рамките на баражот за Европското првенство 2006 во Швајцарија.

Македонија без пораз во Португалија

Дневник - 06.06.2005

РАКОМЕТ - ПОДГОТОВКИ НА СЕНИОРИТЕ ЗА БАРАЖОТ Нашите сениори ќе бидат најмалку втори на турнирот и го чекаат исходот од дуелот меѓу Португалија и Египет Сениорската репрезентација на Македонија ќе биде најмалку второпласирана на турнирот во Алканена, Португалија, откако нашите сениори со 32-30 ...